In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Натали Вуд

Натали Вуд - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Натали Вуд
 

Таа освојуваше со својата исклучителна женственост. А, монденскиот живот што го водеше, брзото возење на скапите автомобили и обидите за самоубиство, во пеесеттите и шеесеттите години на дваесеттиот век, беа причините поради кои што таа честопати се наоѓаше на страниците од жолтиот печат. Но, исто толку често, нејзините фотографии ги красеа и насловните страници на угледните часописи, бидејќи според популарноста, таа во чекор ја следеше Елизабет Тејлор. И дали поради сето тоа или поради својата трагична смрт, таа дури и триесеттина години по смртта продолжува да го привлекува вниманието на луѓето и да ја разгорува нивната љубопитност.

Натали Вуд се роди во Сан Франциско во семејство на руски емигранти како Наташа Николаевна Захаренко, на 20-ти јули 1938 година, во најженствениот знак на Зодијакот, во Ракот, со подзнак во неодлучната, но чувствителна на уметност Вага и Месечина во Бик, кој стреми кон материјалната сигурност. А силната концентрација на планетарната и моќна енергија во близина на Зенитот, Месечината и Сатурн ниско на небото и Јупитер, планетата на среќата, во полето на љубовта, децата и креативната работа (петто), во моментот на нејзиното раѓање, претскажаа дека таа ќе направи голема кариера, дека ќе има бурен љубовен живот и дека ќе биде исклучително популарна. Но, дека несреќна во љубовниот живот исполнувањето ќе го бара во децата. А, тие требаше да ја научат на безусловната љубов, но прво на љубов кон себеси, како единствен начин преку кој ќе се засилеше нејзината самодоверба. Додека нејзиниот љубовен живот ќе се хармонизираше кога таа ќе сфатеше дека не треба да ги идеализира мажите во кои е вљубена. И кога ќе прифатеше дека среќата е состојба на духот. Затоа, не може никој да не направи среќни или несреќни, тоа го можеме само ние самите.

Според тоа, Натали Вуд не случајно се роди кај една амбициозна жена, која не можејќи да се реализира себеси заради културните и финансиски ограничувања, беше опседната со идејата да ги реализира своите амбиции преку ќерките.

Па, токму таа, нејзината мајка Марија, невработена домаќинка и алкохоличарка, во 1943 година, поведувајќи го своето петгодишно девојченце на аудиција за филмот “Среќна земја”, ја зема во свои раце и неговата судбина. Ѕвездите пак откриваат дека појавувањето на малата Натали на филмот не беше така случајно. 1943Всушност, во 1943 година, Јупитер, планетата на среќата, Плутон, планетата на магнетската привлечност, и Кармичкиот Јазол, транзитираа низ нејзиното поле на угледот и кариерата (десетто), предизвикувајќи таа да излезе од анонимноста. Така, турната во светот на возрасните, малата Натали преку ноќ порасна во прекрасна убавица, но без формално образование, осамена, неприлагодена и несигурна во себе. Но, поради Асцендентот во Вага, беше убедена дека ќе напредува во животот само ако биде добра и мила со другите. Тоа впрочем е главниот проблем на луѓето во чија што натална карта е нагласена Вагата. Така, кога таа имаше 16 години, нејзината натална Месечина, симболот за чувствата, во дирекција го допре ексцентричниот Уран, во полето на сексот. Тогаш Натали беше силувана од еден Холивудски глумец. Но, мајка и, во интерес на кариерата, и забрани да го открие неговото име. Сосема разбирливо ако се знае дека уште од својата осма година, Натали заработуваше тогашни 1.000 долари седмично и таа го хранеше семејството. Плутон, кој е одговорен за кармичките лекции, во близина на највисоката точка на небото, Зенитот, во хороскопот на Натали, говори дека таа мораше да помине низ искуството другите да не ги почитуваат нејзините желби. Сето тоа со цел да ја принуди таа да израсне во емотивно зрела личност што се бори за својата слобода и што не манипулира со луѓето. Личност што ќе се избори за позиција каде што никој не ќе може да владее со неа.

1955И навистина, на 17 годишна возраст, нејзе и успеа да се оттргне од канџите на мајка си. Тука и помогна транзитот на слободољубивиот Уран и Јупитер преку нејзиното натално Сонце, во 1955 година. Па, кршејќи многу од табуата на тоа време, Натали Вуд стана претставничка на новата американска генерација. Се дружеше со Џемс Дин и Елвис Присли. Преку филмот “Бунтовник без причина” им стана идол на младите. За време на снимањето на филмот влегуваше во љубовни врски со филмските партнери. Беше номинирана за Оскар за споредна улога. Подоцна, на сестра си ќе и се довери:

“Елвис навистина знае да пее, но не знае речиси ништо друго. А, Џемс Дин ме научи на професионален однос кон работата и на тоа дека не смеам да се задоволам само со површното познавање на ликот што го толкувам.”

И токму номинацијата за Оскар и нејзината раскошна убавина и ја донесоа огромната популарност. А таа, водена до тогаш од својата амбициозна мајка и од филмската компанија, одеднаш сфати дека воопшто не се познава себеси. “Не можев ништо да одлучам сама”, ќе каже подоцна, “бидејќи цел живот некој ми кажуваше што да работам.” Па, незнаејќи што навистина сака и настојувајќи да им угоди на другите, Натали влегуваше од врска во врска. На забавите се однесуваше премногу слободно и многу пиеше, со цел да ја скрие својата нежна Раковска душа и потребата да се потпре врз силните плеќи на мажот што ќе го сака. А, тој требаше да ја прифати таква каква што е. Но, таков маж се уште немаше сретнато во својата околина.

1956И тогаш, летото 1956 година, кога Јупитер транзитираше преку нејзината натална Венера, планетата на љубовта, се случи фаталната средба. Воздржана во однесувањето, но со врела словенска крв, Натали Вуд го освои артистот Роберт Вагнер, син на богат индустријалец. Љубовта и страстите беа взаемни. А, астрологијата би рекла и судбински, бидејќи блискиот контакт меѓу неговиот Уран и нејзиниот Сатурн во нивните натални карти, говори за љубов што ќе се реализира наспроти сите пречки. Па, можеби тоа објаснува зошто по разводот на бракот, тие повторно се венчаа десетина години подоцна, во 1972. За бракот со Роберт Вагнер таа еднаш рече:

“На почетокот на бракот и јас и Роберт слушавме предвидувања од сите страни дека нашиот брак нема иднина. Нему пријателите му велеа дека јас не сум на негово ниво, а мене дека тој е бисексуалец.”

Па, макар што нивната врска и бракот беа набиени со емоции и романтика, нивниот брак навистина пропадна, делумно заради нивната младост и неискуство, делумно заради хаотичната и декадентна атмосфера на Холивуд. А, најмногу заради неверството на Натали, која на снимањето на култниот филм “Сјајот во тревата” на Елија Казан, се вљуби во Ворен Бити, нејзиниот филмски партнер. Но, нејзиниот хороскоп тоа и го потврдува. Имено, сместена во нејзиното поле на бракот (седмо), Месечината, симболот за чувствата, открива дека Натали се ставаше во позиција да зависи од другите луѓе. Тоа значи дека ниеден нејзин брак не можеше да успее, се додека таа емотивно не созрее. Ситуацијата уште повеќе ја влошуваше и присуството на Сатурн, во полето на бракот, кој носи проблеми и ограничувања од секаков вид.

Во тој период, таа по втор пат беше номинирана за Оскар. Страдаше од несоница. Три пати неделно одеше на психијатар. Но, истовремено, додека нејзиниот брак се распаѓаше, Натали ги сними некои од своите најдобри филмови: “Приказна од западната страна” во 1961 и “Џипси” во 1962. Врската со Ворен Бити траеше кратко. Оставена и разочарана, таа својата емотивна стабилност, наместо во себеси, повторно започна да ја бара во своите партнери. Така, повторно влегуваше од авантура во авантура. Меѓу другите, низ нејзиниот кревет прошетаа: Ники Хилтон, синот на основачот на ланецот хотели, Дејвид Нивен, синот на истоимениот славен глумец, англискиот глумец Том Кортни, Тони Кертис, Стив МекКвин. Но, и покрај многуте љубовни врски, таа се чувствуваше се поосамено и поочајно. Посебно во 1964 година откако дозна дека Роберт Вагнер доби ќерка, во вториот брак. Едно попладне, есента 1966 година, по кавгата со Ворен Бити, Натали се обиде да се самоубие, голтајќи голема количина апчиња за спиење. Но, тогаш имаше среќа. И покрај тоа што Кармичкиот Јазол транзитираше во тој миг преку нејзиниот натален Уран, во полето на смртта, Сатурн, реализаторот на судбината, непредвидливиот Уран и Плутон се наоѓаа во хармоничен однос кон полето на смртта (осмо). Така, Натали беше спасена. Ја најде нејзината секретарка и ја однесе во болница.

И кога помисли дека конечно ја најде среќата стапувајќи во брак со продуцентот Ричард Грегсон и станувајќи мајка, Судбината сакаше поинаку. Па, само по една и пол година од заедничкото живеење, Ричард Грегсон ја изневери. Тоа беше страшен удар за нејзината чувствителна Раковска природа, која не сакаше да му прости. Но, тоа покажува дека Натали се уште ја немаше научено лекцијата на Сатурн. Таа не престана да гради зависнички врски. Животните лекции не и помогнаа емотивно да созрее. Додека Венера, планетата на љубовта, во рационалната и аналитична Девица и понатаму не и дозволуваше отворено да ги покаже своите чувства.

Во меѓувреме, Роберт Вагнер, нејзиниот прв сопруг, кој замина во Европа, напредуваше во кариерата, се ожени и стана татко. Тој се разведе од втората сопруга, речиси истовремено како и Натали. И како по некој договор, кога се сретнаа во 1972 година и двајцата повторно беа слободни и подготвени да почнат одново. А, ѕвездите тврдат дека поминувањето на слободољубивиот Уран низ Асцендентот на Натали во тој период и го донесе чувството дека конечно се ослободува од стегите на кои им робуваше уште од детството. Потребата од љубов и партнерство што низ животот тешко ја задоволуваше, овој пат покрај Роберт ја почувствува, се исполни, нејзините чувства се ослободија и распеаја. И бидејќи љубовта прави чуда, светот околу нив се обои розово. Тие чувствуваа дека никогаш не престанале да се сакаат. Децата од претходните бракови беа со нив, а добија и заедничко девојченце. Кариерите им беа стабилни. Годините им подарија мудрост. Всушност тие сега имаа се што е потребно за среќа.

Но, веројатно Натали немаше до крај расчистено со стравовите. А мудрите велат дека на крајот секогаш те стигнува она од кое што најмногу се плашиш.

Па, цел Холивуд знаеше дека заради опасноста неколку пати да се удави при снимањето на филмовите, Натали Вуд панично се плашеше од давењето, иако како хороскопски Рак требаше да го сака морето. “Сакам да бидам покрај водата” велеше таа, “но никако не сакам да бидам во неа”. И токму водата одигра судбинска улога во нејзиниот живот. Па, дали некој го искористи нејзиниот страв, дали тука прстите ги вмеша и богот на виното Дионис, дали пак таа се најде само во погрешно време на погрешно место, ќе остане тајна. Фактите говорат дека нејзиното тело и гумениот моторен чамец, Нептун и ги врати на Геа, шест часа по нивното исчезнување. Холивуд зборуваше за проклетството што ги следи глумците на “Бунтовник без причина”. Џемс Дин загина во сообраќајка. Сал Минео беше убиен, а убиецот никогаш не беше пронајден. Ник Адамс умре од дрога. 29 ноември 1981А, нејзиниот хороскоп открива дека таа ќе умре одненадеж, од насилна смрт. Тоа го покажува позицијата на непредвидливиот Уран, сместен во полето на смртта. Додека на денот на смртта, 29 ноември ‘81 година, Кирон во транзит го допре Уран во нејзиното поле на смртта, што открива дека тоа требаше да и помогне да ослободи дел од своите потиснати стравови и повреди. Истовремено, агресивниот Марс транзитираше преку Нептун, кој владее со морето, алкохолите и опојните средства, во полето на тајните (дванаесетто). Затоа, таа умре давејќи се додека беше под дејство на алкохол. Но, околностите под кои се случи нејзината смрт засекогаш ќе останат тајна.

Како и да е, на 29-ти ноември 1981 година, Роберт Вагнер остана без фаталната жена, децата без својата мајка, а филмот без една голема актерка.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби