In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

За да бидете во хармонија со природата, следете го месечевиот хороскоп за секој ден.

 
Текст објавен во јуни 2009

Месечевите Мени и Ритамот на Природата
 

“Pater eius est sol, mater eius est luna.” На овој начин започнува Табула Смарагдина на алхемичарите. Сонцето и Месечината се родители на еволуцијата; на денот и ноќта; на светлината и топлината; на машкиот и женскиот принцип. Уште од почетокот целиот живот на земјата е стимулиран од небеските светла. Па, тестисите на првиот човек се полнеле со хормони во мај, кога сонцето испраќа најмногу ултравиолетови зраци, а жената била плодна за време на полната месечина, додека раѓањето на децата се случувало некаде во февруари за времена владеењето на напредната Водолија.

И можеби, според истражувањата на социологот Моника Харбек, заради вештачкото осветлување по градовите, месечината ја изгубила својата моќ да влијае врз менструалниот циклус на жените. Но, промената на месечевите мени и тоа како влијае врз се што е живо, врз процесот на растењето и угинувањето, врз здравјето и болестите.

Кога Месечината Расте

Во фазата кога месечината расте сите процеси во организмот кои го поттикнуваат растењето и развојот имаат двојно поголем ефект, тврди астролошката практика. Така, телото подобро ги прима и искористува витамините и минералите, а работите што ги започнуваме во оваа фаза на месечината имаат поголеми шанси за успех. Но, кога станува збор за болестите и лечењето, астрологијата апелира: секоја болест што расте на телото треба да се остави на мир! Бидејќи, колку повеќе месечината расте, толку потешко зараснуваат раните од хируршките зафати. Додека брадавиците отстранети во оваа месечевата фаза најчесто се појавуваат повторно или дури стануваат и поголеми.

Полна Месечина

Физиката тврди дека полната месечина делува врз магнетните половина земјата, па го крева нивото на морињата дури за 10 м, а копното за 30 см. Човечкото тело, пак, исто како земјата е изградено од две третини течност. Затоа, луѓето на еден или на друг начин го чувствуваат влијанието на полната месечина. Жените се пострасни, мажите понервозни, некои имаат немирен сон, другите одат во сон, полицијата има работа “преку глава” зашто е поголема консумацијата на алкохолот, има повеќе сообраќајки и кражби. Но, едно е сигурно, крвта во вените тече со поголема брзина. Затоа астрологијата советува: да се избегнуваат хируршките зафати за време на полната месечина, зашто крвавењето е обилно, а раните потешко зацелуваат. Исто така искуствата говорат дека последиците од вакцинирањето на полна месечина се поизразени. Па, со цел вакцинирањето да помине полесно. астрологијата препорачува тоа да се изврши три дена пред полната месечина. Сепак, оваа фаза на месечината има и свои добри страни. Имено, лековитите билки набрани тие денови имаат посилен ефект. Но, дрвјата и лозите кроени во тој период се поподложни на угинување.

Кога Месечината Опаѓа

Во оваа фаза сите работи се извршуваат поуспешно и со помалку напор. Па, домаќинките можат да проверат дека кога месечината опаѓа за чистење и средување на домот треба помалку време и енергија, за перење на алиштата помалку количество на детергент, можат да се земаат покалорични оброци, а помалку да се добие во тежината. Затоа астрологијата порачува: сега е време да ги извршите неопходните хируршки зафати. Но астрологијата исто така открива дека пломбите ставени на забите во фазата на опаѓање на месечината, навлаките и мостовите ќе бидат потрајни, како и козметичките препарати изработени во тој период. Меѓутоа, оваа фаза нему погодува на одгледувањето на градинарските култури. Посебно не на пресадувањето расад и засадувањето семе.

Млада Месечина

Старите луѓе кои го наследиле искуството на генерациите пред нив, знаат дека кога се почнува со нешто ново, тоа се прави за време на Млада месечина Но. многумина веројатно не знаат дека оваа фаза на месечината е идеално време за започнување на борбата против старите лоши навики. А, практиката покажува дека се поголеми шансите за успех ако одвикнувањето од дрогата, пушењето, алкохолот, кафето и прекумерната храна започне на млада месечина бидејќи “загубите” полесно се поднесуваат. а подготвеноста на организмот да се ослободи од токсините е поголема отколку обично. Астрологијата советува: ако одлучите да постите еден ден во месецот и ако тоа го правите на млада месечина ќе се поштедите од многу болести!

Месечината во Хороскопот

Со секој орган во телото владее одреден знак од хороскопот. Па така со главата, очите, горната вилица, црниот дроб и мозокот владее Овенот, со кожата и бубрезите Терезијата итн.

Хипократ, таткото на медицината, пред кого се поклонуваат и современите лекари, одлично ја познавал астрологијата и ја применувал во лечењето. Па во услови кога не постоеле рентген и exo апаратите и кога луѓето биле повеќе во допир со природата, тој ги принудувал своите прво да ја научат астрологијата, а потоа да продолжат со изучувањето на медицината, велејќи им “Лекарот кој не ја знае астрологијата повеќе личи на вол, отколку на лекар.”

И ова од денешен аспект звучи сурово и премногу нетактично кон целата армија добронамерни лекари кои се трудат да го победат ракот, инфарктот, епидемиите, психичките проблеми и др. Но, може да му се прости на Хипократ ако се знае дека современите лекари за разлика од нивните колеги од неговото време на своја страна при лекувањето ги имаат најновите технички и технолошки откритија. Сепак, тој го знаел основното астролошко правило според кое кога Месечината минува низ знакот кој владее со одреден болен орган, тој орган станува почувствителен и поболен. Па, ова правило Хипократ го дефинира како порака до сите идни лекари, која гласи: не го оперирај оној дел од телото со кој владее знакот низ којшто Месечината минува во тој миг! Или преведено со други зборови, кога Месечината минува низ Овен не би требало да се оперира главата. кога минува низ Бик не се оперираат тироидата и грлото, кога минува низ Близнаци се оставаат на мир белите дробови итн.

Затоа пак се што ќе се преземе за оздравување и опоравување на одредени делови од телото ќе биде со двојно поголем ефект кога низ нивниот знак минува Месечината. Значи, бидејќи со стапалата владее знакот на Рибите. нивната масажа ќе биде најдобро да се изведува тогаш кога Месечината се наоѓа во Риби.

За да бидете во хармонија со природата, следете го месечевиот хороскоп за секој ден.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби