In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Светската економска криза, реалност или мит?

 
Текст објавен во мај 2009

Светската економска криза, реалност или мит?
 

“Џенерал Моторс ги затвора своите погони во Америка”, “Ер Франс до 2011 планира да отпушти од 2.500 до 3.000 работници”, “Управата на Опел бара 14 милијарди евра помош од владата на Германија за да не отпушти 11 илјади вработени во Европа или ќе биде принудена да отпушти 3.500 и да им ја намали платата на останатите”, “Националниот центар кој ја следи ситуацијата со бездомниците во Америка открива дека во овој момент 1.500.000 деца немаат покрив над главата”...

Не, ова не се насловите во весниците од 1929 година во Америка, ниту од 1933 во Германија. Ова се насловите во весниците и ударните вести во дневниците на речиси сите светски медиум.

“Светската економска криза се шири со огромна брзина”, тврдат некои од стручњаците од областа на економијата и финансиите. Другите сметаат дека таа не го достигнала максимумот и дека ќе трае со години. А, некои не убедуваат дека кризата не е реална, туку е последица на стравот што се јави откако се активира колективното несвесно на луѓето во кое се складирани сеќавањата на големата светска рецесија од ’29 и ’33 година на минатиот век.

Астрологијата исто така нуди свое видување на тоа што точно се случува во светот, но има предност пред другите науки бидејќи укажува на тоа како започнатите процеси би можеле да се развиваат во иднина.

Што велат ѕвездите, што е причината за светската економска криза?

Астрологијата од секогаш (па дури и во последните 300 години во периодот на расцветот на науката) укажувала дека целата Вселена е еден жив организам чиишто делови се поврзани меѓу себе и си влијаат еден на друг. Затоа, не случајно, астрологијата ја користи славната идеа на Хермес Трисмегистос, според која “Како е горе, така е и долу. Како е внатре, така е и надвор.” Значи, она што се случува на небото се рефлектира и во случувањата на Земјата и во животите на луѓето кои живеат на неа.

А, на небото, минатата година се случи преминување на Плутон од знакот Стрелец во Јарец, каде што ќе се задржи до 2023 година. Ова на прво читање можеби делува тривијално, но имајте трпение и одете понатаму.

Кој е Плутон?

Според митологијата Плутон или на грчки Ад, е богот на подземниот свет кој владеел си душите на умрените, заедно со својата сопруга Персефона. Поседувал и волшебен шлем кој го правел невидлив. Плутон бил помоќен дури и од неговиот брат Јупитер (Зевс), бидејќи неговите одлуки биле конечни и ниедна душа не можела да се врати во светот на живите без негова дозвола.

Инаку, реално, Плутон за сега е последната планета во Сончевиот систем (тука астрономите можат да спорат дали е тој планета или не колку што сакаат, но ние, астролозите имаме илјадници примери кои сведочат за неговото влијание). Плутон од Сонцето е оддалечен 6 милиони километри и му требаат 250 години да направи цел круг околу него.

Според астрологијата, Плутон е планета на екстреми и парадокси. Тој предизвикува смрт на застарените форми, тектонски промени и преобразби врз основа на нови темели. Плутон владее со несвесните слоеви на душата, влијае врз ослободувањето на најмрачните пориви на личноста и помага во нејзиното просветлување. Но, само после интензивна работа на себеси и по соочувањето со сопствените најниски страсти. Сето ова освен за една личност важи и за целото човештвото.

Влијанието на Плутон се активира обично после долго потиснување на непријатните и болни содржини на несвесното или на искуствата од минатото. Па ако човекот (човештвото) не сака по своја волја да се соочи со мрачната страна на сопствената природа тогаш судбината го принудува на истото креирајќи му проблеми и несреќни случаи. Започнува борба меѓу несвесните импулси за промена и желбата на застареното его да преживее и да ги сочува дотогашните сфаќања и вредности. Но интензитетот на страдањата и болката станува се поголем и во еден миг се случува ерупција. Човекот го допира дното, нема повеќе сила да се бори, се помирува со судбината, прифаќа да се случи она што мора да биде. И тогаш се случува просветлувањето при што се ослободува огромно количество психичка енергија која била заробена во потсвеста, се случува новото раѓање, но на повисоко ниво. Личноста воспоставува траен контакт со себеси, со своето вистинско јас, кое е извор на неисцрпна сила и енергија.

Во меѓучовечките односи Плутон се манифестира преку релацијата господар-роб, насилник-жртва. На емотивен план тој се манифестира преку силните изливи на бес, гнев, лутење или жалење.

Што ќе донесе престојот на Плутон во Јарец?

Клучниот збор за Плутон во Јарец е еволуција. Додека Плутон урива за од ново да гради, Јарецот е знак на концентрација и сублимација. Тој претставува ред и ограничувања кои се идентификуваат со законите на општеството. Главниот мотив на секоја активност на Јарецот е да стане некој и нешто, да дојде до позиција од моќ, власт и пари. Затоа, Јарецот често се среќава на влијателни позиции, во политиката и банкарството. Но сфери на делување на Јарецот се и градежништвото, рударството, земјоделството, индустријата, механизацијата, природните науки, астрономијата. Па, дури и театарот. Јарецот е неприкосновен во пишувањето и глумењето на трагедиите, поборник е на традицијата, ја почитува историјата.

Ако сето ова го преведеме на речник разбирлив за секој човек излегува дека периодот до февруари 2024 ќе биде исклучително тежок. Ќе бидеме сведоци на уривањето на темелите на еден општествено-политички систем што го знаеме до сега и до создавање на повеќе центри на моќ. Ќе дојде до промена на општествените сили и односи, до уривање на традицијата и на одамна воспоставените култови. Принципите на капитализмот би требало да се соединат со принципите на социјализмот, но за таа цел ќе мора да се сменат и законите, како и односот кон парите и сопственоста. Тоа ќе предизвика промени и во градежништвото.

Луѓето ќе треба да научат како да ја поврзат својата индивидуална цел со онаа на општеството во кое што живеат, за добро на целото човештво. Во таа смисла сите оние личности, држави и нации кои премногу се идентификуваат со своите желби, моќ, позиција или статус би можеле да ги употребат сите средства кои им стојат на располагање за да ја одржат ситуацијата како што ним им одговара.

Луѓето ќе треба да научат како да бидат одговорни за сопствените постапки. Па оние личности, држави и нации кои манипулирале со другите за своја цел во овој период ќе треба да се справат со чувството на вина и да ги измират сметките кон оние на кои што им згрешиле. Во спротивно, ќе бидат блокирани од судбината во понатамошното остварување на себичните цели.

Постои можност да се случат промени и во рударството. Имено, некои метали или минерали би можеле да станат поскапи од златото бидејќи ќе се покажат како покорисни, што ќе предизвика брз напредок на државите кои ги поседуваат тие метали. Веројатно ќе започне масовно производство на мотори кои нема да работат на бензин, што ќе предизвика промени и во индустријата и во земјоделството.

Новите откритија во астрономијата ќе фрлат поинаква светлина на структурата и функционирањето на Вселената. Можеби ќе се откријат и преостанатите две планети во Сончевиот систем со што тој ќе стане комплетен. А, тоа ќе се одрази и на астрологијата.

Во науката би можело да дојде до комплетна промена на мерниот систем и на досегашните мерни единици.

На план медицина ќе се бараат алтернативни начини на лечење, бидејќи ќе се забележи дека досегашните лекови, а посебно антибиотиците, сѐ повеќе го губат своето делување. Влегувањето на Нептун во Риби од средината на 2011 година, веројатно ќе ги насочи медицинските истражувања во правец на нови откритија за влијанието на водата и молитвата врз здравјето на луѓето. А можно е да се пронајде начин досегашните наркотици или нивните деривати да се користат и во лекувањето. Тоа не ја исклучува можноста за зголемување на бројот на наркоманите. Но, исто така е можно да се зголеми и бројот на оние што ќе сакаат да го сменат својот пол по хируршки пат.

Ќе се откријат нови историски вистини и целата светска историја ќе се пишува одново.

Семејството се повеќе ќе отстапува од традицијата прилагодувајќи му се на новото време. Децата што ќе се раѓаат ќе се карактеризираат со стрпливост, истрајност, организираност, амбициозност и способност за управување. Како пример за тоа се Бетовен и Наполеон кои се родени во периодот кога Плутон беше последен пат во Јарец, од 1762 до 1778 година.

Кој најмногу ќе ги почувствува промените?

Прво родените во знакот Јарец, па оние со подзнак Јарец, Раковите, Вагите и Овните. Но, и сите држави што се под влијание на Јарецот: Велика Британија, Мексико, Боливија, Бугарија, Албанија, делови од Грција (посебно островите), Босна, Србија, Индија, Авганистан, Литванија, Сибир и Тибет.

Во некои од старите астролошки извори Израел може да се сретне и како држава под влијанието на Јарецот и како држава под влијание на Овенот.

Современа Македонија во хороскоп е Девица (08.09.1991). Но, во повеќето астролошки извори се среќава како Лав, веројатно заради симболиката на грбот и знамето од периодот на Александар Македонски. Меѓутоа дури може да се најде податок дека Македонија е под влијанието на Јарецот (Чарлс Картер и Рафаел). Ова веројатно заради нејзината планинска конфигурација.

Промените посебно ќе бидат интензивни од средината на 2011 година, кога бунтовниот Уран ќе зачекори низ воинствениот Овен, утопистот Нептун низ мечтателните Риби, а реализаторот на судбината Сатурн низ дипломатичната Вага. Само за споредба, кога последен пат Уран беше во Овен, од 1928 до 1934 година, на светско ниво напредуваше развојот на техниката, конструкцијата на авионите, но исто така и воената индустрија. Додека кога Нептун беше последен пат во Риби, од 1847 до 1861 година, Маркс и Енгелс го напишаа “Комунистичкиот манифест” започна Калифорниската златна треска, Дарвин ја објави својата “Теорија за потекло на видовите”, се водеше втората опиумска војна меѓу Кина и Велика Британија, започнаа првите комерцијални нафтени бушотини, беше тоа почеток на океанографијата, а во медицината започнаа да се користат дериватите на опиумот.

Дали промените ќе бидат позитивни или негативни?

Убавината на астрологијата е во тоа што ги открива предиспозициите за некој настан и причините за истиот, но не дава готови рецепти ниту егзактни одговори. Зошто? Бидејќи како што судбината на човекот се менува со промена на неговиот карактер, така и судбината на цели народи зависи од степенот на нивната колективна свест, мудроста и способноста за прилагодување.

Што се случуваше во светот кога Плутон последен пат беше во Јарец?

За да можеме со сигурност да кажеме во кој процент астролошките предвидувања се исполнуваат, треба да направиме некаква споредба со други искуства. За таа цел е најдобро да се вратиме во минатото и да видиме што се случуваше на светската сцена (и на политички и на економски и на социјален план) тогаш кога Плутон последен пат транзитираше низ знакот Јарец. Тоа беше во периодот од 1762 до 1778 година. Тоа е периодот кога во Америка се изгласа декларацијата за независност. Во Англија Џемс Ват ја откри парната машина и ја предизвика индустриската револуција. Додека во Франција, тоа е крајот од владеењето на Луј 16 и Марија Антоанета. Но, и во останатите делови од светот тоа е време на незадоволство на народот од застарениот начин на владеење, што беше причината за многу побуни и востанија.

Значи, САД (04.07.1776) во својот хороскоп го имаат Плутон во Јарец, кој во 2023 година ќе го заврши својот прв циклус. Заради Јужниот Месечев Јазол во слободоумната Водолија а Северниот во владејачки расположениот Лав, САД до сега ја играа улогата на лидер на слободниот свет. Сега, со затворањето на првиот циклус на Плутон, САД ќе го полагаат испитот на зрелоста. Испитот ќе го положат само ако досегашниот манир на нивното владеење претрпи длабоки промени, ако нивните одлуки станат одговорни и за себеси и за другите нации и ако не им го наметнуваат својот систем на вредности и уверувања и на другите.

Тоа што токму во годината кога Плутон повторно влезе во Јарец (2008), американскиот народ избра претседател кој ветува дека ќе го смени курсот во нивната политика, можеме да го сфатиме како созревање на колективната свест на американскиот народ. А на ваквата нивна акција светот би требало да одговори со позитивна реакција. Да веруваме дека тоа е надеж за еден подобар и похуман свет.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби