Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Џон Траволта
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Карлос Сантана
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Нострадамус
Опра Винфри
Пако Рабан
Расел Кроу
Саи Баба
Салвадор Дали
Селин Дион
Шаде Аду
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Леонардо Ди Каприо
“Тој е најубавиот човек на планетата Земја!” изјави за својот партнер Кејт Винслет, по снимањето на “Титаник”. Но, денес никој не може да каже дека Леонардо Ди Каприо игра само на картата на својот надворешен изглед. По брилијантната улога на Тобијас Волф во филмот “Животот на едно момче”, тој привлече поголемо внимание отколку Роберт де Ниро, неговиот очув во филмот, и покрај тоа што никогаш не студираше глума. А, дека успехот не беше случаен и дека тој е во состојба да одглуми се, докажа уште еднаш, глумејќи го ретардираниот брат на Џони Деп, во филмот “Што јаде Џилберт Грејп”. Иако малку фалеше да не ја добие улогата, бидејќи според мислењето на режисерот беше премногу убав за таа улога. Леонардо Ди Каприо се роди на 11-ти ноември 1974 година, во Лос Анџелес, во семејство на хипици. Неговата мајка е Германка, таткото е Италијанец. Но, иако нивниот брак беше разведен веднаш по првиот роденден на Леонардо, сепак семејството остана во близок контакт. Па, родителите на Леонардо и денес активно учествуваат во градењето на кариерата на својот син. Мајка му ги води неговите финансии, а татко му учествува во пишувањето на скриптите. Во едно од своите интервјуа, Леонардо за нив изјави: “Што и да направев ќе беше нешто што тие веќе го направиле. Знаете, мојот татко сигурно би ме благословил дури иако чуе дека ќе ставам обетки во носот”.
И токму во оваа негова изјава се крие и тајната на неговиот успех, нескршливата самодоверба која се развиваше врз поддршката од страна на родителите. Неговата пак убавина, моќта за трансформација и убедливоста во толкувањето на ликовите, може да ги објасни само астрологијата. Имено, во моментот на неговото раѓање, Венера, планетата на убавината, беше во цврста прегратка со Сонцето и тоа во Шкорпија. Оттаму неговата ангелска убавина, но ѓаволска привлечност. Месечината, симболот за чувствата, се наоѓаше во уметнички надарената Вага, што зборува за вродено чувство за естетика и уметност. Моќниот и таинствен Плутон, планетата на метаморфозите, господареше високо на небото, блиску до Асцендентот. Тој ја покажува неговата моќ за трансформација. Додека цврстата врска меѓу Меркур, планетата на разумот, со ексцентричниот Уран пресуди тој да биде див, немирен и духовит. Кога на тоа ќе се надоврзе и влијанието на конфузниот Нептун, во полето на образованието (трето), ете зошто како ученик, Леонардо повеќе сакаше да ги забавува другарчињата од класот, отколку да пишува домашна. Тој речиси секогаш препишуваше, посебно на писмените задачи по математика. За тој период од својот живот еднаш рече: “Никогаш не бев вљубен во училиштето. Всушност, не можев да се сконцентрирам на работите што не сакав да ги учам. Речиси половина од училишниот ден јас им ги покажував брејк-денс финтите на моите пријатели”.
Сепак, проблемот со концентрацијата во училиштето не ги задуши неговите соништа поврзани со глумењето. Па, неговото деби беше на телевизијата, во шоуто “Ромпер Рум”, на 5 годишна возраст. Но, набргу беше избркан од снимањето заради своето неконтролирано однесување. А, всушност заради тоа што неговата вулканска Шкорписка енергија не можеше да мирува и бараше ослободување во превртувањето на камерите и рефлекторите. Кога Леонардо ди Каприо имаше 12 години, убеден дека сака да стане глумец, тој го натера татко му да му најде филмски агент што ќе го внесе во светот на филмот и ќе се грижи за неговата кариера. На почетокот беше разочаран неколку пати. Дури еден филмски агент го убедуваше татко му дека нема надеж за Леонардо на големиот екран, се додека не ја смени фризурата, па дури и името во некое што не звучи толку етнички, како на пример во Лени Вилијамс. Тој безобразен предлог Леонардо го одби, бидејќи неговите родители беа емотивно врзани за неговото име. Всушност, неговата мајка стоеше пред слика на Леонардо Да Винчи кога за прв пат почувствува како нејзиниот плод мрда во нејзината утроба. Така, Леонардо го доби името уште додека беше во стомакот на мајка си и немаше сила која ќе можеше да го натера да избере ново име и нов идентитет. А, кога дојде вистинското време, тој и татко му пронајдоа агент на кој му се допаѓаше фризурата на Леонардо. Тоа значеше и почеток на неговата кариера. Па, тој со четиринаесет години започна да се појавува во некои помалку значајни реклами, во неколку епизоди од “Санта Барбара”, во поучни филмови од типот “Како да се излезе на крај со родителите кои се дрогираат”. Доволно за почеток, но малку за да стане популарен. Меѓутоа, за популарноста не требаше долга да чека. Русокосото синооко момче ги остави без текст гледачите и критиката со филмовите “Животот на едно момче” и “Што јаде Џилберт Грејп”, со што го трасираше својот пат кон ѕвездите. За вториот филм беше номиниран за Оскар на само 19 години. Но, тоа не беше случајно. Беше тоа 1993 година, кога ѕвездите беа на негова страна. Имено, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше преку неговиот Асцендент и го означи почетокот на позитивните промени во неговиот живот, кои ќе траат 12 години. Притоа, минувајќи низ неговото поле на личноста (прво), тој го активираше Плутон, планетата на метаморфозите. Потоа ја допре Месечината, симболот за популарноста, па непредвидливиот Уран и брзиот Меркур. Додека Кармичкиот Јазол во транзит го активираше неговиот натален Северен Месечев Јазол. Сепак супер-ѕвезда и икона на милиони тинејџери, Леонардо ди Каприо стана дури по одиграните улоги во филмовите “Ромео и Јулија” и “Титаник”, во 1996 и 1997 година. Тогаш тој беше катапултиран во стратосферата на светската слава. Филмот “Титаник” беше номиниран за 14 Оскари, доби 11, вклучувајќи ги тука Оскарите за најдобар филм и режисер на годината. И макар што ди Каприо не го доби Оскарот за најдобра машка улога, тоа не ја намали неговата популарност. Напротив, тој го доби имиџот на романтичен љубовник и беше најбараната личност на забавите ширум светот. Повторно не случајно, бидејќи во ‘97 година Јупитер транзитираше низ неговото поле на креативноста, љубовта и забавата (петто). Тука започна да навлегува и непредвидливиот Уран. Додека Сатурн, реализаторот на судбината, минуваше низ неговото поле на јавноста (седмо) и придонесе тој да биде сериозно сфатен како актер. Упатените тврдат дека во списокот на своите љубовни подвизи, тој ги впиша имињата на многу познати жени како Кејт Мос, Наоми Кембел, Ева Херцигова, Марија Кери, Деми Мур, Кармен Електра, Хелена Кристенсен, Бижу Филипс, Бејби Спајс, Жизел Бундхен и секако Кејт Винслет. Но, неговиот список памети и помалку познати и непознати имиња. За својот интензивен и хаотичен љубовен живот тој вели: “Што да правам кога сум опседнат со девојките? На мои години хормоните постојано удираат во глава и не оставаат простор за ништо друго освен за мислите поврзани со сексот.”
Прилично искрена изјава, ако се има предвид опседнатоста на типичната Шкорпија со љубовта и сексот. Некои пак од неговите придружнички јавно ги потценуваа неговите љубовнички способности тврдејќи дека тој во кревет е вистински труп. Други пак ги спомнуваа сите места каде што воделе љубов со него. Додека една од нив тврдеше: “Во кревет е како Титаник. Со него можете само да потонете!” Астрологијата потврдува дека Леонардо истовремено е страстен и нежен љубовник. Месечината, планетата на чувствата, се наоѓа во рафинираната и нежна Вага, но е во цврста прегратка со страсниот Плутон. Додека нежна е прегратката меѓу Сонцето, симболот на егото и Венера, планетата на љубовта, но во страсната и еротична Шкорпија. Како и да е, веќе одамна не е тајна дека славата и озборувањата одат “рака под рака”. Одамна не е тајна дека обичните смртници на секаков начин се трудат да се огреат на зраците од туѓата слава и популарност, смислувајќи секакви лаги и полувистини. Очевидци кои се нашле на иста забава со Леонардо ди Каприо тврдеа дека тој се однесувал како недораснато детиште кое го палеше и гаснеше светлото, со цел да ги натера присутните да ја напуштат забавата. А, кога една жена се обидела да го спречи, тој наводно ја плеснал по раката и продолжил со палењето и гаснењето на светлото, се додека не дошла Кејт Хадсон, ќерката на Голди Хоун. Но, токму детскиот изглед и можеби детското однесување иницирано од потребата да си игра во животот, му овозможија на Леонардо ди Каприо, на млада возраст, со еднаква леснотија да влегува во улогите на возрасни мажи, но и помлади момчиња. А, кога Јупитер, повторно во транзит, дојде до неговиот знак во 2006 година, неговата ѕвезда на филмското небо започна посилно да сјае. Златниот Глобус и Асоцијацијата на Филмските Критичари два пати го номинираа ди Каприо за категоријата најдобар актер, за улогата во филмовите “Крвав дијамант” и “Покојникот”, што е исклучително ретка чест за еден актер. Благодарение на својот редок талент и моќта за трансформација, Леонардо ди Каприо работи “под полна пареа”. Во 2008 е ангажиран дури во три филмски проекти. Додека за 2010 се подготвува да ја одигра улогата на Теодор Рузвелт во филмот “Искачувањето на Теодор Рузвелт”. Под влијанието на своите родители, некогашни “деца на цвеќето”, или под влијанието на Уран, владетелот на еколошки освестената Водолија, кој е во цврст контакт со неговиот Меркур, планетата на разумот, Леонардо ди Каприо активно учествува во кампањите за заштита на човековата средина. Но, прво започна од “својот двор”, со цел да биде пример за другите. Така, тој за своите патувања ги користи комерцијалните авионски летови, вози хибридна кола, а дома се грее на соларна енергија. Активно е вклучен и во заштита на планетата Земја од глобалното затоплување. Сепак, негова најголема љубов е глумата. За тоа ќе рече: “Најдобрата работа во глумењето е тоа што постојано се губам себеси во некој туѓ карактер. Но, на крајот сепак плаќам за тоа. Никогаш не сум сигурен кој сум јас. Ми се чини дека секој ден се менувам.” Да се надеваме дека тоа беше само последица од процесот на созревањето. Ѕвездите откриваат дека 2008, 2009 и 2010 ќе бидат негови плодни години. А потоа, од 2010 до 2015, Сатурн, реализаторот на судбината, ќе транзитира низ неговото поле на личноста (прво) и низ неговиот знак, ставајќи ја на искушение неговата зрелост. Веројатно тој ќе ги направи вистинските избори во тој момент и ќе ја искористи поддршката на ѕвездите во 2016 и 2017, за повторно како феникс да се издигне од пепелта и повторно да ја одушеви публиката.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|