Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Во потрага по идеален сопруг
Како знаците сакаат и мразат
Знаците и бракот
Знаците како родители
Знаците и верноста
Знаците и кристалите
Знаците и парите
Знаците и храната
Знаците и забавата
Знаците и изборот на професијата
Знаците и модата
Знаците и патувањата
Знаците и возењето
Знаците и спортот
Знаците и Новогодишната ноќ
Знаците и подароците
Знаците и секојдневните обврски
Знаците и традицијата
Знаците, комуникацијата и телефонот
Знаците и изборот на литература
Знаците и летувањето
Знаците и екологијата
|
|
Колку знаците умеат да ја сочуваат индивидуалноста во врските
ОвенАко вашата брзогоречка Овновска љубов не исчезне со првиот налет на страстите и ако се претвори во нешто трајно, тогаш е сигурно дека партнерот барем навидум ви ја препуштил улогата на “газда во куќата”. Тогаш, себични по природа и нечувствителни на туѓите потреби и проблеми, вие ќе се обидете да ги наметнете своите правила на играта. Значи, на вашата територија никој, па дури ни партнерот не ќе може да стапне без ваша дозвола. Вие ќе раководите со своето слободно време. Нема да се откажете од ништо. Но, никако не ќе можете да сфатите дека со претераните изливи на страст и со постојаните барања, всушност го гушите оној за кого тврдите дека го сакате. Меѓутоа, истиот љубовен рецепт не го прифаќате кога доаѓа од спротивната страна. Па, бидејќи не сакате да полагате никакви сметки пред никого, ако партнерот постојано ви повторува: “Те сакам, а ти мене?” ќе исчезнете со брзина на светлината. БикНа вашето скалило на вредности во животот највисокото место го завземаат сигурноста, еротиката, добрата храна и уметноста. Издржливи и постојани, како што можете да консумирате големи количества храна, така вие можете да консумирате и многу љубов. И макар што во принцип умеете да возвратите со онолку љубов колку што добивате, проблемот би можел да се јави тогаш кога на партнерот ќе му покажете дека го сметате за своја сопственост сето она што ви се допаѓа. Па, на вашиот имотен лист, покрај станот и автомобилот, ќе стои запишано и неговото име. БлизнациВие сте силни на зборови и интересни во друштво. Затоа, животот со вас наликува како живот во циркус. Вие честопати заборавате на време да ги платите сметките, да купите леб и млеко, да ги земете децата од градинка. Но, итри и брзи по природа, со својот шарм умеете вешто да ги амортизирате забелешките од страна на домашните и да ги одржите на пристојно ниво односите со семејството. Во своите пак врски, повеќе барате лежерни разговори, многу излегувања, интелектуален склад, отколку емоции. Затоа, “добивате сипаници” ако партнерот го проверува секој ваш чекор. А, дефинитивно бегате каде што нозете ќе ве однесат кога кај партнерот ќе почувствувате премногу силни чувства и разгорени страсти. РакНежни и внимателни, вие сонувате за врска во која партнерот комплетно ќе ви се предаде и ќе обезбеди разни докази за својата љубов. Затоа, не станува збор дека можете да ја доживеете туѓата љубов како гушење. Напротив, вие сметате дека се што му припаѓа на партнерот, автоматски е и ваше и обратно. Значи, вашиот партнер треба да прифати дека неговото слободно време ви припаѓа вам, како и неговите роднини и пријатели, неговите пари и хоби. За сметка на тоа, вие ќе го сакате она што го сака и вашиот партнер, ќе му ги подготвувате омилените јадења, ќе му купувате чорапи и долна облека. Но, ќе барате ист третман и од негова страна. И на крајот, што ќе му е на партнерот времето посветено само на себе, кога ве има вас? ЛавВие сте вистински семејни луѓе, но само ако сте главни во домот. Па, ако сте маж, никој во семејството не смее да ви пререче, ни старо ниту пак младо. Додека ако сте жена, ќе ги третирате мажите како слуги и поданици кои се покрај вас само за да ги исполнуваат вашите желби. И тоа мора да биде така и никако поинаку. Исто како и мачките кои се галат само тогаш кога тие го сакаат тоа, и вие прифаќате само онолку љубов и внимание колку што во моментот му одговара на вашето его. Значи, на почетокот, љубовта на партнерот ви импонира, бидејќи ја доживувате како потврда на сопствениот шарм и неодоливост. Но, ако партнерот се занесе во изливот на емоциите, вие чувствувате дека ја губите доминацијата во врската. Тогаш сигурно ќе за’ржете за да покажете “кој е кој”. А, ако се знае дека вашите “поданици” мора да кренат два прста кога сакаат нешто да кажат, тогаш сами заклучете каков е вашиот однос кон туѓата индивидуалност. ДевицаКако олицетворение на рационалното, вие и своите врски ги градите на тој принцип. Така, во вашиот живот на прво место е работата, па семејството, потоа долго, долго, нема ништо, по што следуваат нежноста, љубовта и еротиката. А, аналитични какви што Господ ве дал, вие уште од мали нозе сфаќате дека кога се во прашање чувствата, тука не може да помогне разумот. Затоа започнувате да ги контролирате своите надворешни реакции. Така, на почетокот од врската, љубовта на партнерот ви помага да се ослободите од своите внатрешни кочници. Но, не можете долго да го издржите тоа напорно темпо. Па, ако партнерот не се соземе на време и не ги намали своите емотивни барања, тогаш сигурно ќе дојде до “краток спој”. Вие барате другата страна да ја почитува вашата интима, додека истовремено будно го следите секој чекор на партнерот. ВагаВие сте најголемите шминкери и шармери во Зодијакот, имате пробирлив вкус. Затоа ви треба многу време додека да ја пронајдете љубовта на својот живот. Но, откако тоа ќе се случи, ќе направите се за да ги задоволите потребите на партнерот и семејството, а со тоа да го одржите “пламенот во кандилото” на сопствената среќа. Па, ако партнерот сака да ја сочува вашата љубов, тогаш не смее да заборави дека вие сте друштвена личност, дека имате свој личен животен ритам во кој не виреат зборовите “брзање” и “форсирање”. Од друга страна, можете многу долго да ја толерирате и поднесувате врската што ве гуши. Па ви треба долго време да си признаете дека некој однос ви пречи и не ве исполнува. Но, и откако ќе си признаете, ќе го “трпите” партнерот за да не го повредите. Ќе се осмелите да излезете од врската дури откако ќе се почувствувате “притеснети до ѕид”. Сепак, тоа ќе го направите полека и со многу такт. ШкорпијаВие привлекувате со својот огромен сексуален, емотивен и ментален интензитет и со она нешто “диво” во себе што умее да биде неодоливо за личностите од спротивниот пол. Но, секој нов ден во животот со вас е како лото извлекување, бидејќи никој не може да ги предвиди вашите реакции. Умеете да бидете топли и пожртвувани. Но, кога ќе ви дојде “жолтата минута” се претворате во сурови и цинични насилници. Партнерот никогаш не ќе знае на што е со вас, бидејќи тешко се отворате. Но, ако и покрај се тој е подготвен животот да го помине со вас, тогаш треба да прифати дека постојано ќе биде проверуван, следен и “мрцварен” од вашата љубомора. Но, никако, ниту на сон, не смее да помисли да ви врати со истата мерка! Тоа вие едноставно не ќе можете да го поднесете. СтрелецЗа вас е вистинско мачење кога морате постојано да го гледате истото лице и истата покуќнина. Затоа, повеќе ви одговара улогата на пријател и љубовник, отколку на квалитетен партнер за брак. Во брак влегувате или на млади години, кога од незнаење ја мешате краткотрајната страст со љубовта, или како многу возрасни со цел да ги задоволите нормите на општеството. Но, дури и тогаш барате комплетна слобода, време само за себе, за сопствените интереси, хоби и пријатели. Затоа, ако некој се обидува да ве намами во својата “љубовна мрежа” и ако се надева дека ќе ви ги наметне своите правила на игра, тогаш додека да се освести, вие ќе “збришете” во непознат правец. ЈарецВие сте идеален партнер за личноста чиј животен сон е да има богато и стабилно семејство. Но, бидејќи се си има своја цена, партнерот ќе мора да го прифати фактот дека вие ќе го обезбедите семејството со се што му е потребно, но не со сопственото присуство. А, љубов ќе водите само тогаш кога вие ќе посакате. Во спротивно, ако вашиот партнер ви покаже силини чувства, би можел да ја поремети вашата емотивна рамнотежа и да им се закани на вашите професионални и финансиски соништа. Па, ако се почувствувате “притиснати до ѕид” од силните емоции, тогаш би можеле да “испарите” од неговата близина за миг. Значи, вашиот љубовен живот се одвива по однапред испланирана шема, вие избирате, вие љубите, вие оставате. На партнерот му останува само да се вклопи во шемата или да “крене раце” од се. ВодолијаВие сте забавни, друштвени и весели. Затоа, животот со вас никогаш не е здодевен, макар што знае да биде исцрпувачко искуство. Како толерантна личност, вие имате чувство за туѓата индивидуалност и потреби. Затоа, ќе му оставите доволно слободен простор на партнерот. Чесно ќе ги извршувате брачните обврски. Одлично ќе комуницирате со децата. Сепак, мора да почувствувате дека никој ништо не ви брани и ништо од вас не очекува. Па, ако партнерот се лути што од време на време сакате да се издувате сами, во некое весело друштво, и ако се обиде да ви наредува, тогаш во вас ќе се разбуди бунтовникот и ќе ве натера да дезертирате од бракот. И уште нешто. Вие не трпите постојани изливи на љубов, убедени дека тоа е нешто што само од себе се подразбира. РибиВие можете да живеете само во “море од љубов”. Па, ако се случи да се најдете надвор од него, ќе се задушите или компензација ќе побарате во алкохолот, опојните средства, во музиката, уметноста, во духовните дисциплини. Но, ако наидете на личност која се однесува исто како вас и умее да ве задуши со силината на своите чувства, тогаш на среќата ќе и нема крај. Бидејќи вам никогаш не ви е доста од туѓите докази за љубов. Затоа, одлично функционирате со партнер кој има исто толкави барања. Сепак, вашиот партнер ќе треба да прифати дека не се снаоѓате многу во домаќинството и да биде подготвен дека лесно ќе му се “слизнете низ раце” само ако почувствувате дека можете да добиете повеќе љубов на друго место.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. ” Ивона Талевска, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|