Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Џон Траволта
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Карлос Сантана
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Леонардо Ди Каприо
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Нострадамус
Опра Винфри
Пако Рабан
Саи Баба
Салвадор Дали
Селин Дион
Шаде Аду
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Расел Кроу
Тој во Холивуд изникна како од никаде. За кратко време стана најпривлечниот актер. Го доби Оскарот за најдобра машка улога во филмот “ Гладијатор”. На два пати беше на чекор од стапувањето во брак, а само еднаш го направи тоа. Расел Кроу, човекот чии што улоги на “херои набиени со тестостерон” го прават неодолив за жените и во приватниот живот. Расел Кроу се роди е на 7 април 1964 година во Велингтон, Нов Зеланд. Се роди во знак и со подзнак во мажевниот Овен и Месечина во друштвената Водолија. Енергичниот Марс, владетелот на неговиот хороскоп и на неговиот знак, и Јупитер, планетата на среќата, се наоѓаат исто така во воинствениот Овен, високо на небото. Месечината, симболот на популарноста, се наоѓа во полето на угледот и кариерата (десетто). Додека во полето на љубовта, уметноста и местата за забава (петто), се сместени ексцентричниот Уран и експлозивниот Плутон. Сето ова говори за вистинска мачо природа, за луда храброст, пробивност, но и за склоност кон ризици и предизвици. Значи, Расел Кроу е човек што лесно избувнува и лесно “крева рака” во зовриени ситуации. Но, распоредот на ѕвездите во моментот на неговото раѓање од друга страна открива дека беше неизбежно тој да стане популарен. Посебно кај жените кои во него препознаа вистински Алфа мажјак од предисторијата. Затоа, не е случајно, што Оскарот во 2000 година Расел Кроу го освои толкувајќи токму таков лик, гладијатор од времето на римското царство. Меѓутоа, тоа беше поддржано и од ѕвездите, бидејќи на почетокот на 2000 година, Јупитер транзитираше низ неговото поле на личноста (прво) и го активира наталниот Јупитер. А, одлуката да биде глумец е можеби еден од најдобрите избори, што тој свесно или несвесно ги направи во животот. Филмот е единствениот легитимен начин каде што тој може да ја изживува својата огнена природа, но сето да остане во границите на дозволеното. Неговата биографија открива дека се во неговиот живот го насочуваше во правец да го избере актерството како своја професија. Неговите родители беа вработени во филмската индустрија, па Расел од “мали нозе” многу време минуваше во филмските и телевизиските студија. Затоа, како нормален производ на сето тоа дојде и неговата прва улога на само шестгодишна возраст, во ТВ серијата “Шпиунски сили”. Шест години подоцна, тој повторно глумеше во ТВ серијата “Млади лекари”. Токму во истото време, кога Јупитер, планетата на среќата, минуваше низ неговиот знак и низ Асцендентот, означувајќи го почетокот на нов циклус во неговиот живот. На 16 години, Расел Кроу го зема псевдонимот “Рас ле Рок” и ја формираше рок-групата “Триесет необични начини на гровтање” (Thirty odd foot of grunts). Нивната прва песна се викаше “Сакам да бидам како Марлон Брандо”. Тоа ги натера новинарите кои подоцна ја проучуваа неговата биографија да се запрашаат дали името на песната беше дадено случајно, или младиот Расел имаше претчувство дека филмските критичари еден ден ќе го наречат токму така, наследник на Марлон Брандо. Од аспект на астрологијата е интересно дека и Марлон Брандо и Расел Кроу се родени во истиот знак, во знакот на мажествениот Овен. Рок-групата на Расел Кроу не постигна никаков значаен успех. Нивните песни најчесто завршуваа на дното од музичките топ-листи. Доволно самокритичен, со его кое не дозволуваше да биде ништо помалку отколку најдобар, на прашањето на мајка си дали се срами од сопственото име, па се крие под псевдонимот “Рас Ле Рок” тој и одговори со прашање: “Си ги слушнала ли песните? Тогаш кога ќе направам нешто пристојно, ќе се појавам со своето вистинско име”. Освен што имаат силно его, Овните се луѓе кои сакаат постојано да се докажуваат и да кокетираат со опасностите. Кај Расел Кроу тоа е уште повеќе нагласено поради концентрацијата на планетите во знакот Овен, во моментот на неговото раѓање. Тоа објаснува зошто е толку силна неговата љубов кон моторите и брзините. Додека Месечината, показателот на чувствата, во неконвенционалната Водолија, говори за човек на кој минатото, традицијата и конвенциите не му значат ништо. Хармоничниот аспект меѓу Меркур, планетата на комуникациите, и слободољубивиот Уран, го засилуваат неговиот немирен и авантуристички дух, правејќи го едноставен и ослободен во комуникацијата со луѓето. А, Јупитер, владетелот на неговото поле на странство (деветто), сместен во полето на личноста (прво), зборува за космополитски дух, за човек кој цел живот ќе патува. Па, тој еднаш дури кажа: “Јас сум човек без татковина. До четиринаесеттата година живеев во 2 држави и во 10 различни градови. Дури сега им купив куќа на своите родители”. Во периодот пак од својата дваесет и втора до својата дваесет и четврта година, Расел Кроу глумеше во еден патувачки театар и ги помина вдолж и попреку Нов Зеланд и Австралија. Меѓутоа, во исчекување на своите пет минути на филмот, тој работеше и како келнер, уличен забавувач, како ди-џеј и објавувач на бинго. Првата улога ја доби во филмот “Крвава заклетва” додека својот прв голем успех го доживеа со филмот “Крстосница”, во 1990 година. Додека филмот “Ромпер-Стомпер” во 1992 година му донесе пари и го издигна до ѕвездите. Веројатно не случајно бидејќи таа година, Јупитер минуваше низ неговото поле на работата. А, непредвидливиот Уран и гламурозниот Нептун транзитираа низ неговото поле на угледот и кариерата (десетто). Се зборуваше дека во американскиот филм го внесе Шерон Стоун, во 1994 година, преку улогата во вестернот “Брзи и мртви”. На снимањето на филмот “Гладијатор”, кој му донесе Оскар и светска слава, иако се здоби со нагмечотини и искршеници на ребрата, Расел Кроу, како вистински Овен кој држи до својата чест, не го прекина снимањето. Пред почетокот на церемонијата за доделување Оскар во 2000 година, влегувајќи преку црвениот килим во салата, тој од џебот го извади сребрениот крст, што за среќа му го подари неговата тогашна девојка, актерката Мег Рајан. И макар што новинарите во списокот на девојки со кои што бил, ги впишуваа и имињата на Кортни Лав, Џоди Фостер, Шерон Стоун и Никол Кидман, тој порачуваше дека има потреба од жена која е сигурна во себе и комплетна како личност. Неговите пријатели велеа дека го привлекуваат повозрасните жени. А, нехармоничниот однос на двете женски планети, Венера и Месечината, кои се одговорни за љубовниот живот, со остатокот на хороскопот, открива дека Расел Кроу е тежок како партнер. Тој не поднесува посесивност и љубомора, а самиот е посесивен. Тој бара верност од страна на партнерката, а самиот не ја гарантира. Затоа, шанси за успех ќе има само онаа негова врска што ќе биде изградена на пријателска основа. Можеби тука лежи одговорот зошто тој ја прекина сериозната врска со љубоморната и посесивна Шкорпија, Мег Рајан, која го напушти својот сопруг актерот Денис Квејд. И можеби потребата партнерката да ја доживува како пријателка беше причината што тој во 2003 година, на својот роденден, 7 април, се ожени со својата љубов од младоста, со австралиската актерка и пејачка Даниел Спенсер. Повторно не случајно, бидејќи Кармичкиот Јазол во транзит тогаш ја допре неговата натална Венера, планетата на љубовта и владетелка на неговото поле на бракот (седмо). Додека Јупитер во тој период транзитираше низ неговото поле на домот, љубовта и децата (четврто и петто). Меѓутоа, со цел да опстане бракот создаден во знакот на агресивниот Овен, на Расел Кроу и Даниел Спенсер ќе им биде потребно многу трпение и такт. Посебно од негова страна, во 2011 и 2012 година. Сега за сега, Расел Кроу се труди да го оддели својот приватен живот од јавниот. Па, секој слободен миг го минува на својата фарма во Австралија, заедно со семејството и пријателите. За френетичниот интерес на медиумите за неговиот приватен живот еднаш се изјасни: “Искрено луѓе, јас ја работам својата работа и глумам најдобро што можам, а вие плаќате влезница да го видите мојот филм. Би сакал да сте задоволни со него. И што се однесува до мене, тоа е се што имам да ви кажам”. Причината за неговиот успех и за фактот што умее истиот да го одржи со години, делумно се крие и во подготвеноста на Расел Кроу постојано да учи нешто ново за својот занает. Тој смета дека три нешта се пресудни за глумецот да ја прифати улогата во некој филм. Првата причина е да му се допаѓа начинот на работата на режисерот, или приказната што треба да ја одглуми. На второ место се политичките причини, а на трето парите. За себе вели дека само првата причина доаѓа в предвид за тој да прифати улога во некој филм. Бројките пак зборуваат дека тој е еден од најплатените актери на денешницата, со 20 милиони долари по филм. А, противречностите во неговиот карактер се очигледни. Иако роден во Нов Зеланд, тој Австралија ја нарекува свој дом. Како вистински Овен и мачо, секогаш е подготвен за тепачки по баровите. Само оние кои тврдат дека го познаваат и неговите бивши девојки се колнат дека тој во душата е непоправлив романтичар. Барт Рејнолдс, неговиот партнер во филмот “Тајната на Алјаска” за него ќе каже: “Во него има огин. Тој пламти цела ноќ, цел ден, постојано. И може да ги повреди луѓето кои не го разбираат тој вид на пламен.”
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Наталната карта што ја добив е фантастична! Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) ” Виктор К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|