Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

 
Попрецизни информации за својот карактер и својата судбина ќе дознаете кога ќе ја нарачате Вашата Натална Карта на Астроскопиа:
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие се што не знаете за себеси и за вашата судбина и ќе ви помогне радикално да го подобрите вашиот живот
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие зошто сте слаби на одредени пороци и ќе ви покаже како истите да ги победите
 

Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање...
 

Сите овие информации и уште повеќе, напишани на повеќе од 50 страници ќе дознаете од Вашата Натална Карта на Астроскопиа.

До сите најважни информации за вас можете да дојдете користејќи ги следните извори:

  • Рачно изработена Натална Карта и лично толкување од страна на астрологот, на средба во траење од 2 часа. Според старата метода. Чини 150 €. Во оваа услуга НЕ ја добивате Наталната Карта во напишана форма. Средбата се закажува кога астрологот има слободен термин, најмалку во рок од 15 работни дена. Средбата е во четири очи и не се изведува ниту по телефон, ниту на Skype.
     
  • Напишана верзија на вашата Натална Карта. Тоа е астропсихолошки портрет на вашата личност напишан на повеќе од 60 страни. Наталната Карта чини 50 €. Ќе ја добиете веднаш во вид на PDF. Со купувањето добивате и можност за 40 минутен телефонски разговор со астрологот. Разговорот е подарок. Разговорот се закажува кога астрологот има слободен термин и не се изведува преку Skype.
     
  • Предвидувања за следните 5 години. Тоа е опис на глобалните случувања во вашиот живот во следните 5 години. Содржат од 17 до 20 страници. Чинат 140 €. Предвидувањата се добиваат исклучиво во напишана форма, во вид на PDF.
     
  • Соларен Хороскоп (годишен). Тоа се прецизни предвидувања за периодот од еден до друг ваш роденден. Соларниот Хороскоп можете да го добиете:
    – напишан, во PDF формат (содржи од 17 до 20 страници - цена: 150 €, не вклучува средба со астрологот)
    или
    – на средба со астрологот во траење од 2 часа, на која самите ќе си го запишете Соларниот Хороскоп. Чини 165 €. Разговорот е во четири очи и не се изведува ниту по телефон, ниту на Skype.

     
  • Половина час разговор на телефон ќе ве чини 20 €. Еден час телефонски разговор чини 37 €. Еден час средба со астрологот во четири очи чини 74 €. Ако немате прашања поврзани со иднината, Услов е да имате купено Натална Карта. Доколку имате прашања поврзани со иднината, освен Наталната Карта, треба да имате купено Предвидувања за следните 5 години на кои не им е истечен рокот или Соларен Хороскоп за актуелната година.
     
     *  За да нарачате Предвидувања, Соларен Хороскоп или консултации, задолжително е прво да ја купите вашата Натална Карта на Астроскопиа. Итните консултации и средбите за време на викенд се наплатуваат двојно. Консултациите не се изведуваат ниту по телефон, ниту на Skype, туку на лична средба.
     
    Нарачката и плаќањето на горенаведените услуги се вршат преку сајтот. За таа цел, внесете ги вашите податоци и кликнете на „Пресметување“. На следната страна што ќе ви се отвори, од лево ќе го добиете бесплатниот примерок на вашата Натална Карта. Од десно се наоѓаат копчињата за нарачка. Кликнете на копчето со името на услугата што ја барате. Ќе ви се отвори страната за плаќање. Откако ќе ја извршите уплатата, ќе добиете пристап за даунлодирање на вашата Натална Карта или известување за терминот кога ќе биде реализирана услугата што ја барате. Целата комуникација се врши преку имејл адресата што ќе ја оставите при плаќањето, а не на Messenger, ниту по телефон.
     

Што е натална карта?

Јас наталната карта ја нарекувам „упатство за работа на себе“, бидејќи наталната карта не е нешто конечно и непроменливо. Таа е само збир од предиспозиции за формирање на вашиот карактер и судбина кои ги носите од моментот на раѓањето. Од друга страна, до информациите што од наталната карта ќе ги дознаете, би можеле да стигнете и на друг начин, по години и години самоанализа (под услов да сте објективни), преку посета на психолог, со помош на разните видови психотерапија, како и преку практикување на цела палета останати духовни дисциплини. Меѓутоа, на овој начин информациите за себеси ги добивате веднаш, со едно кликање, со што заштедувате и време и пари. А, бидејќи нашиот карактер ја креира нашата судбина, откако ќе го запознаете сопствениот карактер би можеле драматично да ја смените и својата иднина.

Зошто би требале да нарачате натална карта токму на Астроскопиа?

Во моето долгогодишно астролошко искуство најчесто наидував на натални карти кои објаснуваа какви сте, каков е вашиот карактер. Меѓутоа, речиси никоја не ги објаснуваше причините зошто е тоа така. До одговорот на тоа прашање дојдов со текот на годините, со искуството и преку проучувањето на останатите духовни дисциплини. Астроскопиа е начинот преку кој можам своите сознанија да ги споделам со вас. Така, наталната карта на Астроскопиа ги објаснува причините за вашето однесување, мотивите на вашите реакции. Со тоа половина работа е завршена, бидејќи непријателот (негативните особини што креираат лоша судбина) ја губи силата кога е откриен и именуван.

А потоа, Астроскопиа ви го открива и начинот како би можеле да ги победите негативните обрасци во вашиот карактер и да ги претворите во позитивни. Всушност, енергијата која ја поседувате не може да биде ниту негативна, ниту позитивна. Негативен и позитивен е само начинот на кој истата ја користите.

Од друга страна, наталната карта ги открива и вашите таленти, како и начините истите да ги реализирате на материјален план.

Кој не треба да нарача натална карта на Астроскопиа?

Ако сакате некој да ве гали, да ви се додворува и да ви кажува дека сте најубавата, најдобрата, најпаметната личност на светот, дека ќе живеете без никаква мака во среќа, љубов и богатство до крајот на животот, тогаш „чукате на погрешна врата“. Астроскопиа нема да ви стави „розови очила“ само да ги извлече парите од вас. Затоа, подобро е да си нарачате натална карта на друго место.

Но, ако сте со „силен желудник“, здрави нерви и ако не се плашите да ја чуете вистината за себеси, тогаш сте на вистинската адреса. Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да се разбудите од илузиите во коишто до сега се успивавте. Всушност, наталната карта на Астроскопиа е како секој добар родител. Родителот исполнет со љубов смислено ве поддржува, ве фали, ви помага да се разберете себеси, но и ве критикува кога е потребно, со цел да ви помогне да пораснете во зрела и одговорна личност. Само така ќе можете да го живеете животот со „полни гради“, комплетно.

Со други зборови кажано, наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина.

Притоа, не заборавајте дека во никаков случај не ве осудувам, бидејќи и јас сум како вас само несовршен човек кој се труди да го најде патот кон совршенството.

Затоа, однапред ви честитам на храброста.

Што е разликата меѓу личниот контакт со астролог и наталната карта на Астроскопиа?

Од моето искуство со клиентите, свесна сум дека ништо не може да го замени личниот контакт со астрологот. Во директниот контакт се случува размена меѓу енергетско-информационото поле на астрологот со она на клиентот. На тој начин, би можеле да добиете и многу други информации кои се невербални. Тие информации можат да ви дадат позитивен импулс за моментни промени во животот. Но, под услов астрологот да има расчистено со негативните аспекти на својата личност, да ги сака луѓето, да е подготвен постојано да ги корегира своите погледи на светот и што е најважно, астрологот треба да има повисоко ниво на свест од клиентот.

Меѓутоа, наталната карта на Астроскопиа нуди нешто што личниот контакт не може да го понуди. Прво и можеби најзначајно, ќе дознаете многу подлабоки работи за себеси кои што никогаш не би можела да ви ги кажам гледајќи ве во очи, од страв дека би можела да ве засрамам. Потоа, кога ја имате вашата натална карта во напишана варијанта, ќе можете во секој момент, во текот на целиот свој живот, да се потсетите на важните аспекти од вашата личност и да се споредите со себеси во тој момент, откривајќи дали и колку сте напреднале во сопствениот развој.

Кој може да нарача натална карта на Астроскопиа?

Астроскопиа е сериозен сајт. Па, наталната карта што тој ја нуди е исто така сериозен производ, набиен со многу информации. Затоа, со цел правилно да ги сфатите, би требало да имате барем некакво животно искуство. Јас не би ви препорачала да нарачувате натална карта пред да наполните 18 години.

Како да ги користите информациите што ќе ги добиете со наталната карта?

Со цел да видите до каде сте стигнале на својот пат на емотивната и духовна зрелост, но и со цел да проверите во кој правец одите и со која брзина, би било добро од време на време повторно да и се навраќате на вашата натална карта.

Запаметете, вие секогаш имате право да изберете по кој пат ќе продолжите, вие секогаш можете да ја измените иднината преку постапките и изборите што ги правите во сегашноста. Затоа, нека вашиот живот не биде само роман што сте го прочитале, туку роман што сте го напишале сами.

Што ако не се препознаете во описот во наталната карта?

Навистина, можеби ќе има делови во вашиот опис кои ќе ви бидат непознати. Но, тоа не значи дека тие особини ги немате во себе. Можеби само вашето его не ви дозволува да ги видите. Можеби се уште не сте свесни за нив. Можеби не е дојдено вистинското време и ситуација за тие да се манифестираат. Но, исто така е можно и покрај предиспозициите, вашите особини да се делумно променети заради влијанието на семејството, околината, училиштето, заради работата на себеси или заради влијанието на некоја трауматична случка од вашето минато. Па, дури е можно тие да се сменети под влијанието на некој квазар што се нашол во близината на некоја од планетите, во моментот кога вие сте се родиле. Сепак, не се обидувајте со сила да се препознаете во она што го открива вашата натална карта.

И за крај, запомнете дека Господ секогаш ве штити, па дури и од вас самите. Затоа, од сите непријатни последици што би можел да ги предизвика вашиот карактер, најчесто ќе се соочите само со оние најблагите.

Што нема да добиете со наталната карта од Астроскопиа?

Вашата натална карта добиена преку Астроскопиа нема да ви даде предвидувања за вашата иднина. Нема да ви даде готови рецепти за животот. Нема ниту да го изоди наместо вас патот што треба вие самите да го изодите.

 

 

 
НАПРАВЕТЕ ГО
БЕСПЛАТНИОТ ПРИМЕРОК
НА ВАШАТА НАТАЛНА КАРТА
 

 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ 

Картата е наменета исклучиво за духовно напреднатите личности, за оние кои веќе работеле врз себеси или сакаат да напредуваат на патот на духовниот развој.


Вие сте: 

Име:

Датум на раѓање: [ден месец година]

   

Натална Карта можете да добиете по 18-та година. Затоа, списокот е ограничен до 2006 година.

Време на раѓање: [час:минута]

 : 

 !  Потрудете се да го напишете точното време на вашето раѓање. Разликата поголема од 15 минути ќе ви даде непрецизни информации во Наталната Карта, посебно ако вашиот подзнак е на граница меѓу два знака. Содржината на бесплатниот исечок се менува на отприлика два часа, како и подзнакот.

Место на раѓање:

 !  Напишете го вашето место на раѓање НА ЛАТИНИЦА, БЕЗ АКЦЕНТИ ИЛИ ЦРТИЧКИ, па КЛИКНЕТЕ НА НЕГО ВО ЛИСТАТА*. Ако вашето место на раѓање не се наоѓа меѓу понудените градови, известете нѐ во која држава и регион се наоѓа.

* Атласот содржи 187 839 места и се ажурира според вашите барања.
 
Државите што до сега се внесени во Атласот се:
 
Австралија и Европа (сите држави)
Африка: Алжир, Бенин, Габон, Египет, Јужна Африка, Либија, Мадагаскар, Мароко, Нигерија, Реинион, Руанда, Сенегал, Тунис
Северна и Јужна Америка: Аргентина, Бермуда, Венецуела, Гвадалупе, Канада, Куба, Мартиник, Панама, САД, Француска Гвајана, Хондурас
Азија: Виетнам, Индија, Јужна Кореја, Малезија, Монголија, Непал, Пакистан, Филипини, Шри Ланка
Руска Федерација
Кавказ: Азербејџан, Ерменија
Среден Исток: Ирак, Иран, Јордан, Катар, Либан, Оман, Сирија
Тихи Океан: Нов Зеланд, Нова Каледонија, Француска Полинезија
 
Ако вашето родно место не се наоѓа во спомнатите држави, било каков обид да ја менувате содржината на зоната е бескорисен бидејќи автоматски ќе добиете едно погрешно место со што и вашата натална ќе биде погрешна. Наместо тоа, побарајте да го внесеме вашето место на раѓање во Атласот.
 
 
Пресметувањето трае околу  30 секунди 
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби