In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и спортот

Знаците и спортот
 

Овен

Под влијанието на воинствениот Марс, вие сте личност со огромна сила, храброст и борбеност, личност на која што натпреварувањето и е во крвта. Сакате секогаш да победувате, да бидете први и најдобри. Ризикот, славата и признанијата ви се поважни од удобноста и благосостојбата. А, бидејќи живееме во време кога луѓето на војните гледаат со неодобрување, вие барате легитимен начин за испукување на енергијата и одмерување на силите. Затоа го сакате спортот. Тој нуди неизвесност, прогласува победници и поразени, го почитува фер-плејот. Додека вашиот вроден авторитет ве тера да не прифаќате друга позиција освен лидерската. Затоа, сте најдобри во индивидуалните спортови, во боречките вештини, во автомобилизмот и стрелаштвото.

Бик

Иако можете да се пофалите со огромна статична сила, како поданик на Венера, сакате да уживате во она што со мака сте го стекнале. Па, вашата жед за животот најчесто влегува “низ уста”. Додека потребата за поседување на освоеното најдобро ја задоволувате ако објектот го внесете внатре, во телото. Затоа, откако ќе ги достигнете поставените цели, веќе немате потреба за движење и акција. Меѓутоа, ја сакате природата и уживате во необврзувачките прошетки по планините. Но, ако веќе мора да изберете некој спорт со кој ќе се занимавате во слободно време, сигурно ќе се определите за некој кој бара сила а е статичен, како што е куглањето, борењето или позицијата на голман во екипните спортови.

Близнаци

Под влијанието на брзиот Меркур, гласникот на боговите, вие сте и духовно и физички подвижни. Вашите спретни раце и брзи нозе прават од вас талентиран спортист. Меѓутоа, вашата љубопитност уништува се. Па, неможноста да го здржите своето внимание на иста работа подолго време и недостатокот на спортски дух ве спречува во постигнувањето на некои поголеми спортски резултати. А, сознанието дека можете да ги прекинете вежбите кога ќе посакате, како и чувствителните бели дробови се причините заради кои често ги посетувате часовите по аеробик. Меѓутоа, ако имате среќа да наидете на добар тренер со цврста рака, би можеле да бидете најдобри во трчањето, велосипедизмот, гимнастиката, пинг-понгот и фудбалот.

Рак

Чувствителни и психички и физички, вие сигурноста и спасот од душевните повреди ги барате во осаменоста и во повлекувањето во себе. Затоа, наместо во освојување на надворешниот свет, тргнувате во освојување на својот внатрешен свет кој е богат и компликуван. А, бидејќи водата е природната средина на вашиот знак, вие најдобро ја празните и смирувате душата во близина на големите водени пространства. Така, иако во принцип спортот не ви значи ништо, ако својата куќа ја изградите покрај мирната езерска вода, од немајкаде ќе ја земете трската в рака и ќе заминете на риболов, пуштајќи го “мозокот на пасење”. Но, не е исклучено да се заинтересирате за тајните на едрењето.

Лав

Како што Сонцето, вашиот заштитник, е во центарот на својот систем, така и вие очекувате да бидете во центарот на вниманието, луѓето да паѓаат ничкум пред вас, да ве слушаат и да го признаваат вашиот авторитет. Се раѓате витални и се трудите до крајот на животот да останете витални. Тоа е причината поради која до максимум го развивате култот кон убавото тело. Затоа, за само една вечер да ги покажете своите мускули пред присутните на некоја отмена забава, подготвени сте со денови да се потите и измачувате во бодибилдинг салите. Но, Лавот е и крал на животните. Па, чувствувајќи се кралски, вие пред другите се трудите да оставите впечаток на сјај и величина. Затоа, можно е да се заинтересирате за некој од кралските спортови како што е мечувањето, полото и голфот. Ако пак се одлучите за некој од екипните спортови, тогаш нема да се смирите додека не го заземете капетанското место.

Девица

Познатата реченица “Во здраво тело здрав дух” сигурно за прв пат е излезена од устата на некоја Девица. Значи, потресени по здравјето, редот и хигиената, честопати се случува од “дрвото да не ја видите шумата” и да заталкате во ќорсокакот на хипохондријата. Затоа, мора да научите дека и телото и разумот се само во служба на духот. А, ако духот е здрав, тој креира и здраво тело. Сепак, не смее да се заборави дека сте исклучително вредна, објективна, внимателна и методична личност, која може да постигне многу во екипните спортови, во фудбалот, кошарката, одбојката и ракометот. Исто така, вашата аналитичност би можеле да ја искористите во шахот. Ако сте жена, сигурно ќе се определите за фитнесот.

Вага

Движејќи се лесно и разиграно по својата траекторија, како да танцува, Венера, заштитничката на Вагите ги нагласува кај нив шармот, убавината, тактот и префинетите движења. Затоа, мачењето и потењето за вас не претставува нешто убаво и префинето. Па, вие најчесто го избегнувате спортувањето или се залажувате дека часовите по танцување што ги обожавате се исто што и спортот. Значи, за да се “запалите” за некој спорт, тој мора да ја нагласува грациозноста на телото, убавите движења или да има аристократски “шмек”. Затоа веројатно, најголемиот број гимнастичари, тенисери и вљубеници во уметничкото лизгање се родени токму во вашиот знак.

Шкорпија

Во вашата фаустовска природа се сместени и бог и ѓаволот. А, владетелот на вашиот знак, Плутон, богот на подземјето, говори дека процесот на преобразувањето речиси секогаш се случува на релацијата смрт - нов живот. Па, резервите на енергија со кои располагате ги надминуваат границите дури и на натпросечната издржливост. Затоа, вие сте способни за акција дури и во најтешките ситуации, кога сите останати би загубиле здив. Тоа е причината поради која би можеле да постигнете чудесни резултати во спортот. Во борбата немате милост, ниту ја барате за себе, бидејќи ги презирате слабостите и свои и оние на другите. Затоа, можно е да се заинтересирате за екстремните спортови што бараат и екстремна издржливост. Уживате во боксот, се забавувате со “кајакот на диви води”, а потребата да го испитате непознатото ја задоволувате преку нуркањето. Но, мирот и за душата и за телото можете да го најдете само во хата јогата, што во суштина е духовна дисциплина.

Стрелец

Кентаурот, митолошкото суштество, учителот на хероите, кое до половина било коњ, а од половина нагоре човек, е симбол за Стрелецот. А, бидејќи свирејќи на својата лира Кентаурот пеел за тајните на Вселената, за Боговите, за рудите, за способноста на растенијата да лекуваат, ја воспевал убавината на здравото и силно човечко тело, силата на музиката, ловот и игрите, оттаму Стрелците го сакаат здравиот живот, престојот во природата и спортот. Но, оттаму и не зачудува податокот кој вели дека ако пред да го изберете спортот доволно се познавате себеси, тогаш сигурно ќе се одлучите за јавањето, ловот или стрелаштвото.

Јарец

Зад изјавата “без мака нема наука” сигурно се крие некој Јарец. Затоа, убедени дека се на светот се постигнува со многу упорност и макотрпна работа, вие не верувате во среќа и случајност. Додека, заради потребата да бидете почитувани, да не зависите од другите и материјално да се осигурате, вие знаете да “стегнете заби” и да ги издржите сите пречки што ќе ви се појават на патот на градењето на кариерата. А, вашиот пат води кон врвот. Но, на врвовите е секогаш постудено и празно. Па, ако некогаш си дозволите времето предвидено за работа да го поминете во спортување, копнежот по врвовите, поривот кон осамување и борбата со сопствената издржливост ќе ве натераат својата љубов да му ја подарите на скијањето, алпинизмот, спелеологијата. Додека своите комбинаторски способности би можеле да ги тестирате преку шахот.

Водолија

Како што нејзиниот владател Уран, откриен “во очи” на бурните револуционерни случувања во Франција кон крајот на 18-от век ги поттикна луѓето да ги истакнуваат слободата, единството, братството и самостојноста како главни цели на својата борба, така овие зборови се клучни и во описот на карактерот на Водолијата. Значи, поривот за слобода, индивидуалност, одушевеноста за разните “новитети” и нагласениот групен инстинкт, се причините што ве тераат да побарате група на свои истомисленици. Всушност, со нив ќе можете на база на пријателство и рамноправност да работите на иста цел. Ете зошто “душа давате” за екипните спортови. Додека сонот за летањето би можеле да го компензирате преку падобранството, параглајдерството и едриличарството. А, судбината ја предизвикувате преку сурфањето.

Риби

Симбол на Рибите е водата која незабележливо ги растворува деловите на егото, соединувајќи ги истовремено со апсолутот. Но, Рибите се и христијански симбол. Па, во чинот на крштевањето во вода се крие всушност согласноста на човекот да се предаде себеси во Божјите прегратки. Оттаму, е јасно зошто ја доживувате водата како своја природна средина и зошто таа ве одмора. А потоа, преку престојот покрај вода, вие со тек на времето го засакувате и пливањето, ватерполото, па дури и лизгањето на мраз. Додека вашата “Ахилова петица”, чувствителните стапала, можете да ги зајакнете само преку фудбалот.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби