![]() |
![]() |
![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
|
![]() Виолета Спасеновска Марсол |
Среќата доаѓа по дождотНејзината “приказна за ѕвездите” е едноставна. Природна и ненаметлива. Таа вели дека “се (и) било запишано од ѕвездите”, вели дека таму се може да се види. Се... освен смртта. И раѓањето. Вели и - дека со фасцинантна леснотија се движела низ картите на Гиш, Борис Трајанов... останала вчудоневидена од двајцата луѓе-надеж: Калиопи и Дарио... Дамата што ѕвездите “ги тера” да говорат - за ѕвездите. На Телма. Не верувам во гатачки. Мразам “готови рецепти за живот”. (Не) читам хороскопи претскажувања, (ни) од забава. Што, Нострадамус? Ама ајде, ви се молам! Сепак... “Ѕвездите говорат за ѕвездите”, Веќе триесет и шест недели. На Телма. Почнувам да се сомневам. И редовно гледам. Ви препорачувам и вам. Влегувам. Во најдалечниот - а сепак силно осветлен од доцното есенско сонце - агол седи ТАА. Не знам ништо за неа. Освен... дека има долга, во спирали кадрава коса (што некои може да ги нервира - а зошто, кога не е нивна, туку нејзина?!)... дека се занимава со астрологија, страсно (што исто така некои може да ги нервира... но таа - дознавам подоцна - на тоа останува “мртва студена” и дека - да се предомислат!)... дека “не сака да се слика” (ми кажува уште прелиминарниот телефонски контакт. Имаме проблем. И, на располагање, само една “дежурна” фотографија: оваа што се појавува секогаш кога и таа, во весник. Прашувам - што со телевизијата, “сликањето” пред камера? Вели - и тоа тешко и паѓа, ама... и било “запишано од ѕвездите”!). Виолета Спасеновска. Астролог. Може ли тоа да биде - професија? И да... и не. Таа е дипломиран инжениер-агроном. Специјалност - вина. Значи - енолог. Меѓутоа... живо си спомнува на професорот што првпат ја турнал на испит. И уште неколкупати, потоа. Човекот што бил вљубен во овошките, па на секоја поодделно и давал име (и сите ги паметел - наспроти имињата на луѓето, нив ги заборавал!), нејзе ја викал Спасенија (па, вели, на тоа пак си споминла пред две недели, кога и Зорица Црношија, среде емисија, и го “надена” истото име!)... и прв и рекол: ти не си инжениер, не си за оваа работа! Тогаш му била многу лута. На тој господин Борис Ристески. Сега не. Вели: тој - уште и пред неа - и ја прочитал нејзината карта, во која стои, “запишано”: поради Нептун, владетелот на илузиите, не е чудно што ги одбрала вината - и тие, нели, создаваат илузија - иако можела да ги одбере и медицината или Музиката, глумата... и астрологијата (која, на прво “читање”, вели, веднаш била отфрлена - како “несериозна”, нешто што на човек не може да му биде професија!); е, а поради Сонцето - она што ќе го одбере да го работи ќе морало да биде - јавно! Кажува дека не ни сонувала како би можело да се оствари тоа. Ѕвездите го “знаеле” тоа многу пред неа. Многу пред 1997, кога таа за првпат се појави пред камера - на Сител - за да говори за ѕвездите. А многу и пред 1987, кога уште “стоела цврсто на земја”, оние што ги читале “Нострадамусовите пророштва” ги земала на подбишега, ама еден Небојша - веројатно за да и “возврати услуга” за позајмената тетратка со белешки од предавањата - и ја дал на читање токму таа книга. А таа ја зела - од учтивост. И ја прочитала. И така почнало се. Иако... родителите, блиските, и префрлале што се занимава со тие “вештерски работи, вештерски книги”. Арно, ама... тие, “вештерските книги”, вела - се се случува тогаш кога ќе му дојде времето! Кај неа - вели таа - се доаѓа подоцна. И според ѕвездите - пишува: дека тешко ќе заработува... ама и дека има неверојатни аспекти, да направи нешта од кои ова што (до)сега го прави е - само еден атом! А практиката, нејзина кажува и: кога престанала да бара, кога се откажала од грчевитата потрага - работите почнале да доаѓаат сами. Во меѓувреме... учела јазици (англиски знаела, потоа учела француски, италијански... па ’94 отишла во Италија - да го усоврши - и го усовршила... ама и решила, неотповикливо - дека не сака да остане, да живее таму, во “земјата каде што исчезнуваат цветовите од портокал”, симболот на бракот! Вели: она што тогаш го видела таму - сега го живееме ние, овде). Виолета е, хороскопски, шкорпија. Единствениот знак, вели, кој се метаморфозира - преку гуштер... до орел! И, по праило, знак за кој е предодредено да има - тежок живот. Је удирал, вели, и нејзе, животот... ама за тоа не ака да зборува. Зашто мрази патетика. Зашто секогаш ја гледа само “светлата страна од улицата” - таа грдите нешта, и во картите што ги “чита”, никогаш не ги гледа, никогаш “црната варијанта”. Така за другите - така и во сопствената натална карта. Вели - се проверила и кај други, кај некои од своите колеги што (јавно) се занимаваат со истата работа како и таа: “читајќи” ја нејзината проказна, вели, и се виделе премногу темни, тие нивни тонови. Таа сака светлина. И надеж. Затоа живо ги памети картите на двајцата луѓе-надеж што и дошле во катчето наречено “Ѕвездите говорат за ѕвездите”, отворено од минатата есен, на Телма. Приказните на Калиопи... и на Дарио. Луѓето - од оние триесет и петмина чии ѕвезди ги “прочитала” досега - кои најдобро ја покажуваат нејзината омилена теза: дека многу малку нешта се судбински; дека - со картите што ти ги поделил животот” - можеш да “играш” подобро или полошо... ама, по правило - колку подобри “карти”, толку понебрежни, поповршни “играчи”; или, со еден збор, дека “картите” се тие, ама изборот - како ќе ги “изиграме” - е само наш! И по тоа сме сите - планети за себе. Нема приказна што е еднаква со друга. Макар и тогаш, кога двете почнале во исто време и на исто место, сеедно - тие пак и повторно не се исти! Виолета дефинитивно не е типичен астролог. Не сака за својата страст да зборува - ако не ја прашаат. Кога ќе ја прашаат, пак, со неверојатна предаденост зборува. Онолку долго колку што имате желба и трпение - да ја слушате. Не сака да ја “продава на кило”. Дневните , неделните хороскопи ги доживува само како добра забава. Најмногу, пак, сака - кога се е кренато на некое малку повисоко, (кога не би звучело застрашувачки, би рекла и) филозофско ниво. И затоа, веројатно, незаборавна и е “неподносливата леснотија на читањето”, вели, во средбите си Гиш, со Борис Трајанов... Со нив и со ним сличните, кажува - живо си спомнува и на жената што засекогаш ја научи на анализата на ликовите. Нејзината професорка по македонски во гимназијата “Ѓорѓи Димитров”. Госпоѓата Олга Теодосиевска. Без неа и “Ѕвездите”, веројатно, не ќе беа вакви. Сигурно.
И натаму не верувам во гатачки. Утеха ми е - не верува ни таа. Ова е, сепак, нешто сосема друго. Приказна во која може да се “види” се... освен раѓањето... и смртта. И во која среќата најчесто доаѓа - по дождот! Интервјуто го направила Виолета Хаџи Скерлева |
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
|
|||||
|
Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети |