In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Џакомо Џироламо Казанова

Џакомо Џироламо Казанова - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Џакомо Џироламо Казанова
 

Најголемиот до сега познат љубовник и авантурист, Џакомо Казанова, се роди на 2-ри април 1725 година, во Венеција, во семејство на актерите Гаетано Џузепе Казанова и Занета Фаруси. Но подоцна, сакајќи да си даде на значење или кажувајќи ја вистината, Џакомо изјави дека неговиот вистински татко беше венецискиот благородник Микеле Гримани, чие што семејство го поседуваше театарот во кој беа вработени неговите родители. Поради тоа што родителите на Џакомо Казанова беа постојано отсутни, на турнеи со театарот, тој детството го помина со својата баба од мајчина страна, Марција Фаруси. Болежлив по природа, првите години од својот живот тој подоцна ги опиша како “состојба на вегетирање” кое наеднаш, заедно со хроничното крварење од носот исчезнаа како со “рака однесени”, тогаш кога умре неговиот татко, во 1733 година. Ова не е чудно ако се знае дека Сонцето, симболот на егото и таткото, е сместено во полето на здравјето (шесто) во неговиот хороскоп и прави цврста врска со Кирон. Тоа покажува дека малиот Џакомо имаше рането его и истовремено чувствуваше и жал и презир за татка си. Затоа, на несвесен план веројатно се договори со себеси дека тој ќе му ја поврати честа. Така, со смртта на татко му, голем товар падна од неговите мали плеќи. Затоа и веднаш оздраве. А тоа што како возрасен ги изневеруваше жените, можеби беше само потреба, казнувајќи ги нив, да ја казни мајка си за гревот и да се оддолжи во името на неговиот татко.

1733Сепак таквото чувство на ослободување немаше да се случи, ако не беше помогнато и од ѕвездите. Имено, во 1733 година, транзитниот Сатурн, реализаторот на судбината, го допре неговото натално Сонце, симболот на таткото и егото, во неговото поле на здравјето (шесто), што ги предизвика неговите здравствени проблеми и смртта на татко му. А, потоа, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше преку неговиот Асцендент и низ полето на личноста (прво), активирајќи го неговиот натален Уран, симболот за слободата. Додека транзитниот Уран и Кармичкиот Јазол поминаа преку неговата натална Месечина, симболот за душата. Оттаму тој почувствува ослободување и олеснување на душата.

1734Љубовниот живот на Џакомо Казанова започна многу рано, на 9 годишна возраст. Повторно не случајно, бидејќи во 1734 година Јупитер, страсниот Марс и ексцентричниот Уран во транзит ја активираа неговата натална Месечина, симболот за љубовта. Тоа покажува дека неговото прво сексуално искуство се случи во необични околности, на чуден начин. Дури е можно да се работи за некаква сексуална злоупотреба, поради која тој подоцна имаше сексуални искуства и со мажите и со жените. Како и да е, во мемоарите што Казанова ги напиша пред својата смрт, опиша ни помалку, ни повеќе, туку 116 љубовни авантури. И заклучи дека не се кае за ништо што направи во својот живот. Можеби од денешен аспект на забрзано живеење и засилени комуникации меѓу луѓето ширум светот, тоа не е многу. Но, секако изгледа импозантно за човек кој живееше кон средината на 18-иот век, кога се уште се патуваше со коњи, кочии и бродови.

Тука се наметнува прашањето: Што овој човек го разликува од останатите од неговото време и што е тоа што го направи најпознат љубовник на сите времиња?

Астрологијата, нормално има одговор за тоа. Имено Казанова е роден во знакот на најголемиот освојувач во Зодијакот, во авантуристички настроениот Овен. Подзнакот е во страсната и магнетски привлечна Шкорпија. Додека Месечината се наоѓа во авантуристички расположениот Стрелец. Мажите со Месечина во Стрелец му се спротивставуваат на бракот и најчесто остануваат неженети. Непредвидливиот Уран на Асцендентот го прави интересен и несекојдневен во очите на луѓето. Додека стелиумот во полето на љубовта, коцката и уметноста (петто), меѓу освојувачот Марс, кокетната Венера и брзиот и интелигентен Меркур, го направија постојано еротски надразнет, вистинска “секс-бомба со кус фитил”, шармер и лажго. Ете зошто Казанова не можеше да се смири на едно место. Тој поседуваше вишок енергија која мораше некаде да ја испразни. Тоа објаснува зошто Казанова постојано влегуваше од врска во врска, блефираше, се расфрлаше со еротиката, парадираше, експериментираше во сексот. Но, од друга страна, заради сексуалните скандали често ја губеше позицијата, па дури беше и во затвор повеќе пати. Но, сиот овој огномет од планети во неговата карта открива и нешто друго. Открива дека се работи за исклучително интелигентен и прилагодлив човек.

А, кога во 1742 година Јупитер, заштитникот на високото образование, законот и религијата, транзитираше низ неговото поле на високото образование (деветто) и низ полето на кариерата (десетто), Казанова дипломираше на граѓанско и црковно право. И макар што неколку пати работеше како советник на некои од тогашните бискупи и кардинали, неговата немирна природа која што не трпеше наредби и ограничувања, секогаш го принудуваше да напушта се во потрага по слобода и нов предизвик. Едно време дури работеше и како виолинист во театарот Сан Самуеле, со цел да може да остане независен. Некаде во исто време, во 1746 година, ѕвездите се обидоа да ја подобрат неговата финансиска ситуација. Всушност таа година, Јупитер, планетата на благосостојбата, транзитираше низ неговото поле на парите (второ). Тогаш Казанова се запозна со венецискиот благородник Матео Џовани Брагадин. Всушност му помогна да го преживее срцевиот удар. Па, дури ги плати и сметките за неговиот медицински третман. Откако Брагадин закрепна, во знак на благодарност, го прогласи Казанова за свој посвоен син и богато го награди. Меѓутоа, Брагадин го воведе Казанова и во окултизмот, магијата и кабалата.

1755Набљудуван од Инквизицијата заради своите окултни познавања, но повеќе заради своите контакти со странските амбасадори, тој беше уапсен во јули 1755 година. Во тоа време, транзитниот Сатурн дојде да ги наплати долговите за неговото однесување во минатото, активирајќи го неговиот натален Сатурн во полето на комуникациите (трето), кој е во нехармоничен однос со неговото натално Сонце, од полето на работата (шесто). Додека Кармичкиот Јазол во транзит го активираше неговиот натален Плутон, симболот за моќта, во полето на пријателите (единаесетто). Тоа открива дека веројатно некој од неговите моќни пријатели му го сврте грбот и го поткажа на Инквизицијата. Сепак, Казанова успеа да побегне од Венеција за Париз, во ноември 1756 година. 1756Во тоа му помогна Нептун, магот на илузиите, кој минуваше низ неговото поле на угледот (десетто). А, Јупитер ја омекна силата на неговите душмани, минувајќи низ полето на таинствените непријатели (дванаесетто). Тоа открива дека Казанова до слободата дојде повторно со добро изведена измама. И наместо неговото бегство од затворот да го направи непожелен во високите кругови на Париз, напротив, неговите разубавени описи за тоа што се беше случило го направија “најбараниот гостин” на забавите што се подготвуваа токму во тие кругови. Додека контактот на неговиот транзитен Уран со наталната Венера, планетата на љубовта, и тоа во полето на љубовта (петто), покажува дека токму во Париз, во 1756 година, Казанова ги изживеа своите најперверзни фантазии. Тогаш, тој ги злоупотреби и своите окултни знаења, со цел да извлече пари од богатите, но фрустрирани жени.

Тука се наметнува едно друго прашање: како му успеваше сето тоа?

Астрологијата вели дека нагласеното поле на љубовта и забавата во неговата карта го направи неодолив, наметлив, еротски привлечен. А, ако тука се надодаде и влијанието на Шкорпијата, тоа го објаснува магнетскиот сјај на неговите очи, опиеноста со мистицизмот и магијата, како и силната енергија која извираше од неговите раце и која го скротуваше женското двоумење.

Во долгиот список на 116-те освоени срца, Казанова ги запиша имињата на многу познати жени од тоа време, на стариот континент. Дури и два пати сакаше да се ожени. Првиот пат за сопранот, кастратот Белино. Вториот пат за Леонилда, за која што подоцна дозна дека е всушност негова вонбрачна ќерка од врската со дона Лукреција.

Како и да е, ќе остане запаметен како човек авантурист, адвокат, дипломат, агент на кралевите и кардиналите, шпиун на владите, ортак на картаџиите, директор на театар, новинар, офицер, заповедник на галија, доушник на државната Инквизиција, манипулатор. Во 1764-65 година, додека Јупитер минуваше низ неговото поле на странство и на кариерата, тој во Русија и напиша ода на царицата Катерина. Дури ја советуваше да направи реформи на календарот, да го смени од Јулијански во Грегоријански, како што направи западна Европа многу порано. Нешто подоцна, во 1787 година, во Прага, тој се дружеше со Моцарт.

Насмеаниот јунак на Рококото, кому никаде не можеа да му “застанат на опашката”, умре на 73 годишна возраст од рак на мочниот меур. Барем така велат неговите биографи. Современата медицина имајќи ја предвид врската меѓу неконтролираниот љубовен живот и болестите на простатата, денес веројатно ќе тврдеше нешто друго. А, астрологијата веројатно ќе потврдеше, имајќи го предвид Асцендентот во Шкорпија и нејзината “Ахилова петица”, репродуктивните органи.

Всушност, Џакомо Казанова го потврди правилото дека од она од кое што живееш, од тоа и ќе умреш.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби