In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и Новогодишната ноќ
 

Овен

Авантуристички расположени и секогаш подготвени за акција, вие не сте вистински Овен, ако Новата година не ја дочекате со големо друштво, на некое бучно место каде се јаде, а посебно каде што многу се пие. Значи, од Новогодишната ноќ многу очекувате, се згрозувате од помислата дека би можеле да останете дома, пред телевизорот. Затоа, за таа една ноќ се подготвувате многу повеќе, отколку на пример за летувањето. А, по некое непишано правило, сметате дека во таа ноќ е дозволено се. Па, се однесувате ексцесно, претерувате со пиењето. Ако сте во врска и ако Новата година ја чекате во друштво на партнерот, тогаш постојано ќе го “држите на око”, но тој не ќе смее вас да ве гуши. Ако сте слободни, и ако во првиот ден од Новата година се разбудите сами во постела, тогаш сигурно ќе паднете во очај.

Бик

Гурмани по природа и троми, вие очекувате дека на новогодишните празници ќе се нагостите со избрана храна и разни специјалитети кои не се приготвуваат во текот на годината. Како личност од навика, најубаво се чувствувате меѓу својот одбран круг на пријатели, во домашна атмосфера, каде што се ви е познато и ништо не може да го наруши вашиот комодитет. Уште повеќе што не ги сакате гужвите. На ова се надоврзува и вашата недоверливост во однос на квалитетот на храната подготвена од некој друг. Затоа, ако сте жена, уште од средината на Декември интензивно се подготвувате за дочекот на Новата година, месите кифли и колачи, правите резерви од храна. Тогаш не е чудно што новогодишната ноќ најчесто ја дочекувате “мртви уморни”. Ако сте маж, на 31-ви Декември, на полноќ, обично држите шише шампањ во рацете, а зората ја дочекувате со зуење во ушите и мачнина во желудникот.

Близнаци

Весели и разиграни, вие сте “дежурниот” шоумен во својата средина. Затоа, секој втор ден изгледа како дочек на Новата година. Сепак, многу очекувате од новогодишната ноќ. Прво, ве возбудува помислата дека се зголемуваат можностите за несекојдневни доживувања. А, на последните отчукувања од старата година, адреналинот во вашата крв вртоглаво расте. Затоа, не можете да замислите новогодишните празници да ги поминете дома. Уживате кога во вашето друштво ќе дојдат нови, непознати луѓе, а уште повеќе ако се работи за некој привлечен претставник на спротивниот пол. Па, без оглед на тоа дали сте слободни или не, вие во најлудата ноќ ќе се трудите да бидете заводливи и да го тестирате својот шарм. А, ако ништо конкретно не се случи, уште подобро. И онака, ја имате целата нова година пред себе.

Рак

Ако имате семејство, за вас Нова година е секогаш кога сте во прегратките на личноста што ја сакате и кога вашите деца мирно спијат. Но, ако сте слободни, кај вас ќе преовладаат скитничките навики и боемскиот дух. Па, ќе шетате од кафеана до кафеана, од друштво до друштво, додека не си го пронајдете вистинското место. Како и да е, кога е во прашање дочекот на Новата година, ако имате можност, значи ако имате голем стан или куќа и тераса со поглед на ѕвезденото небо, вие ќе ги поканите блиските пријатели во својот дом. Па, со вино и гитари, ќе ги дочекате мугрите од првиот ден во новата година. И обично, при првото будење по дочекот, вие сте несвесни за тоа што сте го правеле по полноќта. Но, ако новото утро го дочекате без нечија глава на своето рамо, тогаш постои опасност повторно да посегнете по алкохолот како спас од очајот.

Лав

Како личност која го сака гламурот, лудите забави и спектаклите, за кои на долго и на широко, и секако со преувеличување, ќе можете да зборувате со денови и денови, вие живеете за свеченостите од секаков вид, за родендените, прославите, годишнините, а најмногу за дочекот на Новата година. Затоа, со недели порано си резервирате место по хотелите или рестораните. Исто така, не се срамите самите да се поканите на забавата на личноста која ја знаете само “од видување”, ако сте сигурни дека таму се ќе биде “на ниво”. Па, во останатите денови до најлудата ноќ, вие неуморно ќе шетате низ продавниците во потрага по облеката што ќе ве прикаже во “најубавото светло”. Вашата облека редовно е од светкави материјали, а на главата ставате некаква шапка или друг украс. Во вашиот пак дом ќе доминира огромната, богато накитена елка. Стоејќи пред неа, ќе ја испиете “пробната” чаша шампањ и ќе тргнете во авантурата наречена “дочек на Новата година”.

Девица

Вие сте постојано загрижени за нешто и во суштина штедливи. Затоа, повеќе ве истоштува период што му претходи на самиот новогодишен дочек, подготовките, купувањето облека, изборот на место, трошоците. Меѓутоа, спротивно на очекувањата, вие не сакате да останете дома, иако е тоа територија што најмногу ја познавате и што ве прави најсигурни. Сепак, не ќе можете да се опуштите ниту во најлудата ноќ, бидејќи сте критички настроени кон светот околу себе. Така, уште пред навистина да се вжешти атмосферата, ќе размислувате за утрото потоа, за нередот, за размачканата шминка, испотеното тело или за “не дај Боже” скршените шишиња, изгорените теписи и завеси, фрлените отпушоци по подот, жив ужас. Тогаш, практични какви што сте, веројатно ќе си уплатите некаков ефтин новогодишен аранжман или ќе отидете кај пријателите. За време на прославата не сте најгласни. Но ако испиете малку повеќе, тогаш ништо не се знае.

Вага

Заради снобовската црта во вашиот карактер, вие местото, друштвото и начинот на празнувањето го доживувате како прашање на престиж. Затоа, не е ни чудно што цел Декември го минувате во знакот на подготовките за “најлудата ноќ”. Значи, со желба да видите, да бидете видени и да ги шармирате сите присутни, новогодишната ноќ ќе ја поминете на некое познато и скапо уредено место, во хотелот што е на “добар глас” или кај личноста која “нешто” значи во вашата средина. Ваш главен адут во привлекувањето на туѓите погледи ќе биде елегантната облека и “широката” насмевка. Па, заради убавите манири и заради способноста да ги слушате другите и да го поттикнувате доброто расположение, вие сте најпосакуван гостин на секоја свеченост. Првите мигови од Новата година се трудите да ги започнете во нечија прегратка, во тактот на Виенскиот валцер.

Шкорпија

Вие ги мразите прославите од секаков тип и се згрозувате од организираниот дочек на Новата година, бидејќи ги мразите формалностите и не прифаќате да се веселите само затоа што е “тој и тој” датум во прашање. “За славење треба да се има конкретна причина”, би рекле вие и би ги собрале само најблиските пријатели за венчавка, крштевка, за ново работно место. Затоа, на новогодишната ноќ се однесувате како двајцата старци кои во “Мапет шоу” седат на балконот, ги озборуваат сите, прават шеги на сметка на туѓата облека и однесување. Но, ако по маратонското убедување од страна на партнерот и пријателите попуштите и отидете на дочек на Новата година, тогаш вашите коментари би можеле да направат штимунг, да ја загреат атмосферата и да ви помогнат расположени да запловите во новата година. Но, ако останете отпорни на убедувањата и сепак останете дома, ќе се однесувате како ништо значајно да не се случува таа ноќ. Сепак, уживате новото утро да го започнете во постела и лично да му ги врачите на партнерот жешките честитки за Новата година.

Стрелец

Ведри по природа, вие однапред им се радувате на новогодишните празници, бидејќи за вас тоа е период на неработење, на општо расположение. Притоа, секаде каде што ќе одите трпезите ќе бидат полни, луѓето ќе честат и наздравуваат. А, бидејќи се чувствувате најсреќно кога сте што подалеку од дома, веројатно ќе се потрудите Новата година да ја дочекате некаде на Карибите, крстосувајќи по Медитеранот, наздравувајќи со чаша шампањ во подножјето на пирамидите. Затоа, ако сте вистински Стрелец, долго време пред почетокот на новогодишните празници, ќе се трудите да ги присоберете потребните пари и да ги наговорите блиските да ви прават друштво на вашето патешествие. И, макар што партнерот ќе биде пожелен на тоа патување, тој нема да биде неопходен, бидејќи вие секако ќе најдете некој со кој ќе го почнете првиот жежок ден во Новата година.

Јарец

Сериозни и песимистички расположени, вие не гледате ништо убаво во тоа што уште една година си заминува, а според вас “ништо убаво не донесе, како што нема да донесе ниту следната”. Па, последните отчукувања на старата година кај вас будат панични чувства измешани со тага, бидејќи ве тераат да се сетите дека сте уште една година поблиску до крајот на животот. Заради сето тоа, честопати во овие денови умеете да се изолирате. А, бидејќи за вас новогодишните прослави се израз на масовната хистерија, ги мразите масовните собирања, бакнувањата, честитките и пијанењето, па најчесто го прескокнувате сето тоа бегајќи во планините. Таму имате чувство дека на некаков свој, по малку мистичен начин, се приближувате до Бога.

Водолија

Секогаш во потрага по нови случувања, по друштво и добра забава, вие со денови ќе се распрашувате кој, каде ќе оди и што ќе прави. Вам ќе ви биде апсолутно сеедно дали Новата година ќе ја дочекате надвор или во својот дом, се додека сте сигурни дека ќе има многу луѓе, непознати фаци, и дека нема да ви стане здодевно веднаш, по првите шеесетина минути. Но, и покрај тоа што со нетрпение ја очекувате “највеселата ноќ” во годината, и покрај тоа што почнувате да славите порано од другите, вие често го заборавате мигот кога навистина почнува Новата година. Исто така, често се случува, во потрага по возбуда, да талкате од забава до забава, а во ниедно време да се разбудите покрај луѓето на кои нема ниту името да им го знаете.

Риби

Конфузни и заборавени, вие секоја година се зарекувате дека следната година ќе ја дочекате подготвено и ќе започнате со подготовките за новогодишната ноќ порано. Но, редовно “најлудата ноќ” ве начекува неподготвени. Па, после прашањето “Зарем толку брзо”, зафатени од паника, нема да знаете што да облечете, со кого и каде да одите. Затоа не е чудно, што на крајот останувате дома и со помош на обилната храна и неограниченото количество алкохол се обидувате да се забавувате со она што се нуди на ТВ-програмата. Сепак, ваша најголема желба е првите мигови од Новата година да ги споделите со партнерот и да го изнудите од него ветувањето дека “следната година ќе минувате повеќе време заедно”.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби