In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и модата

Знаците и модата
 

Овен

Девојката што ви се допаѓа и која што најчесто ја среќавате навечер по кафулињата, речиси секогаш е облечена во црвено-црни сексапилни комбинации и секогаш носи високи потпетици. Меѓутоа, не шокирајте се ако преку ден ја сретнете облечена во спортска гардероба, во машка кошула, во патики. Можете да се кладите дека станува збор за личност родена во знакот Овен. Црвената боја е само врска со планетата Марс, владетелот на овој знак, кој своите поданици ги прави темпераментни, агресивни, со спортски и натпреварувачки дух. Тој дух е причината што мажите Овни, освен спортска облека, обожаваат да облечат се што потсетува на војска и полиција.

Бик

Во мноштвото народ, вашите очи се задржуваат на личноста која што навидум е лежерно облечена, во некаква пастелна комбинација, без накит и без никакви модни детали. Но, откако подобро ќе погледнете, ќе забележите дека секое парче облека е внимателно избрано, квалитетно и скапо. Тогаш бидете сигурни дека станува збор за претставник на знакот Бик. И токму тие, Биковите, практични и колекционери во душата, ја застапуваат идејата “не сум богат да купувам ефтини работи”.

Близнаци

Во редицата луѓе кои чекаат да ги наплатат телефонските сметки, забележувате личност која е облечена по последна мода, во облека што очигледно не одговара на нејзината возраст. Бидете убедени дека станува збор за претставник на детинестите Близнаци. Нив ги фаќа ужас од самата помисла на староста. Затоа, настојуваат да го победат времето одејќи во чекор со него. Значи, како поданици на немирниот Меркур, Близнаците лудуваат по модните детали, се облекуваат согласно со моментното расположение, умеат да ги измешаат сите стилови, модели и материјали. А, жената Близнаци, со помош на облеката, може да одглуми се, од “фатална заводница” до девојче облечено во “доколенки”.

Рак

Вашата сосетка за која знаете дека не фрла ниту едно парче облека, туку секогаш старото го прекројува во ново, можеби ќе ве замоли да ги пребарате ковчезите на баба ви и да и го подарите чаршавот во бел вез, кој би можел да се прекрои во интересна кошула или здолниште. Тогаш не чудете се, прашајте ја дали е родена во знакот Рак. Галени од суптилните вибрации на својот заштитник, Месечината, претставниците на овој знак умеат да ја поврзат сегашноста со минатото и традицијата. Меѓутоа, не се конформисти. Па, можат да влезат во црква во проѕирна кошула, а во отмен ресторан во избледени фармерки.

Лав

Како гостин на некој отмен прием, вашиот поглед го привлекува една личност која е во центарот на вниманието таа вечер, која се однесува театрално но кралски лежерно. Не треба да се распрашувате. Сигурно станува збор за уште еден претставник на гордиот и суетен Лав. Поданици на златното Сонце, Лавовите ги обожаваат светлите и топли бои, секогаш се трудат да бидат “ин” и никогаш не се делат од своите впечатливи парчиња златен накит. А, ако имаат среќа да заработуваат солидно, тие ќе го побараат најдобриот моден креатор, независно колку тоа ќе ги чини. Притоа, се срамат да облечат на себе парче облека што сериски се произведува.

Девица

Ако сте пред шалтерот на некоја банка, а од таму ве дочекува еден љубезен, но резервиран лик, облечен во елегантна а невпечатлива облека, уредно зачешлан, со очила на носот и ако просторијата мириса на сапун и детергенти, тогаш не сомневајте се дека од другата страна се наоѓа една педантна Девица. А, токму тие, Девиците, под силно влијание на практичниот и рационален Меркур, “се крстат” во се што е едноставно, ненападно, но квалитетно. Додека, жените Девици, можат понекогаш и да “огрешат душа” ставајќи на себе детали од чипка, впечатливи обетки, марами или шапки.

Вага

Театарските претстави, модните ревии и културните случувања, не можат да се замислат без нив. Тие се во првите редови, секогаш облечени тип-топ, вкусно и со вистинска мерка, но секогаш во согласност со пригодата. А, како и не би биле, кога нивната заштитничка, планетата на убавината Венера, им го подарува истенченото чувство за естетика уште при раѓањето. Нормално, се работи за претставниците на Вагата. Како едни од најголемите познавачи и почитувачи на убавината и модата во Зодијакот, Вагите многу време му посветуваат на својот изглед и на изборот на облеката. А, нивната неповторлива елеганција секогаш се трудат да ја потцртаат со свилените парчиња облека, со чевлите што одговараат на одредена комбинација, со актуелните модни детали, со пастелните бои. Истовремено, нивното лице, раце и коса делуваат негувано. Тие се вистински дами и кавалери по убедување.

Шкорпија

Силни, смели и магнетски привлечни, тие не можат да поминат незабележано. И токму тоа е нивната скриена желба при изборот на облеката. Затоа, не чудете се ако на 40 степени Целзиусови, во најмрачниот агол на ноќниот локал, забележите личност која не се препотува, иако од “главата до петиците” е облечена во црна кожа. Сигурно станува збор за некој претставник на Шкорпијата. И токму црната боја е врската до нејзиниот заштитник, богот на подземјето и смртта, Плутон. А пак оние што го искусиле шармот на Шкорпиите на сопствената кожа, велат дека жените Шкорпии освојуваат со својот вамп-изглед, со длабокото деколте, со тоа што нивната индивидуалност зрачи од секое парче гардероба што го носат на себе.

Стрелец

Ако својата сродна душа ја сретнете на некоја спортска манифестација, на хиподром или во спортска сала и ако таа е облечена во тренерки или спортска маичка и фармерки, не помислувајте на својата прва средба да дојдете облечени спортски. Бидејќи оној што преку ден обожава покомотна облека, за вечерните излегувања се облекува елегантно, но космополитски. И веројатно немаше да дојде до забуна, ако од напред знаевте дека имате работа со еден претставник на знакот Стрелец. Под влијанието на својот заштитник Јупитер, Стрелците обожаваат да патуваат. Затоа, не чудете се ако во нивниот орман најдете парчиња облека, материјали и накит, донесени од нивните патувања по светот. Исто така, бидете подготвени дека вашата партнерка Стрелец, за која би се заколнале дека има спортски дух, ве можела да се појави облечена во фустан со дезен на тигар или леопард.

Јарец

Ако некој од вашите колеги секогаш прекувремено останува на работното место, ако е секогаш облечен едноставно и елегантно, во машки костум со строги линии, во сива, црно-бела или темно-зелена комбинација, би можеле да се заколнете дека се работи за претставник на знакот Јарец. Под влијанието на Сатурн, нивниот заштитник, а воедно и бог на времето, Јарците одбираат класична облека која прави да се чувствуваат пријатно и која можат да ја носат до крајот на животот. На тој начин го задоволуваат својот длабок порив за штедење. Токму потребата да заштедат на свилените чорапи можеби ги тера жените Јарци постојано да одат во панталони. Но, носењето панталони можеби е резултат на нивната потреба да бидат сериозно сфатени од својата околина.

Водолија

Додека брзате по улица, занесени во своите мисли, вашето внимание го привлекува една личност облечена во флуоресцентни бои, во комбинација со сребрена. Ако сте шокирани од тоа како таа личност со задоволство на себе носи шаренило од бои и стилови, чудна фризура, смешна шапка или крупни парчиња накит, а сепак сето тоа не и стои лошо, тогаш не колебајте се дека станува збор за претставник на Водолијата. Под закрилата на ексцентричниот, непредвидлив и оригинален Уран, само Водолиите можат да бидат свои, поинакви и “пет пари” да не даваат за туѓите озборувања. Па, нели и онака се чекор понапред во времето од обичните смртници.

Риби

Ако вашиот поглед се задржи на колешката која со денови не излегува од истата комбинација на облека и ако таа со својот надворешен изглед делува како да е “загубена во просторот и времето”, тогаш сигурно се работи за некоја претставничка на романтичните и конфузни Риби. А, хаотичноста и немарноста на Рибите и во животот и во облекувањето се должи на влијанието на занесениот Нептун, кој владее со нивниот знак. Затоа, Рибите најубаво се чувствуваат во удобната, повеќеслојна облека. Мразат се што го притиска нивното тело. Ги обожаваат природните и необични материјали, муслинот, свилата, чипката. Душа даваат за старовремскиот накит. Се капат во ориентални мириси и темјан и изгледаат егзотично дури и во широк џемпер.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби