In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и верноста

Знаците и верноста
 

Како ќерки на Венера и синови на Марс, мажите и жените кога се во прашање љубовта и верноста се однесуваат на различен начин.

Овен

Ако сте жена, темпераментна и самосвесна, честопати само за забава и со цел да си докажете себеси дека сте неодолива, ќе се обидете да го заведете токму убавецот по кој останатите жени лудуваат, дури и кога сте во брак. Во такви ситуации, не сте ни свесна дека се впуштате во неверство. А, за иронијата да биде поголема, во исто време позеленувате од љубомора на секоја претставничка од поубавиот пол која ќе се најде во друштво на вашиот измамен сопруг.

Ако сте маж, сигурно сте горд што ве “бие глас” дека сте најголемиот заводник во вашата средина. Меѓутоа, кога вие изневерувате, го правите тоа без стил, задоволувајќи се само со “еднократна употреба” на својот љубовен плен.

Бик

Ако сте жена, сигурно сте свесна дека ја потпалувате еротската фантазија кај личностите од спротивниот пол. Но, вие секогаш одите на сигурно, трудејќи се за себе да ја задржите сликата на стабилна жена, добра сопруга, одлична домаќинка и грижлива мајка. Затоа, кога вие се одлучувате за неверство, тогаш мора да бидете над 90% сигурна дека вашиот љубовник ќе биде ваш следен брачен партнер. Притоа, тој мора да биде личност што би можела да ви помогне во подобрувањето на материјалната состојба и во кариерата.

Ако сте маж, се однесувате како колекционер. Независно дали се работи за куќи, пари, уметнички предмети, русокоси или бринети. На верност ве принудува само стравот дека ќе биде нарушен вашиот комодитет и ќе биде намалено вашето богатство.

Близнаци

Многумина тврдат дека пред знакот на Близнаците треба да стои зборот неверни, напишан со големо Н. Меѓутоа ако сте жена, вие не сте неверна од раѓање, туку вашиот немирен дух и широкиот круг на познајници ви создаваат многу шанси за такво нешто. Исто така, вие можете да се впуштите во неверство и во знак на одмазда. А, можете да бидете верна и до крајот на животот само ако наидете на интелигентен и таинствен партнер кој ќе умее да го задржи вашето внимание.

Ако сте маж, вие не ги избирате своите жртви. Па, тие не мора да бидат ниту убави ниту паметни, не е важно дали ве сакаат или не, вие напаѓате по секоја цена. За ваша среќа, природата ве направила “силен на збор”. Тоа ви помага да ја повратите довербата од страна на партнерката.

Рак

Ако сте жена, убава, еротична, приврзана за домот и семејството, подготвена во име на семејната среќа да се откажете од амбициите, вие би требало да бидете модел за верност. Но, проблемот се јавува тогаш кога не се чувствувате доволно галена и заштитена од страна на оној кому сте му го предале своето срце. Во тие моменти вие посакувате да се впуштите во неверство со првиот човек кој ќе ви понуди ексклузивно место во неговиот живот. Сепак, за желбата да се претвори во реалност би требало да се поклопат повеќе околности истовремено.

Ако сте маж, честопати размислувате како би изгледало кога би тргнале по “паралелен колосек”. Но, никогаш нема да и дозволите на авантурата да ве “исфрли од колосек”. Вие всушност сакате само малку да пробате од “забранетото овошје”. А, ако тоа ви се допадне, тогаш загризувате до крај.

Лав

Ако сте жена, вие “паѓате” на комплименти. Затоа е опасно ако вашиот сопруг загуби интерес за вас, ако се претвори во суштество кое по враќањето од работа се “фрла” во фотељата со весникот в раце, слеп за вашата нова фризура или парфем. Тогаш вие со дигната глава ќе промрморите: “Ако не ти, има кој да забележи” и без око да ви трепне ќе се впуштите во авантура со првиот маж кој умее да дели комплименти.

Ако сте маж, имате потреба да чуете од партнерката дека сте најдобар во се. Но, кога тоа не е така потврдата ја барате на друго место. Најсреќен сте кога не мора многу да се мачите и кога онаа на која сте и “фрлиле око” сама ќе ви дојде во прегратки. Значи, вие најчесто изневерувате тивко и со малку зборови. Притоа не е важно како, кога и со кого. Важно е дека сте успеале да си ја вратите самодовербата.

Девица

И покрај тоа што за Девиците се мисли дека се тивки, срамежливи и верни, жените Девици би можеле да се поделат во две групи. Ако спаѓате во првата група, тогаш сигурно имате силна способност за самоконтрола. Пред да стапите во брак, долго ќе премислувате од страв дека би можеле да направите грешка. Затоа е можно да влезете во брак без љубов. Ако спаѓате во другата група, сигурно се однесувате сосема слободно на секој можен план, вклучувајќи го тука и сексот.

Ако сте маж, воопшто не сте заинтересиран за некоја авантура на брзина, со неизвесен резултат. Вас ве интересираат само врските што се квалитетни. А, ако некогаш ви се случи некаков излет, по завршувањето на истиот најчесто одлучувате да и се вратите на постојаната партнерката.

Вага

Иако институцијата брак е веројатно измислица на некоја Вага, Вагите се мајстори на кокетирањето, со очајничка потреба од комплименти. Па, ако сте жена, ќе дадете се од себе да го направите својот брак среќен. Но во моментот кога ќе почувствувате дека партнерот не ве третира на вистинскиот начин, пофалбите ќе ги побарате на друго место. Интересен е и податокот дека сте во состојба да сакате повеќе мажи истовремено, а вашиот брак притоа да не изгуби на присност и квалитет. Навидум сите се среќни. Додека, потребата да направите неверство само со цел да им ја докажете својата моќ на другите жени, дефинитивно е детинест мотив.

Ако сте маж, вие имате потреба од цврста врска, како отстапница. Tаа ви дава крилја во моментите кога ќе се појави вистинската шанса за неверство. Всушност, вие сте похрабри да изневерите кога знаете дека имате каде да се вратите.

Шкорпија

Ако сте жена, екстремна, страсна, со вулкански темперамент, кога сте во брак со партнер кој не ги задоволува вашите очекувања, најчесто се одлучувате за три екстремни варијанти: или започнувате целибат казнувајќи се себеси за погрешниот избор, или го напуштате партнерот по кратка постапка или се одмаздувате заведувајќи го неговиот најдобар пријател. Меѓутоа, ако сте задоволна од вашиот сексуален живот со брачниот партнер, тогаш сте олицетворение на верност.

Ако сте маж, вие сте неверен по определба. Па, не е чудно ако наутро се состанете со една жена, на пладне со друга, а навечер со сосема трета. Вие всушност уживате кога ги повредувате женските срца, замислувајќи дека на тој начин ја покажувате својата доминација.

Стрелец

Ако сте жена, вашата ведра природа и дружељубивоста ќе ви обезбедат куп додворувачи. Но, ако веќе сте го победиле стравот дека партнерот би можел да ви ја ограничи слободата и ако веќе сте влегле во брак, тогаш останувате верна до крајот на животот. А, ако работите тргнат во несакан правец, тогаш прво ќе го напуштите “семејното гнездо”, па потоа ќе започнете со потрагата по нов партнер.

Ако сте маж, сигурно си земате преголема слобода и лесно се впуштате во авантура. Но, во последен момент, со цел да не кренете премногу прашина, вие ќе ја примените тактиката на повлекување. Сепак, ретко ви успева да останете незабележан. Додека во некои случаи, за вашите неверства ќе дознае целото соседство.

Јарец

Ако сте жена, преполна со чувства што не умеете да ги изразите, најчесто ниту на сон не помислувате да го изневерите партнерот и покрај безбројните шанси. Тајните состаноци ги сметате за недостојни работи бидејќи тие би можеле да ви го искомплицираат животот. Затоа, ако некогаш се одлучите за неверство, тогаш тоа ќе го направите со цел да го казните партнерот за неговата неспособност или заради некаков интерес.

Ако сте маж, вие навидум сте студен и незаинтересиран. Но, со стареењето и со стекнувањето пари и моќ, станувате вистински заводник кој ќе се гордее со секое освоено женско срце.

Водолија

Ако сте жена, кога влегувате во брак, вие навистина планирате да му останете верна на сопругот. Но, бидејќи имате потреба да бидете галена и чувана и бидејќи вашите сензори за самоконтрола се најчесто слаби, не успевате на време да запрете пред искушенијата. Тоа, не значи дека секогаш одите до крај. Затоа, во вашите “врски од страна” повеќе има кокетирање и натегање отколку вистински љубовен жар. Сепак, ако поседувате поголема храброст, најчесто влечете вистински коцкарски потези и одите на “се” или “ништо”.

Ако сте маж, вие речиси секогаш го правите она што другиот ви го брани. Па, ако партнерката не ви остави комплетна слобода во врската, тогаш ја искористувате првата шанса што ќе ви наиде на патот за неверство. И уште нешто, ќе се обидувате да ги држите под контрола дури и партнерките со кои што повеќе немате ништо заедничко.

Риби

Ако сте жена, веројатно веќе знаете дека сте омилена кај мажите заради вашата наводна попустливост и способноста да се жртвувате за партнерот и врската. Затоа, секоја нова врска за вас е всушност очајнички потег за спасување на актуелната. А, неверството е само повик за помош. А, кога вие тонете, тонете до дното. Затоа, ниедна вонбрачна врска не може да ве направи среќна.

Ако сте маж, тешко се одлучувате на љубовен излет. Но, ако само еднаш запливате во водите на неверството, вие станувате експерти за оправдување на сите сомнителни ситуации. Па, во состојба сте да измислите такви лаги во кои и самите започнувате да верувате веќе по неколкуте изговорени реченици.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби