In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Грета Гарбо

Грета Гарбо - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Грета Гарбо
 

Во 1930 година, таа беше нарекувана “прва дама на филмското платно”. Андре Синволд во Њујорк Тајмс напиша дека таа беше “најчудесната мешавина на карактери што се појавила на екранот”. Алистер Кук ја именуваше како “љубовница за каква што секој маж сонува”. Французите ја нарекуваа “Божествена”. А Кенет Тајнан заклучи: “Она што пијаниот го гледа во другата жена, трезниот го гледа во Грета Гарбо”.

Таа се роди како Грета Ловиса Густафсон, на 18 септември 1905 година во Стокхолм, во знакот на аналитичната и емотивно дистанцирана Девица, со подзнак во немирните Близнаци и Месечина во неподготвениот на промени, Бик. Сликата на небеските тела во моментот на нејзиното раѓање укажуваше дека таа ќе порасне во магнетски привлечна личност која постојано ќе се колеба меѓу јавниот живот, бракот, работата и здравјето од една страна, а од друга секогаш ќе стои потребата од осаменост и стравот од болести. А, таинствениот Плутон, богот на подземјето, во полето на појавноста (прво), во нејзината карта говореше дека таа секогаш ќе има еден лик за пред публика, додека зад сцената ќе води сосема поинаков живот. Додека планетата на среќата, Јупитер, во близина на највисоката точка на небото (Асцендентот), укажува дека беше родена под среќна ѕвезда. Затоа, животната траекторија на Грета Гарбо, секогаш се вкрстуваше со онаа на моќните луѓе кои сакаа да и помогнат.

Но, додека тоа се случи, прво требаше да го помине училиштето наречено живот. И навистина, Грета Гарбо се роди во сиромашното семејство на Карл Алфред и Ана Ловиса Густафсон. Татко и беше општ работник кој често отсуствуваше од работа, заради својата болест. Па, малата Грета, на 13 годишна возраст мораше да го напушти училиштето, за да може секојдневно да го носи татка си на третмани во болницата за сиромашни. Попусто, бидејќи тој сепак почина само година дена подоцна од нефритис. А, Грета на само 14 годишна возраст мораше да се вработи, прво во една берберница, а потоа во една продавница, за да може да се прехрани семејството.

До тука, класична холивудска приказна. Но тогаш на сцена стапи планетата на среќата, Јупитер, и нејзиното позитивно влијание. Па убавата Грета беше ангажирана во рекламата за продавницата во која што работеше. Доби двегодишна стипендија за Кралскиот драмски театар во Стокхолм и го сретна познатиот шведски режисер Морис Стајлер. Тој беше најпознатата фигура од златните години на шведскиот нем филм. Тогаш, 40 годишниот Стајлер ја презема целосната контрола над приватниот и професионалниот живот на својата 17 годишна штитеничка. Тој и го смени и презимето Густафсон во Гарбо и и додели значајна улога во својот филм “Сагата за Госта Берлинг”. 1922Беше тоа 1922 година, кога Јупитер и Сатурн, реализаторот на судбината, транзитираа низ нејзиното поле на работата (шесто). Додека Кармичкиот Јазол во транзит го допре нејзиното Сонце, активирајќи ги на тој начин кармичките случувања на професионален план.

1925А, Судбината уште еднаш го потврди она што ѕвездите го претскажаа во моментот на раѓањето на Грета Гарбо, дека богатите и моќните ќе сакаат да и помогнат. Па, кога во 1925 година, Морис Стајлер замина за Америка да работи за Метро-Голдвин-Маер, тој инсистираше студиото да потпише договор и со неа. Ништо чудно, ако се знае дека во 1925 година, Јупитер транзитираше низ нејзиното поле на странство (деветто) и низ полето на кариерата (десетто). Од друга страна, кон крајот на ‘24 година, транзитниот Северен Месечев Јазол ја допре нејзината натална Венера, планетата на љубовта. Шест месеци подоцна, транзитниот Нептун го направи истото. Тоа покажува дека Грета Гарбо доживеа чудни искуства во љубовниот живот. Па, можно е да имаше љубовна врска со нејзиниот менаџер или со некој што требаше да и помогне во кариерата. Како и да е, на Морис Стајлер му успеа да ги наговори Метро Голдвин да потпишат договор со Грета Гарбо. А, се друго од овој миг па натаму, е веќе историја.

Во својата 19 годишна кариера, до 1941 година, Гарбо сними 27 филма (два во Шведска, еден во Германија, а останатите во Холивуд). Таа постојано толкуваше улоги на разочарани жени кои се вљубуваа лесноумно и безнадежно, кои ја прекршуваа традицијата. Затоа, мораа да бидат казнети со тоа што ќе умрат или ќе бидат оставени од љубовникот. Умешноста да го покаже душевното страдање, таинственоста и дистанцираноста од публиката, направија Гарбо да им се допадне и на мажите и на жените. Како што еден критичар умееше да каже “Најдобриот елемент во филмовите на Гарбо, беше самата Гарбо”. Таа и нејзините филмови извршија силно влијание врз женската мода, фризура, шминка и однесување.

И можеби многумина во однесувањето на Гарбо кон публиката и новинарите, во избегнувањето на интервјуата и давањето автограми, во неодговарањето на писмата на обожавателите и неприсуствувањето на премиерите, гледаа само внимателно култивиран имиџ од страна на нејзиното студио. Но ѕвездите велат нешто друго. Имено, Месечината, симболот за чувствата, сместена во полето на изолациите (дванаесетто) и студениот Сатурн во полето на пријателите (единаесетто), говорат за личност која имаше физичка потреба да се изолира од светот околу себе. Затоа, тој нејзин внатрешен порив можеби само се совпадна со желбата на продуцентите, но никако не е нешто лажно и изглумено.

Сепак, како што нејзиниот филмски лик беше егзотичен и таинствен, така и нејзиниот приватен живот беше завиткан во превезот на тајните. Асцендентот во немирните Близнаци, а Сонцето во рационалната и аналитична Девица, говорат дека Грета Гарбо беше на половина пат меѓу желбата да се забавува и да си игра и меѓу мислата дали е потребно и вкусно да го прави сето тоа. А, во момент на слабост таа пред еден новинар призна “Умеам да се изразам себеси само преку ликовите што ги толкувам, не со зборови. Затоа избегнувам да зборувам со вас новинарите”. И можеби се во нејзиниот приватен живот ќе се одвиваше поинаку ако таа беше само малку поспонтана во изразувањето на чувствата. Ѕвездите велат дека жената што умееше до болка да страда толкувајќи ги ликовите во своите филмови и принудувајќи ја публиката да сочувствува со неа, во приватниот живот си забрануваше да го покаже она што го чувствува. Така и покрај многуте гласини за нејзините љубовни врски, и покрај тоа што беше на чекор од олтарот со глумецот Џон Гилберт, таа им остана верна на особините на својот знак, на Девицата, и никогаш не се омажи. Но, тоа не беше причина луѓето да не ја гледаат во друштво на диригентот Леополд Стоковски, на нутриционистот Гејлорд Хаусер, на грофот Ерих Голдшмит Ротшилд.

– Дали имаше хомосексуални склоности како што тврдеа некои новинари?

Уметничките кругови на Холивуд знаеја дека летото 1931 година, на гости кај една своја пријателка, Грета Гарбо ја запозна Мерцедес де Акоста, американска писателка, авторка на многу театарски драми и сценаристка во Холивуд. “Страста меѓу нив веднаш пламна”, тврдеа сведоците. 1931Додека ѕвездите го потврдуваат тоа, бидејќи летото ’31 година, Јупитер и Нептун, креаторот на илузиите, минуваа низ полето на љубовта (петто), во хороскопот на Грета. Нивната врска беше драматична. А, Гарбо ги “влечеше конците”. Таа си одеше од Мерцедес кога ќе посакаше и се враќаше кога сакаше, ја мачеше со други љубовници, ја озборуваше пред пријателите. Дури успеваше да ја уништи секоја врска што таа ја почнуваше. Сепак, Мерцедес беше љубовница и на Марлен Дитрих и на балерината Исадора Данкан. Едно време таа паралелно одржуваше контакти и со Марлен и со Грета. Па, во Холивуд се шегуваа дека Марлен ја соблекува истата жена и ја облекува истиот маж како и Грета Гарбо. Всушност, Дитрих своите машки костуми ги купуваше кај истиот кројач како и нејзината ривалка од филмското платно и од спалната соба. Последен пат Мерцедес ја сретна Гарбо во нејзиниот њујоршки дом, во 1958 година. “Изгубена сум и исплашена! Немам никого да внимава на мене!”, плачеше на глас осамената филмска дива. На тоа Мерцедес и одговори: “Ти и не сакаш некој да внимава на тебе”. А, кога во 1960 година, Гарбо дозна дека Мерцедес ќе ја објави својата автобиографија, подиве од бес и и прати порака: “Забораваш колку ги презирам луѓето што пишуваат за мене. Твојата себичност ме излудува.” Тоа беше крајот на нивното триесетгодишно познанство.

Тоа е она што се зборуваше во Холивуд. Но, ѕвездите пак повеќе типуваат дека Грета Гарбо беше бисексуалка. Имено, нехармоничниот однос меѓу двете женски планети, Месечината и Венера, открива дека таа покажуваше отпор кон жената во себе, не ја прифаќаше традиционалната женска улога, дека можеби имаше хормонални проблеми и дека мала беше веројатноста да има деца. Додека ексцентричниот Уран во полето на сексот (осмо), зборува за нејзината потреба да експериментира во сексот. Значи, Гарбо имаше чудни еротски потреби и ексцентрични доживувања кои ги криеше од очите на јавноста. Но, тоа не е доволно да тврдиме дека таа повеќе ги сакаше жените отколку мажите. Сигурно е само едно, таа не сакаше да му се потчини ниту на еден маж. А, Плутон во нејзиното поле на личноста и помагаше да води двоен живот.

Но, таинствениот Плутон во првото поле на хороскопот укажува и на способност на личноста да извршува опасни задачи. Така, за време на Втората Светска Војна, Гарбо беше критикувана дека на никаков начин не им помагала на сојузничките сили во борбата против Германија. Но, подоцна се откри дека таа им помагаше на Британците да ги идентификуваат симпатизерите на Нацистите од Стокхолм и пренесуваше пораки за британските тајни служби.

По војната, Гарбо се надеваше дека ќе му се врати на филмот. Но, судбината тоа не го сакаше. Па, неколкуте проекти во кои што требаше да учествува и таа, воопшто не се реализираа. Во периодот што следеше Грета Гарбо често патуваше. Правејќи шега на своја сметка и нарекувајќи се скитник, таа постојано беше на релацијата Швајцарија, Француска Ривиера и Италија, иако по 41-та година нејзин дом беше еден апартман на Менхетен со поглед на Ист Ривер.

Повеќе од пола век, Грета Гарбо, остана енигма за новинарите и обожавателите, строго чувајќи ја својата приватност. Па, делува парадоксално што “Шведската сфинга”, како што тие ја нарекуваа, настојувајќи да го избегне публицитетот, стана личност за која луѓето најмногу се интересираа. А, таа како што еднаш ќе каже, само сакаше да ја остават на мир, но да ја запаметат како “Ана Карењина”, “Кралицата Кристина”, “Ниночка”. И можеби како глумица Грета Гарбо немаше среќа да добие Оскар за некоја од своите бројни улоги. Но, затоа, во 1955 година таа го доби почесниот Оскар за “серијата блескави и незаборавни улоги”. Случајно или не, Кармичкиот Јазол во тој период транзитираше низ нејзиното поле на јавните признанија (седмо) и го активираше нејзиниот натален Марс. Додека Јупитер минуваше низ нејзиното поле на љубовта и креативноста и го активираше нејзиниот натален Кармички Јазол. Тоа значеше јавно изразена љубов на публиката и критиката, за она што таа го работеше со љубов. Но, Грета Гарбо си остана верна на себеси и на сликата што ја градеше за себе, не присуствуваше на церемонијата за доделувањето на Оскарот.

– Дали причината се криеше во нејзината суетност и во стравот дека публиката ќе се разочара од брчките на нејзиното лице?

Делумно се работеше за суета и страв, бидејќи Венера, планетата на убавината, во гордиот Лав, говори за суета. Но, чувствителната Месечината во полето на тајните (дванаесетто), таинствениот Плутон во полето на личноста (прво), студениот Сатурн во полето на дружењата (единаесетто), повеќе говорат за личност која најдобро се чувствуваше далеку од рефлекторите, дека таа беше вистински “волк самотник”.

На 16-ти април 1990 година медиумите низ светот објавија: “Грета Гарбо, таинствената и недофатлива ѕвезда на некои од највпечатливите холивудски романтични филмови од триесеттите години, жената мит која 50 години остана во фокусот на интересирањето, умре вчера во њујоршката болница на Менхетен. Имаше 84 години”.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)