Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Во потрага по идеален сопруг
Како знаците сакаат и мразат
Знаците и бракот
Знаците и индивидуалноста во врските
Знаците како родители
Знаците и верноста
Знаците и кристалите
Знаците и парите
Знаците и храната
Знаците и забавата
Знаците и изборот на професијата
Знаците и модата
Знаците и патувањата
Знаците и возењето
Знаците и спортот
Знаците и Новогодишната ноќ
Знаците и подароците
Знаците и секојдневните обврски
Знаците и традицијата
Знаците, комуникацијата и телефонот
Знаците и летувањето
Знаците и екологијата
|
|
Знаците и изборот на литература
ОвенВо вечна трка по првото место во професијата, во спортот и во срцата на претставниците од спротивниот пол, воинствените и авантуристички расположени Овни не се луѓе кои со часови би седеле со книга в рака. Но, ако ги сакаат книгите најчесто читаат во кратките паузи меѓу бројните дневни обврски. Затоа, Овни, ги избегнувате долгите четива и романи, со исклучок на оние со авантуристичка и воена тематика, во кои редовно се поистоветувате со главниот јунак. Во весниците прво ја читате спортската страница и уживате во магазините специјализирани за автомобилизам и оружје. А, ако животот веќе ве научил дека психолошката војна е најчесто поуспешна од онаа што се потпира на силата на мускулите, тогаш сигурно ќе ги прочитате сите дела на Јунг и Фројд. И конечно, не постои Овен што нема да се најде себеси во ремек делото на Милан Кундера “Неподносливата леснотија на постоењето” или во “Авантурите на Казанова”. БикЦареви на денгубењето, Биковите не се “претегнуваат” да го исполнат слободното време со никакви содржини, со цел да се почувствуваат поубаво. Доволно е да имаат убаво уредено дворче или балкон, па со часови можат да уживаат гледајќи во една точка, само во друштво на тивката музика. Сепак, нивната заштитничка Венера, ја нагласува кај Биковите “уметничката жичка”, која многумина ја изразуваат преку пишувањето, пеењето, сликањето, преку одгледувањето цвеќиња или дури преку готвењето. Затоа Бикови, прирачниците за готвење и одгледување цвеќе е литературата на која секогаш и се радувате и навраќате. А, бидејќи Венера е божица и на љубовта и на убавината, идеален подарок за вас би можела да биде и сензуалната, романтична и совршено напишана “Лолита” на Владимир Набоков. БлизнациБрзиот, сестран и бистар ум, како и богатството од асоцијации е тоа што им помага на Близнаците слободното време кога сите спијат и се одмараат да го искористат за подготвување на магистерската работа, докторатот или новата книга. Бидејќи, работите од кои што другите знаци се заморуваат, како што се учењето, читањето и меморирањето, на Близнаците им носат задоволство и поттик. Па Близнаци, бидејќи најчесто имате повеќе таленти и интереси од просечниот човек, но не и повеќе тела да ги остварите сите свои идеи, честопати се чувствувате како заробеници на просторот и времето. А, бидејќи Меркур, вашиот заштитник, гласникот на Боговите, е истовремено слаб кон крадците, ако сте недоволно освестени, би можеле да се задоволите со кратките критики за некоја книга, врз основа на кои ќе ја сфатите содржината и ќе можете да ја критикувате. Ако сте освестени, сигурно сте вистински енциклопедии со доволни познавања од секоја област. Како и да е, Гришамовата книга “Компанија” ќе ги доведе вашите мозочни вијуги до вжештување. РакОдењето на работа, на училиште, па дури и вечерните излегувања ги заморуваат и ги прават нервозни. Затоа, Раковите се најсреќни кога се враќаат дома. А, страста кон водата ги тера подолго време да поминуваат во своето “мини-море” како што на галено ја викаат кадата, читајќи. Најмногу ги сакаат книгите и списанијата кои ги опишуваат тешките судбини на малите луѓе, што би можеле и ним да им се случат; биографиите на членовите на кралските семејства, книги со тематика од историјата и традицијата на својот народ; љубовни приказни. Па, длабоко чувствителни, по секоја прочитана книга, вие Раковите не можете со денови да заспиете размислувајќи за судбината на личностите од приказната, обидувајќи се да ја споредите со своите животни ставови и сомнежи. Затоа, најдобра книга подарок за вас би била романтичната и тажна “Смрт во Венеција” од Томас Ман. ЛавИако се трудат да стигнат насекаде каде што нешто значајно се случува, генијални во калкулирањето со времето, на Лавовите им останува доволно време за уживање во литературата. А, нив ги привлекува се. Па, Лавовите ја читаат белетристиката со ист жар како да е напишана од Хесе или Орвел. Всушност Лавови, вие знаете дека прочитаните книги се нешто што ќе ви овозможи да блеснете во друштвото. Затоа, не ви е тешко да ја научите митологијата, да ги прочитате сите бестселери, да се запознаете со делата кои се екранизирани или обработени како театарски претстави. Притоа, не ви е тешко цели дијалози да научите на памет и да ги одглумите пред друштвото подобро од професионалците на кои им е доделена истата улога. Сепак, делото на коешто му “симнувате капа” е средновековниот крими роман “Името на ружата” од Умберто Еко. ДевицаИако Девиците можат да се пофалат со богат, интроспективен и аналитичен ум, заради срамежливоста, тие најчесто молчат и најдобро се изразуваат преку пишаниот збор. А, бидејќи нивниот ум бара постојано да е ангажиран, ако нема конкретен предизвик, тогаш тој до “илјада и едно и назад” ги преџвакува ситуациите и дијалозите од секојдневието, барајќи “влакно во јајцето”. Затоа Девици, се опуштате читајќи книги со криминална содржина, книги од типот “како да постигнете самодоверба”, “со телепатија до успех”, “моќта на потсвеста”, “здрава храна како лек”. А, бидејќи згора на тоа сте и штедливи, нема да “расфрлате пари” на разните магазини и списанија, задоволувајќи се со информациите од дневниот весник во кој имате доверба. И дефинитивно, вистински десерт за вас е книгата “Убиството во Ориент експрес” од Агата Кристи, најпознатата Девица меѓу писателите на крими романи, или “Малиот принц” од Егзипери. ВагаПоданици на Венера, покровителката на убавината, љубовта и уметноста, Терезиите длабоко ја доживуваат вибрацијата на секој збор, ја препознаваат нивната естетика и ја почитуваат способноста на оние кои умеат да ја сочуваат хармонијата редејќи ги зборовите во низ, во една реченица. Затоа Ваги, ја сакате поезијата, најчесто и самите ја пишувате; но уживате и во авантуристичките романи кои ги следат доживувањата на младите благородници. Исто така, без размислување ќе го отворите паричникот и кога се во прашање скапите ревии поврзани со изгледот, модата и убавината и редовно ги набавувате таканаречените “водачи” и брошури низ театрите и кината. Сепак, полн погодок за вашиот пребирлив вкус би било некое од делата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел или “Портретот на Доријан Греј” од Оскар Вајлд. ШкорпијаЗа Шкорпиите, годината не се дели на месеци, денови и часови, туку на периоди. Па, заради интензивниот живот што го водат, по активните периоди, Шкорпиите имаат потреба од пасивни, во кои собираат сили за нова акција. И токму овие пасивни периоди се исполнети со решавање крстозбори, читање часописи наменети за војската и полицијата, еротска литература. А, бидејќи откривањето на тајните, мистиката и функционирањето на човековата психа ја копкаат љубопитноста на секоја поразвиена Шкорпија, вие објаснувањата ги барате во книгите на Скот Пек и Артур Џанов, во езотеријата, во романите на Достоевски, во делата на Зола и Едгар Алан По. Како и да е, ќе бидете сосема задоволни и со книгата на Марио Пузо “Кум”, која отелотворува се во кое верувате: лојалноста кон семејството, таинственоста, опасностите, а најмногу од се одмаздата. СтрелецМожеби кај нив е силно нагласен нагонот за ловење и потребата од широки пространства. И веројатно геслото “Никогаш не се задржувај на едно место” е излезено од устата на некој Стрелец. Сепак не смее да се заборави дека претставниците на овој знак ги краси длабок, религиско-филозофски интелект склон да бара еден основен закон во кој мора да се вклопи се. Затоа Стрелци, способни сте да испитувате со сиот жар на својата душа, да ја барате подлабоката смисла на нештата, да предвидувате. Подеднакво ги сакате патеписните авантуристичките романи, ги читате Платон и Пруст, низ раце ги превртувате Библијата или некоја од книгите за будизмот. Но, можеби вниманието ќе ви го привлечат и списанијата за лов и риболов, странските политички весници и изданијата на Национална Географија. ЈарецРаѓајќи се како стари и сериозни, во случајот на Јарците е тешко да се повлече јасна линија меѓу работата и слободното време. Па, додека нивните пријатели се одмараат и забавуваат, тие своето слободно време го употребуваат за разни поправки во домот, читање стручна литература или за средби со личностите кои во иднина би можеле да им се најдат “при рака” во градењето на кариерата. А, бидејќи сметате дека на врвот побрзо се стигнува ако човек учи од туѓите искуства и грешки, вие Јарци ја сакате историјата. Па, на вашето биро секогаш ќе се најдат најновите весници кои обработуваат теми од светот на бизнисот, книги од типот “Европа во периодот од 1933-1949”, разни биографии на богатите и моќни луѓе, монографии на археолошките локалитети, романите на руските класици, на Џек Лондон и некоја од типот на книгите како онаа на Наполеон Хил “Мисли и збогати се”. ВодолијаНим им се допаѓа се што е ново, откачено, поинакво. Вешто ја користат тезата и антитезата. Доаѓаат до нови пронајдоци, ја претскажуваат иднината. Затоа не зачудува податокот што најголемиот број генијалци се родени во знакот на Водолијата. Отворени кон новото, Водолиите читаат се и сешто, од делата на Хесе преку еротските романи до научната фантастика. Сепак Водолии, најмногу ве привлекуваат кратките раскази и стриповите. А, во вашата библиотеката можат да се најдат и собраните дела на Фројд и Јунг, “Како да љубиш постојано” од Барбара де Анџелис, романите на Исак Асимов, богатство од делата на алтернативната литература. И сигурно некој од романите на уште една Водолија, Жил Верн или од збирките песни на Жак Превер. РибиПовеќе од кој било знак во Зодијакот Рибите умеат да создадат уметност од обичното денгубење или дури омиленото излежување врз купиштата перничиња да го именуваат како “креативна меѓуфаза”. Но, шегата на страна, меѓу претставниците на овој знак се кријат и луѓе кои можат да се пофалат со своите бројни таленти. Па, дури и кога не сте генијални сликари, писатели или музичари, вие Риби покажувате извонредна способност за уредување на просторот во кој живеете и во аранжирањето на храната. А, во миговите кога вистински се наоѓате во креативна криза, посегнувате по книгата како по најверен пријател кој ќе ви ги оттргне мислите од реалноста. Читате се, од класиците до хаику поезијата. Го обожавате Виктор Иго и сочувствувате со малата Козета. Во еден здив ја читате “Љубов во времето на колерата” од Маркез; со денови сте длабоко потресени од “Љубовникот” на Маргерит Дирас.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. ” Данче К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|