Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 23.05.2021 во 10:01
|
Очи во очи со Кармата (Ретрограден Сатурн во Водолија)
Велат дека чесноста, одговорноста и вредниот труд, во денешно време не се исплатат, драги мои. Но, затоа е тука Сатурн да го демантира ова тврдење. Прашувате: „Како?“ Така што од 23 мај Сатурн ќе влезе во својата ретроградна фаза која се случува еднаш годишно и трае околу 4 месеци, значи некаде до 11 октомври. Прашувате: „И што од тоа?“ Е сега, ако знаеме дека Сатурн е Господарот на времето и го симболизира Законот на Кармата, додека тој е ретрограден, она што сме го посеале во изминатиот период ќе дојде на ред за жнеење. Па, ако сме посеале работа, одговорност, истрајност, посветеност, добри дела и постапки водени од љубовта, сега не би требало да се плашиме, бидејќи ќе ги береме плодовите на успехот. Ако сме посејале мрзливост, неодговорност, неистрајност, бесчувствителност, измами, лаги и кражби, сега на своја кожа ќе почувствуваме колку немилосрдна кучка знае да биде Кармата. Таа, прво, ќе си игра со нашите нерви како мачка со глушец, преку стравовите, несигурноста и неизвесноста. А, откако ќе не измори, ќе ни ја сервира казната. Затоа, на секој паметен веќе му е јасно дека во следните 4 месеци ќе мора добро да размислиме за секоја наша постапка, да го изанализираме секој нареден чекор, да го развиеме сочувството, па дури потоа да делуваме. Ако во минатото некому сме нанеле некакво зло, сме се однесувале неправедно или подло, ако некого сме измамиле, ако нешто сме украле, би требало под итно да си ги коригираме грешките и да побараме прошка од луѓето на кои сме им згрешиле. Бидејќи подобро е тоа да го направиме ние, отколку да ја чекаме Кармата да го стори тоа наместо нас. Знаете зошто? Затоа што вашите постапки секогаш го активираат црвеното копче на Кармата. А, нејзиниот одговор е неумолив. Па, можно е да се најдете во ситуација која ќе ја раздрма вашата судбина и ќе ви донесе проблеми на кои не сте се надевале. Од друга страна, сите оние кои направиле нешто добро за другите или за човештвото, за сите оние кои се труделе, вредно работеле, но сеуште не ги виделе плодовите од својот труд, токму во периодот од мај до октомври ќе ја добијат наградата во вид на професионален успех, повеќе пари, среќа во љубовта, свивање на семејно гнездо. Всушност, најважната лекција на која сака да не научи ретроградниот Сатурн е дека ние ја креираме нашата судбина со нашите мисли, постапки, одлуки и избори. Значи, ние можеме да ја контролираме судбината кога ќе успееме да се контролираме себеси. Посебно кога ќе успееме да ги контролираме негативните пориви во нашиот карактер или таканаречените 7 смртни гревови во Библијата (не случајно Сатурн е седмата планета од Сонцето), како што се: алчноста, зависта, мрзливоста, гордоста, бесот, скржавоста и блудот. Ретроградниот Сатурн во Водолија би требало најмногу да го почувствуваат токму Водолиите, во знак и Подзнак. Посебно родените од 26 јануари до 4 февруари. Нив животот ќе ги донесе во ситуација кога ќе станат свесни за сите свои грешки што ги направиле во минатото, на секој план. Потоа, пред Законот на Кармата ќе одговараат Лавовите, во знак и Подзнак. Посебно родените од 29 јули до 7 август. Ним судбината би требало повторно да им ги вкрсти патиштата со некоја личност со која не ја затвориле комуникацијата, од овој или од некој минат живот, со цел да ги измират сметките. Потоа, за соочување со Кармата нека се подготват Биковите, во знак и Подзнак. Посебно родените од 26 април до 5 мај. Тие ќе се соочуваат со своите минати дела на план кариера, однос со родители и брачен партнер. А, Шкорпиите, во знак и Подзнак, ќе ги „берат плодовите“ од своите активности поврзани со домот, имотот, родителите и членовите на семејството. Но, останатите не смеат да се опуштат. Кармата ќе чукне на сечија врата, до октомври. Па, сметката за сечии дела и недела ќе биде испорачана. За непоправливите грешници, со камата. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|