In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и традицијата

Знаците и традицијата
 

Овен

Родени со чувството дека треба да бидете први и најдобри, ќе направите се да си го докажете тоа себеси и на другите. На патот до целта барате поддршка од постарите личности во својата околина. Затоа се трудите да им “влезете под кожа” со прецизната работа и со послушноста. Од помладите барате слепо да ве следат и лесно ги потценувате нивните способности. Заради патриотските чувства сте подготвени да отпочнете војна за спас на татковината. Од друга страна, убедени дека самите сте кројачи на сопствената судбина и дека сте “алфа и омега” во својата средина, вие тешко дека ќе поверувате во приказните за Господ. А, уште е поневеројатно дека ќе ги славите настаните за кои што не сте сигурни дека воопшто се случиле.

Бик

Вие сте конзервативна личност која ја почитува традицијата. За вас важи изреката дека цел живот чекорите по “патеката на слоновите”. Во принцип ги почитувате постарите и на секој начин се трудите да ги задоволите. Исто така, не ги сакате промените. Како ќе се однесувате како возрасни ќе зависи од тоа како сте биле воспитувани во детството. Па, ако вашето семејство се однесувало традиционално, ако најстариот член секогаш го имал последниот збор, ако ручекот почнувал дури откако сите ќе се соберат на маса, а во време на празниците цело семејство одело во црква, тогаш откако ќе оформите сопствено семејство, без размислување ќе ги следите навиките од детството. Притоа, ќе барате истите да бидат почитувани и од помладите. За “волја на вистината”, за време на празниците, интимно повеќе им се радувате на богатата трпеза и дружењето, отколку што ја чувствувате светоста и големината на мигот.

Близнаци

Вие му верувате само на она што ви го соопштуваат вашите пет сетила. Затоа, полесно се снаоѓате во секојдневниот живот, отколку во теориите, филозофијата и духовните дисциплини. Но, заради вашата променлива природа, често го менувате мислењето и расположението, секогаш сте на два или повеќе ума. Значи, од моментот и ситуацијата ќе зависи кој од вашите ставови ќе надвладее. И замислете чудо, секогаш надвладува ставот од кој имате некаква корист. На тоа се надоврзува и вашиот однос кон постарите, пред кои стоите во став “мирно”, а зад грб им “местите стапици”. Затоа, кога сте собрани на празнична трпеза со најблиските, вие ќе започнете да јадете дури откако најстариот член ќе ја дигне чашата во знак на наздравување. Можеби ќе заминете и во црква ако сте убедени дека тоа ќе ви донесе позитивни поени во очите на постарите.

Рак

Вие сте свртени кон минатото, корените и традицијата. За вас семејството е основната клетка во која се испилува иднината. Затоа, ги запишувате имињата на вашите предци и водите сметка за развојот на семејното стебло. Уживате во празничните мигови кога сите членови на семејството се собираат крај трпезата, бидејќи за вас традицијата, религијата и заедничките прослави се начин за опстојување на семејната лоза. Уште повеќе уживате во миговите кога најстариот член од семејството раскажува за најсветлите семејни мигови од минатото, суптилно насочувајќи ги постапките на помладите во иднина и давајќи им свој благослов. Токму така утре и вие ќе се однесувате кон сопствените деца и внуци. А, кога станува збор за гостите, сигурно првиот пат, уште на врата, ќе ги дочекате со “леб и сол”, во знак на добредојде.

Лав

Уште од своето раѓање вие се чувствувате како цар. Затоа очекувате луѓето да се поклонуваат пред вас и да ги почитуваат вашите наредби. Ако не сите луѓе, тогаш барем најблиските. Од друга страна, свесни сте дека и над “кралот има крал”, па ја почитувате хиерархијата. Затоа и кога не сте сигурни дека Господ постои, убедени сте во постоењето на некоја “виша сила”. Своите “младенчиња” ги воспитувате во духот на традицијата, ги учите да ги почитуваат постарите, да се гордеат со своето потекло. А, за празниците се подготвувате со денови. Тогаш ги готвите најубавите јадења, од витрина го вадите златниот или сребрениот прибор за јадење што сте го наследиле од своите предци и седнувајќи на чело на масата, уживате кога ги гледате своите лавчиња и нивните деца околу себе.

Девица

Крајно рационални и длабоко аналитични, вие барате сериозни докази за да поверувате во нешто. Од друга страна сте конзервативни и морални. Но животот, сакале или не, ќе ви покаже дека за некои работи што постојат и се случуваат во природата нема рационално објаснување. Затоа, со тек на времето се повеќе ќе слабее вашиот отпор кон идејата дека “чудата се можни”. Тоа можеби ќе предизвика да станете крајно побожни или барем да задржите минимум етика во своето однесување. А бидејќи, многу ви е важно да воведете ред во светот околу себе, вие ја почитувате и традицијата се додека чувствувате дека таа го одржува редот во човечките животи и дека влијае на луѓето да ги почитуваат моралните норми.

Вага

Чувствителни на формата и убавината, вие ќе направите се да ја задржите хармонијата во сопственото опкружување. Затоа, внимателно го “отворате чекмеџето на традицијата” и од него ќе ги извадите само оние работи што и во сегашноста делуваат модерно, отмено и рафинирано. На празниците им се радувате бидејќи во нив гледате начин повторно да внесете рамнотежа во забревтаното секојдневие. А, специјално приготвената храна и убаво наместената маса за вас секогаш претставува празник и за очите и за непцето. Во црква ќе заминете само ако сте силно вљубени или ако сакате да оставите добар впечаток на другите. Значи, секогаш кога сте убедени дека тоа и е важно на другата страна.

Шкорпија

Како знак во кој се соединуваат животот, смртта и воскреснувањето, вие имате шанса да стапите во контакт со своето шесто сетило и со другите димензии, дури откако ќе го победите стравот. Па, во вечна потрага по суштината на нештата, ги мразите формалностите и сметате дека е смешно кога луѓето се веселат само зашто е “тој и тој” датум во прашање. “За славење треба да се има конкретна причина” би рекле вие и би ги собрале само најблиските пријатели за венчавка, крштевка, за ново работно место. А, бидејќи сте строги кон себеси и сите работи ги мерите според себе, покажувате должна почит кон мудроста на постарите, но немате зборови на оправдување за глупостите на помладите. Сепак, вие сте семејна личност која се радува ако за празници го собере семејството на маса. Но, бидејќи за вас се е црно или бело, или ќе се однесувате како заколнат атеист или како фанатичен верник.

Стрелец

Вас ве води идејата “мојот дом е таму каде што се чувствувам добро”. Затоа, најчесто не се врзувате за татковината и традицијата. Па, со тек на времето, по годините поминати на патувања по светот и по запознавањето на нови култури, вие можеби ќе започнете повеќе да ја почитувате традицијата. Сепак, тоа не секогаш ќе биде традицијата на земјата во која што сте родени, туку онаа на земјата во чија што култура патем сте се вљубиле или која што е поблиска до вашите сфаќања за животот и светот. А, бидејќи секогаш “паѓате” на убавата и необична храна, пиењето, дружењето и убавата музика, за вас не е проблем да ги прославувате и своите и туѓите празници, се додека она што следува со нив ги задоволува вашите хедонистички потреби.

Јарец

Колку и да делувате рационално и пресметано, вие сте всушност постојано гладни за духовноста. Добро е ако тоа го сфатите на време, зашто само така ќе можете да ги хармонизирате убиствените амбиции по материјалното. Меѓутоа, заради тоа што сте вљубени во моќта и власта, на Господ најчесто гледате како на некаков “Вселенски полицаец” кој ги запишува човечките гревови и строго ги казнува. Затоа, вашата верба често прераснува во догматизам, а стравот ве тера да ја почитувате традицијата и да ги извршувате сите обреди. Дури и кога не сте сигурни дека таму горе има нешто. Вашите крути ставови се манифестираат и во комуникацијата со блиските, бидејќи си дозволувате секому да му дадете забелешка и да делите совети на секое место. Аскетската пак природа ви помага да не се “расфрлате” со храна и пијалоци за време на празниците. На вашата трпеза ќе има се што е неопходно, но во умерени количини. Сепак, во секое правило има и исклучоци. Па, само кога ќе успеете да се победите себеси, ќе станете вистински духовни луѓе, “солта” на човештвото.

Водолија

Со едната нога зачекорени во иднината, вие на традицијата гледате како на биро за најдени работи, од кое секој го зема само она што му се допаѓа. Затоа ги прифаќате само оние делови од традицијата што ви делуваат возбудливо и што не ве гушат со своите правила и прописи. Бидејќи, колку и да сте духовни, вие се бунтувате против хиерархијата, верувате во некоја недефинирана “виша сила” и универзален поредок на нештата. Во тоа не ги вбројувате црквите и останатите верски институции. Значи, за вас не постојат помлади и постари, за вас сите се еднакви. За вас не постојат празници, бидејќи секој ден може да биде празник. Па, инсистирањето на почитување на традицијата кај вас може да има спротивен ефект и да ве натера да го направите токму она што другите најмалку го очекуваат.

Риби

Секогаш на половина пат меѓу сонот и јавето, постојано бегајќи од секојдневието и соживувајќи се со улогата на жртва за некого и нешто, вие лесно запливувате во водите на мистицизмот, трагате по духовното и често ја посетувате црквата. Но, тоа нема врска со традицијата. Неа ја почитувате се додека таа ви внесува шаренило и возбуда во сивото секојдневие. Поводливи по природа, во своите вечни трагања по начините што ќе ви помогнат да избегате од реалноста и да се стопите со апсолутот, можно е исто толку лесно да станете член на некоја секта или дури да смените и по неколку секти во текот на животот.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби