In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и бракот

Знаците и бракот
 

Овен

Импулсивни и нестрпливи, вие најчесто преку ноќ одлучувате да се венчате, само ако почувствувате длабока страст кон предметот на своите желби. А, вашиот огнен темперамент излегува на виделина и за време на свадбата, преку бучната музика, многуте сватови и вашето разуздано однесување. Уште во првиот ден од брачниот живот, вие отворено ќе му покажете на партнерот дека нема во ништо да го смените своето однесување и дека не планирате да и се прилагодите на врската. Па, дури и кога врската тргнува “на криво”, вие никогаш нема да гледате на разговорот како на средство за решавање на проблемите. Најчесто реагирате нервозно и инсистирате партнерот да ви се извини и кога тој е во право и да ви се заколне на послушност. А, како тоа да не е доволно, вие постојано ќе го гушите со својата љубомора. Но, самите сте верни само додека сте лудо вљубени.

Бик

Традиционални и гурмани по природа, вие и на свадбата и на бракот гледате со истите очи. Па, без разлика дали планирате на венчавката да поканите четири или четиристотини гости, главниот акцент ќе го ставите на храната и музиката. Значи, предбрачната возбуда воопшто нема да го намали вашиот добар апетит. Главниот збор на свадбата ќе му го препуштите на некој од духовитите пријатели, додека вие задоволни и насмеани само ќе ја подигнувате чашата и ќе наздравувате. На вашиот список на вредности првото место го завзема материјалната благосостојба, по која следуваат добрата храна и сексот. Затоа, по влегувањето во брак кај вас нагло спласнува интересот за друштвениот живот. Можеби најмногу поради фактот што печалењето пари не оди “рака под рака” со трошењето и забавата. И макар што постои опасност во вашиот брак по кратко време да се насели монотонијата, вие ќе се трудите да го сочувате по секоја цена. Посебно ако имате деца, а уште повеќе поради заеднички стекнатиот имот.

Близнаци

Весели и разиграни, вие ретко кога брачниот живот го сфаќате сериозно и не можете да се однесувате “здрвено” ниту пред матичарот. Така, сонувате за свадба во диско, во парк, на плажа преполна со луѓе. Посакувате гостите постојано да доаѓаат и да си одат, а сметката да ја плати некој друг. Во таквите моменти, понесени од случувањата, можете да ветите сешто и уште веднаш да заборавите на ветувањето. Во бракот ќе се однесувате како и во секојдневниот живот, противречно и променливо. Па, со цел да ви биде интересно, ќе треба постојано нешто да се случува. Ако ви стане здодевно, во прво време вие самите ќе ја иницирате забавата. Но нема долго да издржите, па со повремените неверства ќе се обидете да ја вратите свежината во бракот. А, ако и тоа не успее или ако бидете “фатени на дело”, тогаш попрво одлучувате да се разведете, отколку да го одржувате “привидот на брачната среќа”.

Рак

За вашата чувствителна природа, бракот е круна на љубовта. Затоа и на церемонијата за склучување на истиот гледате како на нешто посебно и свето. Па, инсистирате на венчавање во црква, со мал број најблиски луѓе и забава на отворено, покрај море или езеро. А, бидејќи за среќата на вашиот брачен живот клучна улога има домот, сите спечалени пари и целото слободно време ги вложувате во уредувањето и одржувањето на истиот. Додека вратите од својот дом ги отворате само за одбраните и докажани пријатели од детството. Ако се знае дека за вас децата се нишката што вечно ве поврзува со партнерот, тогаш не е тешко да се претпостави дека за вас бракот ќе биде пуст ако нема деца. Во интерес на нивната иднина, подготвени сте да останете дури и во врската што повеќе не ви носи задоволство.

Лав

Познати сте како мајстор за спектакли. Затоа не е чудно што и од својата венчавка ќе направите спектакл во Холивудски стил. Уште ако не треба да штедите на пари, тогаш на својата свадба ќе ги повикате сите пред кои треба да се покажете. Притоа ќе обезбедите храна во изобилие. Шампањот ќе тече во потоци. Келнери ќе трчаат од гостин до гостин. А, на крајот доаѓа огнометот и медениот месец поминат на некој егзотичен остров. Но, и покрај тоа што уште долго ќе живеете со спомените на сензационалниот почеток на својот брак, ако во него нема слични случувања и понатаму, тогаш брзо ќе ви стане здодевно. Имено, вие можете да бидете само со личност што ја сакате. А можете да го сакате само оној кој има некакво значење за пошироката јавност. Оттука, исклучително ви е важно вашиот некогаш привлечен партнер да не се претвори во нешто дебело и грдо, но и да не ги загуби угледот и позицијата.

Девица

Скромни и срамежливи, вие не сакате премногу да се зборува за вашата свадба. На матичарот гледате само како на обичен службеник. Поканувате мал број гости, најчесто само кумовите и најблиските роднини. А, штедливи какви што сте, попрво би си купиле нов мебел, отколку парите да ги потрошите на медениот месец. И веќе од првиот ден на брачниот живот ќе започнете да го критикувате партнерот за се и сешто. Па, како времето ќе поминува, наместо да се привикнете на него, вие ќе станете послободни во критикувањето. Затоа, најдобар лек за вашата џангризавост ќе биде добрата финансиска состојба на партнерот и неговата способност да ви ја покаже својата безусловна љубов.

Вага

Од кога стекнувате свест за себе, вие фантазирате за моментот кога ќе стапите во брак. Бракот за вас е начин да избегате од осаменоста и со некого да ги споделите секојдневните обврски. И макар што никому не кажувате, вие сте убедени дека од утрото денот се познава и дека вашиот брак ќе продолжи онака како што започнал. Затоа, текот на својата венчавка го планирате и разработувате до совршенство. А, бидејќи сте личност која држи до формата и до туѓото мислење, подготвени сте да вложувате во бракот дури и тогаш кога од него ќе ви остане само заедничкиот потпис на хартија. Затоа, вашиот брак најчесто од надвор делува многу похармонично отколку што навистина е. И токму тоа, инсистирањето на формата и желбата да им се допаднете на сите, ќе бидат “каменот од кој ќе се сопне” почитта и разбирањето од страна на партнерот. Вашето задоволството ќе биде уште поголемо ако бракот ви донесе богат и исполнет друштвен живот. Но, тогаш се јавува нов проблем. Вашата слабост кон туѓото внимание, љубов и подароци е причината што брзо ќе се закитите и со некое неверство.

Шкорпија

По природа сте таинствени, противници на лицемерието и формалностите. Затоа, во принцип не ги сакате ниту спектакуларните, ниту традиционалните стапувања во брак. Свадбата ќе ја направите веројатно навечер, ќе викнете малку гости. Но, одлуката да ставите бурма на раката долго ќе ја преиспитувате, свесни дека таа ќе ви го измени животот. Пресудна за вашето “да” секогаш е сексуалната привлечност. Затоа, вам не ви е важно каде ќе одите на меден месец се додека знаете дека партнерот ќе ви биде постојано на располагање. Во вашиот пак брачен живот ќе има се, од драматични изливи на чувства, преку љубоморни сцени, до хистерични испади. Мрачни и деструктивни по природа, вие не ги толерирате туѓите грешки. Па, во налети на бес ќе се трудите да го погодите партнерот во најслабата точка. Во друштво знаете да бидете цинични. А, тоа ретко кој ќе може да го издржи.

Стрелец

Чувствувајќи се долго млади, вие ќе го одложувате стапувањето во брак. Но, кога веќе еднаш ќе се одлучите на тој чекор, од својата свадба ќе се потрудите да направите незаборавна забава. Прво ќе дојдете облечени во живи бои. Потоа ќе барате да бидат спроведени посебни религиозни ритуали. Ќе понудите храна од сите краишта на светот. А, медениот месец веројатно ќе го поминете некаде во земјите од Далечниот исток. Сепак, вие никогаш нема да “влезете во папучи” и речиси цел живот ќе трагате по нешто ново и возбудливо и за телото и за умот и за непцето. Затоа, долговечноста на вашиот брак ќе зависи од разновидноста на вашиот друштвен живот, од заедничките авантури со партнерот и од патувањата. И што е можеби најинтересно, не можејќи да се заколнете на сопствената верност, нема да го доживеете трагично ниту неверството на партнерот.

Јарец

Рационални и штедливи по природа, вие се задоволувате само со регистрација и со ручек за родителите и кумовите, во некој мирен локал. Таму ќе можете да дојдете облечени елегантно, но не во облека правена посебно за таа прилика. Затоа пак ќе брзате медениот месец да го поминете во некоја мала планинска куќичка, дури и ако венчавката е во лето, отсечени од остатокот на светот. Но, кога ќе му се вратите на секојдневието, првото нешто што ќе го направите е да го уредите својот дом убаво, но без премногу детали. И можеби својата љубов нема да ја покажувате пред сите, нема да го гушкате и бакнувате партнерот. Но затоа, ќе бидете верни и лојални, подготвени дури на жртви во интерес на семејството и одржувањето на заедништвото.

Водолија

Слободољубиви и неконвенционални, вие не се трудите да ја задоволите формата и можете цел живот да го поминете со една личност без да го ставите својот потпис на хартија. Но, ако сепак се одлучите за свадба и брак, ќе се трудите таа да биде нешто оригинално и модерно. Прво ќе ги поканите пријателите и колегите и ќе им порачате да се облечат неформално. А, со цел да докажете дека правилата се создадени за да се кршат, можно е да се појавите во облека несоодветна за свадба, во црна венчаница. На медениот месец обично заминувате без цел, онаму каде што нозете ќе ве однесат. На уредување на станот не трошите ниту многу пари, ниту време, задоволни додека имате каде да го повикате своето друштво. Значи, партнерот на кој му е важен комфорот, ќе си стави “трн во здрава нога” влегувајќи во брак со вас. Меѓутоа, во случај на развод вие ќе продолжите да го доживувате партнерот како пријател.

Риби

Потонати во својот нереален свет, вам ви е единствено важно да бидете покрај личноста во која сте вљубени. Всушност, најважно ви е партнерот да ви се заколне на вечна љубов, па колку и да е тоа лажно. Но ако сепак дојде до брак, сигурно ќе изберете судбинското “да” да го кажете во некоја средновековна црква, во романтична облека, со многу цвеќе, мирис од свеќи, темјан и нежна музика. А, откако по медениот месец и крстосувањето по морињата ќе го почнете својот секојдневен брачен живот, не ќе можете да се пофалите дека најдобро се снаоѓате во извршувањето на домашните обврски. Повеќе внимание ќе му посветувате на одржувањето на љубовта и еротскиот жар, отколку на изгледот на просторот во кој живеете. Затоа, вашиот дом речиси никогаш нема да биде чист и среден. А, бидејќи заминувањето на партнерот ве плаши повеќе од неверството, вие ќе бидете подготвени да му простите се.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)