In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Боно Вокс

Боно Вокс - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Боно Вокс
 

Водечкиот вокал на една од најуспешните рокенрол групи во историјата на музиката, на групата U2, освен како лидер на истата од нејзиното формирање, ја освои публиката со својата отвореност, искреност, со шармот, како и со своите политички и хуманитарни активности.

Боно Вокс се роди како Пол Дејвид Хјусон, на 10-ти мај 1960 година во Даблин, Ирска. Се роди во знакот на конзервативниот и музикален Бик, со подзнак во упорниот Јарец и Месечина во опсесивната и магнетски привлечна Шкорпија. А, пред тој да се роди, еден гатач ја беше опоменал мајка му Ајрис, дека ќе роди син кој ќе стане многу славен. Ѕвездите го потврдуваат ова пророштво, бидејќи Месечината, показателот на медијалноста, во картата на Боно Вокс, е во цврста врска со харизматичниот Нептун. Моќниот Плутон е во полето на јавноста (седмо). Додека Сонцето, симболот за егото, Меркур, планетата на говорот, и Венера, покровителката на уметноста, се наоѓаат во музикалниот Бик, во полето на комуникациите (трето). Тоа говори за роден говорник и шоумен. Тоа е и одговорот на прашањето од каде едно дете родено во просечно семејство, од татко католик вработен во пошта и мајка протестантка, израсна во толку харизматична и моќна личност, способна да ги убеди другите, во своите уверувања. Меѓутоа, Сатурн, рестриктивниот учител кој е и владетел на неговиот хороскоп, се наоѓа блиску до Асцендентот. Тој е најзначајната точка во неговата натална карта. За да направи еден круг околу Сонцето, на Сатурн му се потребни околу 28-29 години. Затоа, Боно Вокс, добро ќе ги запамети сите негови циклуси кои се случуваат на седум години. Значи, судбински ќе бидат случувањата во неговата 14-та, 21-ва, 28-ма... година. Додека во детската возраст, до седмата година, ако Сатурн се наоѓа на Асцендентот, создава проблеми со здравјето. Така, неговото семејство тврди дека до третата година, Пол не престана да плаче. Родителите го носеа на сите можни испитувања, бидејќи лекарите се сомневаа на проблеми со срцето. Многу години подоцна, еден угледен светски кардиолог му рече дека најверојатно има една ретка аномалија на срцето која се нарекува “ексцентрично срце”, но дека со неа може сосема нормално да живее.

Таткото на Боно Вокс, Боб Хјусон ќе каже:

“Пол беше многу чудно дете. Тој беше истовремено многу расеан, многу раздразлив и кавгаџија. Но, не можам да заборавам колку се престрашивме јас и неговата мајка кога го видовме како во дворот, на само три годишна возраст, со прстите подига една пчела од цветот, како зборува со неа, за потоа повторно да ја врати на цветот без да биде каснат.”

Астрологијата не се вчудоневидува од овој податок, бидејќи знае дека блиската врска меѓу Месечината и Нептун, планетата на духовноста и Универзалната Љубов, создава личности кои природата ја доживуваат на поинаков начин отколку просечниот човек. Тоа е уште повеќе изразено во детската возраст, кога децата се поотворени кон светот околу себе и доживуваат дека се едно со него.

Меѓутоа, Месечината, симболот за мајката, во Шкорпија, која е секогаш поврзана со раѓањето, смртта и метаморфозите, укажува дека Боно Вокс во овој живот влегол носејќи го стравот од минатиот, дека ќе ги загуби тие што ги сака. Па, Судбината му донесе случувања преку кои мораше да се соочи со своите најдлабоки и најскриени стравови, со цел да дојде до своето исцелување. Така, на само 14 години (циклус на Сатурн), Боно Вокс ја загуби својата мајка на многу бизарен начин. Таа доби мозочен удар додека го погребуваа нејзиниот татко, саканиот дедо на Боно, и умре четири дена подоцна. Тој за тоа ќе каже:

“Тие неколку денови ми се најлоши во животот. Ја читав Библијата и го молев Господ мајка ми да не умре. Се сеќавам како не однесоа да се простиме од неа, татко ми, Норман и мене. А, тогаш ги исклучија апаратите што ја одржуваа во живот. Влеговме сите, и рековме збогум и тогаш се исклучи прекинувачот. Ми се чинеше како целата куќа да се руши околу мене, како повеќе да немам дом.”

Токму оваа случка ќе изврши силно влијание на песните што тој ќе ги напише подоцна. Но, токму раното губење на мајката ќе биде онаа заедничка врска меѓу него и Лари Мулен, човекот кој ја создаде U2 и стана нејзин тапанар.

Сепак, првите почетоци на Боно Вокс беа во групата “Липтон Вилиџ” и тогаш тој го доби прекарот по кој ќе стане познат во целиот свет. Имено, сите членови од групата мораа да земат уметнички имиња кои требаше да ја изразат нивната индивидуалност. Па, немирен и дрдорлив, Пол Хјусон, од членовите на Липтон Вилиџ беше наречен Боно Вокс. Некои извори велат дека инспирацијата за името дошла од името на една храна за кучиња. Други тврдат дека тоа име е марка на апаратчињата за подобрување на слухот, што во тоа време се продаваа во Даблин. Како и да е, Боно Вокс е израз кој преведен од латински означува “добар глас”. А, иронијата сакаше тој да го добие овој прекар не заради добриот глас, бидејќи тогаш се уште не пееше, туку заради тоа што никогаш не молчеше.

И макар што беше исклучително немирен, Боно беше популарен кај своите соученици, се истакнуваше на часовите по историја, добро играше шах, убаво црташе и учествуваше во театарската секција на училиштето.

1976И кога во 1976 година Јупитер, планетата на среќата, поминуваше низ неговиот знак, низ Бик, тој ја активираше неговата натална Венера, планетата на уметноста, наталниот Меркур, планетата на комуникациите, и наталното Сонце, симболот на индивидуалноста. Тоа значеше почеток на неговата реализација како уметник. Токму тогаш Лари Мулен јуниор, ги собра гитаристот Дејв Еванс и бас гитаристот Адам Клејтон и ја создаде групата U2. Боно Вокс беше примен во групата не поради своите музички таленти, туку поради силната индивидуалност и харизмата. Но, и покрај фактот што Лари Мулен ја формираше групата, тој интуитивно чувствувајќи дека Боно Вокс ја има способноста да го контролира туѓото внимание, му ја препушти лидерската позиција. А, тој со полна одговорност започна да пишува песни и да учи пеење. За својата музика ќе каже:

“Никогаш не сум се обидувал да напишам нешто што се вика песна и што ќе се пушта на радио ширум светот, нешто што ќе го потпевнуваат мијачите на прозорци и што ќе го слушаат луѓето за време на сообраќајниот метеж. Јас никогаш не сум се интересирал за песна. U2 стана она што е, низ звукот.”

Сосема искрено кажано, ако се знае дека заради влијанието на Меркур и Венера во неговиот хороскоп, тој пред се е актер, забавувач и говорник, а потоа пејач.

И можеби токму поради тоа, U2 стана една од малкуте групи која опстојува повеќе од триесет години. U2 ги победи предубедувањата поврзани со тоа што една рок група и рок музика смее и не смее да прави. Па, комбинирајќи го оригиналниот звук со искрените текстови и чувства и внесувајќи социјални пораки, U2 ја заработи почитта на публиката и критиката.

И додека, на почетокот на кариерата Боно Вокс се глупираше на сцената, се качуваше на скелиња заедно со членовите на својата група, предизвикуваше неред за време на снимањето на некои од спотовите, тој денес е почитуван човек. Пишува музика за филм, на своите концерти отворено зборува за тоа што му се допаѓа, а што не му се допаѓа во политиката, зема активно учество во разни хуманитарни акции, како на пример кога профитот од песната “Мис Сараево” го намени за децата жртви на војната. Заслугата за ваквата промена кај Боно, освен зрелоста, ја има Боб Гелдоф, организатор на концертот за помош на гладните деца во Африка. Тој го покани Боно Вокс да испее еден дел од песната “Дали тие знаат дека е Божиќ” (Do they know it’s Christmas). По настапот на Live Aid-от во ’85 година, Боно повеќе не беше ист. Толку го трогна трагедијата на етиопскиот народ, што заедно со својата сопруга отидоа месец дена во Етиопија и се грижеа за децата во еден детски дом. 1985Во тој момент всушност, Плутон во транзит го активираше аспектот во неговиот хороскоп меѓу Месечината, симболот на чувствата, и Нептун, планетата на возвишената љубов. Личностите со овој аспект се премногу чувствителни, добродушни, сочувствуваат со туѓата болка. Затоа, често бегството од реалноста го бараат или во уметноста или во манастирите. Но, од друга страна, многу сакаат пофалби, дури и тогаш кога не ги заслужуваат. Тука не смее да се заборави ниту Асцендентот и Сатурн во Јарец, кои покажуваат дека Боно е човек со “нос за бизнисот”. Можеби заради тоа, можеби само поради хумани причини, неговата сопруга ја лансираше модната марка Edun, со цел, како што тие изјавија, да ги вработи сиромашните жени во Африка.

Во ноември 1999 година, Кофи Анан, Генералниот Секретар на Обединетите Нации, му се обрати на Боно Вокс со зборовите :

“Вие умеете да ги натерате луѓето да ве слушаат. Вие умеете да ги натерате луѓето да се загрижат и вие не научивте дека без разлика дали сме сиромашни или богати, ние го имаме истиот свет за живот. Вие ги научивте младите луѓе дека тие имаат сила да го променат светот.”

Навистина големо признание и многу прецизна констатација на Кофи Анан.

А, Боно Вокс, иако богат и славен, иако може да ја има секоја жена која ќе ја посака, тој како да знае дека токму неговата сопруга е таа за која ѕвездите велеа дека ќе му го смени животот и ќе му ја донесе среќата. 1982Имено, во 1982 година, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше преку неговата натална Месечина, симболот за чувствата и сопругата, и преку наталниот Нептун, симболот за фантазијата. Тоа открива дека Боно тогаш во Алисон Стјуарт виде нешто нестварно, исполнување на неговите љубовни соништа. Затоа, иако е оженет во 1982 година, на само 22 годишна возраст, Боно Вокс барем засега важи за верен и моногамен човек, кој се грижи за семејството, сопругата и четирите деца. И можеби растурениот дом во детството е причината поради која тој се труди да го сочува својот сегашен дом, можеби во тоа му помага и неговата Биковска природа која бара комфор и се згрозува од промени. Како и да е, неговата девиза во животот гласи:

“Работи како да немаш потреба за пари, љуби како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа.”

Тогаш со право, Мик Џегер во ноември ’99 година на доделувањето на наградата MTV Free Your Mind ќе го најави со зборовите:

“Тој е поет. Тој е филозоф. А вчера вечер мислам дека го видов како оди по вода.”

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)