Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Џон Траволта
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Карлос Сантана
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Леонардо Ди Каприо
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Опра Винфри
Пако Рабан
Расел Кроу
Саи Баба
Салвадор Дали
Селин Дион
Шаде Аду
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Нострадамус
Дипломираше книжевност и филозофија. Зборуваше латински, грчки, хебрејски. Имаше големи познавања од медицината и математиката. Кокетираше со алхемијата и магијата. Одлично ја познаваше астрологијата. Мишел де Нотрдам, најголемиот пророк на сите времиња тврдеше: “Човечкото размислување е само плод на интелектот. Затоа, тоа не може да ги види скриените работи, се додека не му помогне гласот што доаѓа од недостапните сфери.” Дека ова е точно потврди науката, стотици години подоцна, кога го откри начинот на кој функционира човековиот мозок. Мишел де Нотрдам се роди на 14-ти декември 1503 година во Сан Реми, Прованса. Се роди во знакот на жилавиот Јарец (бидејќи според стариот јулијански календар, владеењето на знакот Јарец започнуваше на 13-ти декември), со подзнак во истражувачки расположениот Овен и Месечина во длабокоумната Шкорпија. Уште во мигот кога се роди, неколку работи укажуваа дека ќе порасне во несекојдневна личност, со трагична судбина, но дека неговото име ќе продолжи да живее и по неговата смрт. Имено, во моментот на неговото раѓање силна беше концентрацијата на планетарната енергија во сензитивниот и интуитивен Рак, но нехармонична со останатите аспекти во неговиот хороскоп. Месечината, симболот за сопругата се наоѓаше на врвот од полето на смртта (осмо). Јупитер, заштитникот на религијата, беше во цврста прегратка со рестриктивниот Сатурн, што зборува за визионерски способности, но и за проблеми создадени од религиозни лица. Истовремено, наоѓајќи се во едниот агол од големиот воден тригон, овој аспект е во хармоничен однос со Уран, антената до Универзалниот Ум од полето на потсвеста (дванаесетто) и со сензитивната Месечина од полето на окултното (осмо). Сето ова носи пророчки способности, а претставува и заштита од Вселената. Таквото нешто обично се среќава во картите на луѓето кои доаѓаат на Земјата со посебна мисија. Мишел де Нотрдам се роди во еврејско, добростоечко семејство. Неговите дедовци беа познати лекари. Меѓутоа, во тоа време еврејската заедница во Франција беше под силен притисок на католичката црква. Затоа, кога Мишел имаше само 9 години целото негово семејство беше принудено да го прифати христијанството за своја религија, со цел да го сочува стекнатиот статус. Тоа го откриваат и ѕвездите. Всушност, таа 1512 година, Плутон, планетата на метаморфозите, транзитираше низ неговото поле на духовноста и религијата (деветто). Јупитер, заштитникот на религијата, минуваше низ неговиот Асцендент, означувајќи почеток на нов циклус во неговиот живот. Додека транзитот на Уран низ полето на личноста (прво), говореше за радикални промени на личен план. Но, според старата еврејска традиција, за неговото воспитување и образование се грижеше дедото по мајка. И токму тој го воведе во тајните на астрологијата, го научи на вежби за концентрација, го подучуваше на латински, хебрејски и грчки, јазици кои му беа потребни за проучување на тогашната литература. Така, Судбината суптилно ги вмеша своите прсти, за тој многу рано и на многу лесен начин да дојде до знаењата кои претходните генерации ги собираа со векови. А, харизматичниот Нептун, планетата на Универзалната Љубов, во картата на Мишел де Нотрдам се наоѓа во полето на угледот и славата (десетто). Тој ја прави личноста харизматична. И ако таа личност не ги прекрши Вселенските Закони, Нептун и обезбедува слава што ќе трае и по нејзината смрт. Токму со негова помош, Мишел де Нотрдам кој беше само еден од илјадниците астролози фалени на “цел глас” во средниот век, влезе во историјата и остана запаметен, додека неговите соперници отидоа во заборав. Истовремено, Нептуновата енергија, како повисока октава на Венера, планетата на љубовта, ја насочува личноста што е под нејзино влијание, исполнување да бара во сеопштата љубов. Затоа ваквите личности честопати се одлучуваат за мисионерска работа. Тоа се забележува и во случајот на Мишел де Нотрдам, а подоцна и во случајот на Саи Баба. Кога во 1520 година, моќниот Плутон транзитираше низ неговото поле на кариерата (десетто), тој го активираше неговиот натален Меркур, симболот за разумот. Тоа помогна Мишел де Нотрдам да се реализира на интелектуален план. Па, тој тогаш дипломираше книжевност и филозофија во Авињон. Потоа, со помош на деда си, доби дозвола да работи како лекар и веднаш стекна признанија за својата работа. Првата негова пракса се одвиваше на југот од Франција, каде што дивееше чумата. Тогаш, на сцена стапи оригиналниот Уран од неговата натална карта, кој сместен во воден знак (Риби) и тоа во полето на болниците (дванаесетто), суптилно го насочи лечењето да го прави со неконвенционални методи и средства. Така, Мишел де Нотрдам ги тераше луѓето детално да ги чистат и мијат улиците во заразените квартови, ѕидовите на куќите да ги чистат со вински оцет, а тие да јадат што повеќе лук. Својот мисионерски порив тој го задоволуваше и со посета на болните, без да се плаши за сопственото здравје. Но, и со помагање на сиромашните. На тој начин, тој стекна голем углед и почит, многу признанија, па дури и доживотни пензии во некои градови. Но, успешните луѓе од секогаш биле закана за просечните, бидејќи во нив го будат чувството на ништожност. Па токму во тие моменти на успех се активираше нехармоничниот аспект меѓу Нептун од полето на кариерата (десетто) и рестриктивниот Сатурн, во неговата карта. Тоа ги поттикна неговите љубоморни колеги да започнат хајка, ширејќи лаги околу неговото име и работа, со цел тие гласини да стигнат до ушите на Инквизицијата. И овој пат, угледот на неговите дедовци го спаси од најлошото. Но, тој беше принуден да се префрли на студии во Монпелје. Сите овие случувања предизвикаа да се разбуди во него свеста дека треба да го заштити својот идентитет. А, Нептун, магот на илузиите, сместен во неговото поле на угледот, уште во моментот на неговото раѓање претскажа дека Мишел де Нотрдам ќе стане познат по својот псевдоним. Но, ѕвездите мораа да ја поддржат таа негова одлука. Па, кога во 1533 година, Нептун во транзит помина преку неговиот Кармички Јазол, во близината на неговиот Асцендент, а транзитниот Уран го ослободи Сатурн во полето на потеклото (четврто), Мишел де Нотрдам ја зема латинската варијанта од своето име и стана познат како Нострадамус. Но, ѕвездите претскажаа и нешто друго. Бидејќи беше предодреден за посебна мисија, Судбината не требаше да го гали, туку да го научи да не ја врзува душата за ништо што е земно. Затоа требаше да му го одземе тоа што најмногу му значеше во животот, домот и семејството. А, судбинските случувања не можат ниту да се прескокнат, ниту да се одложат. Па, бидејќи Месечината, владетелот на полето на децата и симболот за сопругата, е сместена на врвот од куќата на смртта (осма), во 1537 година неговата сопруга и двете деца и подлегнаа на чумата. Разочаран од Судбината и огорчен од колегите, тој ја напушти лекарската пракса, се повлече и потполно му се посвети на пишувањето и издавањето книги. Тоа е поддржано од позицијата на Јупитер, заштитник на образованието и владетел на полето на филозофијата и издавачката дејност (деветто), во неговото поле на домот (четврто). На почеток, тоа беа книги од медицината и фармацијата, како што е книгата “Избрани рецепти за здравје”, каде што пишува: “Не готви ја храната подолго од времето што ти е потребно два пати да измолиш Оче Наш и Здраво Марија”. Така на смислен начин, Нострадамус ја воведе молитвата-медитација во рецептите, како мерка за време. Меѓутоа, стелиумот на планети во плодниот Рак, во полето на домот и семејството го направи силно емотивен, приврзан за домот и претскажа дека ќе има големо семејство. Па, тој по десетгодишното талкање по Франција и Италија, во 1547 се врати во Прованса и повторно се ожени. Таа 1547 година, Сатурн, непоткупливиот учител, транзитираше преку неговото натално Сонце, наградувајќи го за правилните постапки и избори во минатото. Пророштвото се задоволи со тоа што во овој брак, Нострадамус доби шест деца. Но, и покрај интересната животна приказна и покрај неговите добродетели, ветрот на времето можеби ќе го однесеше неговото име во прегратките на големото ништо, ако тој не ги напишеше “Центурии”, претскажувања за судбината на светот, кои се протегаат до 3997 година. Тие се напишани на симболичен и неразбирлив јазик, со цел да ја избегне Инквизицијата, бидејќи го навестуваа и пропаѓањето на папската држава. – Како Нострадамус ја постигнуваше состојбата на проширена свест? Според него, “Човечкото мислење е само плод на интелектот и затоа не може да ги види скриените работи, се додека не му помогне гласот што доаѓа од недостапните сфери.” Затоа тој се обидуваше да го затапи гласот на разумот, со цел да му направи простор на гласот што ќе дојде од недостапните сфери, во стилот на делфиските пророчнички. Имено, тој го фиксираше погледот за пламенот на една свеќа, паѓаше во транс, а потоа ги запишуваше сликите што пред него се појавуваа во садот со вода. За тоа чувство еднаш кажа “Ги испразнувам душата, мозокот и срцето од сите грижи, додека не постигнам состојба на спокојство и душевен мир. А потоа, ја чувствувам пророчката топлина...” Јогините на ова би додале: “Класичен начин на медитација и смирување на умот до степен кога се координира работата меѓу левата и десната хемисфера, меѓу рационалното и ирационалното, додека не се достигне трансцендентална свест.” – Колку неговите пророштва го променија светот? Нострадамус беше личен астролог на многу крунисани глави, но посебно близок беше со тогашната кралица на Франција, Катерина Медичи. Тој ја предвиде Француската Револуција и крајот на кралот Луј XVI и Марија Антоанета. Го најави владеењето на Наполеон, појавата на Хитлер и Втората светска војна. Меѓутоа, неговите предвидувања скриени во симболи, најчесто се откриваат откако ќе се случи прореченото. Така, Нострадамус не се меша во светската историја и природниот тек на настаните, што веројатно е добро. Бидејќи, знаејќи ја иднината и живеејќи во страв и исчекување, луѓето би ја пропуштиле сегашноста. Меѓутоа, и покрај тоа што пишуваше во симболи, тоа не значи дека неговите стихови се заштитени од злоупотреба од страна на различни луѓе со различни цели. Но, тој за тоа не е одговорен, бидејќи дури и ѓаволот може да ја цитира Библијата за свои цели. Хороскопот пак може само да ги покаже проблематичните моменти во животот, но не може да го предвиди денот на смртта. Сепак, како и многу други пророци и Нострадамус ја предвиде сопствената смрт. Во своите ефемериди, кај положбата на Сонцето меѓу 1-ви и 2-ри јули 1566 година стави крстче и напиша на латински: “Hic propre mors est” (Токму тука е мојата смрт). И навистина, утрото на 2-ри јули беше најден мртов, на клупата покрај својот кревет. Изразот на неговото лице покажуваше дека сосема мирно замина по патеката кон другата страна на постоењето.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. ” Ивона Талевска, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|