In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Како знаците сакаат и мразат

Како знаците сакаат и мразат
 

Овен

Импулсивни, нестрпливи и отворени, вие се вљубувате преку ноќ, на прв поглед. А, кога љубите, тоа го правите силно и страсно, не размислувајќи за последиците. Ваша цел е да го поседувате “предметот на сопствените копнежи” па макар на половина час. И нема ништо лошо во таквото однесување се до мигот кога на истиот начин ќе си заминете и од животот на вашиот партнер, без збор и преку ноќ. Затоа, ако партнерот сака подолго да ве задржи во своите прегратки, ќе треба постојано да ви ласка и отворено да се одушевува на вашето знаење и на мускулестото тело. Секој негов обид да ви се спротивстави го предизвикува вашиот гнев. Во таквите моменти, најдобро ќе биде тој подалеку да избега од вашето видно поле. Во спротивно, не само што ќе ја навредувате личноста која до вчера ја бакнувавте, туку во екот на кавгата ќе искршите се што ќе ви се најде до рака. И можеби миговите на омраза кратко ве држат, но тие се доволно силни да му втераат на партнерот “страв во коските”. Уште повеќе што вие никогаш нема да се покаете, ниту да му се извините.

Бик

Меланхолични и бавни, вие тешко го отварате пристапот што води до вашето срце. Но, ако постојано го прегрнувате и бакнувате партнерот, тоа е сигурен знак дека сте веќе вљубени. А, тоа чувство кај вас може да трае вечно. Своите чувства ги изразувате преку нежните допири и тажниот поглед. Не сте способни за големи љубовни изјави и ветувања. Проблемите започнуваат тогаш кога ќе ја покажете својата љубомора и посесивност. Меѓутоа, свесни дека се тоа срамни чувства, вие ниту за “жива глава” нема да ги признаете, иако со нив ќе биде напоена секоја ваша клетка. А, бидејќи ја застапувате идејата дека љубовта доаѓа од стомакот, ќе започнете да го обожавате партнерот кога ќе се уверите во неговите готвачки способности. Но, ако тој ви “згазне на жуљ” и ако одлучите да му ставите “крст”, тоа сигурно ќе биде засекогаш. Вашата тврдоглавост нема да ви дозволи да ги прегазите своите принципи.

Близнаци

Во вашето срце не престојува долго ни љубовта, ниту пак омразата. И кога сакате и кога мразите, тоа обично го правите површно и разиграно. Можеби затоа луѓето не ве сфаќаат сериозно. А, уште помалку знаат дека причината за таквото однесување се крие во вашата љубопитна и променлива природа, која ужива во флертот. Но, ако сте навистина вљубени, тогаш отворено ќе му зборувате на партнерот за своите чувства и ќе го затрупате со подароци. Меѓутоа, тој период кратко ќе трае. Главниот предизвик во љубовта за вас не е еротиката, туку духовитиот и интригантен разговор. Значи, партнерот ќе може да го задржи вашето внимание откривајќи ви ги најновите трачеви од градот и раскажувајќи ви масни вицеви. Прекрстените раце и молчењето во ваше друштво ги сметате за најголем грев и полека ќе започнете да се оддалечувате од личноста што така се однесува кон вас. Кога некого мразите, тешко се забележува, бидејќи во принцип ги избегнувате кавгите. Најчесто се одмаздувате со озборување. Значи, ако некого замразите, сите ваши поблиски и подалечни пријатели ќе дознаат за интимните пикантерии од вашиот живот.

Рак

Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите “мило за драго”, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.

Лав

Театрални, гласни и фалбаџии, кога срцето ви го погодува Аморовата стрела, вие го објавувате тоа на цел глас. Не се срамите од чувствата кои се силни, огнени и искрени, па дури ги искажувате на помпезен начин. Партнерот ќе знае дека сте “до уши зацапани” во него ако започнете да го опсипувате со скапи подароци и да го изнесувате по луксузни ресторани. Тоа е вашиот стил, на “голема врата” да влезете во неговиот живот и да го завземете најважното место во неговото срце. Меѓутоа, добро е ако партнерот знае дека “паѓате” на истите работи. Значи, ширум ќе ги отворите очите пред златниот накит и останатите скапи подароци. И што е можеби најважно, партнерот треба да знае дека не ја сакате монотонијата и просечниот стил на живеење. Но, ако некако се случи тој да ја повреди вашата скапоцена суета, сигурно ќе го избомбардирате со куп навреди, ќе се свртите и ќе си отидете од неговиот живот со крената глава.

Девица

Нагласено рационални и длабоко аналитични, вие ретко кога безглаво се впуштате во љубовните игри. Всушност, секогаш кога станувате свесни дека при налетот на чувствата “стомакот ви се врзува во чвор” ве фаќа паника и го притискате копчето на кое пишува “Внимавај!” Меѓутоа, и покрај воздржаното и студено однесување, во вашите гради чука немирно срце кое копнее по љубов. Па, ако некој си зел тешка задача да ве освои, ќе мора долго да чека и чекор по чекор да ви се приближува. А потоа, ќе биде пожелно да најде начин да ве увери во својата верност, лојалност, како и во смислата за практично. Притоа, вие дефинитивно ќе го “развиорите белото знаменце” кога на првата посета во вашиот дом, партнерот ќе ги соблече чевлите уште во претсобјето. Простите пак зборови и пцовките ќе му донесат негативни поени. А, ако ја има таа среќа да ви се замери, тогаш ќе почекате прво да се врати дома, бидејќи се плашите од директни судири, за преку телефон да го искритикувате неговото однесување.

Вага

Како дете на Венера, божицата на љубовта, вие копнеете по совршена љубов и се чувствувате комплетно само со партнер покрај себе. Но, во земниот живот ништо не е совршено. Затоа често се лажете во проценките и се соочувате со емотивни разочарувања. Сепак, подготвени сте целиот свој живот да го поминете во потрага по идеалниот партнер. А кога ќе помислите дека сте го нашле, тогаш се предавате без многу размислување. Дури сте подготвени и на жртви, со цел да ја одржите идиличната слика за животот во двојка. Личноста што сака да ве освои сигурно ќе успее во тоа само ако кон вас се однесува рафинирано, со многу такт и внимание. Уште подобро ако секојдневно ве опсипува со скапи и одбрани подароци. Но, ако улулкан во вашата доживотна љубов, партнерот се дрзне да ве повреди, тогаш треба да се подготви за вашата одмазда. Ќе сторите се за уште следниот ден да прошетате пред него прегрнати со друг партнер, како тој никогаш да не постоел во вашиот живот.

Шкорпија

Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Шкорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.

Стрелец

Весели, ведри и искрени, вие љубовта ја разбирате како игра која може да ви го разубави здодевното секојдневие. Оптимисти во душа, вие не гледате причина “зошто би ги криеле чувствата, ако сте вљубени?” Затоа, љубите искрено. Но, повеќе од се, ја љубите слободата. Па, со цел да ја сочувате, секогаш верно го следите правилото “љуби, љуби, но главата не ја губи!” Значи, личноста која ќе ве стави во центарот на нејзините љубовни фантазии треба да знае дека најлесно ќе ве освои ако ве однесе на незаборавно патување во некоја егзотична земја. А, вие дефинитивно ќе и “јадете од рацете” кога ќе заклучите дека покрај себе имате весела и неоптоварена личност која ве прифаќа такви какви што сте, без никакви принуди, уцени и љубоморни испади. Но, нејзините шанси кај вас ќе се намалат ако забележите дека долго спие и дека го сака излежувањето во кревет. Сепак, вие не умеете да мразите. И можеби во напад на бес ќе изнакажете сешто. Но, откако ќе сфатите дека сте ја повредиле личноста што ја сакате, сигурно ќе барате прошка.

Јарец

Посветени на постигнувањето професионален успех и материјално богатство, вие од мали нозе учите како да ги потиснете чувствата, убедени дека нивната превласт не носи многу среќа во животот. Што е уште пострашно, за вас љубовта најчесто оди “рака под рака” со отфрлањето и страдањето. Но, ако некој смета дека токму вие сте одговорот на сите негови “љубовни соништа” и ако има “време за губење”, тогаш ќе треба да изоди трнлив пат. Всушност, на секој ваш потенцијален партнер ќе му треба многу време и трпение да дочека да се стопи сантата мраз во која го криете своето лесно ранливо срце. Можеби ќе се отворите дури откако ќе се убедите во неговата скромност, штедливост и во неговата смисла за практично. Но, никогаш нема комплетно да му се предадете. Доказ дека повеќе не сте вљубени е студенилото во вашето однесување. А, вие мразите исто како и што љубите, постојано и вечно.

Водолија

Потполно непредвидливи за се во животот, вие сте непредвидливи и во љубовта. Во еден миг ќе бидете подготвени да ги симнете сите ѕвезди од небото за личноста што ви се допаѓа. Но, веќе во следниот миг можете да исчезнете или да се однесувате кон неа само како кон најдобар пријател. Меѓутоа, вие сте како измислени за секој оној кој е во потрага по либерална и оригинална љубов, бидејќи вие барате слобода, но истата му ја дозволувате и на партнерот. Притоа, вашиот партнер не смее ниту на сон да помисли да ви ја искажува љубовта преку љубомора. За вас, љубомората не е доказ за љубов. Но, ако работите започнат да се одвиваат во правец на омразата, партнерот треба да ви се тргне од патот во првиот момент, додека сте обземени од бесот и лудилото. Зашто, ако не му направите нешто лошо веднаш, тогаш нема да му направите никогаш.

Риби

Кога вие се вљубувате, а тоа често ви се случува, минувате ноќи и денови сонувајќи со отворени очи и пишувајќи поезија за објектот на својата љубов. Но, честопати љубовта ја поистоветувате со солзите и жртвувањето. Па, со цел да го задржите контактот со реалноста, имате потреба од многу нежност и разбирање од страна на партнерот. А, кога стравот од невозвратената љубов ќе надвладее, тогаш запаѓате во хронична депресија и душата си ја олеснувате преку потоците солзи. Секој оној што сака да ве освои треба да знае дека ќе “пливате секогаш до него” ако на уво ви ги шепоти познатите љубовни стихови. А, ќе останете без здив ако за време на летувањето ви предложи да ги исончате и најскриените делови на телото. И нормално, вие не умеете да мразите. Највисок степен на вашата одмазда е да го “дигнете носот” убедени дека тоа ќе ја повреди вашата жртва.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби