Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Џон Траволта
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Леонардо Ди Каприо
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Нострадамус
Опра Винфри
Пако Рабан
Расел Кроу
Саи Баба
Салвадор Дали
Селин Дион
Шаде Аду
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Карлос Сантана
Долги години пред било кој да чуе за изразот “светска музика”, тој го свиреше токму тоа. И додека Британските рокенрол групи го освојуваа светот, тој се дрзна да создаде оригинална мешавина од многу страсти и чувства, моќни гитари, силен рокенрол со елементи на блуз и сензуален афрокубански ритам. А, бидејќи публиката умее секогаш да ја препознае вистината, Карлос Сантана за кратко време се вгнезди во нејзиното срце. Карлос Сантана се роди како едно од седумте деца на Хозе и Џозефина Сантана, на 20-ти јули 1947 година во малото место Отлан де Наваро, во Мексико. Се роди во знакот на чувствителниот и семеен Рак, со подзнак во уметнички надарениот Бик и Месечина во гордиот Лав. Ѕвездите уште во моментот на неговото раѓање предодредија тој да се разликува од типичните плашливи и повлечени Ракови. Имено, енергичниот Марс се наоѓа во полето на личноста (прво), во неговата натална карта. Заради тоа, од Сантана блика енергија. Креативниот Нептун се наоѓа во уметнички расположената Вага, во полето на љубовта и креативноста (петто). Тоа ја прави бујна неговата фантазија, која секогаш се канализира преку теми поврзани со љубовта. Сонцето, показателот на егото, е сместено во полето на комуникациите (трето). А, Јупитер, планетата на среќата, се наоѓа на влез во полето на јавноста и бракот (седмо). Сето ова открива дека Карлос Сантана беше предодреден за лидер, кој со креативната работа ќе ја освои публиката и ќе го пропатува светот. Ова пророштво делуваше дотолку повеќе неверојатно доколку се знае дека Сантана се роди во сиромашно семејство кое едвај го сврзуваше крајот со крајот. И можеби неговиот татко не можеше да му обезбеди комфор на семејството со својата виолина, но тој го научи малиот Карлос да свири на неа и тоа на петгодишна возраст. “Татко ми со години се трудеше да ме научи да свирам маријачи”, ќе каже подоцна тој. “Но, колку и да се трудев, јас звучев како Џек Бени. Со таа разлика што тој навистина свиреше, а јас звучев како Џек Бени кога се глупира.” Така, привлечен од рокенролот, од стилот на Б.Б. Кинг и Џон Ли Хукер, талентот кај Карлос Сантана се разбуди. Па, тој на осумгодишна возраст зеде гитара в рака, а година дена подоцна веќе свиреше и на виолина и на гитара и на кларинет. Тоа беше вистински начин да ја канализира својата огромна енергија и да се чувствува исполнето. Па, кога во 1958 година непредвидливиот Уран го започна својот транзит низ полето на домот (четврто), во неговиот хороскоп, навести промени на тој план. Тие траеја до ’65 година. Па, во ’58 година неговото семејство прв пат се пресели во Тихуана, пограничното гратче меѓу Мексико и САД. Во исто време, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше низ полето на работата (шесто). Затоа, иако имаше само единаесет години, малиот Карлос започна да свири по ноќните клубови. Тогаш се случи нешто страшно, тој беше сексуално злоупотребуван во времетраење од две години, од еден богат Американец. Тоа на некаков начин веќе беше запишано во ѕвездите. Имено, лажливиот Нептун е сместен во полето на љубовта, во неговиот хороскоп. А, Нептун на таа позиција има исклучително неповолно влијание врз случувањата во љубовниот живот на личноста. Тој предизвикува чудни љубовни искуства, перверзии, ја прави личноста интересна за ексцентрици од секаков вид. Уште повеќе што во картата на Сантана, Нептун е во нехармоничен однос со Венера, планетата на љубовта. Тоа открива дека малиот Карлос имаше нереални погледи на љубовта, поради кои беше лесен плен за разни манипулатори. Ваквото искуство го исполни малиот Карлос со гнев. Но, исцелувањето на повредената душа во таква ситуација беше можно само кога Карлос ќе стапеше во контакт со своите најдлабоки тајни и потреби и кога ќе ја насочеше својата енергија во некаква креативна работа. Тоа се случи дури во ’95 година, после години и години поминати во интензивни терапии и работата врз себе. До тогаш, Карлос беше принуден бегството од реалноста што го повредуваше, да го бара во алкохолот и дрогите. Но, кога судбината зема на една страна, таа дава на друга. Па, во раните шеесетти години на минатиот век, додека Уран се уште транзитираше низ неговото поле на домот, тој го донесе неговото семејство во Сан Франциско, Америка, во потрага по подобар живот. На вистинското место, во вистинското време, каде што созреваше климата за политички и уметнички промени и каде што продолжи да еволуира оригиналниот стил на Сантана. Таму, тој се запозна со блузот, музиката на Афро-Американците. За тој период од својот живот Сантана еднаш рече: “Доаѓањето во САД за мене беше шок. Јас го сакав блузот, но не можев да се привикнам на сознанието дека луѓето не те слушаат додека зборуваш.” И веројатно не можејќи да го привлече вниманието на луѓето со зборовите, тој се обиде тоа да го направи со музиката. Па, во 1967 година ја формираше групата “Сантана Блуз Бенд” која беше речиси непозната до своето појавување на Вудсток Фестивалот во 1969 година. Тогаш харизматичниот Нептун го започна својот транзит низ неговото поле на јавноста (седмо). Додека во неговото поле на љубовта и креативноста се сретнаа транзитниот Јупитер, планетата на експанзивноста, и оригиналниот Уран. Тогаш сите негови потиснати чувства започнаа да се ослободуваат преку музиката. А, публиката се препозна во неговата музика, што му донесе популарност. “На концертот имаше 550.000 луѓе”, ќе каже со дистанца од триесетина години Сантана во едно интервју, “а јас бев толку исплашен што го молев Бога: Дај ми Боже сила да го победам стравот и да издржам, дај ми Боже сила... и тоа го повторував како некоја мантра”. А, Бог не само што му даде сила да издржи, туку тој започна да зборува низ неговата музика. Тогаш, трансценденталниот Нептун, антената за Универзалната Љубов и заштитник на музиката но истовремено и планета на илузиите и дрогите, од неговото поле на љубовта и инспирацијата, повторно го стави на искушение. Па, незадоволен од реалноста, тој Божествената љубов и заборавот започна да ги бара на погрешно место, во дрогите. Но, Јупитер, планетата на среќата, на врвот на неговото поле на бракот и цврстата врска меѓу Сатурн, Вселенскиот учител, со Плутон, богот на подземјето и метаморфозите, во полето на психата (четврто) во неговата карта, говорат дека тој мораше да го допре дното за да се просветли. И дека просветлувањето ќе се случи дури откако тој ќе стапи во брак. И навистина, соочен со фактот дека неговите колеги Џими Хендрикс, Џенис Џоплин и Џим Морисон починаа од дрога, Сантана се уплаши и се обиде да го смени курсот во својот живот, зачекорувајќи по патот на религијата. Вистински избор во вистинско време, со што покажа дека ја научи лекцијата на Нептун. И макар што денес вели дека тој е за духовноста, но никако за религијата која станала корумпиран бизнис, сепак од мракот на дрогата го извлече неговиот тогашен гуру, Шри Чимној, во август ’73 година. Само четири месеци откако Сантана стапи во брак со Дебора Сара Кинг. Тоа се случи во истиот момент кога Јупитер во транзит низ неговиот хороскоп го допре Зенитот и најави промени во неговиот брачен статус. Додека Сатурн минуваше низ неговото поле на личноста (прво), нудејќи му шанса за емотивно созревање. Сантана покажа дека ја научи лекцијата. Така, отворајќи се за љубовта кон саканата жена, тој се приклучи на повисоките вибрации на Нептун од неговото поле на креативноста, кои му го отворија патот до Божественото и инспирацијата. Свесен за тоа, години подоцна, во типично Раковски манир, тој ќе признае: “Инспирацијата ја црпам од мојата мајка, четирите сестри и сопругата. Но, исто така јас сум во врска и со женската страна на мојата личност. Знаете, добро е кога човек знае дека се во животот мора да биде во рамнотежа. Според мене хармонијата се раѓа во бракот меѓу мелодијата и ритамот. И додека мелодијата е жената, ритамот е мажот. А, порано или подоцна доаѓа и креветот. Но, тој не е значаен. Тој може да биде реге, класика, џез или блуз. Важно е мелодијата и ритамот да одат заедно.” Навистина многу филозофски и продуховен одговор за човек кој е речиси необразован. А тој, чувствителен како и секој Рак, сензуален поради влијанието на Асцендентот во Бик и страстен од Месечината во Лав, се обиде од својата музика да направи мост меѓу духовноста и сексуалноста. “Долго време луѓето одбиваат да го прифатат овој факт” вели Сантана, “Но, јас конечно согледав дека кога луѓето водат љубов и кога го достигнуваат моментот на екстаза, тие секогаш велат О, Боже. Па дури и атеистите велат О, Боже. Никој не вели О, јас. Тоа ми говори дека божественото е присутно и во тие мигови.” И додека публиката страсно ја прегрна неговата музика, како и секој Рак, тој го прегрна своето семејство. “Сето ова што ми се случува е убаво, но ништо не е поважно од мојата сопруга и децата” признава тој. “Па, ако треба да избирам меѓу славата и кариерата и меѓу сопругата, двете ќерки и синот, без двоумење јас сум за второто. Тие се центарот на моето срце.” Но, неговото срце е доволно широко да ги прибере сите несреќници на овој свет. Па, иако Раковите се врзани само за својата нација и држава, слободоумната Водолија во Зенитот, и нагласената сочувствителност во неговата карта, направија од него вистински човекољубец, кому му е важно доброто на ближниот, а не неговата националност и бојата на кожата. Така Сантана голем дел од своето време поминува со децата жртви на социјалното и семејно насилство, со бегалците, со самохраните мајки. “Нам не ни требаат макроа, политичари и проповедници за да го најдеме Господ” вели тој. “Тие само манипулираат со нас. А, секој човек во душата знае дека дошол од светлината и дека ќе се врати во светлината. Луѓето мораат само да станат одговорни за сопствените мисли, зборови и дела.” И додека за неговите “Блек Меџик Вумен”, “Оје, комо ва” и “Марија” не требаат зборовите, бидејќи чувствата што извираат од музиката се тие што ги соединуваат луѓето ширум светот, Карлос Сантана е загрижен за иднината на човештвото. А, бидејќи многу светци се издигнаа од пепелот на пороците, тој пророчки ќе рече: “Време е да се издигнеме до петтата димензија. Во третата, ние имаме добро и зло, вистина и лага. Во петтата, ние ќе вибрираме со светлината. И само така ќе можеме да ги избегнеме страшните претскажувања за крајот на светот на Абориџините, Индијанците, Нострадамус и Библијата. Ние имаме сила и Божја милост да го смениме правецот на историјата. А, тоа во почетокот може да се направи на два начина: со помош на звукот и на боите.”
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|