Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Џон Траволта
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Карлос Сантана
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Леонардо Ди Каприо
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Нострадамус
Опра Винфри
Пако Рабан
Расел Кроу
Салвадор Дали
Селин Дион
Шаде Аду
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Саи Баба
Милиони луѓе во светот веруваат дека тој е единствениот Бог кој е дојден на Земјата во човечко тело. Милиони луѓе од целиот свет, секоја година доаѓаат во Јужна Индија да го посетат неговиот храм, ашрамот “Прашанти нилајам” што во превод значи “дом на врховниот мир”. Тие што го виделе, тврдат дека овој 82 годишен младолик човек, има способност од ништо да создаде скапоцен накит, ориз и овошје, да предизвика да врне дожд или да дува ветер, да лекува болни, па дури и да ги оживува мртвите. Нешта што се далеку од моментната човечка моќ на разбирање. Се смета дека над 50 милиони луѓе во светот, денес го сметаат за свој духовен водач. А тој, не ги прифаќа парите и подароците. Живее во крајна едноставност, во една од просториите на својот ашрам. И додека според пророштвото на Мухамед “Последните 20 години од својот живот, тој ќе стане крал на светот”, според Шри Сатја Саи Баба, зборовите изречени од Христос “Оној што ме испрати ќе дојде повторно”, се однесуваат токму на него самиот. Луѓето би рекле дека се роди, а тој дека се материјализираше на 23-ти ноември 1926 година во Путапарти, село на југот од Индија. Се роди во знакот на длабокоумната Шкорпија, иако само за неколку секунди Сонцето ќе влезеше во филозофски надарениот Стрелец. Веројатно намерно, со цел во него да се соединат длабокоумноста на Шкорпијата со широките погледи на Стрелецот. Неговиот подзнак се наоѓа во вечниот трагач по тајните на животот, смртта и метаморфозите, во Шкорпија. А, Месечината, симболот за интуицијата и душата, се наоѓа во своето седиште, во интуитивниот Рак. Впечатливо е тоа што, во моментот на неговото раѓање, силна беше концентрацијата на планетарната енергија во близина на највисоката точка од небото, околу Асцендентот. Сонцето, симболот за индивидуалноста, беше прегрнато од учителот Сатурн, во мистичната Шкорпија. А, тие заедно беа во близок контакт со Венера, планетата на љубовта, и со Меркур, планетата на разумот, во духовниот Стрелец. Ова говори за силна индивидуалност и открива дека Саи Баба со својот мек пристап и со духовната работа, ќе изврши силно влијание на човештвото. Понатаму, Нептун, антената за Универзалната Љубов, беше во близина на Зенитот, што зборува дека Саи Баба е вистински харизматик. Плутон, поттикнувачот на метаморфозите, беше во цврста врска со Месечината, симболот за душата, и тоа во полето на метаморфозите (осмо). Тоа зборува за силна интуитивност што се граничи со видовитост и способност за регенерација. А, експанзивниот Јупитер беше во знакот на иднината, во Водолија. Сето ова говори за една необична личност. Личност која ќе биде антена за Вселенската Љубов, личност која лечејќи го човештвото, ќе го навести доаѓањето на новата ера, ерата на Водолијата. Тоа ќе биде ера на љубовта, хуманоста и духовноста. Ера кога човештвото ќе биде подготвено за контакт со други димензии, цивилизации и светови. Мистичниот живот на Саи Баба уште од неговото раѓање беше обоен со мистика. Имено, неговите родители, Педа и Ишварама Раџи, тврдеа дека предметите во нивната куќа пред неговото раѓање, среде ноќ ѕунеа како некој да свири на нив. А, ако и веруваме на симболиката на броевите, тогаш тој се роди како петто дете, што симболички значи дете на хармонијата, и тоа в зори. Родителите му го дадоа името Сатја Нарајана при што Сатја означува “вистина” а Нарајана “оној што престојува во сите битија”. Макар што навидум изгледа дека случајно се роди кај Педа и Ишварама, во Вселената не постојат случајности. Бидејќи Господ не фрла зарови, како што тврди Ајнштајн. Значи, кога требаше повторно да се роди тој веројатно ги избра своите родители, со цел да расте во едно силно религиозно и длабоко посветено на вистината семејство. Бидејќи тоа беше начинот побргу да го спознае Бога и Неговата љубов. Така, премногу зрел и умен за својата возраст, веќе на 12 години Сатја Нарајана одеше во средно училиште. Но, неговите соученици тврдеа дека тој знае повеќе од учителите и дека има моќ да го види и минатото и иднината. Можеби затоа, или можеби станувајќи свесен за својата мисија, Сатја Нарајана еден октомвриски ден во 1940 година на само 14 годишна возраст, одеднаш ја фрли училишната чанта на земја и на домашните им рече: “Јас не сум повеќе вашиот Сатја. Јас сум Саи. Си одам зашто не ви припаѓам. Моите следбеници ме викаат, мојата задача ме вика.”
За потоа да додаде дека тој е реинкарнацијата на Саи Баба од Ширди, кој живееше од 1838 до 1918 година во селото Ширди, во близината на Бомбај. Тој, Саи Баба од Ширди, речиси 2 века пред надоаѓањето на ерата на Водолијата, проповедаше дека сите религии се исти. А, на крајот од својот живот во 1918 година на неколкумина од своите ученици им откри дека 8 години по својата смрт повторно ќе се роди во Андра Прадеш. И навистина, Сатја Нарајана, кој подоцна го зема името Саи Баба, при што Саи означува “божествена мајка”, а Баба “божествен татко”, се роди 8 години подоцна, во Путапарти, држава Андра Прадеш. Со јасна свест за својата животна мисија, веќе на 18 години Саи Баба го отвори својот прв ашрам во Путапарти и му се посвети на духовното трагање и на метаморфозите на своето човечко тело до постигнување на чувството за единство со Универзалната Љубов. И тоа не е чудно ако се знае дека Плутон, симболот за метаморфозите, во неговата карта, во цврста врска со Месечината, симболот за душата, во полето на метаморфозите (осмо), говори за личност која имаше две можности во животот. Првата беше да се претвори во љубоморно суштество кое ќе ја краде туѓата љубов. А, втората, и потешко остварлива можност беше да ги победи човечките пориви и слабости и да се издигне во битие кое ќе биде инструмент на Универзалната Љубов. Нептун, магот пак на илузиите, во Зенитот, во моментот на неговото раѓање, освен што му донесе промена на името, тој исто така го исправи пред две можности. Првата, бесконечно да се лаже себеси и другите, забегувајќи во илузиите на алкохолот и дрогите, и втората, да се отвори за вистината, повторно станувајќи антена за Божјата Љубов. А тој, гледано со очите на обичниот човек, дали предодреден од боговите, дали религиозно воспитан, уште од мали нозе се одлучи за потешкиот, но вистинскиот пат. Но, патот не можеше да биде поинаков ако се знае дека тој е само реинкарнација на една посовршена душа, дека е аватар. Така, на 20 годишна возраст, Сај Баба во своето писмо до брата си вели: “Патувам и зборувам низ земјава за да му кажам на народот дека се што правам е за доброто на човештвото. Но, без оглед кој и да е некој и какви било методи на истражување да примени, не ќе може да ја разбере мојата големина.”
Сосема разбирливо ако се знае неговата природа на аватар. Затоа, ние овде, се обидуваме да ја откриеме само едната страна, човечката, од неговата природа, без амбиции дека ќе го откриеме она што е невидливо за човечките очи. Но, Саи Баба, свесен дека битијата од третата димензија (од нам познатиот свет) му веруваат само на тоа што можат да го видат, чујат, вкусат или допрат и со цел да им докаже на луѓето до каде можат да се развијат ако работат на себе, тој започна да ги изведува ритуалите на материјализација на различни предмети, како прстени, ѓердани и слично. Од ништо го материјализираше и духовниот симбол на Индија, светиот прав “вибути”, за кој велат дека има исцелителска моќ. Па, иако научниците и неверниците од целиот свет доаѓаат во неговиот ашрам, со цел да ги објаснат или оспорат неговите моќи, тие честопати не можејќи да откријат ништо спорно, се претвораат во негови верници. Еден од нив ќе рече: “Тој е љубов, што кога ќе се насочи кон вас ве доведува до солзи, без разлика колку сте цврсти и силни.”
А, Саи Баба проповеда: “Има само една религија. Тоа е религијата на љубовта. А јас одговарам на сите молитви што се издигаат од човечките срца. Па, откако сте биле со мене или сте читале за мене, вие станувате подобри будисти, подобри христијани, подобри муслимани.”
Оние пак кои се сомневаат во него, предупредени од Библијата дека во крајното време на Земјата ќе се намножат многу лажни пророци и Антихристи, по средбата со Саи Баба стануваат негови верници, бидејќи тој освојува со своите дела. А, уште Св. Јован преку Библијата им советуваше на луѓето дека лажните пророци ќе ги препознаат по нивните дела. Саи Баба пак предвидува дека во сегашното тело ќе живее до својата 95 година и дека неколку години по смртта повторно ќе се роди, по трет и последен пат. Овој пат како Према Саи Баба во селото Гунапарти, на југот од Индија. Инаку, со цел да им помогне на луѓето да се соединат со своето внатрешно “јас” и да го спознаат Бога, тој освен централниот ашрам кој е изграден пред пеесетина години има изградено и други ашрами низ Индија, како во Бомбај и Мадрас. Таму сместувањето и храната се бесплатни. Но, во духот на хуманоста и еднаквоста што ги проповеда, тој има изградено и стотици училишта низ цела Индија, со сите степени на образование, каде што се е бесплатно. А, учениците доаѓаат не само од Индија, туку и од сите страни на светот. Ист е случајот и со болниците. И понатаму, Саи Баба продолжува да зборува за единството на сите религии: “Од каде и да сте, вели тој, не толерирајте верска нетрпеливост! Не ја напуштајте вашата религија! Но, не заборавајте дека само љубовта е главниот мотиватор на животот! Затоа, помагајте и да расте од ден на ден!”
И можеби тој делува контроверзно, а чудата што ги прави некој ги објаснува со илузија. Но, се уште никој не може да ја објасни непоколебливата верба на луѓето во него. Тоа може да го објасни само Универзалната Љубов и неговите зборови: “Мојот живот е мојата порака. Ширењето е мојот живот. Без време за љубов, без причина за љубов. Нема раѓање, нема смрт.”
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|