In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и екологијата
 

Овен

Набиени со енергија и гладни за авантура, вие сте повеќе надвор отколку дома. Жалите за времињата кога се откриваше Америка и тајните на старите цивилизации, жалите за времето на големите војсководци и нивните освојувачки походи, бидејќи имате длабока потреба да се докажете како херој. Во денешни услови, оваа ваша желба е трансформирана во потребата да бидете први и најдобри во она што го работите. Вашата љубов кон природата се сведува на долгиот престој на отворено, на утринската гимнастика покрај отворениот прозорец или евентуално на спортувањето во природа. Притоа, не смее да се заборави дека вие ги мразите наредбите. Затоа, колку и да ја почитувате природата, сигурно ќе ја згазнете тревата и ќе го фрлите отпушокот на улица, само ако тоа некој ви го забрани.

Бик

Вие секогаш останувате поврзани со силите на земјата и природата, бидејќи сте родени во периодот од годината кога црпејќи храна и сила од мајката земја, природата цвета и буи. Затоа, уживате во долгите прошетки по шумите, се восхитувате на раскошот од мириси и бои што го создаваат цвеќињата, ги почитувате пчелите и нивниот природен производ — медот. Па, свесно или не, вие правите се за да дојдете до своја куќичка со дворче полно со цвеќе. Но, можно е и да изградите викендичка во средината на некоја ливада на која се наоѓа голем број на кошници со пчели. Меѓутоа, мрзеливоста и отпорот кон промените е причината поради која ја сакате природата таква каква што е, без интервенции во цел на нејзиното средување и разубавување.

Близнаци

Вие сте воздушен знак, а една од основните карактеристики на воздухот е неговата експанзивност. Тоа е причината поради која се однесувате како “пеперутки кои летаат од цвет на цвет”, затоа секогаш некаде брзате и лесно го менувате објектот на своите интереси. Меѓутоа, вашиот брз ум сигурно ќе забележи дека свежиот планински воздух има одлично дејство врз вашите чувствителни бели дробови и дека вашата физичка состојба се подобрува кога подолго престојувате во природа. И покрај тоа, заради љубопитноста и површноста, вие по кратко време ќе се заинтересирате за нешто друго, убедувајќи се себеси дека за парковите, зеленилото, шумите, па дури и за растенијата во вашиот дом треба да се грижи некој друг.

Рак

Во периодот кога се раѓаат Раковите, од 22 јуни до 22 јули, во растителниот свет завршува фазата на оплодувањето и започнува мајчинската фаза, растењето на плодовите. Оттаму не е чудно што Раковите и од двата пола, се однесуваат мајчински и грижливо кон светот околу себе. Значи, вие ги доживувате растенијата, животните, морињата, езерата и воздухот како живи битија што чувствуваат. Затоа, се трудите да ги заштитите и да не ги повредите. Можеби ќе станете член на некое еколошко друштво. Всушност, спаѓате во категоријата луѓе кои во пракса ги применуваат откритијата на науката. А, најновите откритија тврдат дека класичната музика и убавите зборови позитивно влијаат врз развојот на растенијата.

Лав

Како дете на Сонцето, вие најдобро се чувствувате во лето, а сте зиморливи во останатиот период од годината. Затоа, уште од мали нозе учите како да го искористите летото за да акумулирате доволно топлина, која ќе ви помогне да ја издржите долгата, мрачна и студена зима. Значи, во летниот период постојано сте надвор, во природа, по цели денови се излежувате на плажа и уживате во сончевите зраци. Од друга страна, вие се доживувате себеси како нешто посебно, како некој кој заслужува се што е најубаво. Затоа, сметате дека не заслужувате ништо помалку од чистиот воздух, здравото сонце, бистрата вода и совршено негуваните паркови и градини. И добро е што Господ ви дал способност да се наметнете и да ги организирате другите. Во спротивно, убедени дека не ви доликува да си ги валкате рацете работејќи на одржувањето на чистата животна средина, а сакајќи се околу вас да биде средено, вие би дошле во конфликт самите со себеси.

Девица

Вредни, практични, со силно чувство за должност и одговорност, вие сметате дека е доблест да се биде на услуга на другите. Па, честопати се чудите како луѓето не сфаќаат дека светот може да оди напред само ако си помагаме едни на други. А, ако на ваквото размислување се надоврзе и вашата опседнатост со здравјето и хигиената, како и потребата за ред и дисциплина, станува јасно зошто толку ја почитувате природата. Според вас, растенијата се резервоари и филтри на кислородот. Водата е основа на животот и чувар на хигиената. Сонцето не снабдува со енергија, а земјата е стабилизатор и извор на храна. Затоа, ние треба да им возвратиме со тоа што ќе се грижиме за нив. Секој атак врз природата според вас е атак врз нас самите.

Вага

Во периодот кога се раѓаат Вагите, од 23 септември до 24 октомври, Сонцето веќе има поминато половина од својот пат по еклиптиката. Тоа е причината што во вас е силна потребата од хармонија. Истата се трудите да ја постигнете развивајќи ја способноста за компромис, преку добрите манири и преку одмереноста во однесувањето. Од друга страна, заштитничката на вашиот знак, Венера, планетата што го носи името на божицата на убавината, ве прави чувствителни на се што е убаво. Затоа, вие ги сакате убаво средените дворови, парковите во кои интервенирала човековата рака водена од чувството за ред и естетика. Ве одушевуваат цветните плоштади, малите порибени езерца по кои пливаат лебеди. Всушност, длабоко во себе, вие никогаш не можете да прежалите што не сте родени во Версај, во времето на Луј XIV.

Шкорпија

Богот на подземниот свет Плутон е инспирација за името на планетата која владее со Шкорпијата и која говори за нејзината вулканска и трансформаторска природа. А, во растителниот свет, во ноември, кога се раѓаат Шкорпиите, доаѓа до процес на распаѓање и гниење. Затоа, внатрешните содржини на вашата личност вие најлесно ги преџвакувате во тишина и мрак. А, тоа е и причината поради која ви пречат силните зраци на сонцето. Меѓутоа, ако не ја канализирате својата вулканска енергија во нешто конструктивно, вие сте во состојба да се уништите себеси и се околу себе. Во моментите на бес или заради потиснатата агресија би можеле да ги кршите или оштетувате клупите по парковите, да ги врежувате своите иницијали по кората на дрвјата, да плукате на улица, да фрлате отпад во реките и на зелените површини, да подметнувате пожари. Меѓутоа, ако спаѓате во групата на поразвиените претставници на вашиот знак, сигурно ќе се ангажирате во заштита на термалните води, пештерите или белоглавите орли.

Стрелец

Далеку, во минатото, периодот на Стрелецот, месец декември, бил време во годината кога по завршените полски работи, луѓето се свртувале кон ловот како еден од начините за обезбедување храна. Затоа, оние кои се раѓаат во знакот на Стрелецот го сакаат здравиот живот, спортот и природата. Меѓутоа, вашата потреба од авантура може да ја задоволи само дивата и недопрена природа, прашумите на Амазон, контактот со животните, егзотичните предели и старите цивилизации. Затоа, вие највисоко го кревате својот глас против сечењето на шумите во интерес на градењето патишта, се залагате за слободата на дивите коњи или се ставате во заштита на малите народи кои се на пат да исчезнат.

Јарец

Уредни и методични, вие ги почитувате прописите и законот, а тоа го очекувате и од другите. Во вашиот свет, во кој “среќата не паѓа од небо”, секогаш се знае кој е кој и што е што. Па, окупирани со постигнувањето моќ и богатство, вие заборавате дури и на својот приватен живот, а камоли да губите време и да мислите на природата и на нејзината заштита. Сепак, бидејќи сте личност која ја сака сигурноста, можеби ќе се ангажирате да ја пошумите или заштитите од ерозија планината што је најблиску до местото каде што живеете. Заради фактот дека во се ја гледате практичната страна, можеби ќе ги засакате и ќе се грижите за растенијата кои даваат плод што е баран на пазарот. А, во моментот кога ќе сфатите дека “нема тиква без корен”, можеби ќе се потрудите да ги заштитите историските наоѓалишта.

Водолија

Заради вашата непредвидливост, човек никогаш “не е на чисто” како ќе реагирате во дадена ситуација. Па, ако надвладее хуманата жичка во вашиот карактер и интересот за здравиот начин на живеење, тогаш сигурно ќе станете заколнат вегетаријанец кој сам ја одгледува својата храна, во природни услови. Сигурно ќе членувате во некоја организација која се бори за заштита на правата на животните. Сигурно ќе се ангажирате во здомување на кучињата скитници или ќе се грижите за видовите на кои им се заканува истребување, како што е белиот тигар и мечката панда. Ако вашата бунтовност се уште е главниот мотив на вашите реакции, тогаш сигурно ќе се противите на се што ќе ви личи како наметната забрана. Затоа, ќе уживате во брзата храна, алкохолот, дрогите. Можеби ќе го фрлате ѓубрето од балкон, а во најдобар случај ќе се ставите во заштита на животните кои никој не ги сака, како што се хиените, змиите, ајкулите. Меѓутоа, ако се трудите секогаш да бидете оригинални, тогаш вашата незаинтересираност за состојбата на животната средина сигурно ќе ја оправдате со изјавата: “Природно е природата да се грижи самата за себеси.”

Риби

Вашата омраза кон насилството е причината поради која веднаш, без размислување, застанувате на страната на немоќните и загрозените, без разлика дали се работи за луѓе, животни или растенија. Но, сето тоа до одредена граница. Попустливи кон сопствените слабости, кога ќе се најдете во ситуација да биде загрозен вашиот комодитет или да ви бидат ускратени задоволствата, вие ќе се одлучите за сопствените интереси. Затоа, нема да се тревожите ако е уништена и последната црешна на светот, само ако вие добиете уникатна масичка за шминкање изработена од црешово дрво. Нема да се загрижите дека рибата што ја имавте за ручек е вид на кој му се заканува истребување, се додека месото на таа риба го сметате за највкусно. Исто така, нема да го пријавите на властите газдата на ресторанот кој нуди специјалитети со срнешко месо. Додека, ако кампувате покрај езеро или река, нема “на крај памет” да ви падне дека ги загадувате истите со тоа што во нив ќе го измиете својот автомобил.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)