In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и нивното враќање на секојдневните обврски

Знаците и нивното враќање на секојдневните обврски по празниците
 

Овен

Енергични и динамични, вие го живеете животот со “триста на саат”. Па, така се однесувате и за време на празничните денови. Затоа, секогаш кога ќе треба повторно да и се вратите на работата, имате чувство дека празниците ви “летнаа за час”. Тоа не значи дека тешко ќе им се прилагодите на секојдневните обврски. Напротив, колерични по природа и амбициозни, вие отпочнувањето со работа го доживувате како впуштање во нова авантура. Уште веднаш ќе направите ред во канцеларијата и домот. Добро ќе ги растресете мрзливите колеги и без многу занесување и мудрување по она што поминало, ќе продолжите таму каде што застанавте пред почетокот на празниците. А, бидејќи на домашните обврски гледате како на непотребно загубено време, вие не сте вистински Овен ако не се обидете домашните обврски да ги “натоварите на туѓ грб”.

Бик

Бавни по природа, уживачи во земните задоволства, вие се обидувате да го искористите секој миг од празниците за одмор и уживање, не размислувајќи притоа колку долго ќе траат тие. И можеби е надалеку познато дека вашата Биковска природа тешко им се прилагодува на промените. Но, кога е во прашање работата, вие отстапувате од правилото. Па, бидејќи на прво место од вредностите во животот ја ставате удобноста и бидејќи емотивната ја градите врз темелите на материјалната сигурност, вам парите ви значат “се на светот”. А, кога се знае дека “времето е пари” вие без збор ќе седнете зад бирото, посветувајќи му се на печалењето. Вљубени во својата “куќичка со дворче” кое го уредувате со своите две раце, нема да ви биде тешко да се зафатите и со домашните обврски, со цел да го одржите конфорот во секојдневието.

Близнаци

Постојано во потрага по нешто ново и интересно кое би можело да го задржи вашето внимание на подолго време, вам враќањето на работа не ви “паѓа” тешко. Дури, честопати се случува да го прекинете празнувањето тогаш кога ви е најубаво, со цел да го задржите убавиот впечаток. Но, исто така е можно да ги спакувате куферите тогаш кога не се празници, а вам ви “пукнал филмот” од здодевност. Сепак, по доаѓањето на работното место, со одушевување ќе зборувате за обврските што ве очекуваат и ќе ги бомбардирате колегите со купот нови идеи, што во меѓувреме ви “паднале на памет”. Но, никако нема и навистина да се зафатите со работа. Посебно кога станува збор за рутинската работа и домашните обврски.

Рак

Како личност која ја почитува традицијата и сериозно ги сфаќа сите свои должности, вие многу добро знаете да ја направите вистинската граница меѓу работата и задоволствата. Па, како празниците ќе одминуваат, вашата Раковска природа која е врзана за домот едвај ќе дочека да му се вратите на своето секојдневие. Уште повеќе, ако празничните денови ги минувате далеку од својот дом. Затоа, првото нешто што ќе го направите пред да тргнете на работа, ќе биде генералното чистење и средување на домот и развивањето на сликите кои сте ги направиле за време на празниците. А, потоа без претерано филозофирање, ќе ги превземете на себе новите работни задачи. Носталгично ќе воздивнувате за времињата што поминале, само кога ќе им го покажувате албумот со фотографии на пријателите.

Лав

Дали ќе се чувствувате одморени и во какво расположение ќе се вратите на работното место, ќе зависи од тоа колку вашата достоинствена Лавовска природа, ги поминала празниците како што и доликува, на ниво, на некое од монденските места. Па, ако работите се одвивале по сите правила и прописи, вие ќе им се вратите на работните задачи дури откако ќе направите голема забава за пријателите и колегите. Таму, на “цел глас” ќе раскажувате за своите доживувања, ќе ги покажувате фотографиите, бидејќи без сведоци како ништо да не се случило. А, на крајот ќе поделите подароци. Така, на висок стил, ќе се вратите во центарот на случувањата во својата средина, превземајќи ја улогата на “главниот и одговорен” човек на работното место. Таму, со задоволство ќе констатирате дека ништо не функционирало како што треба, додека не сте биле во близина. Затоа, започнувањето со работа од секогаш било понапорно за вашите колеги, соработници и за домашните, отколку за вас самите.

Девица

Како вредни луѓе кои тешко се опуштаат, вие ниту во еден момент не помислувате како би било убаво кога празниците би траеле подолго. Напротив, дури и кога треба да одморате, вие не би биле Девица ако не размислувате што треба уште да завршите, доработите, поправите. Затоа, со нетрпение ќе очекувате да му се вратите на професионалното секојдневие. Па, здивнувајќи од неработењето, со завидна брзина и ефикасност, ќе му се прилагодите на новиот животен и професионален ритам. И уште нешто, педантни какви што сте, пред да се зафатите со извршувањето на редовните работни обврски, вие ќе го “изгланцате” својот дом и канцеларијата и ќе ги исштиркате алиштата.

Вага

Вие сте личност која се “става на вага”. Затоа, вашата способност по празнувањата да му се вратите на секојдневниот живот и работа ќе зависи од разликата меѓу позитивните и негативните случувања во тој период. Вашето расположение нема да се промени со почетокот на работната седмица ако сте задоволни од својот љубовен живот, бидејќи кај секоја Вага, љубовта го завзема првото место на скалилото на вредностите. Сепак, за вистински да се соочите со новите работни предизвици, секогаш треба прво психички да се подготвите, за на тоа да се надоврзе вашата емотивна исполнетост. Но, заради тоа што многу ви значи мислењето на околината, брзо ќе излезете од летаргијата, само ако се посомневате дека другите ве доживуваат како забошотувачи и мрзливи. Уште повеќе, ако вашата работа е креативна и не бара премногу одговорност и физички напор.

Шкорпија

Вие сте принципиелна личност која не може да се весели само затоа што е “тој и тој датум” во прашање. Од друга страна, за вас работата си е работа, таа мора да се заврши без оглед на годишното време, празниците или моментната мотивираност. Па, бидејќи на околината и се претставувате како цврста и одлучна личност која знае што сака, тогаш не чудете се што луѓето ве доживуваат како “отров” за неработниците и што мислат дека едвај дочекавте да се вратите на работното место. Притоа, само малкумина ќе знаат дека зад вашата строга надворешност се крие чувствителна душа, која уште долго ќе размислува и копнее за безгрижните денови поминати во мир, одмор и дружење. Вашата исполнителна природа ќе ве тера да завршите и со домашните обврски. Но, во суштина тие не ви причинуваат задоволство.

Стрелец

Лежерни и дружељубиви, вие сте убедени дека можете да дадете се од себе, само додека работите во опуштена и пријатна атмосфера, без притисок и ограничувања. Затоа, по празниците речиси секогаш имате потреба од неколку дена за прилагодување на новиот работен ритам. Па, во тој период, пред вистински да се зафатите со работата, вие прво ќе организирате заедничко излегување со колегите, каде што ќе можете убаво да се изнаприкажете со луѓето, да се насмеете. А потоа, во пријателска атмосфера да продолжите со работата, таму каде што застанавте пред празниците.

Јарец

Познати сте како најголем воркохолик во својата работна средина. Работата е таа што комплетно ве исполнува и во неа ја гледате смислата на животот. Затоа, на другите им изгледате како да сте венчани за работата. Ако сте Јарец што “држи до себе”, ќе ви биде потешко да им се прилагодите на празниците и неработењето, отколку на новиот работен циклус. Значи, за време на празниците, кога се излежувате по цели денови без работа, вие се чувствувате како болни. Затоа, едвај ќе го дочекате моментот кога повторно ќе влезете во канцеларијата. А, до тогаш, се задоволувате со генерално чистење на домот, со средувањето на дворот или со поправката на автомобилот. А, ако вие се прашувате, празниците и одморите би можеле слободно да се укинат.

Водолија

Со вас човек никогаш не може да знае на што е, бидејќи сте непредвидливи и променливи. Па, колку брзо и лесно ќе им се прилагодите на новите работни обврски по празниците, ќе зависи од тоа какво е вашето моментно расположение и од вашата мотивираност. Некогаш, со недели ќе барате инспирација и причина повторно да се зафатите за работа. Додека друг пат, во новото професионално секојдневие ќе се впуштите со брзина на молња. Значи, вашето однесување ќе зависи од фактот колку ја доживувате работата како нешто интересно и несекојдневно. Но, ако за време на празниците успеете да се загреете за некое ново хоби, тогаш без “око да ви трепне” ќе заборавите на обврските, почнувајќи од насобраните садови во садоперот, па до работните обврски кои ќе се натрупуваат една врз друга.

Риби

Вие сте личност што ужива во празниците и во неработењето. Но, и покрај тоа се чувствувате тажно кога пред празниците го напуштате работното место и кога повторно по празниците му се враќате. Во вашиот живот се е поврзано со вашите чувства и со состојбата на вашата психата. Затоа, и вашиот прв ден на работното место по празниците ќе зависи од нив. Процесот на прилагодување ќе биде пократок ако го сакате она што го работите и ако немате свежи љубовни трауми. Но, ако знаете дека ве очекува некаква здодевна административна работа или тежок физички напор, тогаш од самата помисла на тоа, вие сте во состојба да се разболите уште на првиот работен ден.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби