Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Во потрага по идеален сопруг
Како знаците сакаат и мразат
Знаците и бракот
Знаците и индивидуалноста во врските
Знаците како родители
Знаците и верноста
Знаците и кристалите
Знаците и храната
Знаците и забавата
Знаците и изборот на професијата
Знаците и модата
Знаците и патувањата
Знаците и возењето
Знаците и спортот
Знаците и Новогодишната ноќ
Знаците и подароците
Знаците и секојдневните обврски
Знаците и традицијата
Знаците, комуникацијата и телефонот
Знаците и изборот на литература
Знаците и летувањето
Знаците и екологијата
|
|
Знаците и парите
ОвенВам натпреварувањето и желбата да бидете третирани како авторитети ви се поважни од парите. Па, затоа речиси секогаш избирате динамична и ризична работа во која постојано ќе бидат ставани на тест вашите способности и вашата храброст. Бескомпромисни какви што сте, вие секогаш сте подготвени да ризикувате, а Господ е на страната на храбрите. Па, таквото однесување најчесто ви носи одлични финансиски резултати. Но, парите тешко се задржуваат во вашиот џеб. Всушност, водени од идејата “не е важно што ми е потребно, туку што ми го поткрева адреналинот”, вие наместо да ги инвестирате парите во недвижен имот или да ги орочите во банка, попрво ќе ги потрошите на нов спортски двосед. Можеби ќе отпатувате некаде каде што не сте биле или со задоволство ќе влезете во казино. БикПоседувањето материјални добра за вас е душевна храна. Вие чувствувате неизмерна љубов кон богатството и предметите што сте ги стекнале. Поседувањето на истите ве прави посигурни, а тоа е нели најважно. И можеби имате вродено чувство за она што е убаво и вредно, но тешко правите разлика меѓу своите вистински потреби и алчноста. Па, во жарот на создавање материјални резерви нема да ги забележите желбите и потребите на другите членови на семејството, правејќи колекции од се и сешто и затрупувајќи го домот со непотребни нешта. БлизнациЗа вас смислата е во играта, а парите се само нужниот резултат што произлегува од неа. Па, иако на сериозните бизнисмени им делувате несериозно и нестабилно, никој не може да го одрече крајниот ефект од сите ваши активности и манипулации. Бидејќи бистрината, брзината и добриот нос за трговија ви помагаат да го “извадите кајмакот” од работите од кои што сите “креваат раце”. Додека способноста да ја пронајдете дупката во секој систем и да ја свртите во своја корист, честопати ви носи богатење и од најбезначајни нешта. Но, богатството човек треба да умее и да го сочува. А, со постојано менување на своите планови, вие честопати останувате “без скршен денар” . РакСе до моментот додека не создадете свое семејство, вие не се трудите многу, ниту размислувате за создавањето пари. Ваше најсилно оружје во работата и печалењето е интуицијата која што непогрешливо ве насочува кон профитабилните зделки и кон личностите кои се на позиција и кои би можеле да ви помогнат во остварувањето на финансиските амбиции. На работното место се однесувате тивко и ненаметливо, но секогаш водите сметка да не паднете на дното од платниот список. Парите најчесто ги трошите на потребите поврзани со домот и децата. А, бидејќи сте големи штедачи, вашите деца не ретко се финансиски добро обезбедени. Но, ако некој ви побара пари на заем, со тешко срце ќе му ги дадете само кога ќе ве убеди во исплатливоста на своите цели. Притоа, ќе очекувате да ви ги врати точно во договореното време. ЛавЛуѓето велат: “Ако не знаеш што е најдобро, тогаш купи го она што е најскапо”. А, вие не сте виновни што умеете да го препознаете најдоброто, кое најчесто е најскапо. Па, за да дојдете до него треба да имате многу пари. Затоа, ќе направите се да стигнете до височините од каде што се е подостапно и на кои што полесно се дише. Вашето пак финансиско искачување најчесто оди полека но лесно, бидејќи заради вродениот авторитет и заради организациските способности, на луѓето околу вас им преостанува или да ве слушаат или да ви се тргнат од патот. И покрај тоа, како љубител на луксузот, вие нема да пропуштите ниту една можност да се покажете во сиот свој сјај. Сепак, познати сте како широкогради и дарежливи луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, бидејќи вашата кралска природа знае дека давањето е највисок израз на моќ. На престолот не пуштате никого до себе. Како најголема казна ги доживувате миговите кога сте принудени да броите ситни пари. ДевицаВредни, практични и аналитични по природа, вие сте одлични во работата со парите. Секогаш добро промислувате пред да ги вложите, умеете разумно да ги водите преговорите околу паричните трансакции и ладнокрвно да ги “држите конците” во свои раце. Меѓутоа, ефикасноста што ја искажувате на работното место не ви гарантира дека ќе спечалите и големи пари. Водени од вродениот перфекционизам и од лајтмотивот “биди корисен”, вие се колебате да “удрите со тупаница на маса” во клучните моменти, ја губите целта од пред очи, долго молчите и се задоволувате со она што ќе ви го дадат. Но, ако зборуваме за економичноста, вам дефинитивно ви припаѓа првото место во светот. Парите ги трошите само на она што е најпотребно. Секогаш наоѓате производи по најниска цена. Со задоволство им помагате на другите. А, вишокот пари го претворате во злато или го вложувате во банка. ВагаПовеќе отколку за кој било друг знак од Зодијакот, за вас важи правилото “заработувам за да трошам”. Па, вие без поголеми проблеми доаѓате до впечатливи купчиња пари, радувајќи се како деца “не” на парите туку на трошењето. Инаку, во состојба сте да поарчите се до последен денар, на нешто што е убаво или што ви причинува задоволство. Притоа, не размислувате да тргнете на страна малку “бели пари за црни денови”. Само во моментите кога сте соочени со непланирани давачки, си ветувате себеси дека идниот пат ќе бидете повнимателни кон парите. Но, ветувањето избледува веќе при следното излегување во продавница. А, дисхармонијата меѓу потребата од фер однос кон другите во процесот на печалењето пари од една страна и вашиот постојан обид да привлечете луѓе кои имаат пари и кои можат да ви помогнат во богатењето од друга, прават луѓето да ве доживуваат контроверзно. На моменти им делувате праведно, на моменти користољубиво. ШкорпијаНезадржливи во остварувањето на целите, поклоници на ризикот, вие ќе се потрудите од печалењето пари да направите неизвесен и возбудлив трилер. Во него ќе се “вртат” суми пари од кои боли глава. А, вие како главен јунак, по низа перипетии, на крајот секогаш ги остварувате своите материјални замисли. Оттаму, позициите што носат слава, моќ и пари, не случајно ви припаѓаат вам. Речиси е невозможно финансиски да пропаднете. Тоа се случува само ако претерано заглибите во светот на пороците. Сепак, повеќе уживате да го покажувате своето знаење и вештина во работењето и преговарањето, отколку што се “палите” на брзата заработувачка. СтрелецКоцкари во душа, вие на парите гледате како на гости за кои е нормално да дојдат и да си одат. Парите ви требаат да ви го подобрат статусот во општеството и да ја задоволат вашата зголемена потреба од уживање во животните задоволства. Па, ако се чувствувате неталентирани или неспособни да спечалите пари, тогаш сигурно ќе се прилепите за луѓе што тоа го можат. Но, ако го работите тоа што го сакате, тогаш вашата способност за печалење нема граници. И тука се јавува нов проблем. Непедантни во работата со парите, или премногу ќе трошите или ќе влегувате во ризични зделки или ќе се оддадете на коцкањето. Но, вашиот заштитник, планетата на среќата, Јупитер, секогаш во последен момент ќе ве спаси од тоталниот финансиски крах. ЈарецГлавниот мотив за печалење пари кај вас е стравот од сиромаштијата. А, целта е во стекнувањето моќ. Затоа, за вас единствен показател за нечија успешност е салдото во банките, бројот на становите, куќите, дуќаните, хектарите земја. Затоа уште од мали нозе вие разработувате планови што ќе ви донесат повеќе пари. И во сето тоа до максимум ги користете способностите на својот ум. А, тој постојано ви говори “се уште немаш доволно”. Па од вас прави мајстори во градењето и одржувањето на вашето финансиско царство. Затоа, оној што сака да го стекне сето она што вие го поседувате треба да се однесува студено кон слабите, цврсто кон силните и сурово кон себеси. ВодолијаВие ниту го сфаќате, ниту го прифаќате значењето на парите. Затоа, работите само онолку колку што е потребно да бидете примени во новиот проект, во кој само вие гледате некаква корист. Сепак, спретни сте секогаш кога треба да се пронајде некаков финансиски извор кој ќе им служи на сите, посебно на загрозените групи луѓе. Ако некогаш се збогатите, тоа не значи дека богатството ви било цел. Богатството најчесто го стекнувате како нешто споредно, на пример како нешто што е резултат на вашата стручност. И уште нешто: секогаш кога некој има потреба од пари, може слободно да ги побара од вас. Вие без збор ќе му дадете и ќе заборавите дека сте му позајмиле. Но, исто толку сте заборавни и кога ќе земете пари на заем. РибиВашиот став кон парите често се менува. Па, некогаш само саканата личност може да ве натера на секојдневното работно време во кое се заработува за живот. Друг пат, само добриот менаџер може да го претвори во пари сиот ваш талент и труд. Додека понекогаш можете да се покажете и како мошне снаодливи кога се во прашање парите. Некогаш сте дури подготвени и на нелегални активности и манипулации. А, кога ќе дојдете до поголеми суми пари, тогаш немилосрдно ги трошите на работи што се вредни само во вашите очи. И сигурно вие не сте личност која би “сечела вени” ако некој се обиде финансиски да ве злоупотреби. Бидејќи, никој не може да ви ги одземе соништата. А, соништата секогаш би можеле да ги претворите во пари... Нели, идејата е капитал, а сето останато се само пари!
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|