In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Селин Дион

Шаде Аду


Салвадор Дали

Салвадор Дали - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Салвадор Дали
 

Медиумите постојано го опишуваа како генијален во уметноста, ексцентричен во секојдневниот живот. А, тој на време сфати дека јавноста ужива да биде соблазнета. Затоа, со задоволство и го даваше тоа што таа го бараше, постојано изнаоѓајќи нови начини да ја шокира. Така, за своите славни мустаци тој еднаш изјави дека се “антени за разговор со Вселената”. Друг пат, отиде чекор понапред, па кажа: “Единствената разлика меѓу лудакот и мене е во тоа што јас не сум луд.” Ѕвездите пак потврдуваат дека Салвадор Дали не само што не беше луд, туку беше исклучително интелигентен човек.

Салвадор Дали се роди на 11-ти мај 1904 година во Каталонското гратче Фигуерас, сместено во подножјето на Пиринеите. Се роди во знакот на уметнички надарениот Бик, со подзнак во интуитивниот Рак и Месечина во агресивниот Овен. Цврстата прегратка на Сонцето, симболот за егото, и Меркур, симболот за интелектот, со агресивниот Марс, во моментот на неговото раѓање, открива дека тој беше интелигентен и духовит човек, вистински вулкан од енергија, кој уживаше да ги провоцира другите. А, бидејќи овој стелиум се наоѓа во чувствителниот на уметност Бик, тоа покажува дека Дали беше визуелен тип, со вродени уметнички таленти. Но, и човек кој за пари и комодитет беше подготвен да направи се. Нагласеното поле на пријателите (единаесетто) открива дека најголемата поддршка во клучните моменти од неговиот живот доаѓаше од пријателите. Неговото поле на угледот и кариерата (десетто) е привилегирано поради присуството на Јупитер, планетата на среќата, и Венера, покровителката на уметноста. Додека Месечината, издигната високо во Зенитот, открива дека Дали имаше вродено чувство за пулсот на публиката и дека пресудни за неговата кариера беа жените.

Блискиот контакт меѓу Меркур, симболот за братот, и агресивниот Марс, над злогласната ѕвезда Алгол, открива дека на раѓањето на Дали му претходеше семејна трагедија. Имено, неговиот постар брат, кој го носеше истото име, почина на три години, од менингитис. Па, иако никогаш не го запозна, Дали чувствуваше поврзаност со него. За тоа еднаш рече: “Тој е мојот мрачен бог, бидејќи ние сме Кастор и Полукс. Јас сум Полукс, бесмртниот брат, а тој е Кастор, смртниот брат. Постојано го убивам, бидејќи Божествениот Дали не треба да има ништо со тоа некогашно земно суштество.” Таткото на Салвадор Дали, иако беше богат и му обезбеди удобен живот на семејството, беше познат како суров човек. Тој беше причината што малиот Салвадор во себе акумулираше огромна агресија и бес. Тие подоцна се манифестираа како отпор кон авторитетите и испробување на границите на туѓата толеранција. Не можејќи да му врати на татка си за неговата бесчувствителност, Дали компензација бараше во тоа што ја шокираше околината. Својата пак несигурност ја криеше зад маската на ароганцијата. Во својата автобиографија, тој напиша: “На шест години сакав да бидам готвач, нешто подоцна Наполеон, а кога амбициите болно ми пораснаа одлучив да станам Салвадор Дали.” Со Сонцето во Бик и Асцендент во Рак, Дали на прв поглед изгледа како мирна и обична личност. Но, стелиумот во Бик, и тоа над Алгол, и Месечината, владетелот на хороскопот, во нехармоничен однос со ексцентричниот Уран во полето на работата (шесто), зборуваат за неговата генијалност и ексцентричност. Додека нехармоничните вибрации што Месечината ги трпи од Нептун, од полето на потсвеста (дванаесетто), говори за налудничавост. Така, Уран и Нептун иако навидум споредни, стануваат најважни планети во картата.

Неговиот талент за уметноста се забележуваше рано, уште на почетокот од школувањето. Но, тој започна да се канализира и развива на негова десетгодишна возраст, откако татко му го запиша на курс по сликање. А, кога човек ќе се пронајде себеси во нешто, тогаш се оди лесно, како подмачкано. Па, додека во основното и средното училиште, Дали ги излудуваше професорите со својата немарност и мрзеливост, на курсот по сликање тој беше внимателен и покажуваше зачудувачка вештина. На почетокот го одушевуваа француските импресионисти, за потоа да ги пренасочи своите симпатии кон кубистите. Истовремено, освен сликарството, Дали се интересираше и за книжевноста. Читаше француска литература и филозофија. Дури и самиот пишуваше есеи за големите сликари.

Затоа не беше чудно што на 18 години се запиша на престижната ликовна Академија Сан Фернандо во Мадрид. Од тогаш датира и неговото пријателство со режисерот Луис Буњуел и со писателот Федерико Гарсија Лорка. Па, во услови кога беше далеку од конзервативната каталонска средина, со младешки бунт и со желба да биде прифатен од околината, тој се сврте кон модернистичката уметност, која ги отфрлаше сите норми на општеството. Но, Дали одговори и на додворувањата на Лорка и тие станаа љубовници. “Драг Федерико, гледај со колку нежност сега ќе го напишам твоето име во еден здив: Федерико Гарсија Лорка. Дали ме сакаш? Дојди брзо во Фигуерас”, пишува во едно писмо на Дали до Лорка. Но, идилата траеше кратко. Дали во 1923 година беше избркан од Академијата, бидејќи се дрзна да каже дека никој од професорите не може да го оценува, бидејќи тој е подобар од нив. Сепак, тоа не го спречи да продолжи со сликањето. Па, кога во 1925 година, Јупитер транзитираше низ неговото поле на работата (шесто), тој одржа прва самостојна изложба во Барцелона. И критиката и публиката беа одушевени од младиот сликар кој умееше да ги наслика своите визии така што тие изгледаа како да се фотографирани. Тогаш Дали доби пофалба за извонредната техника и од Пабло Пикасо, кој веќе беше докажан сликар.

1929Пророштвото на ѕвездите, дека во кариерата ќе му помагаат жените, започна да се остварува веќе во 1929 година. Тогаш ексцентричниот Уран во транзит ја активираше неговата натална Месечина, симболот за чувствата и сопругата, и продолжи да се движи низ неговото поле на угледот и кариерата. Додека Кармичкиот Јазол транзитираше низ неговиот знак, Бик. Тоа значеше дека го очекува чуден пресврт во кариерата и ексцентрично љубовно искуство. А, поексцентрично од средбата со Гала, неговата идна сопруга и муза, не можеше ни да сонува. Гала беше сопруга на неговиот пријател, поетот Пол Елијар, беше девет години постара од него и промискуитетна. Искусната Гала знаеше да ги разбуди заспаните страсти на 25 годишниот Дали и тој започна да создава идол од неа. Тоа го открива хармоничниот однос на неговата Венера, планетата на љубовта, со Нептун, планетата на илузиите. Неговиот пријател Луис Буњуел еднаш напиша: “Потполно асексуален во младоста, тој им се смееше на пријателите кои ги сакаа и бркаа жените, се до денот кога Гала му ја одзема невиноста. Тогаш ми напиша писмо на шест страници да ми ги објасни сите убавини на физичката љубов.” Додека неговиот поранешен љубовник Лорка, не можеше да поверува на тоа што го слуша: “Тоа е невозможно”, му се довери тој на еден пријател. “Жените не го возбудуваат.”

Меѓутоа, освен сексот, Дали и Гала ги поврзуваа и други работи, како што е страста кон славата, парите и моќта. Затоа, Гала се погрижи нејзиниот љубовник да стане новата ѕвезда на надреалистичкото движење во Париз. Таа започна да ги организира неговите изложби, се грижеше за продажбата на сликите. “Гала ме спаси од лудило” подоцна изјавуваше тој. Во Париз, Дали ја запозна модната креаторка Елза Шапирели, Коко Шанел, семејството Ротшилд. Хелена Рубинштајн, која ја портретираше во 1946 година, за него рече: “Тој е жив оган и лошотија.” Но, и покрај неговата суровост, Дали ги освојуваше луѓето со неодоливиот шарм, неисцрпната енергија и со неповторливиот талент.

– Беше ли вистина дека Гала го изневеруваше и во стари години и зошто Дали го поднесуваше сето тоа?

Една од причините поради која што Гала сакаше да се омажи за Дали, беше фактот што тој не и замеруваше за нејзините врски со други мажи, бидејќи најмногу што во сексот сакаше е да гледа. Всушност, блиските знаеја дека Дали мразеше кога некој го допира и дека мастурбацијата ја сметаше за највисок облик на сексот. Ѕвездите го потврдуваат неговиот воајеризам, бидејќи силната концентрација на планетарната енергија во Бик, во моментот на неговото раѓање, открива дека Дали беше визуелен тип. Од друга страна, Месечината, симболот на чувствата, сместена во агресивниот Овен и нападната од Уран и Нептун, зборува за осакатена емотивност, за човек што брзо се палеше и брзо се ладеше во љубовниот чин. Додека рестриктивниот Сатурн, сместен во полето на сексот (осмо), открива дека малиот Дали веројатно беше сведок на сексуалните проблеми на своите родители, поради што емотивно се затвори и си вети дека никому, никогаш, нема да му дозволи емотивно да го потчини и контролира. Со други зборови, поради стравот од емотивно предавање и стравот од сексот, голема е веројатноста дека Дали беше импотентен. Тоа веќе објаснува зошто тој ги толерираше неверствата на Гала, па дури и го купи и замокот Пубол, каде што таа можеше непречено да се среќава со своите љубовници. Додека Дали можеше да оди таму само кога Гала ќе му испратеше покана. Тоа објаснува зошто, кога подоцна се преселија во Америка, Дали уживаше да ги шармира богатите Американки. Но, откако ќе ги однесеше во својот стан и ќе ги натераше да се соблечат, тој ги бркаше надвор. Но, позицијата на Сатурн во полето на сексот и наследствата и нехармоничниот однос со планетите во Бик, покажуваше и нешто друго. Покажуваше дека Дали ќе го загуби наследството. И навистина, згрозен од неговиот избор на сопруга, неговиот татко му го одзема правото на наследство.

– Вистина ли е дека Дали ги симпатизираше фашистите?

Најголемата вистина е дека Дали ги симпатизираше парите и беше подготвен да направи се за да дојде до нив. Меѓутоа, како член на движењето на надреалистите, тој се сврте кон марксизмот, како што направија и неговите пријатели Буњуел и Лорка. Но, Гала, која имаше руско потекло и знаеше што комунистите направија во Русија, панично се плашеше од нив. Затоа, Дали се обиде со “еден удар да убие две муви”, да покаже наклоност кон својата сопруга и да си ја обезбеди финансиската иднина, додворувајќи му се на новиот лидер на Шпанија, генералот Франко. За таа цел, испрати телеграма со честитки до генералот Франко кога тој ги потпиша смртните казни за своите противници. Тогаш Андре Бретон, највлијателниот француски писател во тоа време, го нарече Дали “Авида Доларс” (Avida Dollars, алчен за долари), што истовремено беше и анаграм од неговото име, и го исфрли од движењето на надреалистите. Така, периодот на Втората светска војна Дали и Гала го поминаа во Америка. А, кога во 1948 година, тие се вратија во Шпанија, во стилот на типичен хедонистички расположен Бик, Дали причините за враќањето дома ги објасни со речиси астролошка точност: “Храната во Велика Британија и Америка е варварска. Ниедна нација што јаде варварска храна не може да роди големи сликари. Кујната е во блиско сродство со сликарството. Кога подготвувате некое јадење додавате малку од ова, малку од она. Пробувате, оценувате. На крај доаѓате до вистинскиот вкус, а тоа е слично со мешањето бои.”

– Зошто на пазарот на уметнички дела имаше многу копии потпишани од Дали?

Како и секој вистински Бик што го сака удобниот живот, Дали многу ги сакаше парите, но и безмилосно ги трошеше. Додека блискиот контакт меѓу Сонцето и Меркур открива дека тој беше подготвен и на манипулации, со цел да дојде до повеќе пари. За парите еднаш кажа: “Многу рано се опаметив. Дознав дека Сервантес, најголемата слава на Шпанија, заврши во затвор и дека Колумбо, кој на Шпанија и подари цел континент, исто така заврши во затвор. Затоа, одлучив да бидам повнимателен од нив... Прекрасно е чувството кога знаеш дека парите во банка ти се множат, многу пари, купишта пари.” А, бидејќи прекрасно е чувството кога во банка имаш многу пари, кога Дали се разболе и кога сликаше со мака, иако неговото богатство вредеше околу 30 милиони долари, тој и Гала смислија нова шема на заработка. Така, Дали потпишуваше празни листови хартија и им ги продаваше на трговците со уметнички слики за десет долари, а тие можеа на нив да отпечатат некои од неговите поранешни литографии. Дали пресмета дека за еден час може да потпише 1.000 хартии, а тоа значеше многу пари. Идејата на почетокот функционираше добро, се додека француската полиција не заплени пратки со 40.000 листови потпишани од Дали. Тоа ги натера угледните трговци да престанат со таквата пракса.

1982Во јуни 1982 година, додека Сатурн, реализаторот на судбината, и Плутон, владетелот на душите, минуваа низ неговото поле на домот (четврто), почина неговата Гала, со која помина повеќе од 50 години од својот живот. Иако во последните години тој ја мразеше и презираше, сепак без неа не можеше да функционира. Веќе боледуваше од перкинсова болест, ретко излегуваше од дома, никому не веруваше. Покрај него постојано имаше болничарки кои што тој не ги поднесуваше. Затоа, често викаше по нив, ги пцуеше, одбиваше да зема лекови, намерно мокреше во креветот за тие да имаат повеќе работа. На крај, кога животот му здодеа, а смртта не доаѓаше да го спаси, тој реши да и помогне. Затоа, ја одбиваше храната, ги вадеше од себе иглите за инфузија. 1989Конечно, кога на 23-ти јануари 1989, Јупитер во транзит се најде во неговиот знак и помина преку неговиот стелиум во Бик, Господ се смилува и и дозволи на неговата душа да го напушти измаченото тело. По смртта, неговото тело беше балсамирано и денес почива во музејот во Фигуерас, кој многу потсетува на неговиот стил. На покривот на музејот се наоѓаат десетина огромни јајца од камен, како симбол за бесмртноста на креативниот дух.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби