Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати портрети:
Џакомо Џироламо Казанова
Адолф Хитлер
Алберт Ајнштајн
Боно Вокс
Волт Дизни
Грета Гарбо
Грејс Кели
Елвис Присли
Карлос Сантана
Катрин Денев
Квентин Тарантино
Леонардо Ди Каприо
Лудвиг Ван Бетовен
Марија Калас
Мајка Тереза
Натали Вуд
Никола Тесла
Нострадамус
Опра Винфри
Пако Рабан
Расел Кроу
Саи Баба
Салвадор Дали
Селин Дион
Шаде Аду
|
Симболика на полињата во хороскопот Прво Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот. Второ Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот. Трето Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците. Четврто Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот. Петто Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот. Шесто Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата. Седмо Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата. Осмо Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата. Деветто Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот. Десетто Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот. Единаесетто Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата. Дванаесетто Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.
|
Џон Траволта
Кога во 1994 година, веќе подздебелениот и подзаборавен Џон Траволта прифати да ја игра улогата на криминалецот Винсент Вега, во култниот филм на Квентин Тарантино “Ефтини приказни”, никој не ни сонуваше дека ова контроверзно остварување ќе го означи спектакуларното враќање на некогаш најбараниот и најценетиот актер. Така, на 40 години, Џон Траволта самоуверено се врати на големиот екран, докажувајќи им на критичарите и на публиката дека неговиот талент за глумење всушност никогаш не згаснал. А, неговото враќање го навестија и ѕвездите. Имено, во ’94 година, Сатурн, планетата која создава проблеми и искушенија преку кои не принудува да созрееме, транзитираше преку неговото натално Сонце и Венера. Додека Јупитер, планетата на среќата и владетел на неговото поле на работата (шесто), во транзит го допре неговиот натален Сатурн, владетел на неговото поле на јавноста (седмо). Тоа значеше дека по многугодишните искушенија, Сатурн се обиде да ги подмири сметките. Во случајот на Џон Траволта, тоа значеше награда за вистинските постапки и избори во животот. Но, да тргнеме од почеток. Џон Траволта се роди на 18-ти февруари 1954 година во Енглвуд, едно од предградијата на Њујорк, како најмало од шесте деца на Салваторе Траволта и Хелен Цецилија Бурк, која го роди на 42 годишна возраст. Таткото на Траволта имаше италијански корени, а мајка му ирски. Ништо што би можело да му помогне на малиот Џон во градењето на кариерата. Но, помошта дојде од Небото. Имено, во моментот на неговото раѓање, Сонцето, симболот за егото, се најде во знакот на инвентивната и неконвенционална Водолија. Асцендентот се издигаше во семејниот Рак. Месечината, симболот за чувствата, беше сместена во аналитичната Девица. Меркур, планетата на комуникациите, и Венера, планетата на уметноста, се наоѓаа во талентираните за танц, Риби. Додека моќниот Плутон, во неговото поле на парите (второ), зборуваше дека Џон еден ден ќе стекне огромно богатство. А, тоа што неговото натално Сонце примаше позитивно влијание од креативниот Нептун од знакот на рафинираната Вага и беше во цврста прегратка со Венера, планетата на уметноста и убавината, во астрологијата е школски пример кој покажува дека таа личност ќе има талент за глума, музика, уметност и танцување. И навистина, малиот Џон уште во петтата година научи да танцува, а негов учител беше братот на Џин Кели. Во својата седма година тој прв пат настапи во театар. А кога во 1970 година, Јупитер транзитираше низ неговото поле на домот (четврто), додека Кармичкиот Јазол во транзит ги допре неговата натална Венера и Меркур, нешто во него се смени. Тој посака да живее сам и сам да заработува. Ништо необично, ако се знае дека најголема потреба на секоја Водолија е независноста и чувството на слобода. Така, во прво време Џон Траволта работеше како анонимен танчер во ансамблот што настапуваше на Бродвеј во мјузиклот “Брилјантин”, не ни сонувајќи дека еден ден десетина години подоцна, својата блескава кариера ќе ја започне глумејќи во филмот со истото име. Својата прва поголема количина пари, тој ја заработи на дваесетгодишна возраст, во ’74 година, снимајќи телевизиски реклами за животно осигурување. Во истото време додека Јупитер минуваше низ неговото поле на спонзорства и пари од осигурителни компании (осмо). Но тоа не е необично ако се знае дека личностите кои се родени додека Сонцето ја прегрнувало Венера, се истакнуваат со убавина, шарм и привлечност. Таа привлечност во неговиот случај беше надополнета со црната коса, сините очи, темпераментниот изглед, зачинети со нежно однесување. Токму тие квалитети го донесоа Џон Траволта во Холивуд. Па, тој ја доби улогата на ѓаволестиот ученик во комичната ТВ серија “Добро дошол, Котер”, и уште тогаш стекна локална популарност. Во ’75 и ’76 година, Јупитер транзитираше низ неговото поле на угледот и кариерата (десетто), отворајќи му ги вратите од светот на филмот. И макар што неговиот филмски првенец беше “Ѓаволскиот дожд” во 1975 година, тој според негово мислење беше толку лош, што Траволта како своја прва филмска улога ја наведува онаа во славниот хорор на Брајан де Палма, “Кери”, со Сиси Спејсек во главната улога. Оттогаш, започна и интересот на филмските часописи за него. Тие објавуваа негови постери. Но, стигнуваа и понуди за снимање плочи. Значи, полека ама сигурно, медиумите го “коваа” во ѕвезда. Па кога во ’77 година започна да се прикажува неговиот филм “Треска на саботната вечер”, пред кината се бараше билет повеќе. Тој и филмот добија одлични критики. На неговата сметка во банката се слејаа многу долари. Се повеќе жени фантазираа да водат љубов со него. Но, кулминацијата на славата Траволта ја доживеа со мјузиклот “Брилјантин”. Таму тој играше, пееше и глумеше со занес типичен за личност со Венера во талентираните за танц, Риби. Од тој момент, Џон Траволта и неговата партнерка од филмот, Оливија Њутн Џон, станаа симбол за тинејџерската љубов кај многу генерации што дојдоа подоцна. Нормално, тоа не ќе можеше да се случи ако не беше поддржано од ѕвездите. А таа ’78 година, Јупитер транзитираше преку неговиот Асцендент и низ полето на личноста (прво), помагајќи му да ги собере плодовите од дотогашната макотрпна работа. Но, Јупитер истовремено го означи и стартот на новиот 12 годишен циклус во неговиот живот. Во тоа време, Сатурн, реализаторот на судбината, во транзит ја допре неговата натална Месечина, му донесе искушенија во љубовниот живот, тестирајќи ја на тој начин неговата емотивна зрелост. Меѓутоа, ѕвездите беа само катализатор на успехот на Џон Траволта. Додека, зад тој успех се криеја години и години напорна работа и многу пролеана пот. Имено, стрпливиот Сатурн е сместен во борбената Шкорпија, а Месечината, симболот на чувствата, во дисциплинираната Девица. Тие укажуваат на долги години вредно вежбање, труд и вложувања. Притоа, мора да се признае дека Џон Траволта е еден од ретките актери во Холивуд, кому славата не му “удри во глава”. Заради Асцендентот во чувствителниот и семеен Рак и заради тоа што Уран, владетелот на неговото Сонце, се наоѓа повторно во Рак, и покрај огромната популарност и гламурот, Траволта остана едноставен човек кој му е приврзан на семејството. По вртоглавиот успех, кога сите веруваа дека иднината на Џон Траволта во светот на филмот е зацементирана, во периодот од ’85 до ’94 година, тој наеднаш падна на маргините на заборавот. Во целиот тој период, вреден за паметење беше само трите дела од филмот “Гледај кој зборува”. Ѕвездите имаат одговор на оваа мистерија. Тие ова “салто мортале” го објаснуваат со транзитирањето на моќниот Плутон низ Шкорпија, која не му е наклонета на неговиот знак, Водолија. Сепак, дека секое зло е за свое добро, говори фактот што во тие кризни моменти за неговата кариера, во неговиот живот влезе преубавата Кели Престон. А, со тоа во 1991 година, започна и еден од најсолидните бракови во Холивуд. Но, бидејќи во Вселената не постојат случајности, бракот на Џон Траволта и Кели Престон не дојде случајно. Тој беше испровоциран од Јупитер, кој во ’91 година помина преку неговата натална Месечина, симболот за љубовта и сопругата. За затишјето во својата кариера Џон Траволта изјави: “Од секогаш му пристапував на животот со скромност и сериозност. Знаев дека човек еден ден може да биде поласкан со пофалби, а веќе утре понижен со навреди. Па, мора да научи да се штити од тоа. Се обидував да останам непроменет и да не ги сфаќам комплиментите премногу сериозно, како впрочем и навредите. Значи, најдобро е човек да се држи за златната средина. И макар што затреперувам од сето внимание што ми го укажуваат медиумите, никогаш тоа нема да го сфатам сериозно.” Прилично продуховен коментар, кој не треба да не зачуди, ако се знае дека Џон Траволта со години, од 1975 година, е следбеник на Сајантологијата. За неа ќе рече: “Сајантологијата одигра најголема улога во постигнувањето на мојот успех. Имам прекрасно дете и одличен брак, само заради тоа што ја вклучив техниката на Рон Хабард во тие аспекти од мојот живот. Таа ми помага да се справам со животните проблеми, но и да им помагам на луѓето.” Колку тука има заслуга техниката на Рон Хабард, а колку неговиот хармоничен карактер, тоа можеби го знае само тој. Меѓутоа, астрологијата тврди дека потребата да им помага на луѓето ја носи секој поразвиен претставник на хуманата Водолија. Но, секој поразвиен претставник на Водолијата исто така има отпор кон оружјето, војната и насилството. А, враќањето на Џон Траволта на филмот беше токму со улоги на маргинални и насилни типови. За тоа ќе каже: “Јас не сум личност која секогаш се сложува со насилството во филмовите. Но, насилството понекогаш е само облик на реализам, како во филмот Шиндлеровата листа. Сепак, не смееме да дозволиме тоа да стане најзначајната работа на филмот.” И како и секоја Водолија која најмногу од се ја почитува слободата и ги обожава авионите, кои за неа се симбол на слободата, и Џон Траволта во летањето го гледа симболот на слободата. Затоа, започна да и пркоси на гравитацијата и да лета на 24 години, а пилот на млазни авиони стана на 40 години. Во меѓувреме, не престана да снима филмови, доби уште едно дете. Па, гледано од страна, неговиот приватен живот наликува на онаа реченица од бајките: “И си живееја среќно до крајот на животот”. Му посакуваме тоа така и да остане. Уште повеќе што 2008 година би можела да му донесе искушенија на емотивен и финансиски план или искуства кои ќе го натераат да внесе промени во својот систем на вредности. Затоа пак во 2009 и 2010 година, ѕвездите ќе го наградат со можности за позитивни пресврти на секој план од животот.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
Симболика на планетите во хороскопот |
|
Сонце |
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности. |
|
Месечина |
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста. |
|
Меркур |
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот. |
|
Венера |
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата. |
|
Марс |
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста. |
|
Јупитер |
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование. |
|
Сатурн |
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител. |
Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации. |
|
Уран |
Ниво 1: Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени. Ниво 2: Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот. Ниво 3: Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум. |
|
Нептун |
Ниво 1: Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите. Ниво 2: Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците. Ниво 3: Антена за Универзалната Љубов. |
|
Плутон |
Ниво 1: Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис. Ниво 2: Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции. Ниво 3: Симбол за повисоката духовна свест. |
|
Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол) |
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот. |
|
Кирон |
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање. |
|