Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Во потрага по идеален сопруг
Како знаците сакаат и мразат
Знаците и бракот
Знаците и индивидуалноста во врските
Знаците како родители
Знаците и верноста
Знаците и кристалите
Знаците и парите
Знаците и храната
Знаците и забавата
Знаците и изборот на професијата
Знаците и модата
Знаците и патувањата
Знаците и возењето
Знаците и спортот
Знаците и Новогодишната ноќ
Знаците и подароците
Знаците и секојдневните обврски
Знаците и традицијата
Знаците и изборот на литература
Знаците и летувањето
Знаците и екологијата
|
|
Знаците, комуникацијата и зависноста од телефонот
ОвенНепосредни, отворени и гласни вие немате поголеми проблеми во комуникацијата со луѓето. Посебно со претставниците од спротивниот пол, кои се трудите да ги освоите со духовитите приказни и со секси забелешките. Вашите пак проблеми се јавуваат дури тогаш кога во близина ќе се најде некој што ќе посака да доминира како вас или некој што ќе му се спротивстави на вашето Овновско височество. Не можејќи да ја поднесете конкуренцијата и да разговарате на академско ниво, вие лесно преминувате на навредување. А, бидејќи телефонот е едно од средствата за комуникација, така се однесувате и со него. Зборувате гласно, посебно кога другите треба да чујат колку сте барани. Не се воздржувате ниту од пцовки. А, кога сте вљубени тоа треба да го дознае целиот свет. По сто пати на ден му се јавувате на “предметот на вашите желби”, оставате жешки СМС пораки. За нечија среќа или за жал, тоа брзо ви поминува, бидејќи со каква што брзина се “загревате” за работите со уште поголема ги заборавате. Речиси секогаш го имате најновиот и најсофистициран модел на мобилен телефон. Но, меракот ви поминува во моментот кога ќе ја видите рекламата за уште поновиот модел. БикВо комуникацијата со луѓето на почекот сте затворени. Своето вистинско лице го покажувате дури откако ќе бидете убедени дека се наоѓате на “сигурен терен”, меѓу луѓе кои ве разбираат. Тогаш ви се “разврзува јазикот”. Посебно кога ги раскажувате своите или туѓи анегдоти од животот, покрај полна трпеза. И токму поради тоа што верувате дека сите работи полесно се завршуваат крај трпезата и заради тоа што полесно ви оди “живиот контакт” со луѓето, на телефонот гледате само како на средство кое ви помага да ги договорите своите средби и состаноци, да резервирате маса во ресторан. Па, затоа за слушалка се фаќате само кога имате вистинска потреба, а вашите разговори траат кратко. Но, кога сте вљубени се буди вашата сентиментална природа и колекционерскиот порив. Тогаш сте подготвени на партнерот дури и да му запеете на телефон и да го “удавите” со љубовните СМС пораки. И што е најважно, вие никогаш ништо не фрлате, ги чувате љубовните пораки, од време на време ги препрочитувате за да се сетите на минатото, па дури и да го разубавите. Кога купувате мобилен телефон го избирате најквалитетниот модел, па дури и ако скапо чини. Но, не го менувате додека не се расипе. БлизнациВо комуникацијата со луѓето вие пливате како “риба во вода”, бидејќи сте духовити, љубопитни и детски разиграни. Подобрата страна на вашата двојна природа “испливува на површината” кога сте во друштво, кога запознавате нови луѓе, кога доаѓате до нови информации и до најсвежите трачеви. А, бидејќи телефонот ја олеснува комуникацијата, вие делувате како да сте родени со слушалка в рака и ги правите најголемите телефонски сметки од сите знаци во Зодијакот. Најчесто го купувате најновиот модел на мобилен телефони и се згрозувате од помислата дека сте можеле да се родите во време кога не постоел автомобилот и телефонот. И уште нешто, познати сте по тоа што уживате во испраќањето на СМС пораки. Па, ако сте вљубени, ќе смислувате духовити пораки кои ќе треба да го развеселат партнерот. Нема да ви биде важно што пораките потоа ќе бидат избришани, бидејќи вие сте личност која живее тука и сега. РакОние што површно ве познаваат, гледајќи ја променливоста во вашето расположение и забележувајќи дека често потонувате во мрачните мисли, ќе се чудат на “која финта” ви успева да ги соберете луѓето околу себе. Но, блиските знаат дека вие од секоја работа, па дури и од најстрашната, умеете да направите добра шега и како ретко кој, можете да се смеете на сопствената сметка. Често имате потреба од повлекување во сопствениот оклоп и во сигурноста на сопствениот дом. Тоа обично се случува кога некој ќе ве повреди, кога ќе ве обземат чувствата или кога сакате да ги “наполните батериите”. Ако на тоа се надоврзе и почитта кон старото, корените и традицијата, ете ја причината за вашиот отпор кон техниката. Па, ако работата не го бара тоа од вас, вие најубаво би се чувствувале на некое изолирано место, далеку од цивилизацијата, без телевизор и телефон. Уште повеќе што жалејќи за старите добри времиња, на телефонот гледате како на средство кое го помогнало отуѓувањето меѓу луѓето, како на опасност која во секое време може да ја прекине вашата семејна идила. Мобилен телефон купувате само ако никому не му текне да ви го подари. Го одбирате најефтиниот модел и не го менувате додека работи. ЛавВо непознатите друштва се држите на страна и сте недоверливи. Додека во друштвото на вашите верни “поданици” веднаш се претварате во бучен и забавен “циркуски” Лав кој сака да пее, да раскажува вицеви, да ги имитира другите. Вашата суетна природа во туѓата одушевеност наоѓа потврда за сопствените вредности. Затоа, преку предметите што ги поседувате се трудите да го истакнете својот материјален и општествен статус. Така и на мобилниот телефон гледате повеќе како на статусен симбол, отколку како на вистинска потреба. Затоа, тој треба да биде најновиот модел од најскапата марка, по можност во златна боја, кој вие ќе се обидете ноншалантно да го покажете секому. А, ако некаде треба да оставите добар впечаток, тогаш не ви е срам ниту да се преправате дека разговарате “со таа и таа” позната личност, само ако сте сигурни дека тоа позитивно ќе влијае на вашиот углед во очите на соговорникот. ДевицаКритички настроени кон светот околу себе, вие тешко се опуштате. Затоа е потребно многу време за вашата девствено затворена природа да се почувствува пријатно во некое друштво. Посебно ако другите инсистираат на дружење, а вам не ви е до тоа. Но, штом по долготрајните анализи друштвото ќе ја добие преодната оценка, тогаш со вашата истенчена и зајадлива смисла за хумор и со моќта за забележување детали ги освојувате другите. Сепак, не уживате да разговарате по телефон. Но како практична личност која ја става работата на првото скалило од системот на вредностите, вие меѓу првите ќе го купите мобилниот телефон ако сте сигурни дека тој би можел да ви ја олесни работата. Но, и ако сте убедени дека со него би можеле да го контролирате партнерот и децата. Ако сте жена, се заборавате зборувајќи на телефон само кога си разменувате рецепти со пријателките или кога до најситен детаљ го анализирате последниот кикс на партнерот. ВагаЗа да можете нормално да функционирате, вам ви е неопходно хармонично опкружување. Затоа, внимавате како се однесувате и се трудите никого да не повредите. Но, тоа не е можно секогаш, па затоа често ви се случуваат кавги онаму каде што не ги очекувате, несвесни дека можеби самите ги предизвикувате. Сепак, вложувајќи многу труд во својот друштвен живот, можете да се пофалите со многу познајници и со пристоен круг пријатели. На телефонот гледате како на средство кое го олеснува дружењето. А, бидејќи од секогаш ви значело да видите и да бидете видени на отмените забави, на културните и уметнички манифестации, мобилниот телефон ве прави достапни за оние кои би сакале да ве поканат на нив. Но, и покрај тоа што љубовните пораки напишани на елегантна хартија ви делуваат попривлечно, брзи и површни, вие немате ништо ниту против СМС пораките. Кога купувате мобилен телефон, барате нешто елегантно. Треба да ви се допадне неговата боја и форма, а не неговите перформанси. ШкорпијаИако изгледате мирно, опуштено и молчаливо, во вас крвта постојано врие. Затоа е подобро ако луѓето не ви се замерат. Уште повеќе што вие “паметите како слон”. Можете да чекате со години, но кога-тогаш мора да им се одмаздите на тие што се обиделе да ве повредат. Од друга страна, секој однос за вас е прашање на нечија превласт и доминација. Затоа се трудите да ги откриете мааните и на најверните пријатели. Всушност, никој не знае што тие би можеле да ви направат утре. Па подобро е ако последниот удар биде ваш. Ако на тоа се надоврзат вродената таинственост и љубомората, тогаш не е тешко да се претпостави дека не гаите убави чувства кон мобилниот телефон. Тој ве прави постојано достапни, ја нарушува вашата интима, ја открива вашата локација, се обидува да доминира со вашиот приватен живот. Мислењето можете да го смените за час само ако “ви падне на памет” дека така ќе можете непречено да го следите и движењето на партнерот. СтрелецВие го привлекувате вниманието со убавиот глас и громогласното смеење. А, бидејќи сте “оперирани од срам”, без проблем би можеле да прегрнете и бакнете дури и непозната личност, само ако ја почувствувате блиска. И токму непосредноста е таа што ве прави единствени и на приватен и на професионален план. Затоа, каде што сте вие, таму владее убаво расположение. Неспорно е дека ви недостасува повеќе такт, а помалку ароганција, за да ги спакувате суровите зборови во нешто поприфатливо за ушите на другата страна, со цел да не ја повредите. И секако, динамични и темпераментни, вие се водите од девизата “што поедноставно, тоа подобро”. Па, го благословувате оној кој ги измислил мобилните телефони. Така, полесно и побрзо можете да ги завршите професионалните обврски и да останете достапни за широкиот круг пријатели и познајници. Посебно кога сте на некое од своите бројни патувања. ЈарецВо комуникацијата со луѓето сте недоверливи и полни со сомнежи, ги презирате “разводнетите” ситуации. Затоа ги избегнувате површните дружења и останувате “закопчани до грло” пред непознатите. Сепак, знаете да уживате во разговорот кој ви делува сериозно и значајно. Но, знаете и да молчите како неми, ако луѓето околу вас зборуваат за работи што вам ви изгледаат бесмислено. А, кога е мобилниот телефон во прашање, тогаш не смееме да заборавиме на вашата штедливост, опседнатоста со работата и на чувството на помала вредност. Токму тоа чувство можеби ќе ве натера да дојдете до она што другите го поседуваат со цел да не заостанувате зад нив. Исто така, свеста дека мобилниот телефон многу ќе ви ја олесни работата, а времето нели е пари, можеби ќе биде пресудна да си купите еден. А, кога сме кај парите, ќе се трудите да потрошите што помалку, ќе се јавувате само во најголема потреба и додека разговарате веднаш, на “лице место”, ќе пресметувате колку време зборувате и колку тоа ќе ве чини. Кога купувате мобилен телефон го избирате најстариот и најквалитетен модел, убедени дека за малку пари добивате нешто вредно. ВодолијаДружењето за вас е најважната работа во животот. Притоа, најубаво се чувствувате со луѓето кои послабо ги познавате, бидејќи тие ве забавуваат, а емотивно не ве оптоваруваат. Затоа, неверојатно добро се снаоѓате со непознатите кои ги среќавате на работа или на деловните вечери, бидејќи професионалната аура ве штити од нивните емотивни испади. Но, исто така ги цените и познајниците кои со вас од време на време сакаат да испијат сок или кафе. А бидејќи слободата за вас е императив и бидејќи не се врзувате за минатото туку храбро гледате кон иднината, вие почитувате се што е најново во областа на техниката. Мобилниот пак телефон го почитувате само до таму додека ви го олеснува секојдневието и ви ја обезбедува личната слобода. Но се згрозувате од помислата дека некој на тој начин би можел да ве контролира. Затоа, кога чувствувате дека слободата ви е загрозена, вие без двоумење ќе го исклучите мобилниот. Сепак, нема да заборавате од време на време да ги проверите пропуштените пораки. Најчесто избирате модел на мобилен телефон кој има функција и на компјутер. РибиПалетата на вашите расположенија е прилично широка. Па, некои би можеле да се заколнат дека сте вие ведра, говорлива и духовита личност, додека оние што ве виделе во поинаков момент, со сигурност ќе тврдат дека сте повлечени, тивки и тажни. А, и едните и другите ќе бидат во право. Но, во право ќе бидат и оние кои ќе ја забележат вашата љубов кон луѓето, смислата за хумор, длабоката повредливост и отпорот кон техничките откритија. Телефонот пак едвај го поднесувате, бидејќи тој се заканува во вашиот свет да го внесе реалниот. А, кога би можеле да бирате меѓу љубовните пораки напишани на мобилниот телефон и оние напишани на огледалото во бањата или на песок, тогаш вие секогаш ќе се одлучите за овие вторите. Тие ви делуваат поромантично. А, во случај кога ќе посакате да преминете на нова љубов, трагите брзо се бришат.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|