In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Шаде Аду


Селин Дион

Селин Дион - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Селин Дион
 

Благословена со прекрасен глас, кој може да опфати дури 5 октави, што критичарите го оценија како биолошко чудо, таа ги помина сите бариери. Ги помина дури и оние јазичните и за само неколку години стана она што од секогаш сакаше да биде, најсјајната поп-ѕвезда на интернационалното музичко небо.

Селин Дион се роди на 30-ти март 1968 година, во Шарлмањ, Канада, како последно од четиринаесетте деца на Адемар и Терез Дион. А, ѕвездите велат дека родена со знак и Месечина во секогаш расположениот за натпревар и докажување Овен, со подзнак во славољубивиот и театрален Лав, таа е личност која има вродена потреба да е прва и најдобра во она што го работи. Но, таа е и личност со непресушна енергија, кај која што чувството за сопствената вредност и емотивната стабилност растат правопропорционално од славата и статусот што го има во општеството.

И додека нејзините биографи тврдат дека таа во детството била постојано опкружена со љубов и музика, бидејќи се родила во музичко семејство и била најмалото дете во семејството, ѕвездите го тврдат спротивното. Имено цврстата врска меѓу Сонцето, симболот за татко, и рестриктивниот Сатурн, како и Месечината, симболот за мајка, во близок контакт со агресивниот Марс, во моментот на нејзиното раѓање, говорат дека таа беше дете без детство. Мајка и ја имаше доминантната позиција во домот. А, главниот акцент во нејзиното воспитување беше ставан на должностите и материјалните вредности. Затоа, таа веројатно рано согледала дека ќе мора сама да се избори за работите што и значат во животот. Но, за да можеше да ги оствари своите големи амбиции, таа уште од мали нозе мораше да биде исклучително одговорна и дисциплинирана. Тоа се двете најважни особини во нејзиниот карактер.

Во едно свое интервју, Селин Дион вели: “За свои најдобри особини ги сметам мојата одлучност, професионализмот и дисциплината.” Вистински опис во само три збора за суштината на нејзината личност. Тоа го открива и нејзиниот хороскоп. Блискиот контакт меѓу Сонцето, симболот за егото, и рестриктивниот Сатурн во Овен, кој има војнички дух, говори дека Селин Дион е одлучна, дисциплинирана и амбициозна личност. А тоа уште повеќе го потенцира цврстата спрега меѓу Месечината и Марс, во воинствениот Овен, во полето на кариерата (десетто). Притоа, Месечината е симбол за потребите на душата, а освојувачки расположениот Марс е владетел на Овенот. Со други зборови кажано, наталната карта на Селин Дион би можела да биде и карта на воено лице. Она што ја направи пејачка е цврста врската меѓу Венера, планетата на уметноста, и разиграниот Меркур, и тоа во креативните Риби. Тие и дадоа уметнички таленти и смисла за шоу бизнисот. А, “јаготка на шлагот” во развојот на нејзината музичка кариера одиграа нејзиниот Асцендент во гладниот за аплаузи Лав и музикалниот Нептун во полето на креативноста (петто). Што се однесува до приватниот живот, личностите каде што Сонцето и Сатурн се во близок контакт, како што е случајот со Селин Дион, честопати компензација за улогата на таткото во нивниот живот ја бараат во партнерите значително постари од нив.

Во своите пак интервјуа, Селин Дион, со гордост раскажуваше дека нејзиното семејство го помина Квебек (покраината во која што е родена) вдолж и попреку, свирејќи фолк музика. Таа со гордост раскажуваше и за фактот дека нејзините родители подоцна купија еден ресторан и бар, каде што таа започна да пее на 5 години. А, веќе на 12, знаеше точно што сака од својот живот. Па, откако и раскажа на мајка си дека сака да биде професионална пејачка, нејзината мајка го напиша текстот за песната “Тоа беше само сон”, а брат и ја напиша музиката. Откако Селин ја отпеа песната и самата ја сними на лента, тие ја испратија лентата до Рене Анжелил, менаџер од Монтреал. Меѓутоа, тој сигурно никогаш немаше да ја преслуша лентата, ако братот на Селин, Мишел Дион, не му телефонираше потсетувајќи го на тоа. И нормално, Рене ја преслуша лентата и посака да ја види и чуе Селин, во живо. Тогаш, тој им вети на нејзините родители дека ќе направи од неа голема ѕвезда во Канада и Франција. Тој беше толку сигурен во нејзиниот успех, што за издавање на нејзините први два албума подигна кредит, а како залог ја стави сопствената куќа. И не се излажа. Неговата малолетна штитеничка, не само што за кусо време ги врати вложените пари, туку со гласот и песните, незапирливо иташе кон врвовите на славата. За кусо време, Селин стана слушана во целиот свет, почнувајќи од Америка до Јапонија и од Англија до Австралија. Нејзините албуми се продаваа и се продаваат во милионски примероци. Додека за концертите што се одржуваат на големите стадиони се бара билет повеќе.

Тоа го потврдуваат ѕвездите во нејзиниот хороскоп. Јупитер, планетата на среќата, се наоѓа во полето на парите (второ). Сонцето, показателот на самореализацијата и сериозниот Сатурн се издигаат високо на Зенитот, едниот од полето на странство и долгите патувања (деветто), а другиот од полето на угледот и кариерата (десетто). Тука се и Месечината, показателот на медијалноста, со енергичниот Марс. Месечината, на критичен степен на Овен, во полето на кариерата, ја открива нејзината потреба секогаш нешто брзо да направи на тој план, од страв дека нема време. Можеби затоа, на почетокот од својата кариера, на прашањето на новинарите за нејзиниот приватен живот, таа кратко одговори: “Јас сум фокусирана на кариерата, постојано патувам, не размислувам за ништо друго”. И веројатно беше искрена, бидејќи потребата на секој Овен е прво да ги задоволи амбициите и да им покаже на другите колку вреди.

1988Сепак, пресудна за понатамошниот тек на настаните, беше 1988 година и Евросонгот во Даблин. Селин имаше 20 години, нов имиџ, нова фризура, средени заби. Настапи за Швајцарија, со песната на швајцарските автори Нели Мартинети и Атила Серефтуг, “Не одите без мене”. Победи во една драматична борба само со еден глас повеќе од второпласираната песна. Меѓутоа, таа ноќ во Даблин беше пресвртница и во љубовниот живот на Селин Дион. Таа која што веќе три години беше потајно вљубена во Рене, тогаш за прв пат го бакна и така започна нивната врска која што трае до денешен ден. Тоа се случи кога Сонцето во дирекција, ја сретна Месечината. Додека Јупитер минуваше низ нејзиниот знак и низ полето на угледот и кариерата.

И додека виолините ја свиреа “Бојата на мојата љубов”, песна во која што Селин признава: “Рене, со години во моето срце го чував нашиот сон. Но, тој е сега толку силен што не можам да го задржам во себе. Затоа, дозволи ми да ја обојам вистината, да покажам што чувствувам. Рене, ти си бојата на мојата љубов...” Значи, додека виолините ја свиреа оваа нејзина песна, Селин и Рене го кажаа своето судбинско “да” во аулата на базиликата “Нотр Дам” во стариот дел на Монтреал. Беше тоа во 1994 година и беше тоа најекстравагантната венчавка во дотогашната канадска историја на венчавките, која што чинеше 500.000 американски долари. 1994Но, 1994 беше година кога Јупитер, планетата на среќата, транзитираше низ нејзиното поле на љубовта (петто) и го допре Нептун, планетата на илузиите. А, истото го направија и транзитниот Плутон и Северниот Месечев Јазол, кои се одговорни за кармата и за кармичките врски. Тоа покажува дека Селин навистина ја доживеа својата свадба како нешто нестварно, како бајка, како исполнување на детските соништа.

Нешто подоцна, се исполни и нејзиниот втор голем сон. Таа пееше во париската “Олимпија”.

“По десетгодишно темпо што не би го издржало ниту магаре”, како што напиша еден музички критичар, таа веќе во 1997 година планираше да се повлече, да му се посвети на сопругот и да роди дете. Тогаш се пожали: “Јас веќе не можам да живеам нормален живот како што тоа може да го стори градинарот кој се интересира само за своите домати. Јас не можам да се разбудам наутро и да останам во постела, само затоа што се чувствувам ужасно. ?е бидам пресреќна кога повторно ќе ми биде здодевно.”

Меѓутоа, Судбината сакаше таа да добие понуди да пее во дует со нејзиниот идол, Барбара Стрејсенд, со Лучиано Павароти, да биде пратечки вокал на албумот на Би Џис. Судбината сакаше таа да ја испее и песната лајт-мотив на филмот “Титаник”, “Моето срце ќе продолжи понатаму” и да собере уште неколку награди во 1998 и ’99 година. Кога Јупитер повторно транзитираше низ нејзиниот знак и нејзиното поле на кариерата. Исто така и Сатурн, реализаторот на судбината, транзитираше низ Овен. Но, тој не дава награди однапред, туку дури откако добро ќе ја намачи личноста. А, Сатурн испровоцира навистина стресни ситуации во животот на Селин Дион. Нејзината среќа се замагли, кога кон средината на ’99 година, лекарите констатираа тумор на грлото кај нејзиниот сопруг. 1999Токму во мигот кога Сатурн транзитираше низ нејзината натална Месечина, симболот за љубовта и чувствата, тој и го донесе најголемото емотивно страдање. Целта беше да научи да не ја врзува душата за ништо што е земно, ниту за славата, ниту за парите. Да сака, но да не гради зависнички врски со тие што ги сака.

Во тие драматични мигови од нејзиниот живот Селин Дион ја прекина турнејата, постојано беше до сопругот за време на неговото лекување, се откажа од идејата да стане мајка. И можеби болеста беше само навидум “удар на судбината”, а повеќе нејзина шлаканица, која имаше за цел да ја потсети Селин кои се вистинските вредности во животот. “Рене за мене е многу повеќе од маж и менаџер. Тој е мојот живот, смисла на моето постоење, средиште на светот”, ќе каже тогаш. А, со оглед на карактерот и сериозноста на болеста на Рене, тие одлучија да ја смрзнат неговата сперма и во некои подобри времиња, да се обидат да станат родители. По операцијата и макотрпното лекување, Рене конечно оздраве, во што малкумина веруваа. Тогаш, со цел да му покаже на својот сопруг колку го сака, Селин на 5-ти јануари 2000 година организираше гламурозно обновување на брачниот завет, во Лас Вегас. Церемонијата беше во стилот на “Илјада и една ноќ”. А, бидејќи Анжелил е Сириец, тие беа облечени во сириски народни носии. Потоа, Селин Дион се повлече од сцената за да живее нормален живот, да го минува времето со сопругот, да игра голф и да се обиде да го оствари и својот трет сон, да стане мајка. А раѓањето на нејзиниот син Рене-Чарлс, во јануари 2001 година, по повеќе обиди со вештачко оплодување, е доказ за тоа дека чудата се можни, само ако човек навистина верува во нив.

2003И макар што Селин со задоволство во гласот им соопшти на новинарите дека нејзината музичка кариера ќе биде во мирување се додека таа ја гради својата кариера на мајка, Судбината повторно сакаше поинаку. Јупитер во 2003 година, транзитираше низ нејзиниот Асцендент и низ првото поле, со што и создаде шанса за позитивни промени и нови почетоци. Па, таа во март 2003 година потпиша еден од најисплатливите договори што некогаш ги потпишал некој пејач. Се обврза дека ќе настапува пет пати неделно, три години, во Цезар Палас, во Лас Вегас, за хонорар од сто милиони долари. Навистина хонорарот беше импресивен, но многумина беа сомничави бидејќи и ризикот беше пропорционален. Заради високата цена на влезницата (90 до 200 долари), скептиците тогаш тврдеа дека проектот ќе биде со краток здив. Меѓутоа, се покажа дека Селин Дион е име што без проблем може да пополни сала од 4.000 места. Таа, само во првите шест месеци во 2005 година оствари повеќе од 43 милиони долари, или 330.000 продадени билети. Тогаш Цезар Палас и го продолжија договорот до крајот на 2006 година. А потоа, заради одличните финансиски резултати, го продолжија договорот до 15-ти декември 2007 година. Хонорарот што таа го доби за овој период беше строго чувана тајна. Упатените тврдеа дека се работи за сума до сега незапаметена во шоу бизнисот. Додека злобниците тврдеа дека Селин беше принудена да го продолжи договорот со цел да ги плати огромните долгови што нејзиниот сопруг, зависник од коцката, ги направи во Цезар Палас. Таа остро го демантираше тоа, тврдејќи дека Рене беше хазардер само еднаш во животот, тогаш “кога се стави на коцка заради нејзината кариера”.

А, како и секој Овен, кој секогаш има потреба да освои уште еден врв и да оди напред, таа не запира. Кон средината на февруари 2008 година, започна светска турнеја, што значи дека би требало да посети 25 држави и да пее во 100 градови, промовирајќи го новиот албум, “Taking chances”.

Шоуто мора да продолжи, нели?

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби