In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Квентин Тарантино

Квентин Тарантино - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Квентин Тарантино
 

Додека Британскиот критичар Бери Норман ја опиша неговата работа како “прекрасно дело, впечатливо, смешно, непредвидливо и оригинално”, американската критичарка Мери Кени, во “Дејли Мирор”, го опиша како “одвратен, насилен, одбивен, опасен за младите подложни на влијанија умови, детски, ирационален, мачен, полош од Нацистите кои на секаков можен начин ги деградираа човечките суштества”. Меѓутоа, веројатно и двајцата заборавија дека за вкусовите не вреди да се расправа. А тој, целта на нивните критики, режисерот Квентин Тарантино, тврди дека ако некој погледне подлабоко во неговите филмови, зад неброените убиства и крвта, ќе пронајде силна морална порака и непоколеблива верба во законот на честа. И ова е навистина искрено кажано од страна на Тарантино, ако се има предвид неговиот астролошки портрет.

Имено, тој се роди на 27 март 1963 година во Ноксвил, Тенеси, во знакот на храбриот и агресивен Овен, со подзнак во гладниот за експонирање Лав и Месечина во вечниот трагач по стабилноста, во Бик. Агресивноста на неговиот знак, на Овенот, е засилена со тоа што Марс, владетелот на неговото Сонце, се наоѓаше во огнениот Лав и тоа високо на небото, во моментот на неговото раѓање. Тоа зборува дека Квентин Тарантино идеално ја избра професијата, за на конструктивен начин да ја изживува својата потисната агресивност. Во спротивно, лесно избувлив, тој често би влегувал во кавги и тепачки. Венера, планетата на задоволствата, и рестриктивниот Сатурн, се наоѓаат во оригиналната и ексцентрична Водолија. А, Сатурн е во делот на небото одговорен за односите со јавноста (седмо поле). Месечината, симболот за мајката, жените и популарноста, е во Зенитот, во затегнат однос со агресивниот Марс. Тоа говори дека, сакаше тој или не, мораше да и стане познат на јавноста па дури и по лоши работи, дека луѓето мораше да го доживуваат како оригинален, па дури и откачен. Месечината во Зенитот говори дека главната поддршка во работата Тарантино ќе ја има од жените. Значи, жените кои ќе ги сретне на својот животен пат ќе бидат пресудни за неговата кариера, почнувајќи од првата жена во неговиот живот, неговата мајка. Додека цврстата прегратка меѓу Сонцето, симболот за егото, со Јупитер, планетата на благосостојбата, и Меркур, планетата на интелектот, открива дека Тарантино лесно ќе доаѓа до туѓи пари за реализација на своите идеи.

Полека отплеткувајќи се, клопчето на неговата судбина ги потврди сите работи што ѕвездите ги прорекоа во моментот на неговото раѓање. Како плод на младешката грешка на неговата мајка, која и самата штотуку излезе од детскиот период, Квентин го доби името по ликот на Квинт, кој го толкуваше Барт Рејнолдс во филмот “Гансмоук”. Што се случи со неговиот татко, каде беа неговите баби и дедовци, тоа јавноста до сега не успеа да го дознае. Се знае само дека кога Квентин имаше само две години, тој и неговата 18 годишна мајка се преселија во Лос Анџелес. И токму како што претскажаа ѕвездите, мајка му беше таа што за прв пат го однесе в кино. Квентин уште на прв поглед се вљуби во подвижните слики и големиот екран. И наместо да оди на училиште, тој уживаше со часови да и се предава на магијата на филмот. Но, веројатно засекогаш ќе остане тајна што го натера Тарантино да го напушти средното училиште. Дали беше тоа нестрпливоста на еден Овен кој сакаше веднаш да ги добие работите, дали беше љубовта кон видеото и филмот, дали беше чувството дека го губи времето со работи кои не му значат ништо или беше отпор кон авторитетите поради фактот што никогаш не дозна кој беше неговиот татко.

1985Како и да е, на 22 годишна возраст, тој започна да работи во архивата на една видео продавница, на Менхетен Бич, во Калифорнија. Таму можеше по цел ден да гледа филмови, да дискутира за нив со колегите и потоа да им ги препорачува на клиентите. Овој пресврт во неговиот живот се случи во 1985 година, кога Јупитер, планетата на среќата, транзитираше низ неговото поле на јавноста и јавните признанија (седмо). Во тој период, Квентин имаше и доволно време и инспирација да започне со пишување на сценарија за филм. Првото сценарио што го напиша го нарече “Вистинска романса” и подоцна го продаде за 50.000 долари. На тој начин, се исполни пророштвото на ѕвездите, кои тврдеа дека лесно ќе доаѓа до туѓите пари, спонзорствата и дека ќе го привлекува интересот на влијателните луѓе за она што ќе го работи. Под еден услов, тоа што ќе го работи, да го работи со љубов. Неколку години подоцна, во 1988 година, тој го напиша и второто сценарио “Родени убијци”, кое го откупи Оливер Стоун. 1988Тогаш Јупитер транзитираше низ неговото поле на угледот и кариерата (десетто). Името на следниот филм, за кој што освен сценариото тој ја направи и режијата, беше кованица од лошо изговореното име на филмот “О ревоар ле занфан” и “Строу догс” на Сем Пекинпо. Неговото име гласеше “Резервоар догс”. Тоа на Квентин Тарантино му го донесе епитетот наследник на Мартин Скорцезе.

А, дека сегашноста е збир на нашите постапки од минатото, ќе потврди и судбината на Тарантино. Имено, на 15 годишна возраст, во 1978 година, додека рестриктивниот Сатурн минуваше низ неговото поле на личноста (прво) и низ полето на парите (второ), го активираше непредвидливиот Уран. Младиот Квентин се најде во непријатна ситуација. Тој во една продавница беше фатен во обид за кражба на новелата на Елмор Леонард “Д свич”. Токму таа го инспирираше да ја создаде страшно дрската парада наречена “Ефтини Приказни” (Палп Фикшн), која го катапултираше во стратосферата на славните режисери. Таа му ја донесе Златната палма на Канскиот Фестивал и Оскарот за најоригинално сценарио, во 1994 година. Во исто време, Сонцето, симболот за самореализацијата, во дирекција ја допре Месечината, симболот на популарноста, во полето на угледот и кариерата (десетто).

Можеби војнички расположениот Овен во него, предизвика тој да падне под силно влијание на моралот и законите на јапонските самураи, што се гледа во неговите филмови. Но, Венера, показателот на чувствата во хуманата Водолија и Месечината во срдечниот Бик, направија од него во суштина хуман човек, кој многу вложува во пријателствата. Па, токму Квентин Тарантино во својот филм “Палп Фикшн” го воскресна веќе подзаборавениот Џон Траволта. Но, исто така е впечатливо и тоа што во своите филмови, тој постојано ангажира речиси иста екипа на глумци. А заради тоа што гордиот и славољубив Лав царуваше високо на небото во моментот на неговото раѓање, тој секогаш се појавува барем во една сцена од своите филмови, исто како и Алфред Хичкок, уште еден суетен Лав од светот на филмот.

Додека многумина го обвинуваат и се згрозуваат над насилството во неговите филмови, Тарантино мирно одговара: “Знаете, за многумина насилството е врвот што не можат да го искачат. И добро, јас го разбирам тоа. Но, сепак, јас успевам да ги трогнам и да ги разбудам од зимскиот сон. Бидејќи, јас не ги измислувам настаните, туку само ја раскажувам приказната”. Откривајќи на овој начин дека всушност светот е насилен, тој додава: “Сигурно најагресивен во англискиот јазик е зборот црнчиште. А, јас чувствувам дека колку посилно и почесто го изговараме тој збор, толку повеќе му ја одземаме моќта. Ете зошто токму тој збор е најупотребуваниот во моите филмови”. Дали е ова само интелигентен начин да го оправда својот расизам или навистина така размислува, останува за сега тајна. Но, сепак, има голема вистина во таа негова изјава, колку да делува откачено.

Како и да е, не смее да се заборави дека Квентин Тарантино се појави со оригинални идеи, во моментот кога Холивуд се заглави во повторувањето на старото. Оригинален и откачен, како што Господ го создал, Тарантино е еден од ретките кој сам си ја пишува својата биографија. А, во графата каде што треба да стои годината на неговата смрт тој запишал: “ Се уште ја гонам”.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби