In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и екологијата

Знаците и летувањето

Знаците и летувањето
 

Овен

Заради огнената и авантуристичка природа, секогаш имате потреба од повеќе адреналин во крвта, за да се почувствувате добро во сопствената кожа. Затоа, класичниот одмор, во кој главниот акцент паѓа на плажата и сончањето само повеќе може да ве замори наместо да ве релаксира. Значи, за време на летувањето вие барате нешто возбудливо, што во себе носи скриени опасности. Тоа е зачинот што ќе му даде вкус на вашето едногодишно здодевно секојдневие. За таа цел, како создадени за вас се патувањата без план и програма, кампирањето на непознати места, посетата на кризните региони во светот, возењето кајак на диви води, банџи како тест за храброста, престојот во ексклузивните хотели кои поседуваат сопствени казина. Па, ако парите не ви претставуваат проблем, дозволете си одмор на рајските хавајски плажи, на бреговите на Мртвото море, во Германија или Израел.

Бик

Вие им робувате на навиките и не би ја жртвувале удобноста за ништо на светот. За време на летото, најубаво се чувствувате дома, покрај полниот фрижидер, гледајќи патеписни репортажи на телевизија, во друштво на долгогодишните пријатели. На летување заминувате само кога сте сигурни дека патувањето нема да ви го наруши комодитетот. Затоа, не му велите “не” на неколкудневниот одмор минат во луксуз. Па, ако сте задоволни од сместувањето, од хотелската соба би можела да ве извлече само поканата за скара во природа. Значи, вас ќе ве освои романтичната Тоскана и зелената Ирска. Но, едно предупредување: внимавајте со кого ќе летувате! Од “такт ќе ве вадат” суштествата кои живеат на импровизации, бидејќи вие сте личност која ништо не му препушта на случајот.

Близнаци

Љубопитни по природа, со потреба од свежи идеи и нови познанства, вие сте “луди по патувањата”. Но, од друга страна, брзо се заситувате од новото. Па, ако треба подолго време да се задржите на исто место, “умирате од здодевност”. Затоа, ќе биде најпаметно да не го земате целиот одмор одеднаш, туку да го поделите на неколку дела, кои ќе можете да ги користите во текот на целата година. Но, ако е тоа невозможно, тогаш не жалете пари и изберете некое крстосување на море или копно, што ви ветува дека секој ден ќе бидете на друго место. А, посетата на Лос Анџелес, Банкок, Амстердам, Сингапур или Палма де Мајорка, сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Рак

Длабоко романтични, врзани за семејството и татковината, вие се трудите да ја пресликате атмосферата на домашното огниште и на местото каде летувате. Па, не тргнувате на пат се додека не успеете да убедите половина од членовите на семејството и пријателите да ви се придружат. При изборот на дестинацијата, предност им давате на туристичките локалитети во татковината. Меѓутоа, при посетата на Флорида, ќе го најдете она за кое од секогаш сте сонувале: диви и пусти плажи, богата тропска вегетација и смирувачки звук на океанските бранови.

Лав

Потребата од луксуз, угледот и статусот се пресудни во изборот на местото на кое ќе летувате. Па, водени од девизата “види и биди виден” вие најчесто се одлучувате за некое од монденските места, како што се Азурниот брег, Монако и Монте Карло. Притоа, секогаш им давате предност на хотелите кои во својот комплекс содржат тениски и голф терени, базени, коцкарници, ресторани и ексклузивни продавници, што ќе ви го поедностават секојдневието. А, цената за вас не значи ништо. Подготвени сте да ја потрошите целогодишната заштеда без “око да ви трепне” само ако сте сигурни дека така оставате добар впечаток на другите. И на крајот, мала препорака од страна на ѕвездите: “Не тргнувајте на пат со оние што го третираат вашето однесување како снобовско, бидејќи ќе ви го расипат задоволството.”

Девица

Аналитични по природа и добро организирани, вие ништо не му препуштате на случајот. Затоа, пред почнувањето на годишните одмори, со месеци однапред го правите планот за летување. Притоа, детално се информирате за тоа која е најкусата врска до дестинацијата, кој е најбезбедниот лет, кои се најчистите хотели, која соба има најубав поглед. Исто така, се информирате и за ефикасноста на медицинските служби на местото домаќин и за цената на услугите. Притоа, секогаш се трудите да го соедините задоволството со корисното. Затоа, со цел да останете во хармонија со себеси, би требало да изберете место кое покрај одмор ќе ви овозможи да ги проширите вашите културни и образовни хоризонти. Добро ќе ви дојде некаков семинар во Швајцарија, посета на историските споменици во Грција со учење на странски јазик, службено патување комбинирано со одмор во Турција. Меѓутоа, со цел да го одморите пречувствителниот нервен систем, би требало да ги избегнувате турканиците и вревата.

Вага

Во моментите кога се колебате каде да заминете на летување, обично пресудуваат вашиот рафиниран вкус, љубовта кон убавото и потребата да не се мешате со обичните смртници. Притоа, уште на старт отпаѓаат “пакет аранжманите” и местата што се масовно посетувани од страна на туристите. Затоа, најпаметно е ако го земете одморот подоцна, по истекот на главната туристичка сезона. Нема да згрешите ако посетите некоја од светските метрополи што дишат со шармот на некогашното благородништво како што се Версај во Париз, Бакингемската палата во Лондон, Прага, Виена и Будимпешта. Ако е тоа неможно, тогаш добра замена е секое место кое ветува интересен и богат ноќен живот, каде што сите ќе можат да ја видат вашата беспрекорна тоалета потпишана од познато име. Уште повеќе ако на тоа место летуваат и познати фаци од џет-сетот, како во Ница и Сан Тропе. Меѓутоа, дневните прошетки не се за вас. Бидејќи, жешкото сонце и испотените тела би можеле да го нарушат вашето чувство за естетика.

Шкорпија

Вие ги мразите жештините. Но, во вас секогаш постои незаситна потреба да ги откриете сите тајни и да ги решите сите мистерии на светот. Затоа, најисполнето ќе се чувствувате разгледувајќи ги остатоците од исчезнатите цивилизации, скришум надевајќи се дека токму вие ќе забележите некаков детаљ што за другите останал скриен од вековите. Уживате да талкате по замрсените сокаци на ориенталните градови, свесни дека секој чекор носи ризик и неизвесност и крие некаква тајна. Уште повеќе ако знаете дека по талкањето ве очекува непроспиена ноќ помината во страсна љубовна игра. Меѓутоа, ако вашите финансии не го дозволуваат тоа, исто толку убаво ќе се чувствувате и во затемнетата соба на сопствениот дом, со филмовите за Индијана Џонс.

Стрелец

Потребата од слобода, природа и космополитскиот дух ве прават најголем глоптротер во Зодијакот. Па, вие патувате само поради патувањето и се чувствувате како дома на било кое место од Земјината топка. На автостопирањето гледате како на средство кое ќе ви ги намали трошоците на патувањето и ќе ви овозможи да запознаете нови луѓе. Но, освен телото, вие со патувањата сакате да го ангажирате и својот дух. Па секогаш во потрага по нови духовни предизвици, сигурно сонувате да отпатувате во Индија, да ја посетите Света Гора во Грција, да уживате во убавините на Антилите или да ги одмерите своите сили фаќајќи се во костец со Големиот кањон во Колорадо. И една мала опомена: при изборот на сопатникот, типувајте на личностите што нема да ви се “обесат околу вратот”.

Јарец

Вие сте исклучително работлива личност, но дефинитивно не функционирате на големите жештини. Затоа, одморот на море и сонце дополнително би ве исцрпил. Значи, ако успеете да ја оставите работата за која сте емотивно врзани и која ви е најважна во животот, би можеле вистински да се одморите некаде на планина или во обиколка на Корзика. Ридеста, каменеста, сушна, но крајно интересна, Корзика сигурно ќе ве освои. Но, вие ќе бидете задоволни и со посетата на архивите и музеите на старите градови кои имаат богата историја. А, ако постои можност, најдобро ќе биде да се приклучите на некое археолошко ископување. Ем поевтино ќе ве чини, ем ќе го правите тоа што ви носи задоволство.

Водолија

Вие ја застапувате идејата дека оној што чекори по туѓите стапки, не остава трага во просторот и времето. Затоа уживате да патувате онаму каде што никој пред вас не се осмелил. Со истото љубопитство би можеле да ги откривате убавините на Исланд, најосамената држава во Европа, да уживате во набљудувањето на геолошките феномени какви што се гејзирите, глечерите и термалните извори. Исто така, би ве задоволило и талкањето по пустите, недопрени плажи на Јужна Калифорнија. Меѓутоа, заради својата непредвидлива природа, секоја година, во “пет до 12” одлучувате каде ќе летувате. Тоа не значи дека откако ќе пристигнете на крајното одредиште, нема да се предомислите за нешто поинтересно. Сепак, вашата способност за прилагодување ви помага насекаде да се чувствувате убаво и лесно да склопувате нови пријателства. Како и да е, кога би можеле да избирате, вие речиси никогаш не би одлучиле по втор пат да престојувате на истото место.

Риби

Романтични по природа и склони на осамување, вие се згрозувате од вревата, турканиците, монденските собиралишта и од луксузот. Од друга страна, во свој елемент се чувствувате само во близина на водата која ве опушта, ве смирува. Па, можете со денови да лежите на плажата, да пливате во морето, да уживате во залезот на Сонцето, пуштајќи ги мислите да лебдат во светот на фантазијата. Но, вечерите дефинитивно сакате да ги минете во прегратките на саканата личност, под ведро небо, со чаша вино. Затоа, нема да погрешите ако одлучите својот летен одмор да го поминете во некое мирно приморско село, со недопрена природа. Таму, во осама и во дослух со природата, ќе можете да го преџвакате минатото и да ги средите чувствата. Исто така, пријатно ќе се чувствувате и во Венеција, Ерусалим, Португалија, на живописниот Хаити, па дури и во жешката Сахара.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби