In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Мајка Тереза

Мајка Тереза - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Мајка Тереза
 

Некој мудрец со право забележал дека големите луѓе се празници во календарот на човечката историја. А, во природата на нас, обичните смртници, е да сакаме да имаме нешто заедничко со големите луѓе, да се огрееме од сонцето на нивната харизма. Затоа, Македонците истакнуваат дека таа се роди во главниот град на нивната држава. Албанците тврдат дека таа беше Албанка по мајка. Власите потенцираат дека таа беше Влаинка по татко. Болните, сиромашните и бездомниците ја сметаа за свој ангел спасител. Додека католичката црква ја прогласи за Благословена. А, ако неа ја прашавме, Мајка Тереза сигурно ќе речеше дека таа му припаѓа на Господ, живее за него и работи за него. Бидејќи големите луѓе немаат нација и вера, немаат семејство. Тие се сечии и ничии. Тие се граѓани на светот, а нивно семејство е целото човештво. Тоа е факт што го потврдува и нејзиниот хороскоп.

Мајка Тереза се роди како Агнеса Гонџа Бојаџиу, на 26-ти август 1910 година, во Скопје, град кој тогаш и припаѓаше на Отоманската империја, а денес е главен град на Република Македонија. Агнеса Бојаџиу, исто како и Марија, мајката на Исус, се роди во знакот Девица. Знак кој се чувствува исполнето само кога може да им служи на другите. Но, додека мајката Исусова беше мајка на спасителот на човештвото, Агнеса Бојаџиу, откако го зема името Мајка Тереза, стана хранителка на сиромашните, болните и напуштените во целиот свет. Нејзиниот подзнак се наоѓаше во духовниот и космополитски определен Стрелец. А, Месечината беше сместена во сочувствителниот и стабилен Бик.

Во моментот на нејзиното раѓање, највисоко на небото, во близина на Зенитот, беше Јупитер, планетата на религијата и образованието, кој е истовремено и владетел на хороскопот. Ова укажуваше дека Агнеса Бојаџиу чувството на исполнетост ќе го доживее далеку од дома, во странство, преку професиите кои се поврзани со религијата и образованието. Во полето на филозофијата и религијата (деветто), во нејзината натална карта, покрај Јупитер се сместени и Меркур, планетата на разумот, и Марс, планетата на акцијата. Сонцето, симболот на егото, и Венера, планетата на љубовта и владетел на полето на кариерата (десетто), се наоѓаат во полето на смртта и метаморфозите (осмо). Тоа открива дека нејзината мисија беше да им ја покажува љубовта на луѓето, со тоа што им помагаше да умрат на достоинствен начин. Но, Сонцето е и симбол за таткото. Па, сместено во полето на смртта, тоа открива дека таа рано ќе го загуби својот татко. Харизматичниот Нептун и моќниот Плутон, сместени во полето на јавноста (седмо), зборуваат дека како вистински харизматик, таа имаше силно влијание на луѓето. Додека нехармоничниот однос меѓу Меркур, планетата на говорот, и Плутон, говори дека Мајка Тереза беше личност што не се откажуваше од она што го замислила и што не се плашеше работите да ги нарече со вистинското име. Затоа, преданоста со која таа работеше и веруваше во Господ, иритираше многумина. Колкава беше нејзината предаденост на Господ може да се заклучи од едно нејзино подоцнежно интервју. Таа тогаш изјави:

“Јас сум како моливче во Неговата рака. Тоа е се. Тој прави тоа да мисли. Тој прави тоа да пишува. Моливот не прави ништо. Тој само дозволува да биде употребен.”

– Открива ли нејзината натална карта кој беше вистинскиот мотив за таа да го одбере мисионерството како своја професија на толку рана возраст? Беше ли тоа желба да се побегне од сиромаштијата? Беше ли можеби разочарана во љубовта?

Ни едното ни другото, открива нагласеното деветто поле и Јупитер во Зенитот во нејзината карта. Нејзиниот животен пат, иако не беше лесен, уште од детски години се одвиваше само во еден правец, без никакви скршнувања, по патот на Христос. Меѓутоа, доколку избереше поинаква животна траекторија, тогаш ја очекуваше несреќен и неисполнет љубовен живот. Плутон и Нептун во нејзиното поле на бракот (седмо) говорат за неразрешени кармички врски во минатиот живот. Во овој беше дојдена за да научи да не ја врзува својата душа за оние што ги сака. А, тоа најлесно се учи преку љубовта кон целото човештво, а не кон еден човек. Инаку, Агнеса Гонџа Бојаџиу се роди во добро ситуирано семејство, кај Никола и Дранафиле. Таа уште како дете беше одушевена од приказните за животите на мисионерите и нивната служба. 1919А, кога во 1919 година, Сатурн, реализаторот на судбината, транзитираше низ нејзиното поле на смртта и го допре Сонцето, нејзиниот татко почина. За неа и за другите браќа и сестри, остана да се грижи мајка и. Таа ги воспитуваше своите деца во католички дух. Затоа, никој не беше зачуден кога на осумнаесет години, Агнеса го напушти домот и им се придружи на калуѓерките од редот Лорето. Но, прво отиде да го научи англискиот јазик во Ирска. Во Индија пристигна во 1929 година и започна да работи како наставничка во Дарџилинг, во близина на Хималаите.

1931Кога во мај 1931 година, Јупитер, планетата на духовноста, и Плутон, планетата на метаморфозите, во транзит се сретнаа над нејзиниот натален Нептун, планетата на илузиите, додека транзитниот Нептун го допре нејзиното натално Сонце, во полето на смртта и метаморфозите, Агнеса Гонџа Бојаџиу симболички умре. Таа ја даде својата прва заклетва како калуѓерка и зема нов идентитет. Го зема името Тереза, по Тереза де Лизије, заштитничката на мисионерите. Така, Агнеса Гонџа Бојаџиу засекогаш умре, за да се роди Мајка Тереза, која во годините што доаѓаа стана позната во целиот свет.

1946Една од пресудните години во нејзиниот живот беше 1946. Тогаш Јупитер транзитираше низ нејзиното поле на кариерата. Од една страна, на нејзината натална Венера, владетелот на полето на кариерата, во полето на смртта и метаморфозите, се наоѓаше транзитниот Сатурн, реализаторот на судбината. А, од друга страна, се наоѓаше транзитниот Плутон, планетата на повисоката духовна свест. Затоа, не случајно, тој септември 1946 година, на пат за манастирот Лорето во Дарџилинг, таа го почувствува во себе Божјиот повик да го напушти манастирот и да започне да им помага на сиромашните. Но, таа започна со мисионерска работа дури по две години, во 1948, кога Јупитер транзитираше преку нејзиниот Асцендент, со што го најави започнувањето на новиот циклус во нејзиниот живот. Тогаш Мајка Тереза ја замени облеката на сестрите од редот Лорето за обична, бела, памучна кира, обрабена со сино и замина во сиромашниот дел на Калкута, да им помага на гладните и сиромашните. На почетокот и беше исклучително тешко. Таа немаше никакви приходи, па до храна доаѓаше со просење. Запаѓаше во состојби да ја преиспитува својата одлука, се чувствуваше осамено. На моменти дури помислуваше да му се врати на комфорот на манастирот. Но, можеби токму тоа беше Божјата промисла. Живеејќи во сиромаштија, на своја кожа да почувствува како им е на сиромашните и отфрлените. Тогаш во својот дневник запиша: “Денес научив добра лекција. Сиромаштијата мора да е многу тешка за бедните...”

Две години подоцна, во 1950, Мајка Тереза доби дозвола од Ватикан за формирање на редот “Мисионерки на милосрдието”, кој беше под контрола на Папата. Калуѓерките при стапувањето во редот се обврзуваа дека ќе живеат девствено, во сиромаштија и послушност, покорни кон Христа. Многу слично со правилата на редот на Франческо од Асизи, кого Мајка Тереза го обожаваше. Задачата на мисионерките беше да се грижат за гладните, голите, бездомниците, сакатите, слепите, лепрозните, сирачињата, за сите оние кои се чувствуваат несакани и незгрижени од општеството. Но, и покрај тоа што редот на почетокот броеше само 13 мисионерки од Калкута, денес тој има повеќе од 4.500 сестри и повеќе од 100.000 волонтери, ангажирани во 133 земји во светот.

Кога во 1952 година транзитниот Јупитер ја активираше нејзината натална Месечина, симболот на душата, во полето на љубовта (петто), Мајка Тереза го отвори првиот Дом за Умирање, што го нарече Чисто Срце. Таму сиромашните болни имаа можност да добијат медицинска нега и достоинствено да умрат според ритуалите на нивните вери. На муслиманите им се читаше Куранот, индусите добиваа вода од Ганг, додека католиците последна причест. Потоа, Мајка Тереза отвори болници за лепрозните и домови за децата без родители. На тој начин, до 1960 година Мајка Тереза го рашири својот ред низ цела Индија. А, кога истата година Јупитер повторно помина преку нејзиниот Асцендент, тој означи нов циклус во нејзиниот живот. Па, редот Мисионерки на милосрдието се рашири низ целиот свет. За својата несебична работа во 1979 година, Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир. 1979Во истото време, Кармичкиот Јазол и Јупитер транзитираа преку нејзиното натално Сонце. Додека моќниот Плутон транзитираше преку Зенитот и силно влијаеше во нејзиното поле на угледот и кариерата. Парите што тогаш ги доби од наградата во износ од 192.000 долари, таа бараше да им се дадат на сиромашните во Индија. На прашањето на новинарите: “Што можеме да направиме за да го промовираме мирот во светот?” таа во стилот на аналитичната и практична Девица одговори: “Одете дома и сакајте го своето семејство”.

Нехармоничниот однос меѓу ексцентричниот Уран, од полето на личноста (прво), и харизматичниот Нептун, од полето на јавноста (седмо) кон Зенитот и кон полето на кариерата, открива дека иако луѓето ја доживуваа како несекојдневна личност, мислењата за неа беа поделени. Па, додека за едните таа беше светица, другите ја доживуваа како сурова жена и вешт манипулатор. Уште повеќе што заради нехармоничниот однос меѓу Меркур, планетата на комуникациите, и Плутон, таа не беше од типот на светиците кои молчат, се молат и “го вртат и другиот образ”. Туку беше личност што без страв влегуваше во конфликт кога чувствуваше дека нејзините цели се загрозени. Така си создаде многу непријатели.

Дејвид Скот пишуваше дека таа само се грижи да ги одржи луѓето во живот, наместо да се бори со сиромаштијата. Некои медицински весници од Британија и Америка ја критикуваа за тоа што во нејзините болници една игла се употребуваше повеќе пати, за сиромашните услови на живеење, вклучувајќи го тука користењето на студена бања за сите пациенти. Нејзиното присуство и профилот на нејзината личност им пречеа и на некои од политичките партии на Индија. Уште повеќе што таа често и се спротивставуваше на хинду десницата. Секретарот на Вишва Хинду Паришад, Џирирај Кишоре, тврдеше дека “нејзината прва должност беше кон црквата, додека социјалната служба беше инцидентна”. Тој ја обвинуваше Мајка Тереза дека го фаворизира христијанството и дека спроведува таинствени крштевања на луѓето што беа на умирање. Додека Парвати Менон ја критикуваше нејзината кампања против абортусот и тврдеше дека таа има политичка позадина. Една година по нејзината смрт, германскиот магазин Штерн објави непријателски напис за Мајка Тереза кој се однесуваше на финансиите и начинот на кој што таа ги трошеше донациите.

– Но, што навистина беше Мајка Тереза? Дали беше светица или само вешт манипулатор?

Астрологијата има одговор на ова прашање. Имено, нагласеното поле на религијата (деветто) и Јупитер, заштитникот на религијата, во Зенитот, зборуваат за длабоко религиозна личност, вистински предадена на Господ и на она што црквата го сметаше како вистина. Уште повеќе што Јупитер е владетел на целиот хороскоп. Тоа покажува дека главниот мотив на се што правеше Мајка Тереза, всушност главниот мотив на целиот нејзин живот, беше да работи за Исус, во името на Исус. Дури и ако некаде погреши, тоа сигурно не беше нејзина свесна и намерна одлука. Точно дека кај неа на прво место секогаш беше црквата, а социјалната работа беше само дериват на желбата да Му служи на Господ. Но, не смее да се заборави ниту потцени се што таа направи за гладните и болните. Всушност, и Исус вели: “Гледајте што луѓето прават, а не што зборуваат”. Меѓутоа, Мајка Тереза не криеше дека иако ги почитува сите религии, за неа вистински спасител беше само Исус. Така, во интервјуто што во 1989 година за магазинот Тајм го направи Едвард Дезмонд, таа рече: “Ги сакам сите религии, но вљубена сум во мојата. Без дискусија.”

Во истото интервју, Мајка Тереза на прашањето за критиките на суровиот режим во кој живееја таа и сестрите, одговори:

“Ние тоа самите го избравме. Тоа е разликата меѓу нас и сиромашните. Како би можеле да бидеме вистинити за нив, ако ние водиме поинаков живот? Ако ние имаме се што парите можат да ни дадат, се што светот може да ни даде, тогаш која е нашата врска со сиромашните? Сега, ако луѓето ми се жалат дека е премногу жешко, можам да им кажам, дојдете и видете ја мојата соба.”

На критиките дека на луѓето им дава само храна, а не им помага да се изборат со сиромаштијата, таа луцидно заклучи:

“Некои ми замеруваат дека ги расипувам луѓето со тоа што им давам да јадат риба. Треба да им дадеш трска, самите да ја уловат рибата. А, јас велам, моите луѓе едвај стојат, а камоли да држат трска. Но, јас ќе им дадам да јадат риба, а кога тие доволно ќе закрепнат, ќе ви ги предадам вам. Вие дадете им трска да ја уловат рибата. Тоа е прекрасна комбинација, нели?”

Меѓутоа, колку надворешно да делуваше силно, колку љубовта да беше нејзина заштита, сепак телото на Мајка Тереза почна да попушта, по годините минати во сиромаштија, покрај ужасите на најболните и најсиромашните. Така, таа во 1983 година доживеа срцев удар, при посетата на Папата Јован Павле Втори, во Рим. Кога го доживеа вториот удар, во 1989, и беше вграден пејсмејкер. Сигурно сето тоа не беше случајно. Во тој период, рестриктивниот Сатурн минуваше низ нејзиното поле на личноста и веројатно сакаше да ја научи дека конечно треба да го успори темпото и да започне да се однесува кон себеси со љубов. Меѓутоа, веројатно веќе беше доцна, бидејќи тешкиот живот дојде да си го наплати данокот. Така, во 1996 година, Мајка Тереза падна и си ја скрши клучната коска. Потоа заболе од маларија. А, на 5-ти септември 1997 година, Господ повторно ја зема во своите прегратки.

2003Кога во октомври 2003 година, Јупитер, планетата на експанзијата, транзитираше преку нејзиното Сонце, симболот за егото, во полето на смртта, а Кармичкиот Јазол во транзит ја допре нејзината натална Месечина, симболот за душата, Мајка Тереза беше беатифицирана од страна на Папата Јован Павле Втори. Тој и ја даде титулата “Благословена Тереза од Калкута”. Целата нејзина работа, мотиви и филозофија, најдобро ги опишуваат зборовите напишани на ѕидовите од нејзиниот дом за деца во Калкута:

  • Луѓето се често неразумни, нелогични и себични. Сепак, прости им.
     
  • Ако си добар, ќе ти префрлат дека имаш егоистични мотиви. Сепак, биди добар.
     
  • Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели. Сепак, биди успешен.
     
  • Ако си чесен и искрен, луѓето можеби ќе се обидат да те измамат. Сепак, биди чесен и искрен.
     
  • Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ. Сепак, гради.
     
  • Ако си ведар и среќен, некои можеби ќе станат љубоморни. Сепак, биди среќен.
     
  • Доброто што го правиш денес, утре ќе биде заборавено. Сепак, прави добро.
     
  • Дај го најдоброто од себе, но тоа никогаш нема да биде доволно. Сепак, дај го најдоброто од себе.
     
  • Конечно, сето ова е меѓу тебе и Господ. Никогаш не било меѓу тебе и другите луѓе.
     

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)