In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Месечев Хороскоп

За да бидете во хармонија со природата, следете го месечевиот хороскоп за секој ден.

Хороскоп

Грчки збор 1. Книга со календар и со пророкување на судбина според положбата на ѕвездите на денот кога е некој роден. 2. Шарлатански ненаучен опис на судбината на некоја личност.


Астрологија

Грчки збор, вештина на читањето и пророкувањето на човечката судбина според положбата и движењето на ѕвездите.
 
Современ лексикон на странски зборови и изрази од Љубо Миќуновиќ


Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје

Ниту еден дел од овој сајт не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Valid HTML 4.01 Transitional

Valid CSS!

Мое гледање на АстрологијатаАстрологијата е наука”, велат нејзините приврзаници. “Астрологијата е суеверие создадено во времето кога царувале многубожечките религии”, велат нејзините противници. “Таа може да му помогне на човекот”, тврдат првите. “Таа делува сугестивно и не ја признава слободната волја”, убедени се вторите. Тие, вторите, својата недоверба најчесто ја изразуваат со прашањето: “Како воопшто можеш да го читаш тоа што го пишува во дневните хороскопи? Зарем не ти е чудно дека една дванаесеттина од луѓето во светот би требало да имаат судбина иста како твојата?” Ова прашање иако навидум логично всушност открива многу за тие што го поставуваат, открива дека луѓето не знаат што навистина е астрологијата... Продолжува

 

Астролошките сајтовиУпатство за движење по астролошките сајтови. Ако до сега сте користеле или би сакале во иднина да користите услуги на астрологот во директна средба или преку некој астролошки сајт, со цел да се заштитите и да имате вистинска корист, треба да проверите каков е профилот на астрологот што се наоѓа наспроти вас или од другата страна на сајтот... Продолжува

 

Астрологијата и геоцентричниот системКако може Астрологијата да се третира сериозно, кога се темели на геоцентричниот систем? Ова е еден од клучните аргументи што со задоволство го користат противниците на Астрологијата, обидувајќи се на тој начин да не убедат дека астролозите се неинформирани и се уште веруваат дека Земјата, а не Сонцето е во центарот на сончевиот систем... Продолжува

 

Астрологијата и слободната волјаАстрологијата ја негира слободната волја. Ова е уште една од предрасудите што за Астрологијата ги имаат оние кои не ја познаваат. Бидејќи, не само што Астрологијата не ја негира слободната волја, туку напротив му помага на човекот да ги осознае најдлабоките мотиви за своите реакции, да ги освести, контролира и управува со нив... Продолжува

 

Соѕвездијата и знаците на ЗодијакотЗошто не се совпаѓаат позициите на соѕвездијата на небото со знаците на Зодијакот што го носат истото име? Ова е еден од клучните адути што од “ракавот ги вадат” противниците на астрологијата, обидувајќи се да докажат дека податоците со кои што таа располага се неточни и ненаучни. Меѓутоа, почекајте! За се постои објаснување... Продолжува

 

Што е прецесија?Што е прецесија? Прецесијата се среќава и под имињата една Голема година, Вселенска година, Господова година, Платонска година, еквиноциски циклус. За да се објасни што е тоа една Голема година, треба прво да објасниме што означува една година на Земјата. Тоа е барем едноставно, бидејќи знаеме дека тоа што ние, луѓето, го нарекуваме година е еднакво на времето што и е потребно на Земјата да направи цел круг околу Сонцето. Тоа време отприлика изнесува 365,25 дена... Продолжува

Месечевите мени и ритамот на природата НОВО  Месечевите мени и ритамот на природата. “Pater eius est sol, mater eius est luna.” На овој начин започнува Табула Смарагдина на алхемичарите. Сонцето и Месечината се родители на еволуцијата; на денот и ноќта; на светлината и топлината; на машкиот и женскиот принцип. Уште од почетокот целиот живот на земјата е стимулиран од небеските светла... Продолжува

 

Деветте заповеди за преживување во услови на светска економска кризаДеветте заповеди за преживување во услови на светска економска криза. Писателот, авантурист и политичар, Андре Малро (1901-1976), човек со богато животно искуство, кој дури два пати беше министер на Франција, еднаш за пропаганда и информации а друг пат за култура, во 1955 година изјави дека “Дваесет и првиот век ќе биде век на духовноста или нема да постои”... Продолжува

 

Светската економска криза, реалност или мит?Светската економска криза, реалност или мит? “Светската економска криза се шири со огромна брзина”, тврдат некои од стручњаците од областа на економијата и финансиите. Другите сметаат дека таа не го достигнала максимумот и дека ќе трае со години. А, некои не убедуваат дека кризата не е реална, туку е последица на стравот што се јави откако се активира колективното несвесно на луѓето во кое се складирани сеќавањата на големата светска рецесија од ’29 и ’33 година на минатиот век... Продолжува

 

Дневен хороскопЗошто не постои дневен хороскоп? Речиси сите дневни весници кои држат до своето реноме настојуваат своите последни страници да ги пополнат со дневен хороскоп. Па, во стилот на Марија Антоанета, која несвесна за проблемите на другите божем им советувала ако немаат леб да јадат колачи, така и весниците ако не можат да ве заштитат од страниците полни со насилство, глад, криминал, неправда, на крајот ви го нудат “колачето” наречено дневен хороскоп... Продолжува

 

Астрологијата и магијатаДали Астрологијата се служи со магијата? И ова е едно од честите предубедувања кои се поврзуваат со Астрологијата. Но, за да се одговори на ова прашање треба прво да се одговори на едно друго прашање. Што е суштината на Астрологијата, а што на магијата? Некаде до средината на дваесеттиот век, Астрологијата не беше интегрирана со знаењата од психологијата. До тогаш, поборниците на Астрологијата веруваа дека секој човечки гест зависи од влијанието на ѕвездите и планетите. Всушност дека надворешниот свет, а не карактерот на човекот, ја креира неговата судбина. А ова да признаеме делува крајно фаталистички... Продолжува

 

Дали Астрологијата е наука?Дали Астрологијата е наука? За да одговориме на ова прашање, треба прво да го знаеме одговорот на прашањето “што е наука?” За сега, дефиницијата за наука вели дека е тоа поврзана група од знаења што имаат свои закони и можат да се проверат со експериментални методи. Астрологијата пак се темели на древни знаења за функционирањето на Вселената и човечката психа. Ги користи знаењата на астрономијата и ефемеридите (прецизни табели за движењето на небеските тела). Се служи со математички пресметки. Но, истовремено ги соединува и знаењата на географијата, психологијата, митологијата... Продолжува

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. Доколку имате лични прашања, закажете консултации.


© 2005-2010
Виолета Спасеновска Марсол
Сите права се задржани

Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби