In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Катрин Денев

Катрин Денев - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Катрин Денев
 

Во суровиот свет на филмската индустрија, која секогаш е гладна за нови, млади лица, таа го направи речиси невозможното, вешто го одржува својот статус на ѕвезда веќе 40-тина години. Катрин Денев, симбол на стил и убавина за сите жени во светот и гламурозен објект на таинствените машки желби.

Се роди на 22-ри октомври 1943 година во Париз, во знакот на грациозната Вага, со подзнак во емотивно дистанцираниот Јарец и Месечина во театралниот Лав. Сето ова говори за уметнички предиспозиции и потреба од аплаузи. Многу природно ако се знае дека Катрин Денев се роди како трето дете во едно уметничко семејство. Мајка и беше актерка, татко и писател на сценарија. Додека постарата сестра, Франсоаз Дорлеак, беше интернационална убавица и актерка.

1956И можеби тука лежи причината за нејзините рани почетоци на филмот. Така, Катрин Дорлеак, на само 13 години го зема моминското презиме на мајка си, Денев, и срамежливо зачекори во светот на подвижните слики. За своите почетоци ќе каже: “Јас бев многу срамежливо девојче и навистина не сакав да се појавам на филм. Но, сестра ми која веќе имаше актерско искуство ме испрати на разговор со продуцентите. И се почна некако одненадеж!” Ѕвездите пак откриваат дека тоа не беше толку одненадеж. Всушност, таа 1956 година, Јупитер, планетата на среќата, транзитирајќи низ нејзиното поле на јавноста (седмо), го активираше нејзиниот натален Јупитер, и помогна таа да излезе од анонимноста. Но, низ полето на јавноста транзитираа и непредвидливиот Уран и влијателниот Плутон. Додека харизматичниот Нептун во транзит го допре нејзиното натално Сонце, правејќи околу неа ореол на недопирливост и гламур.

Некако одненадеж почна и љубовната врска со човекот кој ги создаде Брижит Бардо и Џејн Фонда, Роже Вадим. Некаде околу нејзината 17-та година, кога Венера, планетата на љубовта, во дирекција го допре Нептун, планетата на илузиите. А заради тоа што неконвенционалниот Уран во нејзиниот хороскоп се наоѓа во полето на љубовта и децата (петто), чудни и непредвидливи требаше да бидат и случувањата во нејзиниот љубовен живот. Додека нејзината прва бременост требаше да заврши или како абортус или како раѓање на вонбрачно дете. Тоа се потврди и во реалноста бидејќи во 1963 година, Катрин и Роже Вадим, иако не беа во брак, добија син, Кристијан. Тогаш, таа пред новинарите изјави: “За мене никогаш не претставувало проблем дали сум мажена или не, бидејќи јас сум им длабоко приврзана на луѓето што ги сакам. Вие можете да го наречете тоа пријателство, но јас го именувам со љубов. А, бидејќи имам силно чувство на обврска кон оние што ги сакам, мене ништо не ми значи потписот на хартија.”

Меѓутоа, нејзините чувства на приврзаност и обврска кон оние што ги сака брзо исчезнаа. Па, две години подоцна, во 1965, таа се омажи за британскиот фотограф Дејвид Бејли. Беше тоа нејзин прв и единствен брак кој траеше само три години. Всушност, таа со ниеден маж во својот живот не остана подолго од четири години. Кум на венчавката беше Мик Џегер. А, Катрин носеше црна венчаница креирана од Ив Сен Лоран. Ѕвездите пак откриваат дека врската со Дејвид Бејли беше кармичка, дека веројатно започна одненадеж, во чудни околности. А тие двајцата веројатно имаа чувство дека одамна се познаваат. Имено, таа 1965 година, Јупитер и Кармичкиот Јазол минуваа низ нејзиното поле на љубовта и ги активираа непредвидливиот Уран и страсниот Марс. Транзитниот Уран и Плутон, врската со минатите животи, ја активираа нејзината натална Венера и Кирон, создавајќи ситуација за измирување на емотивните долгови од минатите животи.

1972Во 1971 година, на снимањето на филмот “Лиза”, таа се вљуби во веќе оженетиот италијански актер и заводник, Марчело Мастројани. Тогаш таа изјавуваше дека Марчело ќе остане во нејзиното срце до крајот на животот. “Толку многу го сакав што ми беше сосема природно да имам дете со него и во мај 1972 година му родив ќерка, Кјара” подоцна ќе признае таа. Тоа беше во истиот период, кога транзитниот Сатурн, реализаторот на судбината, го допре Уран во нејзиното поле на децата, искушувајќи ја нејзината зрелост. А, Јупитер, минувајќи низ нејзиниот Асцендент во Јарец, означи нов циклус во нејзиниот живот. Таа тогаш го направи вистинскиот избор, решавајќи да го роди детето. Меѓутоа, Мастројани како добар католик никогаш не се разведе од својата прва сопруга. Иако Катрин и Марчело живееја заедно само три години, нивната врска прерасна во длабоко пријателство кое траеше се до неговата смрт, во декември 1996 година.

– Зошто Катрин Денев не можеше да остане подолго од четири години со еден човек?

Психолозите можеби би рекле дека причината лежи во фактот што вљубеноста трае најмногу до три години. Но, ѕвездите имаат друг одговор. Од една страна, причината се наоѓа во нејзината потреба од независност што е потврдена со позицијата на неконвенционалниот Уран во нејзиното поле на љубовта и децата. Таа тоа и го потврди во една свое интервју: “Родителскиот дом го напуштив кога сакав. Родив деца кога јас сакав и се омажив кога сакав. Ако одлучите да бидете самостојни, порано или подоцна, ќе се почувствувате осамени, но од секогаш мислев дека вреди да се плати таа цена.” Но, од друга страна, постои нешто уште подлабоко, тврдат ѕвездите. Всушност, Плутон во полето на бракот (седмо), открива дека заради нерешените кармички врски со некои луѓе во минатиот живот, Катрин Денев во овој, тешко би можела да одржи некоја врска на подолго време, ако таа добие форма на брак. Посебно има опасност брзо да ги губи партнерите за кои ќе ја “врзе” сопствената душа, со цел да научи да се дава во љубовта без да гради зависнички врски. Можеби токму затоа беше подобро врската со Мастројани да не прерасне во брак. На прашањето на новинарите “зошто не ја озаконува својата врска со Марчело?”, таа во согласност со реакциите на знакот на кој му припаѓа, на дипломатичната Вага, одговори: “Јас веќе бев мажена, но не можам да живеам на тој начин. Мојата сестра е мажена и тоа е добро за неа. За мене, брачните обврски се толку големи, што се сомневам дека некогаш повторно ќе стапам во брак.”

– Каква е вистинската Катрин Денев?

Родена во моментот кога Сонцето, Меркур и Нептун се наоѓаа во рафинираната Вага, Катрин Денев е урамнотежена, дипломатична личност која одлично се снаоѓа во друштво, во јавност и на филм. Секогаш зборува брзо и самоуверено, создавајќи му на соговорникот совршена илузија дека му ги открива своите најголеми тајни. Додека Асцендентот во воздржаниот Јарец и Венера, показателот на чувствата во аналитичната Девица, ја прават пресметана во изразувањето на чувствата. Значи, зад студената надворешност, таа ги крие своите либерални ставови за љубовта и сексот. Жените пак со Асцендент во Јарец често имаат убави лица, наликувајќи на мадоните што ги сликале италијанските ренесансни мајстори. И што е најважно, наместо да стареат, тие стануваат попривлечни со годините. Таа вели: “Во извесна смисла, јас сум славна, непозната глумица. Уште во младоста ја направив таа дистанца од новинарите и јавноста и секогаш го живеев својот приватен живот.”

Всушност, Асцендентот во Јарец на своите штитенички им дава и огромна моќ за самоконтрола, па од нив е речиси невозможно да се извлечат нивните тајни. И токму затоа, Катрин Денев ќе остане запаметена како студена и рафинирана убавица, додека ексцентричниот Уран од нејзиното поле на љубовта, говори за личност со бурен љубовен живот, секогаш подготвена да експериментира. А, блискиот контакт меѓу Месечината, симболот на чувствата, и таинствениот и страстен Плутон во полето на јавноста и бракот (седмо) зборува за вулкан од страсти скриен во мраз. Можеби најблиску до описот на нејзината личност беше режисерот Роман Полански кога рече: “Денев секогаш делува како секси девица.”

Некаде во нејзините зрели години, малку подотворајќи се пред новинарите, Катрин искрено призна: “Знаете, луѓето од секогаш за мене мислеле дека сум класичен тип, иако јас всушност водам сосема неконвенционален живот.” На списокот на нејзините љубовници во животот се запишани имињата на Роман Полански, Барт Рејнолдс, Омар Шариф, најпознатиот француски рокер Џони Холидеј, композиторот и глумец Серж Гензбур, режисерот Франсоа Трифо, па дури и името на еден француски претседател, чие име таа се уште го крие од јавноста.

Можеби токму таа нејзина двојна природа ја почувствува и режисерот Луис Буњуел, доделувајќи и ја улогата на богата домаќинка во филмот “Убавините на денот”, која со цел да ја разбие здодевноста на секојдневието започнува да работи во еден познат париски бордел. И токму со оваа улога, Катрин Денев, во 1967 година стана интернационална ѕвезда. За неа ќе каже: “Чудно ми е што публиката и денес, по толку години, ме поврзува со Убавините на денот. Фактот што Луис Буњуел, ме избра токму мене за таа улога, шокира многумина. И можеби тоа беше пресвртен момент во мојата кариера, но јас не сметам дека филмот беше одличен. А, мојата улога беше повеќе присуство, отколку игра.”

1967Таа, 1967 година, за Катрин беше точката каде се сретнаа среќата и тагата. Нејзиниот успех на филмот не можеше да ја намали нејзината грижа на совеста поради смртта на сестра си Франсоаз, која ја внесе во филмскиот свет. Имено, Франсоаз изгоре по сообраќајката, во автомобилот што Катрин го управуваше.

А, астрологијата укажуваше на нешто такво, бидејќи непредвидливиот Уран и Плутон, симболот за подземниот свет, таа година транзитираа низ полето на смртта (осмо) во нејзината карта, укажувајќи на некакви удари на Судбината.

– Која е причината за нејзиното долгогодишно опстојување во суровиот свет на филмот?

Ако го споредиме нејзиниот сегашен изглед со оној од нејзините први филмови, се наметнува заклучокот дека таа е како старото вино, станува поубава и поопојна со годините. Француската писателка Франсоаз Саган за тајната на опстојувањето на Катрин Денев еднаш рече: “Таа знае да ги заведе Американците со својот француски шарм, а Французите со американската убавина.” Но, можеби тајната се крие и во фактот што Катрин Денев никогаш не беше само глумица. Таа беше и остана муза. А, музите нели се бесмртни?

Месечината, Јупитер и Плутон во Лав, во полето на јавноста, во нејзината натална карта, говорат за личност со нескротлива глад по признанијата. Додека, Асцендентот во Јарец говори и за чувство за бизнисот. Па, едно време Катрин беше заштитно лице на рекламите за парфемот “Шанел 5”. Долго време таа му беше муза на креаторот Ив Сен Лоран, за на крајот да стане прототип за изработка на националниот женски симбол на Франција, Маријана.

И денес, таа е се уште активна на филмот. Емотивно посмирена, Катрин може повеќе да им се посвети на децата и да им помогне полесно да чекорат по трнливиот пат на славата. Бидејќи, за среќа или за жал и Кристијан Вадим и Кјара Мастројани, нејзините син и ќерка, избраа да бидат актери. “Мислев дека ќе престанам да се грижам за своите деца кога тие ќе пораснат, вели таа, но, сега сум повеќе загрижена за нив, отколку кога беа мали. Веројатно не постои возраст кога грижата на мајката сосема исчезнува.” Сепак, денес Катрин Денев може да каже дека е среќна жена. Живее во Париз, во својот апартман на левиот брег на Сена и на имотот во Нормандија. Кога е таму, ужива во уредувањето на градината и во готвењето вкусни јадења за пријателите. Нејзин актуелен партнер, со кого го минува слободното време, е Пјер Лескир. Собира уметнички предмети и фигурички кои ги купува на своите патувања.

А, лицата пак на луѓето се како бели листови хартија, на кои годините го запишуваат начинот на кој тие го проживеале животот. Лицето на Катрин Денев, со тек на годините, го загуби оној прочуен изглед на секси девица. Но, тоа сега зрачи со зрелост на жена која е задоволна од искуствата што и ги донесе животот.

Ѕвездите откриваат дека во 2008 година започнува нов, дванаесетгодишен циклус во нејзиниот живот. Додека во септември и октомври 2008, како и во мај и јуни 2009, ја очекуваат кризи на емотивен план. Во истиот период би требало да биде внимателна со парите, посебно со оние добиени преку спонзорства.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби