In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Лудвиг Ван Бетовен

Лудвиг Ван Бетовен - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Лудвиг Ван Бетовен
 

Ако уметникот е голем и ако како таков го прифати целото човештво, тој тогаш мора да биде поеволуиран човек од сите нас. Бидејќи, него не го избираме ние да направи нешто добро за нас, него го избира Господ да направи нешто без наша волја, но за наше добро. Таков е и случајот со Лудвиг Ван Бетовен, кому Господ му подари огромен талент, креативност, упорност и љубов кон музиката. А, тој полека ама сигурно го “избрка” феудализмот од класичната музика. Заради тоа не е чудно што едногласно, со немо гласање на целото човештво, за најзначајни се прифатени две негови дела: деветтата симфонија и Миса Солемнис. Нивните идеи искажани со музика и текст не може да ги искористи никој поединечно, за никаква политичка цел. Можат да им послужат само на оние кои се борат за хуманистички идеали, за кои се бореше и самиот Бетовен. Веројатно затоа, кога за прославата на денот на Обединетите Нации требаше да се избере музичко дело кое ќе го симболизира братството меѓу луѓето и народите, тогаш без двоумење, изборот падна на Бетовеновата деветта симфонија.

Лудвиг Ван Бетовен се роди на 16-ти декември 1770 година во Бон, во знакот на хуманиот и идеалистички расположен Стрелец, со подзнак во традиционалниот, уметнички надарен Бик и Месечина повторно во слободољубивиот Стрелец. А, планетите на небото, во моментот на неговото раѓање, правеа моќни аспекти и завземаа доминантни позиции. Ексцентричниот Уран, од полето на личноста (прво), му праќаше позитивни вибрации на креативниот Нептун, во полето на работата (шесто), а и двајцата го поддржуваа моќниот Плутон, во полето на угледот и кариерата (десетто). Овој голем Земјен тригон говори за Вселенска заштита, за тоа дека Бетовен беше избран од Господ да изврши посебна мисија на Земјата. Тој беше задолжен преку своето творештво да ги материјализира Вселенските идеи и визии. Оттука, неверојатната сила и магнетизмот со кои зрачеа тој и неговата музика. Но, тоа говори и за несекојдневен живот, изглед и талент. Под влијанието на оригиналниот Уран и моќниот Плутон, неговата музика е занесна и страсна, за веќе во следниот миг под влијанието на мечтателниот Нептун да премине во нешто нежно.

Бетовен се роди како син на црковен пејач. Неговиот татко не беше прототип на добар родител. Тој беше суров, предаден на алкохолот, без чувство на љубов и одговорност кон сопствените деца. Но, тој всушност го научи малиот Лудвиг од рана возраст да ја превземе одговорноста за својот живот и за животите на неговите браќа и сестри, во свои раце. Неговиот татко го воведе и во царството на музиката. Па, веќе во својата осма година, малиот Лудвиг свиреше клавир, а во единаесеттата свиреше во театарскиот оркестар. Но, заради емотивната глад во детството, тој научи да ги потиснува своите емотивни потреби и да не ја покажува љубовта. Затоа, целата своја енергија ја насочи кон работата. А, луѓето го доживуваа како нечувствителен и суров. Тоа всушност го покажува и позицијата на суровиот Сатурн, сместен во полето на љубовта (петто) во неговата натална карта. Сатурн во петто поле говори дека човек ја отфрла љубовта од себе од страв да не биде повреден, како што веќе бил во детството, од страна на своите родители.

Кога наполни 17 години, младиот Бетовен дојде во Виена. Но, потребата за лична слобода и независност, што е всушност основна потреба на секој Стрелец, често мораше да ја плаќа со беда и немаштија. Со цел да најде попристојни услови за живот и работа, тој во Виена смени дури 15 стана. Но, секогаш вториот беше полош од првиот. 1787Ништо чудно ако се знае дека во периодот од 1787 до септември 1789, непредвидливиот Уран транзитираше низ неговото поле на домот (четврто), оневозможувајќи му да остане на исто место подолго време. 1795Неколку години подоцна, во 1795 и 1796, Сатурн, реализаторот на судбината, минуваше низ знакот Близнаци и им испрати негативни вибрации на неговата натална Месечина, симболот за чувствата, на наталното Сонце, симболот за егото, и на наталниот Меркур, симболот за говорот и слухот. Тоа предизвика да се случи нешто страшно. Уште на почетокот на кариерата што многу ветуваше, кога имаше само 25 години, Бетовен ја доживеа најголемата несреќа што може да му се случи на еден музичар, го загуби слухот. И тука мудрите би рекле дека секоја случка во нашиот живот е само материјализација на убедувањата што ги содржи нашиот ум. И би додале дека човек го губи слухот кога му е премногу болно да ја чуе вистината. А, Бетовен не сакаше да чуе дека неговиот брат ќе се ожени за жената во која што и тој самиот беше вљубен. Па дури потајно ја сметаше за единствената вистинска љубов во својот живот. Други пак би рекле дека со цел да не се возгордее поради апсолутниот слух што го поседуваше, Судбината се обиде да ја излечи неговата гордост одземајќи му го слухот. Како и да е, суровата болест го натера да се повлече во себе, го фрли во очај, па дури го донесе и до работ на самоубиство. Меѓутоа, никој се уште не проникнал во Божјата промисла за да открие каква е смислата на лошите работи што ни се случуваат во животот и какво добро имаме од секое лошо што сме го преживеале.

И овој пат Бетовен од депресијата го спаси неговата силна волја, храброста да ја прифати несреќата и решеноста по втор пат во животот да ја земе судбината во свои раце.

Од победата над себеси, Бетовен изгради богата подлога за својата уметност. А, во нејзината основа лежи филозофијата за животот и моралот, изградена врз темелите на човекољубието, борбеноста, храброста и решеноста во исполнувањето на животната мисија да се истрае до крај. Факт за кој Бетовен и тоа како беше свесен.

И токму како глув музичар, тој ги направи своите најпознати и најдобри дела, ја напиша деветтата симфонија, концерти за клавир, виолина, 32 клавирски сонати, 10 сонати за виолина, 5 сонати за виолончело, камерни дела, увертири, песни, “Миса Солемнис” и операта “Фиделио”. Очигледно тоа и го должеше на Судбината, која му го одзема слухот, можеби токму со цел да не ја растура енергијата и талентите на секојдневните, тривијални случувања, луѓе и разговори, туку да ја насочи во креативна работа.

Ретко кој музички великан можеше со таква леснотија да ги согледа слабостите на општеството во кое што живееше, општество со кое се уште владееше аристократијата, но веќе се издигнуваше граѓанската класа. А, како и секој правдољубив и вистинољубив Стрелец, тој без страв и без “влакна на јазикот” ги критикуваше моќниците од тоа време, покажувајќи нескриен презир кон малограѓанштината. И кога неговиот брат, кој со помош на шпекулации се збогати преку ноќ, му испрати визит-карта на која пишуваше “Јохан Ван Бетовен - сопственик на имот”, Бетовен му прати своја визит-карта на која што напиша: “Лудвиг Ван Бетовен - сопственик на мозок”...

Под влијанието на оригиналниот и ексцентричен Уран во близина на Асцендентот и моќниот Плутон на Зенитот, Лудвиг Ван Бетовен беше оригинален и свој во се што работеше. Па, кога еднаш дојде до жесток конфликт меѓу него и неговиот мецена, кнезот Лихновски, импулсивниот Бетовен му кажа директно в лице: “Кнезу, тоа што сте Вие, сте го стекнале со игра на случајот и со раѓањето. Додека, својата позиција јас си ја должам самиот на себе. И до сега имало кнезови и ќе има илјадници во иднина, но Бетовен е само еден!”

Навистина искрено, смело и самосвесно како што тоа го може само еден Стрелец. Но, на неговиот бистар ум и остар јазик големо влијание изврши и блискиот контакт меѓу Сонцето и Меркур, планетата на разумот и говорот, сместени во филозофскиот и арогантен Стрелец. Додека нехармоничниот однос меѓу бистриот Меркур и агресивниот Марс, во неговиот хороскоп, беше причината поради која тој лесно влегуваше во конфликти со луѓето, ги навредуваше, сакаше постојано само тој да биде во право.

– Дали навистина беше човек без срце, како што многумина му забележуваа?

Не постои човек без срце. Најчесто агресивноста е начин на кој што луѓето се трудат да се заштитат себеси од повреди. Пресудна улога за несредениот љубовен живот на Бетовен има позицијата на Сатурн во полето на љубовта (петто) во неговата карта. Тоа открива дека недостатокот на љубов во детството го спречуваше да се отвори и комплетно да и се предаде на саканата личност, од страв дека би можел да биде искористен, отфрлен и повреден. На тоа се надоврзува и позицијата на Венера, планетата на љубовта, во конзервативниот Јарец, што говори за чувство на несигурност и потреба од голема и вистинска љубов што ќе трае до крајот на животот. Додека позицијата на Месечината, која е одговорна за чувствата, во слободољубивиот Стрелец, говори дека тој всушност се плашеше некој да не му ја ограничи слободата. Затоа, мажите во чиј што хороскоп Месечината е во Стрелец, најчесто цел живот остануваат ергени.

– Можеше ли да го победи сето тоа?

Да, преку креативна работа и преку работата со деца. Тие би му помогнале повторно да направи контакт со повреденото дете во себе и така да исцели. Можеби затоа Бетовен толку многу се вложуваше во воспитувањето на својот внук, откако брат му почина.

Неговите биографи тврдат дека Бетовен имаше богат љубовен живот, но дека никогаш не доживеа искрена љубов. Многумина тука ја наоѓаат причината за неговата недоверба кон луѓето. Според нив, неговиот љубовен опус започна на негова петнаесетгодишна возраст кога тој се вљуби во некоја Елеонора. Во истото време, неговата Месечина во дирекција го допре Јупитер, планетата на среќата. Потоа следуваше примадоната Магдалена. Негова исто така голема љубов беше и неговата ученичка Џулиета на која и ја посвети “Месечевата соната”. Педесет години по неговата смрт, Фани дел Рио зборуваше за неговата голема љубов кон неа. На списокот на неговите љубовници се наоѓаше и името на убавата и интелигентна Тереза, на страсната, темнокоса пеачка Амали, која до крајот на својот живот го чуваше неговиот прамен коса што тој и го подари на разделба. А тој, остана да сонува и да пишува љубовни писма кои никогаш не ги испрати, до жената на својот брат.

Во последните години од својот живот, со луѓето комуницираше само со пишување. Па, затоа секогаш до себе имаше некаков бележник. На крајот остана без средства за живот. Се разболе.

На ден 26 март 1827 година, надвор беснееше снежно невреме. И кога одненадеж светна и загрме, болниот Бетовен, како и секој непоправлив бунтовник, ја крена својата тупаница кон небото и умре. До неговиот вечен дом, во алејата на музичарите, каде што почива до Шуберт го испрати река од околу 30.000 луѓе. А, она што тој го зборуваше тогаш, воден од сопственото искуство, луѓето се во состојба да го сфатат дури денес. Тој велеше: “Несреќата може да ја поднесе само оној кој мисли и постапува позитивно и благородно.”

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби