In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Астролошки водич во потрага по идеален сопруг

Астролошки водич во потрага по идеален сопруг
 

Драги мои дами, колку пати до сега сте чуле, од пријателки, роднини, од непознати жени, дека мажите се менуваат во бракот? Колку пати сте чуле дека оној кој пред бракот им симнувал ѕвезди од небото, во брак не сакал да им го симне ниту тенџерето од последната полица во кујната. Оној кој ветувал ридови и долини, во брак правел само ридови од валкани чорапи и создавал долина на солзи. Оној кој се однесувал како џентлмен, во бракот се претворил во некој кој нежно се однесува само кон себеси и кон сопствените желби. Додека оној кој посакувал големо семејство, во бракот открил дека тој сака да биде единственото дете околу кое сопругата треба доживотно да се грижи.

Веројатно, овие тврдења до сега сте ги чуле безброј пати. Затоа, ако бракот е она што посакувате да се случи во вашата иднина, добро е да знаете во што би се претворил вашиот принц на бел коњ. Конечно, можеби треба да прифатите дека бракот не е за секого. За некои луѓе тој е најголема ноќна мора.

Знаците во текстот што следува се распоредени почнувајќи од најлошите до најдобрите прилики за брак.

12. Близнаци

Ова се најголемите катастрофи од сопрузи. Па, ако се уште не сте во брак, драги мои дами, препорачливо е да ги заобиколувате во широк лак. Ако ме прашате:„Зошто?“, одговорот би бил: „Со нив никогаш нема да знаете на што сте.“ Во еден миг ќе ви симнуваат ѕвезди од небото, ќе кројат планови за иднината со вас, ќе ве опсипуваат со комплименти. Но, веќе во следниот миг ќе почувствувате како се илјада километри, и ментално и физички, далеку од вас и се однесуваат како да сте тотални странци. Згора на тоа нема да знаете кога вашиот Близнак ја кажува вистината, бидејќи и тој тоа нема да го знае. Можеби ќе треба да ги покривате неговите долгови. А, нема да биде чудно ако после поминати години со него дознаете дека е всушност во брак или дека има некој тежок порок преку кој не ќе можете да поминете.

11. Водолија

Ако ги натерате да рипнат во тавче на помлади години, Водолиите се сиров материјал од кој би можеле да моделирате солиден сопруг. Но, ако добар дел од животот поминат талкајќи од немило до недраго, мажите Водолии се претвораат во скитници што жива сила не ќе може да ги собере во мирот на семејното гнездо. Во најдобар случај, ќе имате покрај себе партнер што нема да ве гњави и нема да бара од вас отчет за она што го правите. Веројатно и финансиски ќе ве поддржува. Но, не треба да очекувате ништо повеќе од него. Во останатиот дел од времето тој ќе си живее во свој свет, ќе си фантазира за сите работи што би можел да ги прави. Но, во сето тоа ќе нема место ниту за вас, ниту за заедничкиот живот, ниту за децата.

10. Стрелец

На прв поглед Стрелецот ќе ви наликува како материјал за совршен сопруг. Бидејќи, ќе ве фасцинира со тоа што ќе биде романтичен исто толку колку што ќе биде практичен, духовен колку што и материјален, мажевен колку што и нежен, одличен љубовник колку што и добар пријател. Кога на свет ќе дојдат децата ќе откриете дека е незаменлив и грижлив и како татко. Па, како вие се повеќе ќе стекнувате доверба во него и сигурност, како ќе се опуштате во бракот и ќе верувате дека на вашата среќа и нема крај, така тој се повеќе ќе чувствува дека работата со вас е завршена, дека ве освоил, покорил и дека сте му здодевна. Бракот ќе му стане непотребен оков и ќе бара начини што побрзо да се ослободи од него тргнувајќи во лов на некој нов, свеж и неосвоен плен.

9. Риби

Ако сте тип на жена на која не и претставува проблем покрај себе да има вечно дете кое никогаш нема да порасне, тогаш идеален сопруг за вас е мажот Риби. Овие мажи се премногу чувствителни, умеат да сакаат и ако еднаш ви се предадат, тие засекогаш ќе бидат ваши, и со душа и со тело. Но, одговорноста за секојдневниот живот ќе треба да ја преземете вие, бидејќи вашиот сопруг не ќе може да се снајде или ќе му пречи занимавањето со ефемерните работи. Згора на тоа, сигурно ќе го краси и по некој порок, како што се љубовта за алкохолот, коцката или опојните средства. Додека разубавувањето на вистината, да не речам лажењето, е нешто што тој нема да забележи дека го прави. Меѓутоа, ако одлучите да го оставите, со судни маки ќе се ослободите од мажот Риби. Тој ќе плаче, ќе ве преколнува да му се вратите, ќе ви ветува се што потоа нема да го исполни.

8. Шкорпија

Мажите Шкорпии се возбудливи за секс и врска без обврски, но се сомнителен материјал да брак. Бидејќи, најчесто се оддадени на некој порок, алкохол, коцка, жени или на сите одеднаш. Потоа, правилата што важат за нив не важат за нивната поубава половина. Затоа, драги мои дами, ако се уште не сте го направиле изборот со кого ќе го поминете остатокот од животот, треба да знаете дека, доколку имате богато љубовно минато, мажејќи се за еден Шкорпион сте купиле карта директно за пеколот. Тој по кус период на затишје, додека ве густира во креветот, ќе продолжи да живее како ерген, додека со неговата љубомора константно ќе ви ја вади душата. Ако пак пред бракот сте биле чедна девојка, ќе ве почитува поради тоа, но брзо ќе му здосадите во креветот. Па, за кусо време ќе си ги обнови контактите со не толку чедните жени од минатото или ќе тргне во потрага на нови жртви.

7. Овен

Доколку сте амбициозна личност со многу соништа кои посакувате да ги остварите и доколку сте подготвена за авантура, тогаш Овенот е идеален сопруг за вас. Неговата енергија е заразна и тој постојано ќе ве поттикнува на акција. Ќе се интересира за тоа што го работите, ќе ви помага. Доколку не се согласува со вашите постапки ќе спори со вас додека не ве убеди во својата вистина или додека не успеете да изнајдете решение прифатливо за двајцата. Инаку, треба на време да знаете дека обврските поврзани со домот тој ги дели на машки и женски. Па, во женските нема да ви се меша ниту да ви помага. Но, ако треба да се смени сијалица, гумичка на чешмата или да се измие колата, тој нема да вика мајстор. Самиот ќе го направи тоа. Единствено ќе мора да му прогледате низ прсти за по некое неверство.

6. Лав

Кога Лавот сака некого, тој го прави она што посакува другите да му го прават нему. Го покажува своето воодушевување и почит. Па, ако ве одбере вас, вие ќе имате весел и забавен сопруг кој е сигурен во себеси, топол како личност и кој ќе умее да ве сака. Додека вашите деца ќе имаат посветен татко кој ќе се труди да им биде забавен и да ги социјализира, со тоа што ќе ги носи на сите места каде што нешто важно ќе се случува. Така, вашите деца ќе ги посетат сите концерти на познатите бендови, ќе одат на сите најважни спортски натпревари, ќе учествуваат на сите школски приредби.

Лавот ќе го изгубите само ако престанете да му се воодушевувате и ако сфати дека ве надраснал и повеќе не сте на негово ниво.

5. Рак

Раковите се едни од најчувствителните мажи кои се ориентирани кон домот и семејството. Меѓутоа, заради нивните деликатни чувства, со нив треба да се постапува многу внимателно, со цел да не предизвикате да се повлечат и затворат во себе. Всушност, почитта е една од основните работи, после љубовта, која му е неопходна на секој Рак. Па, ако тој ја почувствува кај вас, вие ќе добиете одговорен, посветен, традиционален сопруг кој ќе се грижи за вашето добро и за благосостојбата на целото поблиско и пошироко семејство. Единствено нешто што не ќе смеете да правите е да зборувате лошо за неговата мајка и за роднините.

4. Вага

Природата на мажите Ваги е да не можат нормално да функционираат без партнерка покрај себе. Па, ако внимавате на естетиката и на своите манири и ако доволно се почитувате себеси, вие сте идеална сопруга за таков маж. Мажот Вага ќе умее да ве разгали, постојано ќе ви дели комплименти и подароци, можеби ќе ви потпевнува познати рефрени или ќе пишува песни инспириран од вашата љубов. Со овој маж би требало да имате богат социјален живот и да се чувствувате како кралица. Негови слаби страни се неговата поводливост по туѓото мислење и неговата неотпорност на убавите жени. Па, ако чуе лоши работи за вас, тоа би можело да ја поколеба неговата љубов. Но, утешително е сознанието дека дури и кога ќе ве изневерува, вие тоа нема да го почувствувате.

3. Јарец

Ако бурмата на вашата рака ја ставил некој Јарец, вие, драги мои дами, спаѓате во групата на среќни жени. Бидејќи, Јарците се третиот најпосакуван знак за брачен партнер. Тоа е така затоа што станува збор за одговорни, сериозни и приземјени личности кои се ориентирани кон работата и кон обезбедувањето материјална благосостојба. Токму она што на секоја жена и влева сигурност при свивањето на семејното гнездо и при одгледувањето на потомството. Исто така, Јарците можеби додека се помлади изгледаат повозрасно од врсниците. Но, со текот на годините, ја задржуваат виталноста и не се претвораат лесно во сенилни дедовци. Единствено нешто што ќе мора да прифатите е фактот што вашиот Јарец повеќе време ќе минува на работа отколку дома и што ќе избегнува да стапи во брак до позрели години.

2. Девица

Можеби Девиците не спаѓаат во групата на романтични љубовници. Но, тие се одлични сопрузи, надалеку познати по својата верност. Она што тие бараат од сопругата е взаемна доверба и разбирање. Па, доколку ги добијат, спремни се да работат напорно за да му обезбедат на семејството и од пиле млеко. Изневерувањето за нив е некорисно трошење на времето и на парите. Па, ќе си го дозволат само доколку оценат дека нема да им го наруши семејниот мир и дека нема да им го осиромаши буџетот.

1. Бик

Ако вашето момче или сопруг е роден во знакот Бик, честитки! Вие сте вистинска среќница. Бидејќи, можеби Биковите се бавни и тешко донесуваат одлуки, но тие се мажи кои немаат проблем да се заколнат на вечна верност, ако се убедени дека покрај себе ја имаат вистинската личност. Всушност, тие се едни од најдобрите сопрузи во Зодијакот. Ним не им се тешки обврските поврзани со домот, бидејќи ги подразбираат како составен дел на брачниот пакет и бидејќи сакаат да обезбедат удобен живот за своето семејство. Така, сопругот Бик нема да се срами да зготви, редовно ќе оди на пазар, ако е потребно ќе ги измие и чиниите. Ќе направи се за мир во куќата. Заради својата инертна природа тешко ќе се накани да направи неверство. Но, дури и ако тоа се случи, нема да дозволи неговото семејство да страда и ќе продолжи да ги извршува семејните обврски.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби