Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Џон Траволта
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Карлос Сантана
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Леонардо Ди Каприо
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Нострадамус
Опра Винфри
Пако Рабан
Расел Кроу
Саи Баба
Салвадор Дали
Селин Дион
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Шаде Аду
Таа можеби никогаш не беше тип на пејачка заради која што публиката ги “кубе косите”. Но, остана секогаш во вистина со себеси и со својата музика и не дозволи да се погази ниту еден од нејзините принципи во животот. Така, таа остана запаметена како една од најмоќните музички икони на нашето време. А, кога кон средината на осумдесетите изникна од никаде, егзотична и убава, изведувајќи соул музика со примеси на џез, со својот придушен контраалт, таа стана симбол на недопирливоста. Но, како што времето одминуваше, таа ја превзема својата судбина во свои раце. Го контролираше не само пишувањето туку и продукцијата на сопствената музика. Тогаш ги разочара сите оние кои не веруваа дека истовремено може да се биде и жена, да се изгледа убаво, и да се биде одлучен и способен во работата. А нејзе, на убавата и талентирана Шаде Аду ѝ успеа да го поремети поредокот на нештата. Во индустријата во која што до тогаш жените успеваа само со “трепкањето на очите”, таа успеа мудро да ги искористи сите дарби дадени од Господ. Овој факт воопшто не зачудува ако се знае дека таа е родена во знакот на амбициозниот и упорен Јарец, кој има вродено чувство за бизнисот. Подзнакот е во независната Водолија и Месечината во храбриот Овен. Хелен Фолашаде Аду се роди на 16 јануари 1959 година во градот Ибадан, во родната земја на нејзиниот татко, во Нигерија. Тој, нејзиниот татко, Биси Аду, кој подоцна стана Универзитетски професор по економија, се вљуби и ожени за медицинската сестра, англичанката Ен Хејс, уште додека студираше во Англија. А потоа се преселија во Африка. Но, бракот по кратко време се распадна, па Ен со своите деца Банџи и Хелен, која што нигериските соседи веќе ја завикаа Шаде, се вратија во Англија. Така, на само четиригодишна возраст, Шаде низ чии што вени струеше топлата крв на нејзините африкански претци, се соочи со суровоста на животот. Тоа го потврдуваат и ѕвездите, бидејќи во 1963 и 1964 година, безмилосниот Сатурн, планетата на маките и искушенијата, транзитираше низ нејзиното поле на личноста (прво). Тоа значи дека Сатурн се обидуваше, преку проблеми, да ја научи малата Шаде на упорност и издржливост, особини кои подоцна во животот многу ќе ѝ бидат потребни. Имено, во срединта во која што растеше, само таа и нејзиниот постар брат имаа африкански корени. Па, како што може да се очекува од конзервативната британска средина, тие често пати беа цел на разни навреди, расистички пораки и на верскиот фанатизам. Дали поради тоа или поради фактот што се роди во знакот кој е принуден целиот живот да се бори со чувството на помала вредност, во Јарец, Шаде се затвори во себеси и се опкружи со проверени пријатели, кои не се обидуваа да ја повредат. И токму овој страв од туѓата злоба и од повредите, направи таа да делува студено и недопирливо, тогаш кога веќе стана славна. Но, токму овој страв веројатно ја принуди да го чува својот приватен живот како најголема скапоценост, далеку од очите на новинарите и на јавноста. Па, незадоволни од нејзината некооперативност, новинарите започнаа да ја мразат и чекаа да ја уловат нејзината прва грешка. А таа во едно од ретките интервјуа се обиде да им објасни: “И понатаму опстојува приказната дека јас сум срамежлива и осамена дива. Но, јас не сум ниту срамежлива, ниту осамена. Туку времето повеќе сакам да го минувам со луѓето што ми се блиски, отколку со новинарите.” И во оваа изјава, иако недипломатска, е наполно искрена. Заробени во полето на изолациите (дванаесетто), Сонцето, симболот на егото, и Меркур, планетата на комуникациите, во нејзината карта, навистина укажуваат на срамежлива личност. Но, позицијата на планетите во моментот на нејзиното раѓање укажува и на нешто друго. Имено, Венера, планетата на убавината, е сместена високо на небото, на Асцендентот. Харизматичниот Нептун е во близина на Зенитот. Јупитер, планетата на среќата, е во полето на угледот и кариерата (десетто). А, моќниот Плутон се наоѓа во полето на сексот (осмо). Сето тоа укажуваше дека црномурестото, срамежливо девојченце ќе порасне во убавица која ќе има вродено чувство за сѐ што е уметност. Укажуваше дека ќе зрачи со харизма и гламур и така ќе го привлекува туѓото внимание. И конечно ѕвездите говореа дека ќе биде “крунисана наспроти кралот”, или со човечки речник кажано, ќе стекне светска популарност. И навистина, кај неа прво се роди љубовта кон коњите, потоа кон модата и пишувањето на текстовите за песните и на крајот кон пеењето. Така, во 1977 година Шаде се запиша во уметничкото училиште Ст. Мартин, каде што заврши моден дизајн. А потоа, со една пријателка отворија мала модна компанија која креираше машка облека. И макар што кратко работеше во модата, членовите од групата Спандау Балет, токму нејзините креации ги носеа за време на својата прва турнеја во САД. Подоцна, во едно интервју за Вашингтон Пост, Шаде ќе признае: “Сфатив дека сѐ е трговија. А таа ја кочи креативноста. И макар што работев дури и како фото модел, јас никогаш не сфатив зошто некој би сакал да купи некаква облека, само затоа што некој друг ја носел истата. Затоа, се повлеков од светот на модата”. И така, конечно, на 21 година, Шаде зачекори во светот на музиката, прво срамежливо во латино-фанк групата Арива. Потоа, преку пратечки вокал, стана главниот вокал и текстописецот на фанк групата Прајд. Од таму ги регрутираше членовите на својот соул-џез-поп квинтет кој го нарече по нејзиното име, Шаде. Со новата група дебитираше во клубот на Рони Скот во 1983 година. И дури тогаш почна сѐ. Нејзините песни со недели не се симнуваа од првите места на топ листите ширум светот. Таа ја доби Греми наградата за најдобар млад пејач. Нејзината група патуваше од Европа до Јапонија и од Америка до Австралија. Но, тогаш стапи на сцена одмаздата на медиумите, чиј што циркус таа од секогаш го одбегнуваше. Па, разните приказни за неа започнаа да ги полнат насловните страници на таблоидите. Тогаш, сериозна и со чувство за моментот, како и секој Јарец, Шаде се пресели во Мадрид, со цел да му избега на лудилото во кое ја вовлекуваа медиумите. Меѓутоа, бегајќи од работата и славата, таа ѝ отвори простор на љубовта. И нормално, љубовта ѝ дојде во пресрет во ликот и приликата на продуцентот Карлос Скола, со кој се омажи во 1989 година. За тоа време Јупитер транзитираше низ нејзиното поле на љубовта. Но, кога светот очекуваше дека тие ќе живеат среќно и весело до крајот на животот, тогаш на сцена стапи непредвидливиот Уран од нејзиното поле на бракот (седмо), кој постојано ја атакуваше нејзината Венера, заштитничката на љубовта. Тоа открива дека во нејзиниот љубовен живот ќе се случуваат неочекувани пресврти, нагли вљубувања, непредвидливи разочарувања, бизарни ситуации и удари на Судбината. Уште повеќе што во 1990 и 1991 година Сатурн, реализаторот на судбината, транзитираше низ нејзиниот знак, Јарец. А потоа, до 1993 година, низ полето на нејзината личност. Целта на Сатурн беше да ја натера да се ослободи од сите застарени, неефикасни и непотребни работи во својот живот. Па, кога нејзиниот прв брак се распадна, Шаде побрза да побегне и од Мадрид, купувајќи имот во Јамајка. И повторно, во миговите кога најмалку се надеваше, таа се вљуби во музичкиот продуцент Боб Морган, со кого во ’96 година го доби и своето прво дете, ќеркичката Ила. Повторно не случајно, бидејќи Јупитер во ’96 година поминуваше низ нејзиниот знак. Но, велат дека “ѓаволот ниту ора, ниту копа”. Па само една година подоцна, во ’97, Шаде Аду беше приведена во полициската станица со обвинување за брзо и опасно возење и непочитување на полицискиот работник. Во тој период, Сатурн во транзит ја допре нејзината натална Месечина, симболот за чувствата и мајчинството, во полето на собраќајот (трето). И макар што таа успеа да се извлече на судењето, кога следната година беше повторно обвинета за нешто слично, таа одлучи да се врати во Лондон. Во Лондон се смести во голема и вкусно уредена Викторијанска куќа. Зад воланот на својот стар Мерцедес таа и понатаму се претвораше во незрело и неизживеано детиште, кое уживаше во брзото возење. И понатаму се обидуваше да го остави пушењето. Но, и понатаму речиси секоја ноќ беше надвор од дома, што тешко ѝ паѓаше во периодот кога сметаше дека му е најпотребна на своето дете. Во ерата на телевизијата, видеото и интернетот, таа можеше без да се мрдне од дома да ја промовира својата музика ширум светот. Но, упатените знаат дека силата на Шаде Аду и нејзината група се наоѓаше во живите свирки и директниот контакт со публиката. Хуманата страна на нејзиниот Асцендент во Водолија се потврди во 2005 година. Тогаш Шаде ја сними песната “Мајка” што ја испеа на добротворниот концерт во декември 2004, во Ројал Алберт Хол. Целта беше да ја разбуди свеста кај луѓето и да собере пари за кризата во суданската област Дарфур. Ѕвездите откриваат дека 2008 и 2009 ќе бидат повторно нејзини години, кога се можни позитивни пресврти на секој план и шанса повторно да се вљуби. Се надеваме дека тоа, овој пат, ќе потрае подолго.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|