In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Пако Рабан

Пако Рабан - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Пако Рабан
 

Во својата прва колекција, на крајот на 1964 година, тој му ја одзема на металот неговата првобитна функција, за да ги облече амазонките на женската еманципација. На подиумот каде што до тогаш царуваа блондинките, сега таму на звуците на музиката се шетаа прекрасни црнокожи манекенки. А, тоа беше нешто невидено и нечуено во тоа време, вистински скандал. Затоа, половина од присутните, изненадени и навредени, ја напуштија ревијата, а останатите бурно го поздравија навлегувањето на новото во традиционалната мода. А тој, нечувствителен на ваквите реакции се врати во своето ателје, за таму да ја искова модата на иднината. Додека “Каландр”, неговиот парфем симбол, од 1969 година, го ширеше својот мирис низ сите континенти.

Но, не зачудува неговата смелост и оригиналност ако се знае дека тој што ја одигра Прометејската улога во сфаќањето на модата, Пако Рабан, се роди во знакот предвесник на новото, во Водолија. Затоа, попровокативно е можеби прашањето зошто тој излезе од анонимноста, предизвикувајќи скандал кон крајот на ‘64-та година и зошто неговиот парфем “Каландр” стана светски популарен во ‘69-та? Некој тука можеби ќе каже дека скандалот беше најлесниот начин да го привлече туѓото внимание во веќе етаблираниот свет на модата. Другите пак можеби причината ќе ја откријат во сексуалната револуција од шеесеттите години на минатиот век, кога безгрижните луѓе, оптимистички загледани во иднината, сакаа се да видат и пробаат. Третите веројатно како виновник ќе ги посочат рекламите. Но, ѕвездите покрај сето тоа, откриваат и нешто друго. 1964Имено, таа ‘64 година, Сатурн, реализаторот на судбината, во транзит го допре наталниот Сатурн, во полето на угледот и кариерата (десетто), во хороскопот на Пако Рабан. На тој начин, затвори еден свој циклус и дојде да си ги наплати сметките. Во таквите моменти тој ги казнува оние што ги злоупотребиле Вселенските закони, а ги наградува оние што истите ги почитувале. Очигледно Пако Рабан беше од оние, вторите. Но, кога Сатурн транзитира низ полето на угледот, тогаш личноста најчесто се памети по некој скандал. Уште повеќе што кон крајот на ‘64 година, транзитниот Сатурн го допре неговото натално Сонце, симболот за појавноста. Додека во ‘69 година, низ неговото поле на креативноста (петто) транзитираа Јупитер, планетата на среќата, оригиналниот Уран и експлозивниот Плутон. 1969Транзитниот Јупитер, во ноември ‘69 го активираше неговиот натален Јупитер и големиот Воздушен тригон. А, транзитниот Кармички Јазол го активираше неговиот натален Меркур, заштитникот на комуникациите и владетел на неговиот хороскоп, во полето на кариерата. Затоа парфемот “Каландр” направи вистински “бум” и отвори нова страница во неговата кариера.

Но, да тргнеме од почеток.

Франциско Рабанеда Куерво, како што гласи вистинското име на Пако Рабан, се роди на 18-ти февруари 1934 година во селото Пасахес де Сан Педро, во Шпанија, на територијата на Баските, за кои што се тврди дека се наследници на некогашните жители на Атлантида.

Се роди во знакот на оригиналната Водолија, со подзнак во Близнаци кои имаат енциклопедиско знаење и Месечина во истражувачки расположениот Овен. Само првиот поглед на неговата натална карта открива дека се работи за човек кој е пратен на Земјата со посебна мисија. Но, исто така открива дека Судбината нема да го гали, туку напротив, ќе ја зацврстува неговата верба во Господ, преку трагичните случувања во неговиот живот. Всушност, тоа е судбината речиси на сите големи луѓе кои некогаш живееле на Земјата. Доказ за тоа е големиот воздушен тригон во неговиот хороскоп меѓу Асцендентот во еден агол, учителот Сатурн и Северниот Месечев Јазол, симболот за кармата во Зенитот во другиот агол, и во третиот Јупитер, заштитникот на религијата, во полето на љубовта и креативноста (петто). Тоа зборува дека негова кармичка задача е да се откаже од земната себична љубов и да покаже љубов кон целото човештво, преведувајќи ја на човечки јазик Божјата промисла. Уште повеќе што Месечината, симболот за душата, е во цврста врска со Уран, кој му пркоси на времето и е своевидна антена до информациите што се складирани во Универзалниот Ум. Тоа зборува дека Пако Рабан ќе може да допре до информациите невидливи за обичните луѓе, само ако успее да ги победи бизарните сексуални потреби.

Тој пак за себе тврди дека живеел нормално детство. Но, фактите зборуваат дека тоа беше најстресниот и најнесигурниот период од неговиот живот. Имено, неговиот дедо по мајчина линија беше еден од првите социјалисти убиен од цивилната гарда. Неговите родители беа исто така задоени со социјалистичките идеи. Па, татко му дури командуваше со републиканските сили во шпанската граѓанска војна, против приврзаниците на Франко. Така, уште од мали нозе Пако Рабан ја почувствува сета суровост на војната, се гледаше со смртта очи в очи, го преживеа бомбардирањето на Герника и стрелањето на својот татко во 1939 година. 1939Всушност, во ‘39 година Сатурн транзитираше преку неговиот натален Уран, владетелот на неговиот знак и на полето на таткото (десетто) и преку наталната Месечина, симболот за чувствата. Во тие моменти Сатурн создава проблеми во животот со цел да не научи да не ја врзуваме душата за ништо што е земно. За тој период од својот живот во својата книга “Траекторија”, Пако Рабан запиша:

“Бидејќи не бев одгледан во памук, бев зачудувачки зрел за свои години, како впрочем и сите деца на војната. На пет години, веќе бев возрасен.”

Со цел да се заштити себеси и своите четири деца од гневот на Франко, мајка му на Пако Рабан го организираше бегството на семејството во Франција, пешки, преку високите Пиринеи, покриени со снег. Тие со крајни маки стигнаа во Франција и се сместија кај еден француски социјалист. Но, само три месеци подоцна, германските тенкови завземаа половина од источна Франција и семејството започна повторно да живее на штрек, во полуилегала. За тој период од своето детство, Пако Рабан вели дека иако имаше мајка, баба, две сестри и брат, се чувствуваше поинаков од нив и осамен:

“Бев вљубен во ветрот. Жестокоста на природата ме хипнотизираше, а стихиите ми ја зголемуваа сопствената енергија. Со часови седев на морскиот брег, откривајќи ги во звукот на брановите, своите душевни бранувања.”

А, потоа, продолжува:

“Како дете имав проблем со спиењето и со цел да се успијам го броев отчукувањето на срцето, вдишувањето и издишувањето. Така, спонтано, на 7 годишна возраст го имав своето прво астрално патување. Таму некаде горе имав средба со дваесет и четирите старци кои ми го открија мигот на мојата сегашна инкарнација, но ми ги открија и моите минати реинкарнации. Знам дека луѓето на ова ќе се смеат, но не е важно.”

Астрологијата ги поткрепува неговите тврдења, укажувајќи дека активираниот 29-ти степен од Водолијата на кој што се наоѓа неговото Сонце, дава видовити луѓе, интерес за астрологијата и чувство за она што не се регистрира со петте сетила. Додека разните лекари и научници кои ја испитуваат работата на левата и десната хемисфера на мозокот, тврдат дека децата кои до својата десетта година преживеале некаков голем шок, најчесто стануваат природно видовити.

И додека Пако Рабан ги следеше студиите по архитектура во Париз, кај Огист Пере кој работеше со железо и бетон, тој се повеќе се “навлекуваше” на окултните науки, ја проучуваше историјата на магијата, јасновидството, спиритизмот, астрологијата, историјата на религиите, се што може да биде врска до непознатото. За целото тоа време се издржуваше креирајќи колани, бижутерија, чанти и купишта копчиња. Нив ги изработуваше од необични материјали. На пример, лепеше фиде или зрно кафе врз парче пластика и потоа ги боеше. Своите креации им ги продаваше на Баленсиага, Живанши, Жак Гриф, Ив Сен Лоран, Кристијан Диор. Но, ако се знае дека пред да се впушти во политичките активности, неговата мајка беше десна рака на големиот креатор Кристобал Баленсиага, додека тој работеше во Шпанија, тогаш не зачудува свртувањето на Рабан од архитектурата во модата. Неговата мудра мајка му беше всушност и првиот советник за модата. Таа му ја кажа најбитната работа, дека може да ги допре крајните граници на креирањето, но дека нема никакво право, на никаков начин, да ја понижи жената.

Дека Пако Рабан најлесно ќе се разбира со жените, дека тие секогаш ќе му помагаат во животот и дека ќе заработи огромно богатство благодарение на нив, откриваат и ѕвездите. Доказ за тоа е цврстата прегратка на Месечината, симболот за жените, со оригиналниот Уран, во полето на пријателите и туѓата поддршка (единаесетто), во неговата карта, како и моќниот Плутон во полето на парите (второ). Вака некако гласеше и пророштвото на големиот париски јасновидец Белин, кого што Рабан го посети во своите студентски денови, кога сонуваше да стане голем архитект. “Ќе работите опкружен со жени... И жените ќе го направат вашето богатство” рече тогаш тој. А, неговото пророштво се оствари тринаесет години подоцна. Својата прва колекција од високата мода Пако Рабан ја направи како гест на провокација, со надеж дека ќе ја раздвижи инертноста и ќе предизвика побрзо осовременување во модата. Бунтовен како и секоја Водолија, згрозен од застоениот и стар дух, тој не можеше да поднесе во шеесеттите години да се прави мода како од триесеттите.

Притоа, набљудувајќи ја модата низ вековите и епохите, проучувајќи ги историските и економски случувања во тие периоди, тој дојде до констатација дека модата не е само начин на облекување, туку дека таа има и пророчки карактеристики. Така, Рабан откри дека мини здолништата се показател на економска благосостојба. Додека кога на светот му се закануваат економски тешкотии, тогаш жените им се враќаат на долгите здолништа. Според Рабан, правиот фустан е предзнак на сексуалната слобода. Додека коланот стегнат на половината, кој би требало да го раздели полот од мозокот, е знак на пуританската епоха. Рамениците со потполнки се предзнак на војна. Огромните јаки се предзнак на беспокојството. Огромните обетки укажуваат на барање стабилност. Додека високите фризури и пунџите, се предзнак на промена на политичкиот режим итн, итн...

Освен фустаните направени од метал и пластика, Пако Рабан беше првиот кој направи свечени фустани и од хартија во златна и сребрена боја, кои за мали пари се продаваа на аеродромите. Тој креираше и костуми за филмови. Во 1999 година, како што тогаш тврдеше, ја претстави својата последна ревија на висока мода, отворено признавајќи дека високата мода е мртва, бидејќи не постои веќе елитата за која што таа се создаваше.

Во меѓувреме, храбро чекорејќи по патот на духовноста, тој сакаше да ги сподели своите искуства со луѓето, па ја напиша книгата “Траекторија” во која зборува за својот живот и за вербата во преродувањето. Убеден дека живееме во последните скратени времиња, своите визии за иднината на човештвото храбро ги откри во своите следни книги “Во средината на времето” и “Апокалипсис”. Но, овој најголем футурист во модата ја разбрани и разлути јавноста на Франција, кога убеден дека Париз ќе биде срамнет со земја за време на помрачувањето на Сонцето, во август ‘99 година, ја затвори својата модна куќа и избега на езерото покрај Анеси. Потоа, тој бараше прошка од јавноста заради таа своја заблуда и продолжи со својата работа. Но, тоа не може да му се земе за зло, бидејќи најголемиот број луѓе кои го проучуваат окултното, езотеријата и религијата и кои умеат да ги читаат симболите на времето, беа убедени дека во август ‘99 година му претстои крај на светот, барем онаков каков што ние го познаваме. Но, веројатно сите тие заборавија дека Судбината, па дури и онаа колективната, е променлива категорија. Бидејќи со промена на начинот на кој луѓето размислуваат и со промена на своето однесување, тие можат да ги променат случувањата во своите животи и во светската историја. Исто така, веројатно заборавија дека ниеден човек нема право да ја менува туѓата судбина и да го открива датумот за крајот на светот, бидејќи на тој начин се меша во Божјата промисла.

Меѓутоа, блискиот контакт меѓу Месечината и Уран, како и меѓу брзиот Меркур, планетата на говорот, и енергичниот Марс се причината поради која Пако Рабан избрза со предупредувањата за случувањата во август ‘99 година. Имено, луѓето со такви аспекти во хороскопот се карактеризираат со исклучителна ментална енергија, одлични се во полемики, искрени и праведни, вечно во борба против лицемерието и лагите. Но, обично го кажуваат она што го мислат без претходно да размислат за последиците. Од друга страна, Сонцето сместено во Зенитот за време на неговото раѓање го направи силно неговото его. Додека учителот Сатурн, блиску до Сонцето во Зенитот, постојано ќе го учи како истото да го зауздува.

Сепак треба да се признае дека Пако Рабан не се прави ниту пророк, ниту гуру. Тој е само чесен и хуман човек во потрага по Вистината, уплашен за иднината на човештвото. Но, тој не е само обичен човек. Тој е предвесник на новата ера, ерата на Водолијата, која ќе биде основана врз темелите на духовноста и Вселенската Љубов. Ѕвездите откриваат дека во 2009 и 2010 година, ќе му помагаат да ги оствари своите планови.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби