In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Никола Тесла

Никола Тесла - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Никола Тесла
 

Тој му ја подари на човештвото светлината и ноќта веднаш се претвори во ден. Како што Прометеј го украде огнот од Боговите, така тој се дрзна да им ги украде громовите. Можеби тоа го направи љубоморен Богот на небеските громови, па тој се обиде да го казни разурнувајќи ја неговата лабораторија. Работеше и на безжичното пренесување на енергијата, на можноста да се комуницира со Марс, на преносот на енергијата низ горните слоеви на атмосферата. Но, беше и практичен па се интересираше и за примената на електричната енергија во земјоделството, за растерување на маглата со зраци, за осветлување на океанот, за усовршување на радиокомуникациите. Беше хуманист, пророк и аскет. Никола Тесла, човекот што се плашеше дека ќе го запали небото.

Никола Тесла се роди на 10-ти јули 1856 година во село Смиљан, Лика, денешна Хрватска. Се роди во знакот на интуитивниот Рак, со подзнак во истрајниот Бик и Месечина во креативната Вага.

И што е највпечатливо во неговата натална карта, во моментот на неговото раѓање ексцентричниот Уран, планетата на електрицитетот, пронаоѓаштвото и иднината се наоѓаше на неговиот Асцендент во спрега со злогласната ѕвезда Алгол и тоа во Бик. Нешто слично како во картата на Ајнштајн.

Тоа е убедлив показател уште при раѓањето, дека Тесла беше природна антена, силен преносник на Универзалните идеи, секогаш свртен кон иднината и новото, вљубен во техниката и пронаоѓаштвото. Но, никогаш не беше сфатен од околината. Па сето она што тој го говореше во негово време, луѓето ќе успеат да го сфатат и прифатат дури десетици и стотици години подоцна. Затоа, Тесла се чувствуваше осамен, несфатен од другите. Додека од своите современици беше доживуван како осамен чудак, кој подобро е да се избегнува. Алгол пак е ѕвезда десетици пати посилна од Сонцето, оддалечена 93 светлосни години. Неа ја бие лош глас. Се смета дека има разорно влијание, дека често побудува автодеструкција кај личноста во чија што карта е нагласена. Но, веројатно големите откритија во науката не можат без нејзиниот благослов. Бидејќи, секое зло во себе крие некакво добро. Сето ова сместено во материјалниот Бик, во хороскопот на Тесла, му помогна да ги материјализира своите навидум невозможни и генијални идеи. А, бидејќи Бикот е најтврдоглавиот и најупорниот знак во Зодијакот, Асцендентот во Бик му подари трпеливост и невидена упорност да истрае во своите цели.

Поради автодеструктивната сила на Алгол во комбинација со Уран, планетата на Божјата волја, во тврдоглавиот Бик, животот на Никола Тесла неколку пати “висеше на конец”. Така, уште со раѓањето, неговите родители одлучија тој да го наследи свештеничкото руво на татка си. Малиот Никола, пречувствителен како и секој Рак, се противеше на таа идеа. Но тивко, во себе. Тогаш, со цел да го изнуди она што го сакаше, со помош на челичната волја и тврдоглавоста, ја употреби самоуништувачката сила на Алгол. Падна тешко болен и лекарите загубија секаква надеж дека ќе го спасат. Тоа се случи кога имаше 15 години и кога ја заврши реалната Гимназија во Госпиќ. Во неговите намери му помогнаа и ѕвездите. 1871Таа 1871 година, Плутон во транзит, од полето на потсвеста (дванаесетто) се приближуваше кон неговиот Асцендент. Додека непредвидливиот Уран во транзит го допре неговото натално Сонце, предизвикувајќи ја во него желбата да се ослободи од оковите на традицијата. Истовремено, Уран испраќаше негативни вибрации кон неговата Месечина и Марс, во полето на здравјето (шесто). Оздраве дури откако татко му ја одложи својата намера да го направи свештеник. По истиот механизам на изнудување Тесла посегна уште еднаш кога матурираше и кога дефинитивно требаше да се определи за идната професија. Тогаш девет месеци лежеше болен од колера и кога лекарите започнаа веќе да ги креваат рамениците во знак на безизлез, тој тивко му шепна на татка си: “Ќе оздравам ако ме пуштиш да студирам електротехника!”. И така беше.

Сонцето, Венера и Сатурн во моментот на неговото раѓање се наоѓаа во пречувствителниот и интуитивен Рак. Месечината, симболот на душата, беше во силна прегратка со агресивниот Марс, во полето на здравјето и работата (шесто). А, фантазерот Нептун беше сместен во своето седиште, во мечтателните Риби. Сево ова носи невиден ментален немир и пречувствителен нервен систем. Но и голема душевна болка која бара смирување во чистината на мислите. Од друга страна пак, чувствителниот ментален апарат му помогна да ја открие врската меѓу нештата што се невидливи за човечките очи, да достигне Универзалната свест и да има силна волја, со која ќе може да придвижува и планини.

Тој за својата хиперсензитивност еднаш рече:

“Звукот на кочијата што минуваше на оддалеченост од неколку милји ми го потресуваше целото тело. Свирењето на локомотивата оддалечена 30-тина милји знаеше да ми ја затресе столицата на која што седев толку силно, што нанесената болка ми беше неподнослива. Тлото под моите нозе постојано се тресеше, па морав креветот да го ставам на гумени перници со цел да се одморам. Во темница, како лилјак, можев да го откријам присуството на предмети оддалечени и до 12 стапки. Мојот пулс варираше од неколку па се до 260 отчукувања, а тоа тешко се поднесуваше. Лекарот ја прогласи мојата болест за единствена и неизлечива и ми препиша голема дневна количина на калиум бромид. Очајнички сакав да живеам, но не очекував дека ќе се опоравам”.

И тука повторно астрологијата ја докажа својата веродостојност. Имено, Плутон, планетата на скриената енергија, сместен во неговото поле на потсвеста, говори за огромна моќ за регенерација. Но, тоа човек може да го искористи само кога ќе расчисти со потиснатите стравови. Никола Тесла е доказ за тоа како со силата на умот се победуваат болестите и проблемите. Така тој е позитивен пример во астрологијата и воопшто за човештвото.

– Зошто современиците на Тесла го сметаа за чудак?

Одговорот на ова прашање повторно го има астрологијата. Имено, оригиналниот Уран кој има доминантна позиција во неговата карта и кој најчесто диригира со најголемите откритија на човештвото, има и своја опачина. Тоа е ексцентричноста со која ги обојува своите штитеници. Тогаш е разбирливо зошто Тесла имаше потреба да бидат деливи со 3 сите работи што ги прави. Разбирливо е зошто го пресметуваше волуменот на секој залак храна што го внесуваше во устата, зошто се згрозуваше да допре туѓа коса, зошто чувствуваше одвратен вкус во устата, секогаш кога ќе фрлеше парче хартија во вода. Разбирлива е и неговата фобија од микроорганизмите, поради која тој по неколку пати го пребришуваше чистиот прибор за јадење. Всушност, одамна е веќе познато дека е тенка линијата што ја дели генијалноста од лудилото. Но, лудило видено со очите на просечен човек.

– Каков беше неговиот однос кон парите, бидејќи покрај сите откритија тој умре во сиромаштија?

Полето на парите (второ) е под заштита на брзите Близнаци, а во него се наоѓа уште побрзиот Меркур. Тоа зборува дека тој лесно заработуваше, но уште полесно го трошеше заработеното. И тоа најчесто во функција на понатамошните истражувања. Меѓутоа, кога сме кај парите, не смее да се заборави дека на врвот на полето на коцкањето (петто) се наоѓа хазардерски расположениот Лав. Тоа на млади години му донесе страст кон коцкањето. И кој знае што ќе станеше со него во иднина, ако тогаш не се вмешаше неговата мудра мајка. Таа, разбирајќи ја човечката природа, еден ден му даде купче пари велејќи: “Оди и забавувај се. Што побргу загубиш се што имаме, тоа подобро. Но, знам дека тоа ќе ти помине.” И беше во право, бидејќи во човечката природа е да копнее по она што го нема и по се што е забрането.

– Како Тесла доаѓаше до идеите за своите револуционерни откритија?

И овој пат прстот ќе го впериме кон Уран на Асцендентот. На тоа се надоврзува и визионерот Нептун во интуитивните Риби. Под нивното влијание Тесла беше само еден вид на проводник, антена, за сето она што како идеа од секогаш постоеше во Универзумот. Тој тоа и го потврди кога призна:

“Во детството страдав од чудна болест, ми се привидуваа слики често проследени со силен блесок на светлина. Кога ќе чуев некој збор во мојата визија се појавуваше жива слика на предметот што тој збор го опишуваше. Понекогаш дури не знаев дали тоа што го гледам е опипливо, или не е. Тоа ме загрижуваше па барав одговор од студентите по психологија и физиологија. Не можеа да ми ја објаснат оваа појава. Но, наскоро открив дека најдобро се чувствувам ако ги проширувам се повеќе и повеќе визиите. Така почнав да патувам во мислите. Тоа го правев до 17-та година кога посериозно му се посветив на пронаоѓаштвото. Се восхитив кога забележав дека не ми се потребни цртежи, експерименти и примери да го доловам изгледот на тоа на кое што работам.”

Ѕвездите пак откриваат дека Тесла не случајно, на 17 години му се посвети на пронаоѓаштвото. 1873Всушност, таа 1873 година, транзитниот Плутон помина преку неговиот Асцендент и го активираше неговиот натален Уран, антената за Универзалниот Ум и заштитникот на пронаоѓачите. Додека Јупитер, планетата на експанзијата, минуваше низ неговото поле на креативноста (петто).

Во своите истражувања, Тесла дојде до едно револуционерно откритие, дека нашето сознавање за обликот на некое тело зависи од фактот што светлината се шири во прави линии. Затоа, привидот создаден од светлосните зраци е потполно сличен со видениот предмет. Но, кога светлината би се ширела на некој друг начин, тогаш можно е триаголните фигури да се гледаат како шест или дванаесетаголни.

За човечките тела тој вели дека се автомати кои погрешно ја прифаќаат резултантата на надворешните сили како слободна волја, со што многу се доближува до учењето на астрологијата. Движењата и сите други активности на телата смета дека се во функција на одржување на животот. Па, иако се чини дека сме независни едни од други, всушност сите сме поврзани со невидливи врски, тврди Тесла. А, ова тврдење е готово идентично со учењето на езотеричните науки.

– Дали Никола Тесла имаше приватен живот и каков беше со жените?

На врвот на полето на љубовта (петто) се наоѓа галантниот Лав, а неговиот владетел, Сонцето, е во силна врска со рафинираната Венера, планетата на љубовта, и сето тоа под убав агол во однос на идеалистичкиот Нептун. Оттаму, огромниот сензибилитет, продуховеност и копнеж по небеска, нефизичка, Апсолутна љубов. Но, тоа покажува дека Тесла беше галантен во комуникацијата со жените, вистински кавалер.

Познато е дека тој го сакаше друштвото на убавите и паметни жени, се допишуваше со нив, си разменуваше фотографии, им испраќаше раскошни букети со орхидеи. Посебно три жени се натпреваруваа да го привлечат неговото внимание: Флора Доџ, Катарина Мот и Катарина Џонсон. Со првите две Тесла извесно време одржуваше пријателски односи. Но, релацијата со Катарина Џонсон беше поинаква. Таа беше убава и умна, со многу дух и смисол за негување пријателства. Но, пред се беше сопруга на негов близок пријател. Упатените тврдат дека нејзините настојувања да стане поинтимна со Тесла траеја со години. Но, Тесла се однесуваше како ништо да не забележува.

– Тогаш дали се вистинити озборувањата дека Тесла беше хомосексуалец или дури дека се кастрираше себеси?

Нехармоничниот однос меѓу Месечината, симболот на женственоста, и Марс, симболот на машкоста, говори дека се работи за човек со силна, но хировита страст. На тоа се надоврзува и нехармоничниот однос меѓу Месечината и Венера, планетите на љубовта. Тоа во машкиот хороскоп носи неодлучност во клучните моменти, долги апстиненции, па дури и бисексуалност. Но, ова важи за луѓето со пониско ниво на свеста. Меѓутоа, во случајот на Тесла сигурно се работи за свесни апстиненции.

Што се однесува до кастрацијата, позицијата на Марс, симболот на машкоста, во полето на здравјето, открива дека беше можна повреда или операција на машкиот полов орган. Од друга страна, не смееме да заборавиме дека Тесла имаше високо ниво на свест и беше понапред во еволуцијата од обичниот човек. Затоа, тој можеше да го контролира своето тело со силата на волјата, што докажа многу пати. Значи, нему не му беа потребни такви примитивни методи и средства за контрола на физиолошките процеси во телото. Уште повеќе што хуманиот и асексуален Уран на Асцендентот му создаде чувство дека сексот е нешто приземно и дека енергијата потрошена во него е бадијала потрошена, кога со истата би можело да се создаде нешто за спас на човештвото.

Од друга страна, егото во расчекор со емоциите, Месечината, симболот за емоциите, сместена во полето на работата, во цврста прегратка со енергичниот Марс, говорат дека вљубен само во работата Тесла ќе се чувствуваше растргнат меѓу неа и сопругата, доколку ја имаше. Дури беше можно да ја загуби на чуден начин, во несреќен случај. Можеби заради својата интуитивност или заради контактот што го имаше со Универзалниот Ум, тој еднаш кажа: “Брак за уметник - да, за музичар - да, за писател - да. Но никако за научник. Првите тројца присуството на жената може само да ги инспирира. Па, нивната љубов да ги доведе до најубавите и најголемите дела. Додека пронаоѓачот е страстен и таа страст е толку дива и жестока што кога би и се посветил на жената, ништо не би останало за истражувањето. На некој начин тоа е тажно, бидејќи човек понекогаш се чувствува многу осамено.”

Многу искрено, многу смело и многу чесно од негова страна.

– Што лежи во основата на неговиот огромен успех?

Најнапред, невидената и цврста волја што доаѓа од влијанието на Уран, планетата на Божјата волја, на Асцендентот. А потоа, зад неговиот успех стои огромен труд, френетично работење проследено со само неколку часа одмор, челична дисциплина и концентрација. За тоа ќе каже:

“Кога имав 7 - 8 години го прочитав романот “Абафи” чии што пораки беа слични со оние од “Бен Хур”. Можностите што ги отвораа силата на волјата и самоконтролата, силно делуваа на мојата бујна фантазија, па така почнав да се дисциплинирам себеси. Ако имав колаче или сочно јаболко по кои умирав од желба, ќе ги дадев на друго дете минувајќи низ Танталови маки, измачен ама задоволен. Така вежбав со години. На почетокот, тоа од мене бараше големи ментални напори кои беа во расчекор со моите желби, но со годините конфликтот слабееше и конечно мојата волја и желбите станаа едно исто. Во тоа лежи тајната на успехот што го постигнав.”

8 јануари 1943Своите последни денови Никола Тесла ги помина во осаменост, во својата хотелска соба, духовно силен но физички слаб. Ги одбиваше советите на лекарите и посетите на пријателите. А, кога транзитниот Плутон испраќаше непријателски вибрации кон неговиот натален Плутон, додека Јупитер во транзит го допре неговото натално Сонце, душата на генијот се ослободи од оковите на телото и материјалниот свет.

Мртвото тело на Никола Тесла беше пронајдено од собарката на хотелот на 8 јануари 1943 година. Лекарскиот извештај велеше дека смртта настапила природно, поради старост. Тој имаше потполно мирен изглед, како да се одмора, со блага насмевка на ковчестото лице. Генијот умре како што живееше - сам.

Некои извори подоцна тврдеа дека е отруен од извесни тајни служби, со цел тие да ги присвојат забелешките од неговите истражувања. Астрологијата открива дека постои голема веројатност за такво нешто. Но, дека сето тоа ќе остане како голема, неразрешена тајна. Додека некои од неговите откритија повторно ќе ја видат светлината на денот, кога свеста на човештвото доволно ќе созрее да не ги употреби против Вселенските закони и за свое уништување. Според учењето на астрологијата, тоа ќе се случи во ерата на Јарецот, која ќе настапи дури по 2.160 години.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби