Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Во потрага по идеален сопруг
Како знаците сакаат и мразат
Знаците и бракот
Знаците и индивидуалноста во врските
Знаците како родители
Знаците и верноста
Знаците и кристалите
Знаците и парите
Знаците и храната
Знаците и изборот на професијата
Знаците и модата
Знаците и патувањата
Знаците и возењето
Знаците и спортот
Знаците и Новогодишната ноќ
Знаците и подароците
Знаците и секојдневните обврски
Знаците и традицијата
Знаците, комуникацијата и телефонот
Знаците и изборот на литература
Знаците и летувањето
Знаците и екологијата
|
|
Знаците и забавата
ОвенГо забележавте уште кога стапнавте во просторијата. Тој е модерно, скапо и нападно облечен. Не се задржува долго на истото место и со истите луѓе. Игра на подиумот, со чашата в рака им наздравува на сите, тој го води “главниот збор” во муабетите. Слободно пристапете му, станува збор за непосредниот и дружељубив Овен, кој без проблем ги прифаќа новите личности во своето друштво. А, бидејќи Овенот смета дека е негова должност да ја одржува добрата атмосфера во својата околина, тој ќе направи се да ги види задоволни и насмеани своите пријатели. Проблемите се јавуваат тогаш кога на забавата ќе пристигне личноста со слични особини, на пример некој Лав. Научен само него да го слушаат, на Овенот брзо ќе му спласне расположението. Тој не умее да се смее на туѓите шеги. Затоа, можно е набрзо и да си замине. Овенот не прифаќа да биде дел од некоја забава, ако сите рефлектори не се свртени кон него. БикТој најудобно се чувствува на познат терен. Па, ако планирате забавата да ја направите во својот дом или двор, тогаш повикајте го Бикот да го организира сето тоа. Ништо нема да биде наметливо, а гостите ќе уживаат во изборот на храната, одличната пијачка и добрата музика. Но, за целосно да се опушти и да си ги покаже вистинските вербални квалитети, на Бикот му е потребно време да ги “измерка” сите гости на забавата. Па, ако се почувствува сигурен, бидете подготвени на долго и на широко да слушате за неговите “случки од животот”. А, ако сте љубопитни да видите како изгледа кога Бикот ќе се разгневи, забележете му за недомаќинското работење, за себичноста и неконтролираното јадење и пиење. БлизнациВо толпата луѓе забележувате една личност која е нагласено нестрплива. Таа разговара со четворица истовремено, а при тоа му се насмевнува на господинот што стои покрај масата со храна. Ако не е на подиумот за играње, тогаш сигурно “цупка” во место додека разговара. Прашајте ја како се вика, зашто сигурно станува збор за претставник на комуникативните Близнаци. Љубопитни по природа, тие ги обожаваат забавите бидејќи во нив гледаат шанса да запознаат нови луѓе и да чујат интересни информации што кога-тогаш би можеле да ги употребат корисно. Но, иако Близнаците важат за духовити луѓе со кои што никогаш не е здодевно, сепак внимавајте што зборувате пред нив. Тие не се виновни што не умеат да чуваат тајни. РакПред да го поканите Ракот на забава, обидете се по гласот да откриете во кое расположение се наоѓа. Бидејќи има моменти кога тој е разигран како дете, но има моменти кога предаден на “црните мисли” Ракот би можел да ве исплаши со студенилото во својот глас. И секако, поканата за забава доставете му ја само неколку часови пред почетокот на истата. Со променливо расположение, навикнат да ги обновува своите сили во самотијата на својот оклоп, Ракот не може премногу долго да издржи во друштво. Но, ако ги фатите неговите “пет минути на расположение” тогаш ќе се зачудите од црниот хумор и способноста да се шегува на сопствена сметка. ЛавЗабележувате како сите луѓе на забавата се туркаат околу него, а тој сигурен во себе, со насмевка на лицето, има трпение за сите. Не, распрашувајте се кај другите, бидете сигурни дека се работи за претставник на театралниот Лав. А, тој стегнат и недоверлив кон непознатите, се претвара во вистински “циркуски” Лав, пред своите верни “поданици”. Па, нема да штеди енергија за да го забавува своето друштво, ќе раскажува вицови, ќе пее, ќе ги имитира познатите, ќе прави се што другите не би се осмелиле ниту во најлудите соништа. И уште нешто. Таквите “големи мачки” сакаат и убаво да се најадат. Затоа за својот пријател Лав подгответе храна како за двајца. ДевицаТивки и срамежливи, Девиците ги прифаќаат поканите за забава само кога мораат, или кога се во прашање блиските пријатели. А, бидејќи не сакаат многу да зборуваат, секогаш одбираат да застанат во најтемниот и најскриениот агол од просторијата, чувствувајќи се таму најбезбедно. Па така, на мир можат да набљудуваат кој што прави, да и наоѓаат маани на храната, на гласната музика и да ги забележат нечистите дамки на кристалните чаши и на приборот за јадење. Сепак, не избегнувајте го друштвото на Девицата. Бидејќи ако ви успее да ја заинтересирате и да и наметнете тема на разговор, би можеле да добиете интересни информации, совети и психолошки анализи за личноста што ве интересира. А, ако е во форма, Девицата би можела да ве изненади и со истенчената смисла за хумор. ВагаВо толпата луѓе на подиумот за играње, вашето внимание се задржува на личноста со лесни движења, чие што тело беспрекорно се извива во ритамот на музиката. Таа е насмеана и ужива во вистинската смисла на зборот. Па, ако ви се допаѓа не чекајте, сигурно се работи за претставник на заводливата Вага, на која лесно и поаѓа од рака да ги шармира речиси сите присутни. Но, ако го чекате најповолниот миг за да и се приближите, можно е некој побрз да ви ја земе “пред нос”. И можеби Вагата ужива во забавите, но тогаш кога таа ги организира ја губи спонтаноста, поради желбата се да биде “на ниво”. А, ако ја прифати вашата покана за излегување, не кажувајте и каде планирате да ја однесете. ШкорпијаСлично како Девицата и Шкорпијата најчесто “се држи” на страна. Но, не заради тоа што е срамежлива и не знае да се наметне, туку заради тоа што во неа се крие детектив кој се труди интуитивно да дознае повеќе за присутните. Како да ја препознаете? По нејзиниот фиксирачки поглед кој ве тера да ги наведнете очите, бидејќи ви продира директно, во најскриените катчиња од душата. А, откако Шкорпијата ќе почувствува кој е кој, тогаш опуштена, или ќе го започне својот еротски танц на тактот од темпераментната шпанска музика или ќе се потруди да ги проба сите алкохолни пијалоци, или ќе започне сериозни и длабоки муабети со личноста за која ќе почувствува дека е на иста бранова должина. СтрелецТие не знаат што е тоа срам. Во друштво ќе ги препознаете по пријатниот глас, громогласното смеење и по тоа што без проблем можат да ги гушнат и бакнат дури и непознатите личности. Посебно ако се од спротивниот пол. Срдечните и духовити Стрелци секогаш можете да ги пронајдете покрај богатата трпеза. Гурмани од раѓање, тие мора да пробаат се, посебно јадењата што им делуваат егзотично. А потоа, се трудат да ги потрошат калориите играјќи, но повторно во друштво. Затоа, нека не ве чуди ако видите како Стрелецот ги “влече” своите пријатели кон подиумот. Притоа, тој нема де ја симне широката насмевка од лицето. ЈарецТој целата вечер, дури и кога забавата ќе го доживува својот максимум, ќе стои на едно место како кип. Културен во однесувањето со другите, одмерен во разговорот, Јарецот ќе стане да игра само на класичните игри. Можеби ќе ве освои со своето џентлменско однесување, со настојувањето да најде и “од пиле млеко” за дамата што е до него. Но, сето тоа ќе го прави на многу студен начин, без трошка страст. Сепак, ако сметате дека неговото височество Јарец е вашата судбина, тогаш внимателно, чекор по чекор, приближете му се. И не заборавајте, ако сакате во неговите очи да блесне искра љубов, зборувајте за својата одговорна работа, а патем дадете му до знаење колкава е вашата плата, квадратурата на вашиот стан, марката на автомобилот. ВодолијаПочитувајќи ја над се својата лична слобода, Водолиите бегаат од блиските односи со луѓето кои умеат емотивно да оптоваруваат. Затоа, тие се како создадени за големите забави, каде има шанса за многу нови познанства, забави каде што поради присуството на многу луѓе тие ќе можат безгрижно, неоптоварени со сериозните муабети, како пеперутки да летаат од друштво до друштво, од ситуација до ситуација. И бидејќи Водолиите се луѓе на кои што за кратко време се им станува здодевно, тие прво ќе се обидат да ја сменат музиката, ќе се пожалат дека ваква забава веќе некаде виделе, ќе се потрудат да го наговорат друштвото да ја сменат локацијата и на крајот сами ќе заминат на некое “поинтересно место”. РибиНекогаш тие се ведри, духовити и говорливи, некогаш се наоѓаат на “работ на плачот”. Но, тоа е природата на Рибите чија што палета на расположенија е доста широка. Честопати се случува Рибите да си заминат од големите забави каде се собира многу народ разочарани, па дури и расплакани. Причината се крие во фактот што луѓето не се “емотивни мимози” како нив. А, малку е потребно за нивната среќа, да бидат опкружени од познатото друштво и додека ги испиваат чашите црвено вино, нивните срца да ги галат звуците на романтичната музика. Па, ако згора на тоа се уште и вљубени, Рибите би можеле цела ноќ, до изгрејсонце, да танцуваат во прегратките на партнерот, во ритамот на тангото.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! ” Димитар Луневски-Чипо, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|